10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 06:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дневен хороскоп за 10-ти јули 2023-та https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-10-ti-juli-2023-ta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-10-ti-juli-2023-ta/#respond Mon, 10 Jul 2023 06:25:01 +0000 https://kurir.mk/?p=854785

ОВЕН Бидете трпеливи денеска, особено ако ви претстои важен настан. Премногу сте напнати, а тоа ризикува да ги намали вашите шанси за успех. Преземате нешто ново за себеси, кое наскоро ќе почне да ве радува со своите позитивни резултати. На личен план, уживате во поддршката од вашите најблиски за промените што ги преземате. Вечерта ќе имате можност да се опуштите во пријатна атмосфера. БИК Во повеќето случаи денот ќе биде добар за вас. Ќе го одбележите со зголемено внимание кон вас, доверба и она што особено ќе ви се допадне – растечките приходи. За жал, не секој ќе може да се пофали со успех. Дел од вас ќе потонат во сомнежи и лоши мисли. Не се обвинувајте себеси, направете разнообразност во вашиот живот и тој ќе стане полесен. БЛИЗНАЦИ Вашите напори насочени кон завршување на одреден проект ќе ве исполнат со добри очекувања за иднината. Очигледно, вашата работа вреди и наскоро ќе се пофалите со нови придобивки. Трајно ќе го подобрите вашиот живот со тоа што ќе ги нагласите работите кои досега ви недостасувале. РАК Денеска нема да ви недостасуваат поволни можности за професионален напредок. Сепак, во одреден момент ќе треба да реагирате доста брзо. Не грижете се – ќе има кој да ви помогне. Одушевете ја вашата сродна душа со гест на внимание, ЛАВ Имате планови за проширување на бизнисот, но подобро е да ги оставите за некоја подоцнежна фаза. Бидете трпеливи, ќе дојде вашето време. Концентрирајте се на друга, исто толку интересна активност. Подготвени сте и би можеле целосно да се развивате на ова ваше поле. Материјални придобивки. ДЕВИЦА Некаде со повеќе, накаде со помалку ентузијазам, но ќе се справите со тешкотиите што се појавуваат денеска. Ќе имате корист од знаењето на вашите колеги и ќе ги добиете информациите што ги барате. Слушајте повеќе и давајте помалку мислење доколку сакате да постигнете реципроцитет во вашите комуникации. Одобрен заем или друг важен детал од животот ќе ве задоволи. ВАГА Вашите задачи нема да се намалат денеска, но ќе ви биде полесно со поддршката од околината. Постои можност да започнете заеднички бизнис со некој на кој му верувате. Можете да му верувате, но и вашата сопствена иницијатива ќе биде важна. Вие избирате начин да дејствувате. ШКОРПИЈА Ви претстои плоден период на личен план. Без потешкотии ќе ги реализирате вашите аспирации и денот ќе биде полн со радосни поводи. Вашите професионални обврски одземаат многу од вашето време и можеби ќе ве мачи заморот. СТРЕЛЕЦ Најдете соодветен начин за одмор денеска, тоа навистина ќе ви направи добро. Оставете ја работата настрана, бидејќи треба да се опуштите, тешко дека ќе можете доволно да се концентрирате. Премногу сте под влијание на мислењето на личност од вашата околина, а тоа е тешко пожелно. Размислете внимателно за тоа што го правите. ЈАРЕЦ Ќе имате корисни контакти, а можеби и поставување на темели за нова активност. Бидете поорганизирани и на работа и во семејството. Можни се успешни патувања, а за некои и во странство. Вечерта ќе добиете интересна понуда. ВОДОЛИЈА Вашата работа е рутина и ќе ја завршите без изненадувања. Спроведувањето на нови техники ќе ги подобри перформансите и ќе ве направи попрецизни. Бидете трпеливи на личен план, можно е да се случат поповолни околности и полесно да ги остварите своите намери. РИБИ Заборавете на работата некое време, има толку многу важни и пријатни работи што треба да ги направите. Сетете се на вашата сакана личност, пријатно изненадете ја и ќе го смирите конфликтот што доаѓа. И заслужува повеќе внимание, работните обврски нема да ви избегаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-10-ti-juli-2023-ta/feed/ 0
Владата ги усвои предлог законските измени со цел ефикасна реализација на коридорите 8 и 10 д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/#respond Fri, 05 May 2023 18:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=831094

