11 октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 11:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 11 октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорѓиевски: После 50 години нови улици во населбата 11 Октомври Бараки https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-posle-50-godini-novi-ulitsi-vo-naselbata-11-oktomvri-baraki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-posle-50-godini-novi-ulitsi-vo-naselbata-11-oktomvri-baraki/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=895351

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на започнување на градежните активности во населбата 11 Октомври Бараки за реконструирање на улиците. Овие улици се реконструираат после речиси пет децении. Населбата добива и нови паркинг места, детско катче како и кошаркарско игралиште. - Денес сме во населбата 11 Октомври Бараки, односно во делот на т.н. Дивоградби каде што, по сведоштвата на жителите на овој дел од Кисела Вода, нови улици добиваат после пет децении. Пет децении лажни ветувања, пет децении само и само лажна надеж пред секои избори и поплавени куќи при секој дожд, беа зборовите со кои ме пречекаа. Јас ветив и денес сум тука да го исполнам мојот збор. Оваа голгота останува само едно бледо сеќавање, трите краци на булеварот ,,Борис Трајковски” добиваат нови паркинг места, детско катче за најмладите жители тука, кошаркарско игралиште и нови улици на површина од 1620 метри квадратни. Со овој зафат, се решава целата населба со реконтруирана патна инфраструктура. Моите заложби за модерна општина Кисела Вода по мерка на мојот народ остануваат високо на листата на моите приоритети. Продолжуваме со засилено темпо, онолку колку што ќе ни овозможат временските услови во сите населени места на територијата на нашата општина. Во Кисела Вода нема да има улица без модерни и реконтруирани улици. Мојот народ народ заслужува, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gorgievski-posle-50-godini-novi-ulitsi-vo-naselbata-11-oktomvri-baraki/feed/ 0
Скандал на церемонијата за 11 Октомври: Партиска химна на државната прослава (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-tseremonijata-za-11-oktomvri-partiska-himna-na-drzhavnata-proslava-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-tseremonijata-za-11-oktomvri-partiska-himna-na-drzhavnata-proslava-video/#respond Wed, 11 Oct 2023 15:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=887779

По низата соаднали на церемонии организирани од владата на СДСМ и ДУИ денеска се случи уште еден огромен скандал за време на настанот во чест на 11 Октомври кога на церемонијата беше пуштена партиска химна на државна прослава. Песната во инструментална форма која се слуша пред да почнат говорите на прославата е партиската химна на СДСМ што во никој случај не смеело да биде пуштена на државна прослава. Скандалот го открива новинарот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој прашува дали е според протоколот на државна свеченост да се пушта партиска химна. Одговорот на прашањето на Бетмен Велит го знаеме сите. Линк до целата церемонија на Сител каде исто така може да се забележи скандалот ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-tseremonijata-za-11-oktomvri-partiska-himna-na-drzhavnata-proslava-video/feed/ 0
Мицкоски: Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија- Честит 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-da-se-oddade-pochit-na-heroite-koi-se-sprotivstavija-na-bugarskiot-fashistichki-okupator-i-fashizmot-vo-makedonija-chestit-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-da-se-oddade-pochit-na-heroite-koi-se-sprotivstavija-na-bugarskiot-fashistichki-okupator-i-fashizmot-vo-makedonija-chestit-11-oktomvri/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=887710

Важно е да се оддаде почит на хероите кои се спротивставија на бугарскиот фашистички окупатор и фашизмот во Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, честитајќи го празникот 11 Октомври. -Прилеп и Куманово ја започнаа таа битка што подоцна ја донесе слободата на Македонија. Честит 11 Октомври, додава Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vazhno-e-da-se-oddade-pochit-na-heroite-koi-se-sprotivstavija-na-bugarskiot-fashistichki-okupator-i-fashizmot-vo-makedonija-chestit-11-oktomvri/feed/ 0
Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Мицкоски: 11 Октомври е светол датум кој Македонија ја прави победник, важно е денешниот ден да не го заборавиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-11-oktomvri-e-svetol-datum-koj-makedonija-ja-pravi-pobednik-vazhno-e-deneshniot-den-da-ne-go-zaboravime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-11-oktomvri-e-svetol-datum-koj-makedonija-ja-pravi-pobednik-vazhno-e-deneshniot-den-da-ne-go-zaboravime/#respond Wed, 11 Oct 2023 07:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=887665

