1.400 заразени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Mar 2021 15:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1.400 заразени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе има и по 1.400 заразени од корона: Пикот се очекува на почетокот на април, а власта сака да спроведува попис! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-po-1-400-zarazeni-od-korona-pikot-se-ochekuva-na-pochetokot-na-april-a-vlasta-saka-da-sproveduva-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-po-1-400-zarazeni-od-korona-pikot-se-ochekuva-na-pochetokot-na-april-a-vlasta-saka-da-sproveduva-popis/#respond Tue, 16 Mar 2021 12:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=483168

Дневните бројки на зболени од ковид-19 ќе растат уште две недели, а во почетокот на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а од средината на следниот месец, бројот на позитивни ќе се намалува, вели за Телма универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски во најновата математичко статистичка-анализа за епидемиолошката состојба во земјава. – Доколку се остане вака како што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден, во пикот би имале 1.100 новозаразени во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1.300 и 1.400 нови случаи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4.400 тестирања на ден, а за да можеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5.000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне – вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на Техничкиот факултет во Битола. Тој додаде дека британскиот сој на вирусот е попренослив, но дека не резултира со огромни бројки поради поголемиот степен на прележаност. И додека секојдневно бројот на новозаразени со коронавирус расте, а и пикот според многумина се очекува да биде во месец април, а во меѓувреме сите држави го одложија пописот, власта во Македонија упорно си ја тера агендата истиот да биде спроведен и по цена на човечки животи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-ima-i-po-1-400-zarazeni-od-korona-pikot-se-ochekuva-na-pochetokot-na-april-a-vlasta-saka-da-sproveduva-popis/feed/ 0