1 јули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Jun 2020 13:23:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1 јули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 До 1 јули Грција речиси целосно ќе се врати во „новата нормалност“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-1-juli-grcija-rechisi-celosno-kje-se-vrati-vo-novata-normalnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-1-juli-grcija-rechisi-celosno-kje-se-vrati-vo-novata-normalnost/#respond Wed, 03 Jun 2020 13:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=353321

Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките, кои денеска ги презентираше заменик-министер за развој и инвестиции на Грција, Никос Папатанасис. Во сабота се отвораат и внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, на плажите ќе биде дозволена музика и алкохол, од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците, од 15 јуни фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, а секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на месецов, постепено ќе се отвораат бизнисите на 6, 8, 15 и 29 јуни, а последната фаза е на 1 јули. Поконкретно, од сабота, 6 јуни, се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите. Дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде меѓу 90 сантиметри и еден метар и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците. Доколку во хотелите е предвидена шведска маса, тогаш ќе има задолжен келнер или вработен во хотелот што ќе ги послужува гостите, но ќе треба да има и заштитен плексиглас. Гостите, задолжително ќе треба да одржуваат растојание од еден и пол метар. Во истата фаза, од 6 јуни, на организираните плажи ќе биде дозволено да се постават маси, да се пушта музика и да се продаваат алкохолни пијалаци. Два дена подоцна, на 8 јуни се отвораат дискотеките, ноќни клубови, коцкарниците, бизнисите што работат со интернет кафе, а важат истите правила како и за внатрешните делови на угостителските објекти. Во внатрешноста на ноќните клубови забрането е користење на шанковите за гостите. На 15 јуни, како што веќе е најавено се отвораат сезонски туристички објекти, со што ќе биде означен почетокот на туристичката сезона, а паралелно ќе се отворат и музеите, фитнес центрите, забавните паркови, спа центрите, сауните и бањите. Две седмици потоа ќе се отворат камповите за деца, а од 1 јули дозволено е организирање конференции и саеми, претстави, концерти и уметнички настани. Правилата и мерките под кои ќе работат бизнисите што се отвораат во последните три фази, односно на 15 и 29 јуни и на 1 јули, ќе бидат дополнително соопштени. Како што соопшти надлежниот министер, постојат бизниси за кои сѐ уште не е одредено кога ќе започнат со работа, а како пример ги спомена, кината на затворено, казината, објектите за храна во училиштата, центрите за заштита на стари лица. Во шестата и седмата фаза, односно во периодот од 6 јуни до 1 јули, на работа ќе се вратат 13 отсто од вработените, односно 89.000 лица, а одново ќе се отворат 63.000 бизниси. -Со завршувањето на фазите на рестартирање на 1 јули, 670.000 вработени ќе се вратат на работа, односно 97 отсто од вработените кои беа на принуден одмор по наредба од државата, а 249.000 бизниси повторно ќе бидат отворени, односно 95 отсто од сите бизниси што беа затворени, рече заменик-министер за развој и инвестиции, Никос Папатанасис, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-1-juli-grcija-rechisi-celosno-kje-se-vrati-vo-novata-normalnost/feed/ 0