1 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 May 2022 06:45:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележан Меѓународниот ден на трудот, се бараат повисоки плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-megjunarodniot-den-na-trudot-se-baraat-povisoki-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-megjunarodniot-den-na-trudot-se-baraat-povisoki-plati/#respond Mon, 02 May 2022 07:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=670592

Линеарно зголемување на платите веднаш за најмалку 2.806 денари и потпишување Општ колективен договор во јавниот и приватниот сектор со кој ќе се регулираат зголемувањето на платите и враќањето на изгубеното право на К-15, се клучните барања на ССМ кои од вчерашниот првомајски протест, и беа испорачани на Владата. ССМ потенцира дека товарот на кризата не смее да падне само врз работникот. Повеќе нема време за чекање и барањата мора да се исполнат ден поскоро, зашто работникот е доведен до работ на егзистенција, порачаа оттаму. Владата, пак, вети заедничка борба со синдикалците за унапредување на работничките права и за повисоки плати. -Имавме многу причини за организирање на протестот. Со месеци наназад укажуваме на стагнирање на државата и на продлабочување на кризата. Огромниот товар од кризата не смее да падне само на грбот на работникот. Со овој протест сакаме да укажеме дека во овие клучни моменти државата, Владата и работодавач не покажаа волја, што резултираше со замирање на социјалниот дијалог. Товарот на кризата мора да го понесат сите, а не само работниците кои се доведени до работ на издржливост. Така веќе не може, ви оставивме премногу време, рече Иван Пешевски, потпретседател на Синдикатот на градежници. Тој напомена дека ССМ не почнува протест без да бидат искористени сите можни преговарачки услови. Работниците, дополни, веќе нема да чекаат, а Владата треба веднаш да ги разгледа и усвои предложените синдикални барања. Вицепремиерот Битиќи кој заедно со министерката Тренчевска вчера ги пречека синдикалците, рече дека работникот е на прво место, а човечкиот капитал пред се и тоа, напомена, не треба никој да го заборави. -Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарот на трудот, за безбедноста при работа, како и за сите други права кои се забораваат, посебно за време на кризи, истакна Битиќи. Тренчевска, пак, вети дека Владата заедно со синдикалните претставници ќе ја продожи борбата за подобри работни услови, за унапредување на работничките права и за повисоки плати. Во кусото обраќање, министерката потенцира дека трудот на работникот мора да се вреднува и дека работодавачите мора да ги почитуваат своите обврски. Најави и засилени инспекциски контроли, како и казни доколку се утврди дека работодавачите не ја исплаќаат платата законски и на работниците им даваат под 18 000 денари. Порастот на цените на храната и енергенсите и зголемената инфлација што се јавија како последица од глобалната енергетска криза и руско-украинскиот конфликт ги принудија синдикатите да се мобилизираат и секој на свој начин, преку протести и штрајкови, да бараат зголемување на платите за работниците. Анализите на ССМ покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 проценти и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ бараното зголемување. Ставот на Владата е дека платите треба да растат, но смета дека само преку дијалог може да се дојде до најдоброто одржливо решение. Оттаму велат дека по минималната, ќе растат и останатите плати, но дека е потребна поголема продуктивност и ефикасност кај вработените во јавниот сектор. По барање на синдикатите од април е зголемена и минималната плата и таа сега изнесува 18.000 денари во нето износ. Договорот беше постигнат на почетокот на февруари по неколкудневни преговори меѓу синдиктите, работодавачите и Владата. Синдикатите како аргумент за зголемување на минималната плата ги посочија животните трошоци и фактот дека две минимални плати се малку за да се покрие една синдикална кошница. Зголемувањето на минималната плата е потпомогнато од страна на државата која до крајот на годината ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот се одвоија 16 милиони евра. Сменети се и критериумите за усогласување на минималната плата. Така, отсега усогласувањето, кое се врши секој март, ќе се прави врз основа на следните критериуми – 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти. По зголемувањето на минималната плата, дел од синдикатите побараа усогласување на останатите плати укажувајќи дека доколку тоа не се случи, ќе има ситуации во кои вработени на пониски работни места ќе земат поголеми плати од оние кои имаат повисоко образование и вршат посложени работни задачи. Од Владата најавија дека ќе има усогласување и дека тоа ќе се случи во период од шест месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-megjunarodniot-den-na-trudot-se-baraat-povisoki-plati/feed/ 0
