11 часа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Apr 2018 23:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 11 часа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зиков: Прв пат ми се случува 11 часа да имам судење за некој случај, ова е голем притисок за обвинетите и одбраната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-prv-pat-mi-se-sluchuva-11-chasa-da-imam-sudenje-za-nekoj-sluchaj-ova-e-golem-pritisok-za-obvinetite-i-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-prv-pat-mi-se-sluchuva-11-chasa-da-imam-sudenje-za-nekoj-sluchaj-ova-e-golem-pritisok-za-obvinetite-i-odbranata/#respond Tue, 10 Apr 2018 20:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=38826

Поранешниот премиер Никола Груевски од утрово е во судница. Рочиштето за „Тенк“ денес  почна од 09:30 часот и заврши во 21.30 часот. Ваква маратонска седница од 11 часа досега немало во судската пракса, вели адвокатот на Груевски кој го окарактеризира случајот како голем преседан и притисок врз обвинетите. -После 11 часа главна расправа еве сега во 21 часот и 30 минути завршуваме и морам да ви кажам дека јас дека после долга обвинителска и адвокатска кариера од осум години прв пат ми се случува да 11 часа имам судење за предмет кој што не е ниту притворски, ниту има некој посебен интерес за него, ниту било каква опасност за одлагање на предметот. Сметам дека ова е преседан и голем притисок на одбраната и обвинетите за да се извршуваат квалитетно својата работа, вели адвокатот Штерјо Зиков. Груевски кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува во парламентот на седницата за доверба на владата. -Утре во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zikov-prv-pat-mi-se-sluchuva-11-chasa-da-imam-sudenje-za-nekoj-sluchaj-ova-e-golem-pritisok-za-obvinetite-i-odbranata/feed/ 0