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги утврди Предлог-измените на неколку закони, коишто се однесуваат на овозможување ефикасна и квалитетна реализација на коридорите 8 и 10 д, како градби од стратешки интерес. Предлог-измените, како што информира владината прес-служба, ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија. Утврден е текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) по скратена постапка. - Со предлозите за измена и дополнување, според посоченото од Министерството за финансии, се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги којшто е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон инвеститор за цели на проектот од овој закон, соопшти владината прес-служба. Разгледан е и утврден и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација. Со предложените решенија се овозможува поефикасна примена на Законот за експропријација за реализација на градби коишто се од стратешки интерес за државата. Владата, како што е посочено, ја промовира регионалната соработка со ставање главен акцент и меѓународната димензија на сите видови транспорт, преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура, заедно со проширување на Основната и сеопфатната мрежа ТЕН-Т. Посветена е на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на делови што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, дел од основната мрежа на европските транспортни коридори. - Односно, транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија, што е стратешка определба, усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030, стои во соопштението. Владата го разгледала и утврдила и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Со предложениот текст се овозможува нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката на донесување и спроведување на тој урбанистички проект. Разгледан и утврден е и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за градење. Со измените се утврдуваат посебен вид на градби, градби од стратешки интерес и тоа: државни патишта како градби чијашто изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), како и на железнички пруги и магистрални гасоводи, енергетски градби како и други инфраструктурни градби - утврдени како градби од јавен интерес. Изградбата на градбите од стратешки интерес е предвидено да се врши врз основа на урбанистички проект за градби од стратешки интерес, одобрен согласно Законот за урбанистичко планирање. Владата го утврдила и текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. - При примената на законските одредби коишто се однесуваат на прекувремена работа, како што е објаснето од Министерството за труд и социјална политика, укажана е потребата од донесување одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија, има потреба тие да може да се спроведуваат и во недела, се подвлекува во владиното соопштение. Работниците, како што се наведува во владиното соопштение, се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор. Работниците имаат право на дневен и неделен одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/feed/ 0
До 10 септември е рокот за пријави за финансиска поддршка на социјални претпријатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=723784

Сите заинтересирани за финансиска поддршка на социјални претпријатија на повикот во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ можат да се пријават најдоцна до 10 септември. Повикот за финансиска поддршка беше отворен на 10 август, а се очекува на ваков начин да се придонесе кон намалување на стапката на невработеност на младите лица, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, како и зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд. -Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, на 10 август годинава Националниот младински совет на Македонија отвори повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија кој има за цел да го зголеми квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и да поттикне економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади, информираат од Националниот младински совет на Македонија. Предвидено е да се обезбеди финансиска поддршка за апликации кои ќе се фокусираат на една од следните две области и тоа – креирање на нови младински социјални претпријатија и развој на иновативни технологии и унапредување на услуги/сервиси на постоечки социјални претпријатија кои помагаат за инклузија и вработување на млади Роми, млади без родителска грижа, млади со попречености, млади девојки, млади – излечени зависници од дрога. Вкупната сума за овој повик е 110.000 евра. Минималната сума која може да биде побарана е 5.000 евра, а максималната е 11.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/feed/ 0
ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: За пари, во еден ден примил дури 10 вакцини против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-za-pari-vo-eden-den-primil-duri-10-vakcini-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-za-pari-vo-eden-den-primil-duri-10-vakcini-protiv-koronavirus/#respond Sat, 11 Dec 2021 10:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=606980

Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА. Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“. Министерството за здравство сериозно го сфати ова прашање, изјави за „Stuff“ менаџерот за вакцина и имунизација за Ковид-19, Астрид Курнеф. -Ние сме многу загрижени за оваа ситуација и работиме со соодветните агенции, рече таа. „Да се има неточен вакцинален статус не само што ве става во ризик, туку ги става во ризик и вашите пријатели, семејството и заедницата, како и здравствените тимови кои ве лекуваат сега и во иднина“, додаде Курнеф. Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат идентификација кога ја примаат вакцината. Многу од бизнисите и објектите во земјата користат домашен сертификат за вакцинација што им овозможува пристап до посакуваните локации само на целосно вакцинирани лица, пренесува ДПА. Околу 89 отсто од жителите на Нов Зеланд се целосно вакцинирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veruvale-ili-ne-za-pari-vo-eden-den-primil-duri-10-vakcini-protiv-koronavirus/feed/ 0
Естонија може да прифати 10 бегалци од Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-moze-da-prifati-10-begalci-od-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-moze-da-prifati-10-begalci-od-avganistan/#respond Wed, 18 Aug 2021 14:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=552254