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, порачувајќи дека „ова е светол датум кој Македонија ја прави победник, како и денешниот ден да не го заборавиме“. Мицкоски истакнува дека е важно, како што наведува, „да ја почитуваме и учиме историјата, за да научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат“. -Важно е да не заборавиме, да се сеќаваме и да почитуваме! Важно е да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија. Важно е да се знае дека 11 Октомври е продолжение на илинденската борба за слобода, ден кој е почеток на борбата против фашизмот. Важно е да не се заборави дека овој ден е почеток на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор. Оваа битка беше финалето на борбата што ќе ни ја донесе независна Македонија. Да не ги заборавиме борците во оваа војна кои го дадоа својот живот за независна и слободна Македонија. За горда Македонија, за држава што е татковина на македонскиот народ и останатите кои застанаа на страната против фашизмот, вели Мицкоски во честитката. Да веруваме, дополнува тој, во нашите „борби“ бидејќи историјата покажува дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна. На страната на правдата, за оние кои веруваат во вредности, и оние што веруваат во слободата, во заедничкиот живот и патриотизам“. Важно е да ја почитуваме и учиме историјата, за да ги научиме од грешките, да бидеме обединети и сплотени, да го слушаме гласот на народот и да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат. 11 Октомври е светлиот датум кој Македонија ја прави победник. Важно е денешниот ден да не го заборавиме, почитуваме и се поклониме. Честит 11 Октомври! Да живее слободна Македонија!, стои во честитката од Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-11-oktomvri-e-svetol-datum-koj-makedonija-ja-pravi-pobednik-vazhno-e-deneshniot-den-da-ne-go-zaboravime/feed/ 0
Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-nepokor-i-sloboda-se-odbelezhuva-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-nepokor-i-sloboda-se-odbelezhuva-11-oktomvri/#respond Wed, 11 Oct 2023 07:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=887663

Под мотото „Непокор и слобода“ денеска се одбележуваат 82 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната борба. Централната манифестација ќе се одржи пред Спомен-костурницата во Куманово, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“. Цвеќе ќе биде положено пред спомениците на паднатите борци на НОБ во Скопје и во Прилеп, како и пред Спомен-костурницата во Куманово. Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а во чиј состав ќе бидат и вицепремиерот Артан Груби, министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество Азир Алиу, ќе присуствува на централната манифестација во Куманово. Предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски и културно-уметничка програма пред платото на Спомен-костурницата. Во Скопје, владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, во 10:30 часот ќе положи цвеќе во Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје, а во 11:30 часот пред споменикот „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата. Како дел од чествувањето, во Прилеп владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и пред Могилата на Непобедените. Во Собранието ќе се одржи свеченост на која ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ која годинава ја добива композиторот Љупчо Констатинов за животно дело во областа на културата и уметноста. Во Собранието денеска седници ќе одржат собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. Собраниски делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и споменикот на Жена Борец, како и пред Могилата на непобедените. Денешниот ден, согласно Законот за празници, е прогласен за неработен во државата. Пред 82 години со акција на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во земјава во Втората светска војна. Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападнаа телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ заедно со припадниците на останатите заедници самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации и на НАТО, кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со почнат процес за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-nepokor-i-sloboda-se-odbelezhuva-11-oktomvri/feed/ 0
Со формирањето на македонското знаме во Прилеп почнаа одбележувањата за 11 Октомври https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/#respond Tue, 10 Oct 2023 11:30:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887434

