12 загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Jan 2020 10:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 12 загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција: Потона брод со мигранти, 12 лица загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-potona-brod-so-migranti-12-lica-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-potona-brod-so-migranti-12-lica-zaginati/#respond Sat, 11 Jan 2020 10:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=288243

Во спасувачката акција биле спасени 21 лице. Три хеликоптери и шест чамци ја пребаруваат областа југозападно од Паксос, трагајќи за исчезнатите мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража. На бродот, од кој е испратен повик за помош, се наоѓале околу 50 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-potona-brod-so-migranti-12-lica-zaginati/feed/ 0
Најмалку 12 загинати во протестите во Венецуела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-protestite-vo-venecuela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-protestite-vo-venecuela/#respond Thu, 24 Jan 2019 18:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=156248

Најмалку 12 лица загинаа во бранот антивладини протести во Венецуела, соопшти денеска невладината организација Венецуелска опсерваторија за општествени судири. Координаторот на Опсерваторијата, Марк Понсе ги објави и имињата на загинатите. Трета ноќ по ред стигнуваат извештаи за кражби во сиромашните населби во Каракас и за судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили. Амнести интернешнал го повика венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ги почитува правата на демонстрантите и неодложно да ги казни припадниците од војската и полицијата кои се вмешани во репресија. Стотици илјади граѓани на Венецуела излегоа на протести против претседателот Мадуро. Протестите се одржуваат на иницијатива на опозицијата, која тврди дека актуелниот шеф на државата нелегално ја узурпирал функцијата на 10 јануари, откако по вторпат беше избран за претседател на избори бојкотирани од опозициските партии. Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо вчера се прогласи за привремен претседател на државата. Војската на Венецуела одби да го признае Гуаидо за привремен претседател, но тој беше признат за нов лидер на земјата од САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Перу, Гватемала и Костарика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-protestite-vo-venecuela/feed/ 0
Во зимското невреме во Европа загинаа 12 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zimskoto-nevreme-vo-evropa-zaginaa-12-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zimskoto-nevreme-vo-evropa-zaginaa-12-lugje/#respond Tue, 08 Jan 2019 17:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=149844

Зимското невреме ширум Европа продолжи и денеска со тешки последици, а во последните седум дена во несреќи поврзани со невремето загинале 12 луѓе. Стотици луѓе во алпските области се отсечени од светот, постојано се одложуваат и откажуваат летови, а секојдневно се зголемуваат и ризиците од смртоносни лавини на планините. Во Норвешка поради лошата видливост и обилните снежни врнежи откажани се обидите да се пронајдат телата на четворица скијачи кои загинаа под лавина широка 300 метри во близина на северниот град Тромс. Во Австрија стотици луѓе се отсечени од светот во своите домови поради блокирани патишта, а во некои региони прекинато е и снабдувањето со струја откако паднал далекувод под тежина од снег. Училиштата во некои австриски региони денеска се затворени втор ден по ред, а на сопствениците на куќите им е советувано да го отстранат снегот од крововите откако се урнаа неколку куќи. Вкупно 11 германски планинари вчера се спасени од нивниот планинарски дом во близина на Салзбург, откако во петокот биле оковани од снег и останале без струја и храна. Останатите луѓе загинале под лавини во Швајцарија, Австрија и Германија, а властите предупредија дека со континуираните врнежи снег се зголемува и ризикот од нови лавини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zimskoto-nevreme-vo-evropa-zaginaa-12-lugje/feed/ 0