15 остсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Nov 2020 08:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 15 остсто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трговската размена до октомври 9,4 милијарди евра, пад за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/#respond Mon, 09 Nov 2020 08:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=426756

Вкупно 9 396 015 000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит е 1 282 935 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто. Вкупната вредност на извозот е 4 056 540 000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5 339 475 000 евра, што е намалување за 13,2 процента. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/feed/ 0