13 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 17:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 13 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 13 години затвор за Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/#respond Fri, 26 Mar 2021 17:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=488303

Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски кое се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров доби 13 години затворска казна. Судот го прогласи Ештрефи за виновен, поради тоа што со умисла го сторил кривичното дело, каде со нож го прободел момчето кое пред болницата им подлегнало на повредите. Според одбраната, оваа одлука на судот за обвинетиот да остане во притвор не е изненадувачка. Инаку, ова е втора одлука на судот да го прогласи Ештрефи за виновен. Во 2015 година обвинетиот за овој случај доби 14-годишна казна затвор, но Врховниот суд минатата година ја укина оваа одлука, по што одново му се судеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/feed/ 0
ВИДЕО: 13-годишниот Никола од Велес е рекордер за редење на Рубикова коцка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/#respond Mon, 04 May 2020 13:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=341435

Младото момче Никола Ничовски на свои 13 години реди рубикова коцка како најдобрите светски мајстори. Велешанецот Никола, до нашата редакција испрати видео од неговиот личен рекорд остварен во ноември месец во Република Косово. Редакцијата на Велесденес.мк по испратеното видео стапи во контакт со младиот Никола. Тој ни раскажа малку повеќе за неговата пасија, редењето на рубикова коцка, како и за успесите во неговите натпревари во Македонија и на меѓународно ниво. Велешанецот Никола Ничовски има 13 години, а со редењето на рубикова коцка започнал од свои 10 години, додека редовно почнал со вежбање и редење од свои 11 години. Него го потикнал еден негов пријател со кој сакал да се докажува дека може да биде подобар од него, со што и успеал. Учи во Основното општинско училиште Васил Главинов во Велес и е 8-мо одделение. Покрај редењето на рубикова коцка, сака да игра и кошарка, а воедно е и страствен навивач на фудбалскиот клуб Барселона и Лионел Меси. Младиот велешанец до сега има учествувано на 3 домашни и 2 меѓународни натпревари, од кои 1 во Бугарија и 1 во Косово, каде што и го постигнал неговиот личен рекорд на официјален натпревар. -Имам исто така има освоено 6 медали, 4 на национално ниво и 2 на интернационално. Меѓу нив голем број на сертификати и успеси во неофицијални натпревари вели Никола. Неговиот личен рекорд, на неофицијални натпревари е 7.65 секунди, додека на натпреварот во Косово во 2019 година го постигнува неговото најдобро време од 10.48 секунди. Рекордот на светско ниво во редење на рубикова коцка изнесува 3.47 секунди од кинезот YuSheng Du. Никола се натпреварува и во редење на Pyraminx коцки, каде што исто така има одлични резултати. -Освен обичната рубикова коцка има и други типови во кои може да се натпреварува. Највеќе доминирам во Pyraminx со просечно време од 6 секунди и воедно сум 2 место во Македонија, додаде младиот велешанец. Извор: велесденес.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-13-godishniot-nikola-od-veles-e-rekorder-za-redenje-na-rubikova-kocka/feed/ 0