1 јуни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 May 2020 07:48:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1 јуни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-gora-delumno-se-otvora-na-1-juni-pod-posebni-merki-i-za-ogranichen-broj-vernici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-gora-delumno-se-otvora-na-1-juni-pod-posebni-merki-i-za-ogranichen-broj-vernici/#respond Thu, 28 May 2020 07:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=350924

Само со покани и само за поклонение, најмногу 15 верници дневно ќе можат да ги посетат манастирите во Света Гора од 1 јуни, кога по два и пол месеци делумно се укинува забраната за посети, објавија грчките медиуми. Света Гора, според истите информации, ќе биде отворена, но само со издадени покани за верниците, за конкретни манастири, а за поклониците ќе биде забрането е движење од еден во друг манастири, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на летото, се очекува да има и дополнително ублажување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Управните органи и Светата заедница на 19 март 2020 година одлучија, манастирите во Света Гора, да бидат затворени за посетителите и поклониците, прифаќајќи ја тогашната одлука на грчката Влада што се однесуваше на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-gora-delumno-se-otvora-na-1-juni-pod-posebni-merki-i-za-ogranichen-broj-vernici/feed/ 0
Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите и хотелските плажи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-1-juni-gi-otvora-kopnenite-granici-so-sosedite-i-hotelskite-plazi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-1-juni-gi-otvora-kopnenite-granici-so-sosedite-i-hotelskite-plazi/#respond Mon, 25 May 2020 09:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=349945

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни. Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на Ковид-19. – Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат внимателни, истакна Рама. Според него, од истиот датум се отвораат и хотелските плажи, додека од 10 јуни туристите ќе може да престојуваат на која било плажа од албанското крајбрежје. Се разбира, додаде тој, според посебни правила и зголемена контрола. Албанија во просек годишно ја посетуваат околу пет милиони туристи, вклучувајќи ги и албанските мигранти кои летниот одмор го минуваат во татковината. Од странските најбројни се косовските и македонските туристи. Исто така, премиерот Рама нагласи дека изминатиот ќе биде последен викенд на ограничувања во движењето на граѓаните на целата територија на земјата, но „викендот без автомобили ќе остане во сила и за следните две саботи и недели“. Тој најави дека по завршување на летната туристичка сезона ќе се воведе недела без автомобили, што подразбира дека во неделните денови, се до крајот на март следната година, ќе има забрана за движење со автомобили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-1-juni-gi-otvora-kopnenite-granici-so-sosedite-i-hotelskite-plazi/feed/ 0
Србија од 1 јуни ги отвора границите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-1-juni-gi-otvora-granicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-1-juni-gi-otvora-granicite/#respond Wed, 20 May 2020 13:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=348362

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека официјален Белград чека потврда од тие земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани, јави дописникот на МИА. -Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но тие земји мора да ни одговорат дали нашите граѓани ќе можат да одат таму. Тие сè уште не ни одговориле, изјави Дачиќ на ТВ Прва. Тој најави дека и Србите и странците ќе можат слободно да влезат и да ја напуштат Србија, без карантин, тестови и дозволи што порано им беа потребни на странците. -Дали е тоа безбедно зависи од проценка на епидемиолозите. Анализата покажа дека епидемијата е во процес на слабеење и исчезнување и дека новите случаи се се помалку и немаат тешка клиничка слика, кажа тој. Од 15 јуни без карантин ќе биде дозволен премин на границата и во сообраќајот со Бугарија и Грција. -Идејата на овие четири земји е да се договориме да имаме отворен граничен систем и дека не е неопходно луѓето да одат во карантин 14 дена, веројатно и без тестови, изјави Дачиќ, додавајќи дека четвртата земја, Романија, нема да учествува во првите договори поради внатрешнополитичката криза. Тој оцени дека во целиот свет постои желба што поскоро да се отворат границите и економиите и дека Србија предводи во тоа. -Започнува летната туристичка сезона, од која зависи приходот на многу земји и сега е време да се живее со вирусот, а не да се парализира светот, оцени српскиот министер за надворешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-od-1-juni-gi-otvora-granicite/feed/ 0
Редфилд: До 1 јуни во САД ќе има повеќе од 100.000 умрени од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redfild-do-1-juni-vo-sad-kje-ima-povekje-od-100-000-umreni-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redfild-do-1-juni-vo-sad-kje-ima-povekje-od-100-000-umreni-od-kovid-19/#respond Sat, 16 May 2020 08:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=346536

Директорот на американскиот  Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд, предупреди дека моделите на нивниот центар предвидуваат дека бројот на умрени  од корорнавирусот во САД до 1 јуни ќе надмине 100.000. „ЦДЦ следи 12 различни модели за предвидување на можни смртни случаи од Ковид-19 во САД.  До 11 мај сите модели предвидуваа зголемување на смртните случаи во следните недели и дека до 1 јуни вкупниот број ќе надмине 100.000 умрени“, навде Редфилд на Твитер, пренесен од Си-Ен-Ен. Според „Worldometers“, досега во САД од коронавирус има умрено  88.507 лица, додека повеќе од 1,4 милиони луѓе се заразени.с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/redfild-do-1-juni-vo-sad-kje-ima-povekje-od-100-000-umreni-od-kovid-19/feed/ 0