18 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 May 2020 19:54:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 18 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косово: Втора фаза од 18 мај со олеснети мерки за малите бизниси и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/#respond Fri, 15 May 2020 19:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=346440

Владата на Косово најави дека од 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно. Ккао што јави дописникот на МИА од Приштина, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави пред медиумите дека новите мерки подразбираат и отоврање на одредени бизниси на кои досега им беше забранета работата. Меѓу другите, со работа ќе можат да почнат берберите и фризерите, стоматолозите, трговците на мало и зелените пазари, градскиот и меѓуградскиот сообраќај со посебни дозволи, уметничките галерии, музеите и други. Како што информираа Курти и вршителот на должноста министер за здравство, граѓаните ќе можат да излегуваат, според нивните персонални броеви во личните документи, два пати на ден по два часа, наместо по еден и пол час, како што беше регулирано со досегашните мерки. Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во четвртокот се извршени 300 тестирања, при што се потврдени 18 нови случаи на заразени од новиот коронавирус. Вкупно заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи на заразени се 945 лица. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти се забележани 19 излекувани од болеста и ниту еден починат. Според овие официјалните статистики, во Косово има 690 излекувани и 29 починати од Ковид-19, што значи дека во земјата моментно има 226 активни носители на новиот коронавирус. Вклучително вчерашните податоци, во Косово, заклучно со вчерашниот ден, се извршени вкупно 10.942 тестирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/feed/ 0
Од 18 мај постепено ќе се отвараат училиштата и градинките во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-18-maj-postepeno-kje-se-otvaraat-uchilishtata-i-gradinkite-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-18-maj-postepeno-kje-se-otvaraat-uchilishtata-i-gradinkite-vo-slovenija/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=339776

Словенија најави дека од 18 мај почнува со постепено враќање на образовниот процес во нормала, јави дописникот на МИА од Љубљана. Владата реши најпрво ќе се отворат градинките и училиштата, но само за некои одделенија. Според министерката за образование Симона Костец, во овој момент интензивно се работи на создавање услови за безбедно одвивање на наставата во училиштата, но и за престој на децата во градинките. – Најпрво ќе ги отвориме градинките и основните училишта за најниските одделенија. Меѓу првите во редовна настава ќе се вратат и учениците кои имаат завршен испит или матура, изјави Костец за Поп ТВ. Министерката најави дека за сите други ученици, учебната година ќе заврши со предавањата преку интернет. Заводот за образование предложи учениците кои работат од дома да не бидат класично оценува, односно преку семенарски трудови и практични задачи да биде утврдено колку совладале од предвидениот материјал. Поради епидемијата на коронавирусот образовниот процес во Словенија беше стопиран на 16 март, кога со одлука на Владата беа затворени сите училишта и градинки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-18-maj-postepeno-kje-se-otvaraat-uchilishtata-i-gradinkite-vo-slovenija/feed/ 0