10 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 11:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 10 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија за 10 години ја напуштиле 600 илјади граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-za-10-godini-ja-napushtile-600-iljadi-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-za-10-godini-ja-napushtile-600-iljadi-gragjani/#respond Mon, 08 Feb 2021 11:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=465774

Албанскиот државен Институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на албанските граѓани кои живеат надвор од земјата, на крајот на 2020 година достигнал 1,6 милиони, наспроти 1,08 милиони колку што биле според пописот во 2011 година, односно околу 600 илјади лица повеќе. Според податоците на ИНСТАТ, од 2001 до 2011 година, 481 илјади луѓе се иселиле, но во текот на третата декада 2011-2020 година, бројот на иселеници се зголемил за 25 проценти. -Растечкиот тренд на емиграција беше поттикнат од економската криза во 2008 година и укинувањето на визите со Европската унија во декември 2010 година. Во текот на последната деценија имиграцијата се прошири од поединци до заминување на цели семејства. Многу семејства побараа економски азил по 2015 година, појава што продолжува и понатаму, наведува ИНСТАТ. Оваа бројка е речиси двојно поголема од онаа на неодамнешното истражување на ИНСТАТ, според кое во текот на 2011-2019 година над 360 илјади луѓе ја напуштиле земјата, или 13 отсто од резистентното население во 2011 година. Една неодамнешна студија на професорите Илир Гедеши и Русел Кинг покажува дека емиграцијата ги погодила сите слоеви на албанското општество, од елитите до најсиромашните и најмаргинализираните групи и привлекла луѓе од сите региони на земјата. Според нив и по три децении миграцијата се уште продолжува да се случува, иако нејзината природа е променета – помалку миграција поради сиромаштија, очај и незадоволство, како што беше во текот на 90-тите години од минатиот век и денес повеќе мигрирација на млади и образовани структури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-za-10-godini-ja-napushtile-600-iljadi-gragjani/feed/ 0
Чулев: Секое постапување кое е во спротивност со законот ќе биде санкционирано, а казната за избори кривични дела се движи до 10 години затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-sekoe-postapuvanje-koe-e-vo-sprotivnost-so-zakonot-kje-bide-sankcionirano-a-kaznata-za-izbori-krivichni-dela-se-dvizi-do-10-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-sekoe-postapuvanje-koe-e-vo-sprotivnost-so-zakonot-kje-bide-sankcionirano-a-kaznata-za-izbori-krivichni-dela-se-dvizi-do-10-godini-zatvor/#respond Tue, 14 Jul 2020 15:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=375694

“Пред нас се уште едни значајни парламентарни избори, избори кои што, по правило треба да бидат празник на демократијата, доказ за функционирањето на уставно-правниот систем и се разбира најповеќе од се – чин на декларирање на слободната волја и право на изјаснување на секој наш граѓанин. За жал, овојпат, изборниот процес ќе се одржува во една, би рекол - крајно деликатна состојба – актуелната пандемија од “ковид 19“, во околности условени од фактот дека безбедноста и заштитата на здравјето на граѓаните се приоритет број еден.“ Ова денес, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес конференцијата во министерството за внатрешни работи а посветена на спроведувањето на претстојните парламентарни избори. На почетокот од своето излагање пред медиумите министерот Чулев информираше за неколку тековни активности на министерството што се одвиваа деновиве токму во насока на заштита на законитоста на изборниот процес и спречување на обиди за крешење на изборните норми и правила. “Првиот случај се однесува на СВР Велес, каде во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници извршен е претрес на дом кај лицето А.М. (35) при што се пронајдени и одземени еден мобилен телефон и повеќе листови од тетратки на кои имало рачно испишан список од околу 250 лица со лични податоци и матични броеви. По насока на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е лишено од слобода поради сомневање за извршено кривично дело “Поткуп при избори и гласање“ по чл. 162 од КЗ и со истото во просториите на СВР Велес e извршен разговор во врска со пронајдените предмети при што од негова страна било потврдено дека конкретните списоци биле направени од негo по претходна насока од лицето З.