100 милиони луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jul 2020 16:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 100 милиони луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гутереш: Коронавирусот може да турне уште 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-koronavirusot-moze-da-turne-ushte-100-milioni-lugje-vo-ekstremna-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-koronavirusot-moze-da-turne-ushte-100-milioni-lugje-vo-ekstremna-siromashtija/#respond Sat, 18 Jul 2020 17:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=378179

Коронавирусот го разоткри „кревкиот скелет“ на општествата и може да турне уште 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, изјави денеска генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш. Говорејќи на 102-годишнината од раѓањето на Нелсон Мандела, првиот црнец претседател на Јужна Африка, Гутереш рече дека коронавирусот „го става центарот на вниманието“ врз глобалната неправда. – Бевме поставени на колена од микроскопски вирус. Пандемијата ја демонстрира кревкоста на нашиот свет, рече Гутереш за време на виртуелното спомен одбележување организирано од Фондацијата „Нелсон Мандела“, со седиште во Јоханесбург. Тој посочи дека економската криза поради пандемијата на вирусот Ковид-19, од кој се заразени повеќе од 14 милиони луѓе, а починати се речиси 600.000 луѓе ширум светот, се чувствува непропорционално. – Ние сме исправени пред најдлабоката глобална рецесија по Втората светска војна. Нови сто милиони луѓе можат да бидат туркани во екстремна сиромаштија. Можеме да видиме глад од историски размери, рече Гутереш. Тој истакна дека 26-те најбогати луѓе во светот имаат исто толку богатство колку половина од светската популација. – Но, приходот, платата и богатството не се единствените мерки за нееднаквост, додаде тој. Според него, луѓето веќе го изгубиле трпението поради очигледни разлики и дискриминација во општествата. – Коронавирусот исто така создаде можност светските лидери да изградат порамноправен и одржлив свет. Ние сме на пресвртница. Но, знаеме на која страна од историјата се наоѓаме, истакна Гутереш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-koronavirusot-moze-da-turne-ushte-100-milioni-lugje-vo-ekstremna-siromashtija/feed/ 0
Околу 100 милиони луѓе ќе завршат во сиромаштија поради пандемијата на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-milioni-lugje-kje-zavrshat-vo-siromashtija-poradi-pandemijata-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-milioni-lugje-kje-zavrshat-vo-siromashtija-poradi-pandemijata-na-kovid-19/#respond Thu, 30 Apr 2020 08:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=339766

Околу 100 милиони луѓе во градовите низ целиот свет најверојатно ќе завршат во сиромаштија поради пандемијата на коронавирус, оценија експертите за урбанистичко планирање, повикувајќи на идентификација на ранливите заедници и повеќе инвестиции во сиромашните квартови. Густо населените градови без канализациски системи, со слабо здравство и снабдување со вода, во кои луѓето живеат во сиромаштија, се особено погодени од пандемијата на вирусот Ковид-19, предупредуваат експертите на Институтот за светски ресурси при Светската банка. – Во градовите ние треба да се фокусираме на оние на кои им е најпотребна помош, сиромашните и другите ранливи групи се сериозно погодени. Наша проценка е дека поради губење работни места и приходи како резултат на кризата со коронавирусот ќе имаме до 100 милиони нови сиромашни, рече Самех Вахба, глобален директор на Светската банка за урбанизам и управување со ризик од катастрофи. Тој предупреди дека градовите до следната година можат да очекуваат пад на приходите од 15 до 25 проценти, поради што властите ќе имаат тешкотии во настојувањето да ги подобрат животните услови во сиромашните населби. Светска банка настојува со мапирање на ранливите заедници, со помош на вештачка интелигенција, сателитски фотографии со висока резолуција и 3Д фотографии, да ги идентификува областите со заеднички пумпи со проточна вода и јавни тоалети каде што поради пренатрупаност е тешко да се применува социјална дистанца. Засега се мапирани Каиро, Киншаса и Мумбаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-100-milioni-lugje-kje-zavrshat-vo-siromashtija-poradi-pandemijata-na-kovid-19/feed/ 0