Учениците од 10-те прилепски основни училишта на плоштадот „Методија Андонов ченто“, традиционално, во пресрет на празникот 11 Октомври го формираа македонското знаме. Со тоа во Прилеп и официјално почнаа одбележувањата на 82-годишнината од почетокот на Народното востание. Во чест на празникот меморијалниот музеј „11 Октомври“ цел ден и вечер, а и утре на празникот, ќе биде отворен за посетителите. Музејот, некогашниот участок е местото каде со нападот на групата на одредот „Гоце Делчев“ на 11 октомври 1941 беше  означен почетокот на народното и последно, победоносно востание за создавање македонска самостојна и независна држава. Во последно време зголемен е интересот за посета. - За разлика од еден период кога новите генерации многу не знаеја и не го посетуваа Музејот, во последниот период ситуацијата е изменета. Сето зависи од образовниот процес и нашиот однос спрема поблиската историја. Можеби влијаат и последните општествено политички ситуации. Во секој случај, зголемен е интересот да се познава историјата, зашто не ја учиме историјата само за да го знаеме минатото, туку и за да знаеме како да се однесуваме и да ја градиме иднината, вели Рубин Белчески, историчар од прилепскиот Завод и музеј и претседател на Сојузот на борците од Прилеп и поддржувачи на традициите од НОБ. Во чест на празникот, во 18 часот во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп. Во 18, 30 часот во градската библиотека „Борка Талески“  ќе се чествува празникот со манифестацијата „Октомвриска ноќ: Прослава на уметноста и поезијата“ во спомен на хероите од НОБ и револуцијата. Ќе биде отворена изложба од академскиот сликар Сергеј Андреевски, а ќе се чита избор песни од Метре М. Андреевски и од Светлана Христова Јоциќ. Централното чествување е од 19 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“. Ќе има музичко сценски изведби, рецитал „Октомври“, а потоа се традиционалниот огномет и импровизираниот напад на градот како потсетување на виорните времиња на 11 октомври 1941-та. Утре, на празникот почит за борците и хероите. Делегации од Сојузот на борците, од Владата, Парламентот, од локалната самоуправа и граѓани ќе се поклонат и ќе положат венци и свежи цвеќиња пред спомениците на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и на Кузман Јосифоски-Питу, идеологот на Револуцијата, во центарот на градот, а потоа и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци што ги дал Прилеп во НОБ и Револуцијата. Почит за хероите и во Алејата на народните херои во Паркот на Револуцијата каде се бистите на 10- народни херои. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-formiraneto-na-makedonskoto-zname-vo-prilep-pochnaa-odbelezhuvanata-za-11-oktomvri/feed/ 0
Арсовска го честита 11 Октомври со стара фотографија од времето кога Трајановски беше градоначалник: „75 години антифашизам“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-go-chestita-11-oktomvri-so-stara-fotografija-od-vremeto-koga-trajanovski-beshe-gradonachalnik-75-godini-antifashizam-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-go-chestita-11-oktomvri-so-stara-fotografija-od-vremeto-koga-trajanovski-beshe-gradonachalnik-75-godini-antifashizam-foto/#respond Tue, 11 Oct 2022 13:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=743890

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи катастрофална грешка во обид да го честита денешниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание кој е од особена важност за историјата и идентитетот на македонскиот народ. Имено, таа под честитката за празникот имаше објавено стара фотографија од град Скопје во време кога градоначалник беше Коце Трајановски. За тоа говори и самиот текст на фотографијата каде пишува: „Ден на востанието 75 ГОДИНИ АНТИФАШИЗАМ“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-go-chestita-11-oktomvri-so-stara-fotografija-od-vremeto-koga-trajanovski-beshe-gradonachalnik-75-godini-antifashizam-foto/feed/ 0
Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncert-na-voeniot-orkestar-po-povod-30-godini-armija-i-denot-na-narodnoto-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncert-na-voeniot-orkestar-po-povod-30-godini-armija-i-denot-na-narodnoto-vostanie/#respond Tue, 11 Oct 2022 08:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=743783

Воениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври. – На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и припадници од воениот оркестар на Армијата , солисти и уметници од реномираните национални музички институции, како и самостојни музички изведувачи, информираат од Министерството за одбрана. Како што се наведува соопштението, репертоарот на концертот, што во рамки на јубилејната година се изведува под слоганот „Безбедност, стабилност, доверба“, содржи музички нумери од македонската евергрин сцена, војнички композиции, но и композиции на познати светски автори, како Лучијано Фелицијани, Ричард Штраус, Густав Холст. – На концертот покрај началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, военото раководство од Генералштабот и Министерството за одбрана и припадници од командите и единиците на Армијата, како гости се очекува да присуствуваат и претставници од Собранието и Владата на Република Северна Македонија, претставници од амбасадите и воено-дипломатскиот кор и други, се вели во соопштението. Од Министерството посочија дека вечерниот концерт е дел од планираните активности со кои годинава, Армијата одбележува 30 години од своето формирање, но и со кој се промовира соработката и заедништвото со сојузничките армии. Концертот ќе може да се проследи преку директен пренос на третиот програмски сервис на МРТ со почеток во 20:00 часот, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук-профилот на Армијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koncert-na-voeniot-orkestar-po-povod-30-godini-armija-i-denot-na-narodnoto-vostanie/feed/ 0
Пендаровски го честиташе 11 Октомври – Денот на народното востание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-chestitashe-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-chestitashe-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/#respond Tue, 11 Oct 2022 07:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=743773

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија, кое во продолжение може да го прочитате интегрално:
„Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 11 Oктомври - Денот на народното востание. Денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија. Покрај сите здравствени, економски, безбедносни и енергетски проблеми, ние се сочуваме и со длабока поделеност во македонското општество. Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници, еснафи и поимотни, така и сега треба да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите. 11 октомври и антифашистичката борба нека ни бидат инспирација за надминување на поделбите и национално помирување преку меѓусебна почит. Да ги оставиме личните интереси и суетите на страна и да работиме за општото добро, благословени со можноста да живееме во слобода и мир, во сопствена држава. Нека е честит и вековит празникот!“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-chestitashe-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/feed/ 0