116 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Apr 2021 06:51:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 116 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На 116 годишна возраст почина најстарата жена во Америка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=499035

Највозрасната Американка, Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, оставајќи зад себе околу 200 правнуци, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи. Афроамериканката е родена во Јужна Каролина и израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Иако не е сигурно дали е родена 1905 или 1904 година, Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како – најстара Американка. -Таа го претставуваше напредокот на нашето семејство, но и напредокот на Афроамериканците и нивната култура во нашата земја. Таа не потсетуваше на патот што го минавме како нација, рече нејзиното семејство. Г-ѓа Форд е родена околу 40 години по укинувањето на ропството, но ја искусила сегрегацијата, која заврши дури во 1960-тите. Таа ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип. Имала повеќе од 280 потомци: 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци. Починала дома, опкружена со семејството. Причината за смртта засега е непозната. Најстарата жена во светот во моментов е Јапонката Кане Танака, која има 118 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-116-godishna-vozrast-pochina-najstarata-zena-vo-amerika/feed/ 0
ФОТО: Турчинка на 116 години самата се излекувала од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-turchinka-na-116-godini-samata-se-izlekuvala-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-turchinka-na-116-godini-samata-se-izlekuvala-od-kovid-19/#respond Sun, 13 Dec 2020 19:29:26 +0000 https://kurir.mk/?p=442806

116-годишна Турчинка од турската провинција Артвин се опорави од инфекција со коронавирус, без да оди во болница. Фатма Акјуз, која поминала одредено време со децата во провинцијата Бурса, се разболела по враќањето во селото Артвин. Кога нејзината состојба се влошила, таа побарала медицинска помош и била хоспитализирана и и препишале терапија. „Бев во болница еден ден. Не можев да останам во болницата, сакав да одам дома. Децата се грижеа за мене и му благодарам на Бога што се опоравив“, рече таа. Нејзината ќерка Сенгул Атун вели дека биле многу среќни што нејзината мајка закрепнала од болеста. Атун ги повика луѓето да се придржуваат до мерките, да одржуваат хигиена и да носат маски за да се заштитат од вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-turchinka-na-116-godini-samata-se-izlekuvala-od-kovid-19/feed/ 0