100 дена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Dec 2020 11:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 100 дена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ по 100 дена се враќа со повисок рејтинг кај Македонците, а Албанците со помала доверба кон СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-100-dena-se-vrakja-so-povisok-rejting-kaj-makedoncite-a-albancite-so-pomala-doverba-kon-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-100-dena-se-vrakja-so-povisok-rejting-kaj-makedoncite-a-albancite-so-pomala-doverba-kon-sdsm/#respond Tue, 29 Dec 2020 13:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=449796

ВМРО-ДПМНЕ има поголема предност од СДСМ кај Македонците покажуваат резултатите од најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект. Во анкетата на ТВ Телма и МЦМС, опозициската ВМРО-ДПМНЕ води со 25,4 отсто наспроти 22,5 отсто за СДСМ кај Македонците. Од друга страна пак од самата анкета може да се забележи и намалената доверба на СДСМ кај граѓаните Албанци. На прашањето „доколку се одржат парламентарни избори за која партија би глчасале?“, за СДСМ би гласале само 3,7 од испитаниците Албанци. Имено збирот на процентите на владината коалиција изнесува 29,1 отсто. Или, поединечно СДСМ 18,6, ДУИ 6,7, ДПА 1,4 и Беса 2,4 проценти. Најпроблематични се процентите за ДПА и Беса. Зашто, и двете партии пред последните парламентарни избори имаа рејтинзи на ниво на статистичка грешка, а сега се со покачени и тоа во услови на катастрофални први 100 дена Влада. Од друга страна пак по истиот принцип, опозицијата, има рејтинг од 29,6 отсто. И тука мора да се има превид дека, на пример, Алијанса и Алтернатива се земени како посебни политички субјекти, исто како и Интегра, за која се најде место на листата како вонпарламентарна партија. Поединечно гледано, ВМРО-ДПМНЕ има 18,1%, Алијанса за Албанците 4,6, Алтернатива 0,5, Левица 6,2 и Интегра 0,2 отсто. Бројките од најновата анкета го потврдуваат опозиционото расположение кај граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-100-dena-se-vrakja-so-povisok-rejting-kaj-makedoncite-a-albancite-so-pomala-doverba-kon-sdsm/feed/ 0
Пешевска: Најлоши 100 дена на една Влада на Република Македонија во историјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-najloshi-100-dena-na-edna-vlada-na-republika-makedonija-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-najloshi-100-dena-na-edna-vlada-na-republika-makedonija-vo-istorijata/#respond Sat, 12 Dec 2020 17:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=442477

Најлоши 100 дена на една Влада на Република Македонија во историјата, пишува на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска. 100 дена Влада - Резултат 0! 100 дена Влада на загуби! За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ поради нивниот договор за "пријателство и добрососедство" со Бугарија кој на дело се покажа дека ниту е пријателски ниту е добрососедски туку напротив создава проблеми кои досега ги немавме. - Во овие 100 дена, Македонија влезе во економска рецесија. - Во овие 100 дена, земјоделците сe по улиците, тутунот има цена по колограм како една кутија цигари, а лозарите го оставија грозјето да скапува необрано поради ниската цена за откуп. - Во овие 100 дена, видовме хаос во здравствениот систем затоа што се нема ниту план ниту визија за справување со пандемијата. И има да се редат многу неуспеси во овие 100 дена и слободно може да се каже дека овие 100 дена се најлоши за една Влада во историјата на Република Македонија!, пишува во својата објава Пешевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-najloshi-100-dena-na-edna-vlada-na-republika-makedonija-vo-istorijata/feed/ 0
За сто дена нема повеќе и подобро, има вето, рецесија и загуби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/#respond Wed, 09 Dec 2020 10:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=440795

