150 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Sep 2020 08:32:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 150 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција денес чествува 150 години од прогласувањето на Републиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/#respond Fri, 04 Sep 2020 08:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=399074

Шефот на фрацуската држава Емануел Макрон денеска организира церемонија во Пантеон за одбележување на 150-годишнината од прогласувањето на Третата Република, на 4 септември 1870 година, јави дописникот на МИА. Пред 150 години, Леон Гамбета ја прогласи Републиката (трета по ред) од градското собрание на Париз, два дена по поразот на Наполеон III кај Седан. Оттогаш, овој датум, 4 септември 1870 година се слави малку, а се помалку под Петтата република. Де Гол го одбележа тоа во 1958 година на плоштадот на Републиката, искористувајќи ја можноста да го претстави својот Устав, а потоа Помпиду ја славеше стогодишнината во 1970 година, во градското собрание. За 150-годишнината од основањето на Републиката, Емануел Макрон го избра Пантеон, каде ќе одржи „борбен говор“ за да ги брани „републичките вредности“, пред да претседава со церемонијата за натурализација на пет лица. -Тоа е неправедно заборавен датум што претседателот одлучи да го одбележи, објаснува Елисејската палата. Но, преку историјата, шефот на француската држава пред се има намера да испрати неколку политички пораки. -Претседателот смета дека денеска, со оглед на дебатите што го возбудуваат нашето општество, има императивна потреба да се врати овој датум во центарот на вниманието и да се слави Републиката, објаснува неговото опкружување. Затоа, тој ќе зборува за „републиканските принципи, слобода, еднаквост и братство“, но, исто така, и за „секуларизмот и слободата на мислење“ и да ги осуди „опскурантите сили“ и „самозатворањето во етничките, религиозни и други заедници“. После дебатите за отстранување на одредени статуи, Емануел Макрон „многу ќе инсистира на фактот дека историјата на Франција е блок што не може да се подели“, се вели од Елисејската палата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/feed/ 0