Ковачевски го честита 1 мај: Им оддавам огромно признание на сите работници во земјата, во Владата имаат искрен сојузник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-chestita-1-maj-im-oddavam-ogromno-priznanie-na-site-rabotnici-vo-zemjata-vo-vladata-imaat-iskren-sojuznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-chestita-1-maj-im-oddavam-ogromno-priznanie-na-site-rabotnici-vo-zemjata-vo-vladata-imaat-iskren-sojuznik/#respond Sun, 01 May 2022 08:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=670358

Премиерот Димитар Ковачевски им го честиташе Денот на трудот – 1 мај, на сите работници и работнички во земјата. Во неговата празнична порака, Ковачевски истакнува дека тие во него и во Владата имаат сојузник за секое прашање и дека заедно со работниците и синдикатите ќе бидат надминати сите предизвици. -Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој. Затоа оваа Влада и јас како премиер го препознаваме и вреднуваме нивниот труд. Меѓународниот ден на трудот годинава го славиме во услови на глобална економско-енергетска криза. И покрај сите предизвици, останавме посветени на подобрување на условите за работа и зголемување на платите на работниците, вели Ковачевски во честитката. Посочува дека уште во првите три недели од работата на новата Влада дошле до историското зголемување на минималната плата на 18.000 денари. -Со Сојузот на синдикатите на Македонија започнавме дијалог за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор. Со него ќе се овозможи континуиран раст на платите според критериуми кои заеднички ќе ги утврдиме. Недела неработен ден е уште еден исчекор кон унапредување работничките права и социјалната правда. Овој закон е потврда дека грижата и поддршката за работниците е приоритет на Владата. Јас секогаш сум бил и ќе бидам на страната на работниците, тие во мене и оваа Влада имаат сојузник за секое прашање и секој проблем заеднички ќе го решаваме. Има уште многу работа на ова поле, но заедно со работниците и синдикатите ќе ги надминеме сите предизвици. Во мое име, и во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата, вели Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-go-chestita-1-maj-im-oddavam-ogromno-priznanie-na-site-rabotnici-vo-zemjata-vo-vladata-imaat-iskren-sojuznik/feed/ 0
Пендаровски: Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-se-borime-za-vistinska-valorizacija-na-sekoj-rabotnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-se-borime-za-vistinska-valorizacija-na-sekoj-rabotnik/#respond Sun, 01 May 2022 08:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=670336

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Денот на трудот со порака дека Први мај е вистинска можност за потсетување на нашиот стремеж кон подобро и поправедно, европско општество. Како држава, истакнува претседателот, треба постојано да вложуваме напори за унапредување на правата на сите работници. Пораката за Први мај, наведува, е до сите граѓани, работници и борци за подобро утре. -Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник и работничка во земјата, на секој поединец кој преку својата дејност, со својот труд и пожртвуваност придонесува за заедничкото добро. Први мај е вистинска можност за потсетување дека нашиот стремеж за подобро, поправедно, европско општество во секој сегмент од животот треба со заеднички сили да го преточиме во секојдневие. Наша задача не е само да ги обезбедиме и штитиме, туку постојано да ги унапредуваме работничките права. Да бидеме гласни кон неправдите, да ги почитуваме работниците и нивното право на достоинствен живот, зашто само така ќе успееме во толку потребниот прогрес, што секој работник и секој граѓанин го заслужува. Честит 1 Мај, наведува претседателот Пендаровски. Според него, како и во екот на кризата, така и денеска, им се оддава почит на сите работници. -Со надеж дека ја испраќаме пандемијата во заборав, денеска им го честитам Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани, работници и борци за подобро утре. Како и во екот на кризата, така и денеска, оддаваме почит на сите работници без кои тешко ќе успеевме да ја надминеме здравствената и економско-социјалната криза, вели Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-da-se-borime-za-vistinska-valorizacija-na-sekoj-rabotnik/feed/ 0
