100.000 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 17:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 100.000 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција донира 100.000 дози на Астра Зенека во програмата Ковакс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-donira-100-000-dozi-na-astra-zeneka-vo-programata-kovaks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-donira-100-000-dozi-na-astra-zeneka-vo-programata-kovaks/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=500501

Франција овој месец ќе донира 100.000 дози на Астра Зенека на земји во развој, со што ќе стане првата членка на ЕУ која ќе испрати свои залихи во програмата Ковакс за посиромашните земји, изјави денеска советник на претседателот Емануел Макрон. Макрон ги повика земјите од ЕУ да испратат пет проценти од сопствените резерви на вакцини во земјите во развој со цел да се запре развојот на нови мутации на вирусот и да се спречи Русија и Кина да добијат дипломатска предност со споделување на своите вакцини. – Франција ќе промовира европски механизам за споделување на вакцини со Ковакс, изјави советник на Макрон, изразувајќи надеж дека другите земји ќе се посветат на „физичко споделување вакцини со Ковакс“. Целта на Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ) е да обезбеди две милијарди дози вакцини за посиромашните земји до крајот на 2021 година. Франција се обврза дека ќе испрати 500.000 дози до средината на јуни, нагласи францускиот советник, додавајќи дека првата серија ќе биде испратена наскоро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-donira-100-000-dozi-na-astra-zeneka-vo-programata-kovaks/feed/ 0
Албанија набави 100.000 брзи тестови за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/#respond Fri, 04 Dec 2020 13:08:33 +0000 https://kurir.mk/?p=438693

Албанската Влада обезбеди 100.000 брзи тестови за коронавирус, информираше министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, додадвајќи дека набрзо ќе бидат обезбедени уште 300.000. Тестирањето, додаде таа, ќе почне в понеделник во Тирана, каде е главното жариште на вирусот, а потоа и во другите делови на земјата. Откако оцени дека земјата ја очекуваат тешки месеци, таа направи пресек на преземените активности. – Не очекуваат тешки месеци, но затоа работата не запре во ниту еден момент за да се гарантира соодветна и навремена здравствена заштита за граѓаните и грижа за здравствениот персонал. Лекарите, епидемиолозите и медицинските сестри, добиваат посебен бонус, за што е наменет фонд од 8 милиони евра. Обезбедивме опрема за лична заштита, имаме 550 кревети во кавид болници. Нашиот здравствени систем на почеток имаше 200, а сега 483 респиратори, рече Манастирлиу. Таа додаде дека се обезбедени потребните лекови според протоколите и оти се гарантираат бесплатни медикаменти за оние кои се лекуваат во домашни услови. Меѓу другото, Манастирлиу се осврна и на вакцината против Ковид-19, додавајќи дека Владата е ангажирана во неколку насоки. – Направивме неколку чекори, преку директен и финансиски ангажман со Ковакс. Извршивме предвремена уплата за да можеме да стигнеме до вакцината. Направивме проценка во неколку насоки со структурите на ЕУ за пристап до вакцината, но исто така и преку самите земји, објасни министерката. Во изминатите денови се погласни беа барањата на експерти од јавното здравје за зголемување на бројот на тестирањата на дневно ниво. Тие сметаат дека тој број треба да биде од 5 до 6.000 тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nabavi-100-000-brzi-testovi-za-kovid-19/feed/ 0
Во САД повеќе од 100.000 заразени со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-povekje-od-100-000-zarazeni-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-povekje-od-100-000-zarazeni-so-koronavirusot/#respond Fri, 27 Mar 2020 20:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=323303

Во САД до денеска се регистрирани 100.316 луѓе заразени со новиот коронавирус, според податоци објавени на страницата Ворлдметарс (worldometers). Денеска се регистрирани нови 14.881 заразени, и уште 247 смртни случаи. Вкупниот број на смртни случаи до денеска изнесува 1.542, а оздравеле 2.465 луѓе. Со ова САД се на прво место по број на заболени, по нив е Италија со 86.498, а Кина е на трето место со 81.340 регистрирани случаи на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-povekje-od-100-000-zarazeni-so-koronavirusot/feed/ 0
Сијарто: Очекуваме прилив од над 100.000 мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ochekuvame-priliv-od-nad-100-000-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ochekuvame-priliv-od-nad-100-000-migranti/#respond Mon, 02 Mar 2020 17:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=311142

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто денеска во Белград изјави дека во наредната недела и седмиците што следуваат „сосема јасно може да се смета на исклучително голем прилив од над 100.000 мигранти“. – Унгарија ќе ги брани своите граници и во нашата држава нема да пуштиме ниту еден илегален мигранти. Се надевам дека ќе соработуваме со Србија за да ги одбраниме нашите две земји, рече Сијарто и изрази загриженост за случувањата во Сирија, Турција и на турско-грчката граница. По средбата со српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, Сијарто нагласи дека Србија е подготвена да отвори пет поглавја и ја повика Хрватска да направи сé со цел да се отворат поглавјата за време на нејзиното претседателство со ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ochekuvame-priliv-od-nad-100-000-migranti/feed/ 0