Што добија граѓаните во првите 100 дена од Владата на премиерот Зоран Заев? И покрај многутте ветувања, граѓаните се соочија со вето, рецесија, енормна загаденост на воздухот и висока стапка на смртност од КОВИД-19. Пред првите 100 дена од Владата премиерот Зоран Заев ветуваше се и сешто на граѓаните. ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА „Уште во првите месеци од мандатот новата Влада ќе обезбеди механизми за структурни реформи во јавната администрација, но и во делот на владеење на правото преку прочистување на судството и градење силна независна правна држава“, изјави премиерот Зоран Заев на 30.08.2020. Новиот министер за правда, Бојан Маричиќ вети дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување во правосудството, кој треба да ја зајакне одговорноста на судиите и обвинителите кои намерно застаруваат предмети. „Не е готов, затоа што не се истечени деновите, меѓутоа и затоа што се подготвува интензивно. Можам да ве уверам дека до крајот на годината, до 30 декември, очекуваме да биде усвоен и објавен. Усвоен од Советот на обвинители, од Судскиот совет и Советот за судски реформи на Владата“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ при давање изјава за медиуми пред неколку недели. Справување со економската криза беше уште едно од ветувањата на премиерот Заев во експозето при изборот на новата Влада. т.н. четврт пакет мерки тежи 470 милиони евра и во најголем дел ги опфаќа туристичко-угостителските дејности. Министерот за економија тврди дека немаат заостанати обврски, а тоа што го одложиле за идната година е пренаменето за справување со корона-кризата. И на крајот премиерот уште ги убедува граѓаните дека државата оди напред. „Државата прогресира Мицкоски протестира, за да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден“, рече премеирот Зоран Заев во своето гостување во емисија на МТВ. СУРОВА РЕАЛНОСТ Во делот на евроинтеграции следува торнадо, пресврт, Македонија доби вето од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев во својата изјава за бугарско-македонски односи со индиција дека засега Бугарија нема да се откаже од ветото. „Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“, изјави Румен Радев -претседател на Бугарија. Премиерот Зоран Заев ја шокираше македонската јавност со своето интервју дадено за бугарски медиуми БГНЕС. „Во тоа време, на почетокот, имаше една администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашизмот, се бореше за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија неколку територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети“,изјави премиерот Зоран Заев ви интервју за БГНЕС (25.11.2020). Во делот на економијата од пред неколку дена македонската економија и официјално е во рецесија, а изгледите за 2020 година се значително влошени. Државниот завод за статистика објави дека минусот во третиот квартал е 3,3%, што само ги потврди прогнозите дека состојбата на терен е сериозно влошена. Во третиот квартал економијата ја одржувале во живот земјоделството, градежништвото и секторот за информации и комуникации. Финалната потрошувачка била во номинален пад од 1,4%, односно 6,8% во делот на извозот на стоки и услуги. Дека состојбите не чинат потврди и Народната банка, која драстично ги коригира прогнозите за растот на македонската економија. „Во согласност со ваквиот контекст, при понеповолно надворешно окружување, но и послаби остварувања во првата половина на оваа година, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9% во 2020 година и постепено закрепнување со интензитет од 3,9% и 3,6% во следните две години“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. А, во делот на здравството и во справување со КОВИД кризата Македонија има значително висок црн биланс, односно енормен број на починати и заразени. За 100 дена од владата на премиерот Зоран Заев Македонија бележи околу 1.300 починати лица од КОВИД-19. Граѓаните за оваа енормна бројка на починати лица бара одговорност од самата влада и министерот за здравство Венко Филипче. Поради еномрната бројка на починати Македонија се рангира на врвот на европската и светската листа на починати од КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sto-dena-nema-povekje-i-podobro-ima-veto-recesija-i-zagubi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, 1400 починати, Филипче оставка веднаш! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-100-dena-vlada-1400-pochinati-filipche-ostavka-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-100-dena-vlada-1400-pochinati-filipche-ostavka-vednash/#respond Wed, 09 Dec 2020 07:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=440700