М. блиско до раководство на партија во Велес, а на истите имало име и презиме и матичен број на лица кои би гласале за политичката партија, а за возврат би добиле финансиски средства“. Потоа министерот Чулев го посочи случајот во кој вчера Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувала по објави на социјалните мрежи, во кои имало недолична содржина односно истите, според Чулев, содржеле елементи на сторено кривично дело, кое што се гони по службена должност и дека од страна на полициските службеници извршен е разговор со лице Ѓ.Г. кој бил сопственик на профилот. “Согласно, информациите кои ги имам од страна на СВР Скопје во текот на денешниот ден ќе бидат преземени дополнителни активности, односно и други лица ќе бидат повикани на разговор, а во насока на целосно расчистување на овој, но и на други случаи, по што ќе следи доставување на соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство“, рече министерот Чулев. Потоа тој информираше и за мерките преземени од страна на СВР Струмица за расчистување на два одвоени случаи во коишто, според Чулев, постои инволвираност на локални функционери на партија. Во првиот е постапено по пријава за изборен поткуп од страна на активисти на политичка партија во с. Николиќ, при што во разговорот од страна на едно лице даден е исказ во кој истото наведува дека во настанот е инволвирано и лице од Дојран, и во координација со ОЈО Гевгелија се преземеаат дополнителни мерки за утврдување на инволвираност и на други лица, по што по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Гевгелија. И во вториот случај по објавена снимка на Јутјуб за изборен поткуп во општина Василево, преземени се активности за идентификување на инволвираните лица при што од извршениот разговор со еден од идентификуваните е потврдена автентичноста на снимката и разговорот. Според Чулев – “Од страна на полициските службеници се направени обиди за врачување на покани за разговор на повеќе активисти на политичка партија, но истите не биле најдени дома, по што ќе следат дополнителни мерки. Од страна на лицето кое ја потврдило автентичноста на снимката било пријавено и кривично дело “Загрозување на сигурноста“ против лица вработени во МВР кои наводно му вршеле притисок да даде изјава дека изнесенето во снимката е само шега и дека од нивна страна ќе му биде кажано кај кој инспектор треба да отиде за да ја даде таквата изјава. За целиот овој настан е известено надлежното јавно обвинителство“, нагласи Чулев. Исто така тој ги презентираше и активностите во рамки на СВР Штип каде што беа преземени мерки за расчистување на два одвоени случаи, а за кои веќе јавноста беше информирана. “Првиот случај се однесува за големиот број на лични документи кои беа пронајдени во Штип, а кои било чувани како залог кој требало да биде искористен во изборни цели и вториот во селото Ерџелија каде кај неколку лица се пронајдени поголем износ на пари и списоци со лица кои биле потенцијални гласачи на политичка партија“, рече Чулев Наедно министерот Чулев информираше дека активно се постапува и во детекцијата на нарушувања на нормите и во редовите на министерството при што посочи дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди се постапува по три одвоени случаи поврзани со парламентарните избори. “Првиот случај се однесува за општина Куманово, вториот за општината Дебар и третиот за општината Шуто Оризари. Врз основа на констатациите од нивна страна преземени се мерки и активности за целосно завршување што подразбира и соодветна дисциплинска одговорност за одговорните лица“, рече Чулев. На прес конференцијата министерот Чулев истакна дека “Министерството за внатрешни работи, сиот негов кадровски и организационен потенцијал се максимално подготвени да се справат со сите предизвици, односно да овозможат, во доменот на своите законски надлежности и обврски, мирно и непречено одвивање на изборниот процес“ Според Чулев – “изборите, меѓу другото, се чин преку кој подеднакво се манифестира професионалноста и функционалноста на институциите да овозможат слободно и фер изразување на граѓанската волја, но и на зрелоста и одговорноста на сите политички чинители – учесници во изборниот натпревар, да сторат се што е во нивна моќ изборите да бидат вистинска понуда на програми и визии, и ништо повеќе од тоа“.. Оттаму Чулев порача дека –“Од аспект на