100.000 Израелци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Dec 2020 11:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 100.000 Израелци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси 100.000 Израелци вакцинирани за еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-000-izraelci-vakcinirani-za-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-000-izraelci-vakcinirani-za-eden-den/#respond Mon, 28 Dec 2020 11:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=449353

Речиси 100.000 Израелци се вакцинирани за еден ден, што е нов дневен рекорд од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во таа земја, на 20 декември, соопшти денеска Министерството за здравство. Досега се вакцинирани вкупно 379.000 лица, а министерот за здравство Јули Еделштајн ги пофали здравствените работници и сите задолжени за вакцинирање, како и јавноста што одговори на кампањата. Еделштајн најави дека вакцинацијата ќе биде забрзана, а Израел сега е прв во светот според бројот на вакцинирани по глава на жител, малку пред Бахреин, но далеку во споредба со другите земји во светот. Во неделата се вакцинирани речиси 100.000 луѓе, а евидентирани се речиси 3.500 нови случаи на инфекција, и уште 784 утрово, така што бројот на активни случаи се зголеми на речиси 35.600, а бројот на смртни случаи на 3.226. Целта на Израел е да вакцинира 150.000 луѓе на ден, а премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека се надева дека повеќе од два милиона Израелци ќе бидат вакцинирани до крајот на јануари, јавуваат израелските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-000-izraelci-vakcinirani-za-eden-den/feed/ 0