Зголемувањето на платите во фокусот на 1 Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanjeto-na-platite-vo-fokusot-na-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanjeto-na-platite-vo-fokusot-na-1-maj/#respond Sun, 01 May 2022 07:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=670297

Барањата за повисоки плати годинава се во фокусот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Порастот на цените на храната и енергенсите и зголемената инфлација што се јавија како последица од глобалната енергетска криза и руско-украинскиот конфликт ги принудија синдикатите да се мобилизираат и секој на свој начин, преку протести и штрајкови, да бараат зголемување на платите за работниците. Едни се залагаат за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари, а други бараат зголемување на бодот во јавниот сектор и процентуално зголемување на платите во образованието. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за денеска најавуваат голем синдикален протест, со кој ќе побараат линеарно зголемување на сите плати во државата, а Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој организираше тринеделен генерален штрајк во образованието, во моментот е во фаза на мирно решавање на спорот откако во четвртокот го стави штрајкот во мирување. И Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави секојдневни протести во текот на април, барајќи зголемување на бодот на плата во јавниот сектор, но протестите беа прекинати со образложение дека се врши притисок врз вработените во јавниот сектор. Анализите на ССМ покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 проценти и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ бараното зголемување. – Затоа е нашето барање за зголемување на платите од 2.806 денари што побрзо, бидејќи гледаме дека инфлацијата секој месец е се поголема и доколку овие пари не ги добиеме ден побрзо можеби нивната вредност следниот месец ќе биде помала, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференцијата во петокот. Од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) бараат зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на платите со минималната плата, која во моментот изнесува 18.000 денари. Во текот на преговорите, тие добија две понуди од Владата за зголемување од 10 и од 12 проценти, но двете понуди беа одбиени од членството. Во тек се обиди за мирно решавање на спорот, а претседателот на СОНК се надева дека ќе се изнајдат најсоодветните решенија. Доколку тоа не се случи во законски утврдениот рок од 20 дена, штрајкот повторно ќе биде активиран. – Одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување се додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече претседателот на СОНК Јаким Неделков во четвртокот кога објави дека штрајкот е ставен во мирување. Ставот на Владата е дека платите треба да растат, но смета дека само преку дијалог може да се дојде до најдоброто одржливо решение. Оттаму велат дека по минималната, ќе растат и останатите плати, но дека е потребна поголема продуктивност и ефикасност кај вработените во јавниот сектор. – Не можеме константно само да ги зголемуваме платите во јавниот сектор, а при тоа да нема зголемување на продуктивноста овој сектор. Приватниот сектор, кој ги финансира платите во јавниот сектор, бара зголемување на продуктивноста и на ефикасноста на работењето, порача премиерот Димитар Ковачевски на последната седница за пратенички прашања. Во наредните шест месеци, како што најави Ковачевски, ќе се работи и на изработка на нов Закон за плати, затоа што постои неконзистентност во платите. -Има јавни претпријатија во коишто членови на управен одбор имаат поголеми плати од претседателот на државата, вели Ковачевски. По барање на синдикатите од април е зголемена и минималната плата и таа сега изнесува 18.000 денари во нето износ. Договорот беше постигнат на почетокот на февруари по неколкудневни преговори меѓу синдиктите, работодавачите и Владата. Синдикатите како аргумент за зголемување на минималната плата ги посочија животните трошоци и фактот дека две минимални плати се малку за да се покрие една синдикална кошница. Зголемувањето на минималната плата е потпомогнато од страна на државата која до крајот на годината ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот