17 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Aug 2018 07:09:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 17 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седумнаесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Sun, 12 Aug 2018 07:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=86947

На 13 август пред седумнаесет години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Охридскиот договор ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како единствена рамка за развој на државата. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел - 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. Собранието на Република Македонија во март годинава со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0
Одбележани 17 години од киднапирањето и убиството на четворица жители на Непроштено во 2001 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-17-godini-od-kidnapiranjeto-i-ubistvoto-na-chetvorica-ziteli-na-neproshteno-vo-2001/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-17-godini-od-kidnapiranjeto-i-ubistvoto-na-chetvorica-ziteli-na-neproshteno-vo-2001/#respond Mon, 23 Jul 2018 20:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=80175

Со полагање цвеќе и помен парастос на споменикот посветен на четворицата киднапирани и убиени жители Македонци на селото Непроштено за време на конфликтот во 2001 година доцна попладнево беше одбележана 17-годишнината од овие трагични настани. На 23 и 24 јули 2001 година од страна на засега непознатти лица беа киднапирани Крсто Гогоски, Цветко и Васко Михајлоски по што им се губи трагата додека Стојан Михајлоски беше застрелан и оставен неколку денови на нива во близина на селото. Петта година по ред нивните семејства, пријатели, роднини, соседи, но и други жители на Тетовско и пошироко се потсетуваат на овие настани. Синот на киднапираниот Крсто, Војо Гоговски изјави дека на 14 јули ги зел посмртните останки на татко му од Институтот за судска медицина во Скопје и го погребале на православните гробишта во Непроштено со сите верски обичаи. - Се знаат виновниците за овие тешки дела, а дел и се во државни институции. Се додека виновниците не бидат казнети согласно законот ние не можеме да останеме рамнодушни. Одговорно тврдам дека надлежните инститруции знаат точно што се случило во 2001 година со сите 12 киднапирани Македонци, кои се виновниците и каде се наоѓаат телата и сметам дека сите треба да се најдат и да се погребат како што треба, истакна Гогоски. За утре на православните гробишта во Непроштено ќе бидат погребани и останките на Васко Михајлоски. Неговите заедно со останките на Крсто Гооговски и уште двајца од киднапираните беа пронајдени закопани заедно во 2004 година во масовна гробница во атарот на селото. Тие потоа беа идентификувани, но до оваа година семејствата не сакаа да ги подигнат од Институтот за судска медицина. На денешното одбележување од страна на свештеници на Тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија беше отслужена панихида и помен парастос за загинатите, додека на споменикот цвеќе положија нивните семејствата, претставници од Кабинетот на претседателот на Македонија, Тетовскиот гарнизон на АРМ, бранителските здруженија Одбор на бранители и Бедем, Светскиот македонски конгрес, Сојузот на воени инвалиди и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Тетовско и од Скопје. Случајот на киднапираните Македонци од Тетовско заедно со случаите водството на ОНА, затворањето на липковската брана и малтретирањето и изживувањето на работниците од градежното претпријатие „Маврово“ беа дела од хашките случаи кои беа вратени во надлежност на Македонија и за кои беше донесена амнестија во 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezani-17-godini-od-kidnapiranjeto-i-ubistvoto-na-chetvorica-ziteli-na-neproshteno-vo-2001/feed/ 0