17.000 лажни тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jul 2020 13:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 17.000 лажни тестови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Интерпол: Запленети 17.000 лажни тестови за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/#respond Wed, 22 Jul 2020 13:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=379683

Полицијата заплени 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол. Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи во вредност од 34,5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операција која траела од декември 2019 до јуни 2020 година. Меѓу производите има млечни производи, месо од незаконски заклани животни и прехранбени производи лажно обележани како лекови, објави Интерпол. Полицијата пресретнала и илјадници фалсификувани медицински производи, во време кога земјите ширум светот побрзаа да се снабдат со медицински материјал поради блокадата воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот. – Додека земјите ширум светот продолжуваат со напорите да го контролираат Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи само ја покажуваат својата решеност само да заработат, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток. Покрај лажните тестови за Ковид-19, во акциите биле пронајдени средства за дезинфекција, па дури и пратка морска храна во Јужна Африка со потекло од Азија, која била лажно декларирана како лична заштитна опрема. – Другите нелегални производи што се пронајдени вклучуваат козметика, чевли, облека, торби, делови за автомобили, електроника, тутун и лекови, во вредност од околу 3,1 милиони долари, соопшти Интерпол. Ова е деветта година на агенцијата за координирана акција во рамките на операцијата Опсон против фалсификувана или нестандардна храна и пијалоци, која редовно запленува илјадници тони фалсификувани и потенцијално штетни производи. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/interpol-zapleneti-17-000-lazni-testovi-za-kovid-19/feed/ 0