се одвоија 16 милиони евра. Сменети се и критериумите за усогласување на минималната плата. Така, отсега усогласувањето, кое се врши секој март, ќе се прави врз основа на следните критериуми – 50 проценти од порастот на просечната плата и 50 проценти од процентот на индексот на живот, со дополнителен услов, уделот на минималната во просечната плата задолжително да биде над 57 проценти. По зголемувањето на минималната плата, дел од синдикатите побараа усогласување на останатите плати укажувајќи дека доколку тоа не се случи, ќе има ситуации во кои вработени на пониски работни места ќе земат поголеми плати од оние кои имаат повисоко образование и вршат посложени работни задачи. Од Владата најавија дека ќе има усогласување и дека тоа ќе се случи во период од шест месеци. Како дел од барањата на синдикатите за подобрување на работничките права остануваат и потпишувањето и почитувањето на колективните договори, борбата за исплата на регрес за годишен одмор или К-15 за јавниот сектор, намалување на времетраењето на договорите на определено време и воведување на повеќе услови за пензионирање. Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права. Се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во мај 1886 година се одржал во Чикаго. Штрајкот бил организиран со барање за осумчасовно работно време. Во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационална е донесена декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на 1 мај да организираат демонстрации со цел подобрување на своите работнички права. Оттогаш 1 Мај се одбележува како Меѓународен ден на трудот во повеќе држави. Во земјава 1 мај е државен празник. До 2006 година се одбележуваше два дена (1 и 2 Мај), но од 2007 година се празнува само еден ден (1 Мај).  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemuvanjeto-na-platite-vo-fokusot-na-1-maj/feed/ 0
Зошто го славиме Денот на трудот – 1 Мај? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-go-slavime-denot-na-trudot-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-go-slavime-denot-na-trudot-1-maj/#respond Sun, 01 May 2022 07:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=670176

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време. Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време. Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените. Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна. Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот. Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник. Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември. Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Северна Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници. Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-go-slavime-denot-na-trudot-1-maj/feed/ 0
Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvomajski-sindikalen-protest-se-bara-zgolemuvanje-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvomajski-sindikalen-protest-se-bara-zgolemuvanje-na-platite/#respond Sun, 01 May 2022 07:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=670298

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата. Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата. Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата. Од ССМ ги повикаа и останатите синдикални организации и конфедерации во земјава да се приклучат на првомајскиот протест и заеднички да се изборат за работничките права. – Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање на нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се вели во прогласот на ССМ. Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена од страна на Претседателството и Советот како највисоки тела на ССМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvomajski-sindikalen-protest-se-bara-zgolemuvanje-na-platite/feed/ 0
Во пресрет на 1 мај: Еве зошто не смеете скарата да ја подмачкувате со масло https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-presret-na-1-maj-eve-zoshto-ne-smeete-skarata-da-ja-podmachkuvate-so-maslo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-presret-na-1-maj-eve-zoshto-ne-smeete-skarata-da-ja-podmachkuvate-so-maslo/#respond Sat, 30 Apr 2022 19:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=670178