100 дена влада. 100 дена Филипче министер за здравство. 100 дена 1400 починати од КОВИД, голем број од кои можеа да бидат спасени, доколку системот кој го менаџира Филипче беше функционален, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 100 дена не е реализиран ниту еден капитален проект поврзан со здравство. Додека во соседството се градат болници за неколку месеци ние тапкаме во место. Нема ни трага од ветените нови клинички центри кои ги најавија уште пред 4 години. Нема ниту 100.000 денари плата за докторите, иако ова му е втор мандат, нема ни најава за ова ветување кое требаше да биде реализирано пред година дена. Лекари нема, нема медицински персонал воопшто, а невработени седат 3000 здравствени работници, а Филипче не му текна ни да направи план за истите да ги инкорпорира во системот. Филипче не помисли ниту на специјализантите, чии дежурства не се платени. 100 дена влада. 100 дена нема вакцина за сезонски грип, а Филипче најавува КОВИД вакцинација. 100 дена кубуриме со инсулин. 100 дена родители на деца голем број терапија што им се препишуваат се приморани да ја купуваат надвор од државата, во соседството бидејќи кај нас ја нема. 100 дена ништо не е направено ни за пациентите со ретки болести. Недостасуваат лекови за ретки болести. Го поскапеа паркингот на клинички од 300 на 800 ден. Филипче дојде на протестот и вети дека ќе се врати старата цена и излажа. Македонија со Филипче како министер за здравство најлошо се справува со КОВИД во регионот. Имаме најголем број починати во регионот, а 7ми сме во светот. Нема тестови, се чека и по 10 дена. Нема тераписки протоколи, се лечи на различен начин. Ако има ќе треба да се набави пропишаната терапија, а бидејќи и таа ја нема, нема протоколи. Нема болнички капацитети, поделени за КОВИД пациенти и чисти болници за останатите заболувања. Пациенти чекаат на ред со саати пред болници, примаат инфузии во дворот на клиниките, а други примаат инфузии до починати лица во иста соба. Системот не функционира и се враќаат болните од други болести, од кои често се и во животнозагрозувачка состојба. 100 дена влада. 100 дена дебакл во здравството, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-100-dena-vlada-1400-pochinati-filipche-ostavka-vednash/feed/ 0
Ахмети: Во последните 100 дена премиер Албанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/#respond Tue, 18 Aug 2020 14:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=392295

Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која беше постигнат договор за парламентарно мнозинство и владина колаиција. – Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат. На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено. Договорот е постигнат прво со цел, како што рече, имајќи предвид на граѓаните да им се овозможат посигурен живот и иднина. Ахмети изрази увереност дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ. – Значајно е дека денешната коалиција се базира на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Многу сум убеден дека денеска направиме добра работа за сите наши граѓани, изјави меѓу другото Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-vo-poslednite-100-dena-premier-albanec/feed/ 0
Славески: ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди помош од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=365676

