1 октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Aug 2020 14:53:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1 октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Учебната година почнува на 1 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-pochnuva-na-1-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-pochnuva-na-1-oktomvri/#respond Wed, 26 Aug 2020 14:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=395715

Учебната година ќе почне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната 82-ра седница и го задолжи Министерството за образование да го промени календарот за почеток на учебната година. – Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Владата на денешната седница ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година. Во Протоколот за основните и средните училишта се предвидува наставата да се одвива со почитување на мерките за заштита, односно, носење маска, држење дистанца и хигиена на раце. Родителите се должни секој ден да му мерат на ученикот температура, а во случај на покачена над 37 степени, детето не смее да се носи на училиште. Наставата во основните училишта се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Во Протоколот за основно училиште е предвидено да нема мешање на учененици од различни паралелки и друго. Во Протоколот за средните училишта, меѓу другото, е предвидено училиштата да воведат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните. На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории. Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете и друго. Владата денеска донесе одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија. -Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchebnata-godina-pochnuva-na-1-oktomvri/feed/ 0
Во Црна Гора школската година ќе почне на 1 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/#respond Tue, 18 Aug 2020 16:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=392309

Министерството за образование на Црна Гора денеска го пролонгира почетокот на школската година и отворањето на градинките до 1 октомври, а еден од родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат право на платено отсуство. Црногорските здравствени власти проценија дека регуларниот почеток на школската година на 1 септември „носи ризик по здравјето на децата поради неизвесниот развој на епидемиолошката ситуација, која, иако е под контрола, се уште е сложена“. во Црна Гора во моментот има 1.019 активни случаи на Ковид-19, а од средината на јуни, кога почна вториот бран на епидемијата од последици од новиот коронавирус починаа 71 човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-shkolskata-godina-kje-pochne-na-1-oktomvri/feed/ 0
Од 1 октомври во оваа држава не смее да се пуши на терасите на зградите- доколку патувате таму и ова ви е забрането! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/#respond Fri, 27 Sep 2019 19:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=245409

Од 1 октомври во Русија стапува во сила забраната за пушење на терасите на станбените згради. Новите мерки се дел од измените на противпожарните прописи, а според Би Би Си, пушачите во Русија биле изненадени од одлуката. Според новите правила, „отворен оган“ е забранет на терасите на зградите, како во станбените простории и хотелите.  Палењето кибрит и пушењето, исто така, се окарактеризирани како „отворен оган“, а со новите прописи се забранува и правење скара на отворено и палење свеќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-1-oktomvri-vo-ovaa-drzava-ne-smee-da-se-pushi-na-terasite-na-zgradite-dokolku-patuvate-tamu-i-ova-vi-e-zabraneto/feed/ 0