Вообичаено „правило“ меѓу скараџиите е пред да се стави месото, истата да се подмачка додека е топла. Ако и вие ова го правите, тоа е погрешно иако голем број интернет страни и книги за готвење го предлагаат ова. Сепак, една книга за готвачи која е повеќе пати наградувана, нуди друг совет. Авторот на книгата напишал дека подмачкувањето на скарата не е добра идеја. Според неговата книга, доколку користите масло, истото ќе испари и ќе се претвори во карбонат веднаш бидејќи ќе ја достигне температурата. Јаглеродот и димот немаат убав вкус и ова ќе влијае на вкусот кој ќе го има вашата храна. Покрај ова карбонатот на скара создава уште еден слој кој го отежнува чистењето. Друго решение е на месото да додате малку мајонез кој е самиот по себе мрсен, но не се тргнува толку лесно и на изненадување на многумина и дава добар вкус на храната. Идеален е за задржување на зачините на месото. Посебно добро оди со риба и пилешко. Можеби не сте љубител на мајонез и одржувате здрав живот, но само внимателно. Се е во ред ако сте умерени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vo-presret-na-1-maj-eve-zoshto-ne-smeete-skarata-da-ja-podmachkuvate-so-maslo/feed/ 0
Грција се отвора за туристите од утре, се укинуваат многу мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvora-za-turistite-od-utre-se-ukinuvaat-mnogu-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvora-za-turistite-od-utre-se-ukinuvaat-mnogu-merki/#respond Sat, 30 Apr 2022 19:13:00 +0000 https://kurir.mk/?p=670271

Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат. Од утре Грција повеќе нема да им бара на патниците да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или доказ дека се опоравиле од болеста за да влезат во земјата. Релаксираните мерки ќе важат и за македонските граѓани кои во Грција влегуваат преку граничните премини на грчка страна Евзони, Дорјани, Ники и Кристалопиги. Грција ќе укине многу преостанати протоколи поврзани со ковид-19 следната недела, со што ќе биде земја плус што планира да се врати на предпандемискиот живот. Грција, која повторно ги отвори границите за туризам во мај 2021 година, моментално ги пречекува патниците од Соединетите Држави, но бара од нив да покажат доказ за вакцинација, за прележаност или негативен ПЦР или брз антигенски тест. Во моментов, маските за лице мора да се носат и во затворени простории, но министерот за здравство Танос Плеврис рече дека и тие повеќе нема да бидат задолжителни, со некои исклучоци, почнувајќи од јуни. „Според епидемиолошките податоци и сугестиите на експертите, го објавуваме патоказот за деескалација на мерките против пандемијата Ковид-19“, рече Плеврис во изјавата на почетокот на месецов, додавајќи „Сите мерки ќе бидат разгледани на 1 септември, во зависност од сликата на пандемијата“. Одлуката за откажување на правилата за патување доаѓа повеќе од еден месец откако Грција ја елиминира потребата да се пополни формулар за лоцирање на патници пред да допатуваат во земјата. Грција сега им се придружува на неколку други европски земји во олеснувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата, вклучително Холандија и Франција, кои ги укинаа тестирањата пред пристигнување за вакцинираните посетители, како и некои земји кои направија чекор понатаму, отфрлајќи ги правилата поврзани со ковид-19- како Обединетото Кралство, Ирска и Исланд. Слично на тоа, Швајцарија ќе ги укине ограничувањата за влез на 2 мај, враќајќи се на „вообичаените правила за влез во Швајцарија“, соопшти владата. Во последните години Грција бележи повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а порастот се однесува и на цените на храната, па на одмор мора да се тргне со полн паричник. На пример, гирото во хартија се продава по цена од 4 евра, а сервирано во чинија достигнува и до 7 евра, пишува Телеграф Бизнис. Аперол шприц на плажа се служи за 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра додека цените на печивата останаа во голема мера исти. Во Грција и горивото поскапе, но сепак на некои бензински пумпи е поевтино отколку во другите земји во регионот. Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот, месните производи. Сепак, за разлика од Германија, каде што недостигаат одредени видови храна, во Грција моментално има се, но со видно повисоки цени. Така обичен леб од 800 грама во Евија чини 2,4 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvora-za-turistite-od-utre-se-ukinuvaat-mnogu-merki/feed/ 0
ССМ со повик до сите работници да се приклучат на протестот најавен за 1 Мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-so-povik-do-site-rabotnici-da-se-prikluchat-na-protestot-najaven-za-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-so-povik-do-site-rabotnici-da-se-prikluchat-na-protestot-najaven-za-1-maj/#respond Tue, 19 Apr 2022 10:12:17 +0000 https://kurir.mk/?p=665271