Денес ќе презентирам дел од преодната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за справување со здравствено-економската криза, кој се однесува на мерки поврзани со консолидирање на јавните финансии и финансиско консолидирање на земјата, како и мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за граѓаните кои на некој начин се погодени од кризата, истакна на денешната прес кон-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески. Во продолжение интегрално целата прес-конференција на Славески: Во изминатите неколку месеци бевме сведоци на низок капацитет на Владата во менаџирањето со јавните финанасии за што говори податокот дека во првите 5 месеци од годината имаме буџетски дефицит од 307 милиони евра, од кој само во мај буџетскиот дефицит изнесува 110 милиони евра. Според проекциите на МФ годинава ќе ја завршиме со буџетски дефицит од 750 милиони евра што ќе го приближи јавниот долг на Република Македонија до 60% од БДП на земјата. Она што е позагрижувачки е тоа што најголем дел од овие трошења се за непродуктивни цели, а многу помалку за справување со кризата. Поради сето ова е потребна сериозна консолидација на јавните финансии што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи веднаш по формирањето на новата Влада: - За таа цел ќе подготвиме итен ребаланс на буџетот со кој ќе се изврши целосно кратење на сите непродуктивни и неприоритетни трошоци кои не се во насока на справување со кризата и немаат дополнителна додадена вредност за економијата; - Ќе се подготвиме план за реализација на сите планирани капитални инвестиции за 2020 година со цел стимулирање на домашната економија преку поддршка на градежниот сектор и сродни на него сектори; - Дополнително, во буџетот за 2021 година ќе бидат планирани капитални инвестиции во износ поголем од 3,5% од БДП. Исто така, ќе се разгледа можноста за натамошно одложување на кредитните обврски за оние граѓани кои сè уште ги чувствуваат ефектите од кризата и евентуално олеснување на кредитните услови за нив. Државата ќе ја разгледа можноста за покривање на дел од трошоците за камата за најзагрозените граѓани до крајот на 2020 година. Дополнително, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди сериозна поддршка за сите граѓани кои на некој начин се погодени од оваа економска криза. Мерката која се однесува на еднократна парична помош за една ограничена категорија на граѓани преку платежни картички е проблематична од повеќе аспекти. Прво, временскиот момент за нејзино имплементирање непосредно пред избори го поставува прашањето за намерите – дали истата е креирана вистински да се помогне на нашите граѓани или да се манипулира предизборно со нив. Второ, таа е технички проблематична за што потврда се негативните реакции на голем број граѓани за нефункционалноста и неприменливоста на системот. Трето, дискутабилно е селектирањето и ограничувањето на потенцијалните корисници на еднократната помош. ВМРО-ДПМНЕ смета дека поддршката треба да биде многу посеопфатна, со оглед на фактот што речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. За таа цел, мерката ќе биде проширена и поедноставена со цел поголем број граѓани да добијат парична помош од државата за полесно справување со кризата. Во таа насока, предвидуваме: - Обезбедување дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари. - Обезбедување еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички. - Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата. Со овие мерки вистински ќе им помогнеме на нашите граѓани, но истовремено ќе им помогнеме на домашното стопанство и на туризмот со поттикнување на домашната потрошувачка, што, пак, ќе има дополнителни мултипликативни ефекти за националната економија. Дополнително, ќе обезбедиме помош и поддршка за граѓаните во форма на поволни (бескаматни) кредити и грантови за сопствениците на приватни куќи и станови за поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на покрив и под, со цел намалување на потрошувачката на енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/feed/ 0
Биле во брак 100 дена, кога потоа го погледала неговиот телефон, веднаш отишла во полиција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-vo-brak-100-dena-koga-potoa-go-pogledala-negoviot-telefon-vednash-otishla-vo-policija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-vo-brak-100-dena-koga-potoa-go-pogledala-negoviot-telefon-vednash-otishla-vo-policija/#respond Mon, 25 Jun 2018 15:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=69609

Моли Кларк (21) го испуштила телефонот од раце кога открила ужасна видео-снимка, и веднаш го предала во полиција. Младата моли го пријавила својот маж во полиција после 100 дена поминати во брака, откако открила дека тајно снимал деца и жени во тоалет во ресторани за брза храна. Моли Кларк раскажала дека била шокирана од снимките кои ги открила на неговиот телефон. Како што пишува британскиот "Мирор", телефонот на Ричард Купр го отворила откога се посомнеала дека ја изневерува, но потресена веднаш го фрлила телефонот кога ги открила снимките од тоалетите каде што нејзиниот сопруг работел. Подоцна открила дека Купер (25) и нејзе тајно ја снимал во тоалетот на нивниот дом, пред да почне да работи во ресторанот. На фотографиите кои ги пронашла се дете од пет-шест години, тинејџерка и мајка која менува пелена на своето бебе. Побеснала кога ја одбегнал затворската казна, а осуден е на две години условна казана. - Сватив дека мажот за кого се омажив и не постоел. Не го познавав. Беше лажго, живееше двоен живот и се надевам дека никогаш повеќе нема да го видам – рекла Моли за "Mejlonlajn". Меѓутоа, како ја одбегнал затворската казна, се плаши дека би можела да налета на него на улица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-vo-brak-100-dena-koga-potoa-go-pogledala-negoviot-telefon-vednash-otishla-vo-policija/feed/ 0