1624 заразени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Sep 2022 07:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1624 заразени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Моден двобој на Брижит Макрон и кралицата Ранија: Фустаните ги платиле по 1.000 евра https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/#respond Sun, 18 Sep 2022 07:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=734320

Јорданската кралица Ранија му се придружила на својот сопруг кралот Абдула Втори и нивниот син во посетата на Париз. Во улога на домаќин во Елисејската палата ги дочекал францускиот претседателски пар Макрон. Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на Франција – Брижит Макрон.
Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција разви препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфорна зона, а која најчесто ја сочинуваат совршено скроени капути и палтиња, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината вита фигура. За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое го креирала со елегантен моел на бел фустан до колена. Неговите 3/4 ракави се нагласени со детали бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од нејзиниот омилен бренд „Луј Витон“. Елегантниот фустан со строги линии 69-годишната Французинка го надополнила со класични салонки во беж боја, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.
Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот го привлекла вниманието во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство. За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а позната е и како голема љубителка на модни додатоци, па ја искомбинирала со посебна верзија на чантата „By The Way Boston“ со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.
Како и првата дама на Франција, своето формално издание го заокружила со класични салонки чија бела верзија ја потпишува познатиот дизајнер на чевли Џими Чу. Кога од нив две е поубаво облечена? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-moden-dvoboj-na-brizit-makron-i-kralicata-ranija-fustanite-gi-platile-po-1-000-evra/feed/ 0
Во Србија евидентирани вкупно 1.624 заразени со коронавирус и 44 смртни случаи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-evidentirani-vkupno-1-624-zarazeni-so-koronavirus-i-44-smrtni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-evidentirani-vkupno-1-624-zarazeni-so-koronavirus-i-44-smrtni-sluchai/#respond Sat, 04 Apr 2020 14:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=327295

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 лица, изјави на редовната прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Стевановиќ изјави дека од 645 тестирани, регистрирани се 148 нови лица заразени со коронавирус, со што бројот на вкупно заразени во Србија се искачи на 1.624 лица. Досега вкупно се хоспитализирани 1.046 пациенти, од кои 89 лица се водат како тешки случаи и ставени се на респиратор, кажа Стевановиќ. Бројот на тестирани лица во Србија заклучно со денеска изнесува 6.401. Пациентите кои се со полесни симптоми на заразата се сместени во карантин на Белградскиот саем, кои за денеска најавија штрајк со глад доколку повторно не бидат тестирани, па на барање на омбудсманот денеска се тестирани. -Сите 69 лица кои се на Белградскиот саем, се тестирани и 38 пациенти беа негативни на тестот и тие доколку и на повторениот тест бидат негативни, ќе бидат пуштени дома, изјави на прес конференцијата началникот на Инфективната клиника во Белград, д-р Горан Стевановиќ. Тој оцени дека Србија се уште ја држи заразата под контрола, апелирајќи до граѓаните да се придржуваат на вонредните мерки, без кои бројките би биле за десет пати поголеми. На прес конференцијата граѓаните беа потсетени на новите мерки за забрана за движење за денеска (40 часовен полициски час), која почна во 13 часот и ќе трае до 05 часот во понеделник. Вчера како што изјави премиерката Ана Брнабиќ, Србија навлезе во „најтешката фаза во справувањето со епидемијата“ и доколку епидемијата продолжи да се шири со засилено темпо, ќе бидат воведени „најстроги рестриктивни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-evidentirani-vkupno-1-624-zarazeni-so-koronavirus-i-44-smrtni-sluchai/feed/ 0