Сојузот на синдикати на Македонија ги повикува сите работници да се приклучат на протестот најавен за 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот поради неусогласувањето на останатите плати со минималната плата. Од ССМ денеска посочија дека повеќе од 700 000 работници во државата се директно засегнати од потребата за зголемување на нивните плати. – Борбата за достоинствени плати се пренесува на улица, а од сите зависи колку гласно и колку јасно ќе биде упратена пораката дека платата треба да се зголеми веднаш, велат од ССМ. Од ССМ бараат линеарно зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето износ во јавниот и во приватниот сектор од 1 мај годинава. – Нема оправдување секој оној кој на 1 мај ќе реши да оди на пикник, викенд или ќе остане дома, место да излезе на протест, зошто таму нема никој да го слушне и да го види дека му треба поголема плата, а на таков начин не си помага ниту себеси ниту на другите. Порачуваме дека не е време за салата и скара, борба е за твојата плата и за работнички права, ако не се бориш за себе и имаш добра плата, треба да бидеш солидарен и да се бориш за тие околу тебе кои немаат добра плата и немаат за добар живот, се наведува во објавата на ССМ. Протестот ќе почне во 12:30 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите, а ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-so-povik-do-site-rabotnici-da-se-prikluchat-na-protestot-najaven-za-1-maj/feed/ 0
Наместо марш, протест: ССМ на 1 мај излегува масовно на улица, се бара линеарно зголемување на сите плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-marsh-protest-ssm-na-1-maj-izleguva-masovno-na-ulica-se-bara-linearno-zgolemuvanje-na-site-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-marsh-protest-ssm-na-1-maj-izleguva-masovno-na-ulica-se-bara-linearno-zgolemuvanje-na-site-plati/#respond Fri, 08 Apr 2022 11:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=660319

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) одлучи наместо марш, на 1 Мај да организира масовен протест со кој ќе се изрази револт од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата, која од овој месец  се зголемува од 15.200 на 18.000 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција рече дека се отворени за дијалог, а другата страна како социјален партнер нека ги покани, како што рече, да го решат проблемот. – А тоа е многу едноставно – 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати од 1 мај, вклучително од општиот работник до претседателот на државата. Со ова ССМ докажува дека е доследен на неговото барање. Ги повикуваме и сите останати конфедерации, унии, синдикати, незадоволни работници, пензионери, да се придружат на првомајскиот протест. На 1 Мај борбата ќе биде на улица, а не на плажите и на ски-центрите на планините. Ние, работниците, да ја сфатиме сериозно оваа порака – да излеземе на 1 Мај и да ги оствариме нашите права. Денеска е објавена синдикалната минимална потрошувачка кошничка  која изнесува 36.786 денари, порасната е за 922 денара зашто во јануари таа изнесуваше 35.811 денари. Дали ова кажува дека е неопходно и што побрзо зголемување на сите останати плати, истакна Димовски. Ги повика сите синдикати, конфедерации и унии да се приклучат на нивното барање кое, рече, е фер решение за сите три социјални партнери. Не ја исклучува можноста, протестот да прерасне во генерален семасовен штрајк доколку Владата и работодавците во јавниот и во приватниот сектор не одговорат на нивното барање. Генерален штрајк ќе значи, рече Димовски, сите синдикати кои се во ССМ и онаму каде што имаат членови да прекинат со процесот на работа во работното време. – 1 Мај се паѓа во продолжен викенд, но уште поубаво е сите да земеме зголемени плати. Се соочуваме со секакви криви – енергетска, економска, воена, уште ја имаме и КОВИД-кризата. Светот е погоден од голема рецесија и инфлација, но тоа не значи дека доколку се покачат платите дека ќе настане инфлација. Бидејќи знаеме дека цените на основните производи се ограничени, маржите се ограничени, даноците на производите се намалени и дојде време во ова невреме и на работникот да му се излезе во пресрет, додаде Димовски. х]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-marsh-protest-ssm-na-1-maj-izleguva-masovno-na-ulica-se-bara-linearno-zgolemuvanje-na-site-plati/feed/ 0