135 уапсени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Dec 2020 08:45:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 135 уапсени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсени 135 од над 300 приведени лица во Атина поради забраната за собири на годишнината од убиството на Григоропулос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-135-od-nad-300-privedeni-lica-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-135-od-nad-300-privedeni-lica-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/#respond Mon, 07 Dec 2020 08:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=439793

Во текот на вчерашниот ден во Атина беа приведени 374 лица во повеќе одвоени случаи, од кои 135 се уапсени, поради забраната за секаков вид собири на четири или повеќе лица на одбележувањето на 12-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката метропола вчера беше под драконски безбедносни мерки, со ангажирани над 4.000 полицајци, а полициското присуство беше огромно, особено во населбата Ексархија, каде што во 2008 година, од полицаец беше убиено, тогаш 15-годишното момче. При секаков обид за собир, полицијата експресно интервенираше, а во еден случај, употреби и шок бомба, бркајќи неколкумина демонстранти кои претходно се обидоа со пано да протестираат, а потоа побараа засолниште во една од околните згради. Пристапот до местото каде што беше убиен Григорпулос беше забранет за сите, дури и за новинарските екипи. Членови на организации и здруженија, кои се обидоа, мирно да пристигнат до местото и да остават цвеќе, наидоа на полициски блокади, а веднаш потоа беа и приведени. Грчката полиција во саботата соопшти дека „поради апсолутната потреба за справување со сериозната опасност по јавното здравје и во рамките на вонредните мерки за справување со ширењето на Ковид-19“ и за да се избегнат традиционалните масовни протести, вчера, забранети беа собири на четири или повеќе лица, а за прекршувачите беа предвидени казни од 300 до 5.000 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-135-od-nad-300-privedeni-lica-vo-atina-poradi-zabranata-za-sobiri-na-godishninata-od-ubistvoto-na-grigoropulos/feed/ 0