12 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jul 2021 08:47:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 12 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен криминалец за издржување затворска казна од 12 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kriminalec-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-od-12-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kriminalec-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-od-12-godini/#respond Mon, 05 Jul 2021 08:47:58 +0000 https://kurir.mk/?p=532050

На 04.07.2021 околу 18.20 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за потраги при Единица за внатрешни работи Кисела Вода и при Единицата за внатрешни работи Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје на Љуботенски пат, атар на с.Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, бил лишен од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години. За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kriminalec-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-od-12-godini/feed/ 0
Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак доби 12 години затвор за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-maleziski-premier-nadzib-razak-dobi-12-godini-zatvor-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-maleziski-premier-nadzib-razak-dobi-12-godini-zatvor-za-korupcija/#respond Tue, 28 Jul 2020 11:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=382612

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска е осуден на 12 години затвор за обвиненија за корупција во врска со злоупотреби во државниот фонд за развој 1МДБ, јави ДПА. Разак претходно беше прогласен за виновен во Високиот суд во Куала Лумпур за обвиненијата за изгубена доверба, перење пари и злоупотреба на службената должност. Тој истовремено е казнет со 210 милиони рингити (49,3 милиони долари). Доколку не ја плати казната, тој се соочува со уште пет години затвор, наведе германската агенција. Адвокатите на Разак најави дека ќе поднесат жалба на пресудата, која е прва од серијата судење против поранешниот премиер на Малезија, кој на чело на владата беше од 2009 до 2018 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-maleziski-premier-nadzib-razak-dobi-12-godini-zatvor-za-korupcija/feed/ 0
Одбележани 12 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-12-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-katlanovsko-blace/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-12-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-katlanovsko-blace/#respond Sun, 12 Jan 2020 14:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=288607

Со едноминутно молчење и со положување цвеќе на спомен-обележјето кај катлановско Блаце денеска им се оддаде почит на единаесетте припадници на Армијата кои пред дванаесет години трагично загинаа во хеликоптерската несреќа. Како што соопшти Министерството за одбрана, почит на загинатите, покрај членовите семејствата оддадоа делегации од Генералштабот, предводена од заменик на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим Нуредин, Министерството за одбрана, предводена од заменик-министерот Беким Максути, од Општината Петровец предводена од градоначалникот Борче Митевски, Командата за операции, воздухопловниот Винг и првата пешадиска бригада. Годишнината од хеликоптерската несреќа беше одбележана од страна на воздухопловниот Винг и семејствата на загинатите пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, а ќе се одбележи и во кампот Бутмир во Сараево, Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“. Армискиот хеликоптер Ми-17 враќајќи се од мировната мисија „АЛТЕА“ се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, при што загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-12-godini-od-helikopterskata-nesrekja-kaj-katlanovsko-blace/feed/ 0