Естонија подготвена е да прифати 10 евакуирани лица од Авганистан, изјави вчера премиерката Каја Калас. Тука спаѓаат луѓето кои соработувале со Европската унија и НАТО, како и нивните челенови од фамилијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/estonija-moze-da-prifati-10-begalci-od-avganistan/feed/ 0
Кармело Ентони влезе во Топ 10 во историјата на НБА-лигата според бројот на поени https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/#respond Tue, 04 May 2021 07:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=505156

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони се искачи на 10. место во историјата на НБА-лигата по постигнати поени во кариерата. На 11 минути и девет секунди пред крајот на втората четвртина против Атланта, Ентони со фаул постигна тројка. Кармело го направи својот гест со заштитен знак, удирајќи ја главата со три прста, а потоа ги крена двете раце во знак на неговото достигнување. Ентони заостануваше девет поени зад Хејс, кој ја заврши кариерата со 27.313 поени, ноќеска против Хоукс (114:123) постигна 14 поени и стигна до 27.318. Лидер во историјата на НБА по ефикасност е Карим Абдул-Џабар (38.387). Ентони има шанса оваа сезона да го престигне Мозес Мелоун, кој е на 9. место на листата (27.409). Останаа уште осум натпревари на Портланд до крајот на регуларниот дел на првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/karmelo-entoni-vleze-vo-top-10-vo-istorijata-na-nba-ligata-spored-brojot-na-poeni/feed/ 0
БДП на Германија со пад за 10,1 проценти во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=383649

Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика, Дестатис. Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19. – Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопшти Дестатис. Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти, покажуваат сезонски адаптираните податоци од Федералното биро за статистика. Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bdp-na-germanija-so-pad-za-10-1-procenti-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0
Ова се 10-те легендарни автомобили кои одбиваат да „изумрат“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-10-te-legendarni-avtomobili-koi-odbivaat-da-izumrat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-10-te-legendarni-avtomobili-koi-odbivaat-da-izumrat-foto/#respond Sun, 30 Jun 2019 13:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=214191

Иако денеска големите производители на автомобили најдоа начин како возилата да ги направат многу помоќни, постојат неколку модели кои се уште одбиваат да завршат на отпад за старо железо. Неколку видови на автомобили го го добија статусот легендарни од страна на возачите ширум светот и постојат луѓе кој што се уште сакаат да ги купат. Ова се неколку те модели на автомобили кои одбиваат да „изумрат“: Jeep Cherokee XJ Овој џип е еден од автомобилите кој што имаат најдобар мотор кој може да издржи со години. Иако неможе да се каже истото за останатите делови од овој автомобил, доколку немате проблем што едното стакло не ви се отвара или слични работи по него, моторот може да издржи многу километри. Hipi Комбето преверирано од младите во 60тите, на Волксавег исто така е од отпорните автомобили кои се произведени од германската компанија. Subaru Овој автомобил е произведен во 1990 година. Автомобил кој што ќе издржи и од човек кој што не се разбира од одржување. Honda Accord Овој автомобил не е ниту толку одбивен ниту пак привлечен, но работата си ја врши како никој аавтомобил. Овие автомобили се сметаат за најиздржливи без разлика која година се произведени. SAAB 900 Овој вид на автомобил повеќе не се произведува, бидејќи компанијата „SAAB“ не постои повеќе. Меѓутоа, овој модел на SAAB 900 може да се забележи и денеска низ улиците ширум светот. Toyota Camry Овај автомобил има легендарен статус за долговечност, особено во САД. Вистински се ужива во нив, а и после направени 480 илјади километри уравувањето им е како од првите години. Toyota Corolla Тојота е позната по издржливоста на автомобилите, и Корола е пример за тоа. Автомобилот со одржување може да направи многу километри. Mercedes-Benz W123 Овој Мерцедес, особено оние на нафта претставуваат симбол на неуништивост. Точно е дека трпат од керозија но доколку не се одржува, но моторот им е безсмрттен. Без проблем достигнуваат 960 илјади километри. VW GOlf II Овој модел на Голфе е познат како најдобро фамилијарно возило. Поседува економичен и силен мотор. Популарни се поради долговечноста, а и денешен ден постои голема заинтересираност за нив. Volvo Волвото освен што се едни од најбезбедните автомобили при несреќа, тие се и долговечни. Овој тип на Волво може без проблем да направи 1 милион километри. Рекордот го држи Волво произведено во далечната 1966 година, кое поминало 4.4 милиони километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-se-10-te-legendarni-avtomobili-koi-odbivaat-da-izumrat-foto/feed/ 0