министерството за внатрешни работи ние таа наша задача ќе ја реализираме: бескомпромисно, доследно, крајно одговорно со никаква толеранција кон какви и да се евентуални обиди за попречување на граѓанското право за слободно изразување на политичката волја. Секое постапување кое е во спротивност со законот ќе биде соодветно санкционирано, а казните за кривичните дела против изборите се движат до 10 години затвор“. На крајот од прес конференцијата Чулев напоменувајќи дека МВР во моментот постапува и по други оперативни сознанија и пријави за можни изборни нерегуларности, упати апел до граѓаните но и до учесниците во изборната трка : “во деновите што се пред нас да ги покажеме на дело нашата совесност и достоинство, демократскиот дух и толеранцијата, чувството за одговорност и за законитост, оти само така можеме да ја постигнеме посакуваната цел – мирни, фер и безбедни по здравјето - избори! Верувам дека, како во претходниот период, така и во текот на изборниот процес сите ние ќе бидеме на висината на задачата што е поставена пред нас“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-sekoe-postapuvanje-koe-e-vo-sprotivnost-so-zakonot-kje-bide-sankcionirano-a-kaznata-za-izbori-krivichni-dela-se-dvizi-do-10-godini-zatvor/feed/ 0
ОН: Над 100.000 цивили се убиени или повредени во Авганистан во последните десет години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-100-000-civili-se-ubieni-ili-povredeni-vo-avganistan-vo-poslednite-deset-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-100-000-civili-se-ubieni-ili-povredeni-vo-avganistan-vo-poslednite-deset-godini/#respond Sat, 22 Feb 2020 10:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=307298

Во последните десет години во Авганистан се убиени или повредени повеќе од 100.000 цивили, се наведува во најновиот извештај на ОН. – Речиси нема цивил во Авганистан кој не е лично засегнат на некој начин од насилството во земјата, изјави Тадамичи Јамамото, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан, во врска со извештајот. – Апсолутно е императив сите страни во конфликтот да ја искористат можноста да ги прекинат борбите; мирот е одамна задоцнет; животот на цивилите мора да се заштити и се водат напори за постигнување мир, додаде Јамамото. Извештајот е објавен денеска од Мисијата на ОН за помош на Авганистан. Тоа се случува во момент кога на полноќ стапи во сила седумдневниот договор за „намалување на насилството“ меѓу САД и талибанците. Делумното примирје го отвора патот на 29 февруари во Доха да биде потпишан мировен договор, со кој се очекува Вашингтон да стави крај на најдолгата војна во американската историја, да се повлечат американските трупи и да ги принуди завојуваните Авганистанци да почнат преговори за иднината на својата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-100-000-civili-se-ubieni-ili-povredeni-vo-avganistan-vo-poslednite-deset-godini/feed/ 0
Трошоците за одбрана во светот највисоки во последните 10 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/troshocite-za-odbrana-vo-svetot-najvisoki-vo-poslednite-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/troshocite-za-odbrana-vo-svetot-najvisoki-vo-poslednite-10-godini/#respond Fri, 14 Feb 2020 15:51:09 +0000 https://kurir.mk/?p=304101

Воените трошоци во светот во 2019 година бележат најголем пораст во последните десет години, во услови на зголемена конкуренција помеѓу големите сили и трката за нова воена технологија, се наведува во извештајот на британскиот Меѓународен институт за стратешки студии. Глобалното трошење за одбрана се зголеми за четири проценти во 2019 година, што е најголем раст за изминатите 10 години, предизвикано од зголемувањата на САД и Кина, се наведува во студијата. Во годишниот извештај Институтот посочува дека зголеменото трошењето на САД во периодот од 2018 до 2019 година изнесува 53,4 милијарди долари, што е речиси исто колку и целиот буџет за одбрана на Велика Британија. Како и Кина, така и САД ги зголемија своите воени трошоци за 6,6 проценти, се посочува во извештајот, додека Европа, предводена од постојаната загриженост од Русија, ги зголеми парите за одбрана за 4,2 проценти. Сепак, овој раст само ги врати европските трошења во одбраната на нивоа забележани во 2008 година пред глобалната финансиска криза да ги намали буџетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/troshocite-za-odbrana-vo-svetot-najvisoki-vo-poslednite-10-godini/feed/ 0