1963 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 08:05:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 1963 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив… по втор пат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/#respond Wed, 26 Jul 2023 08:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=860102

Роден сум на денот кога Скопје се разбуди во ужас... Всушност, роден сум малку порано, но тој ден се родив по втор пат... Како речиси тримесечно бебе на кое 26 јули за малку можеше да му биде датум кој се испишува после онаа цртичка пред датумот на раѓање... За среќа, фала му на Бога, се’ се завршило поинаку. Скопје, населба Пролет, зграда број девет, влез трети, втори кат... Тоа утро мајка ми Добрила станала рано, за да ми подготви храна. Мене, на нејзиното првороденче. Во тесното станче од 50-ина квадрати, четири генерации... Прадедо ми Теодосија, неговиот син – дедо ми Драган со баба ми Илина, вујко ми Филип – се’ уште ерген, мајка ми и татко ми Трајче, тогаш се’ уште студент и секако јас, мало бебенце, прва радост во семејството. Најстариот, речиси 90 годишен, склеротичен, некогашен белградски печалбар „у време краља“ прашува... „Зашто ова дете плаче, чије е?“ – а мајка ми онака смирено: „Па мое е дедо, наше е... внуче ти е“. „Па зошто плаче, што га не смириш? – прашува стариот, а мајка ми: „Па, гладно е, затоа, еве му подготвувам јадење“. „Не, није тачно... Ти не умеш да го чуваш... Ако не умеш да га чуваш, поклони га држави... Она ќе да се стара о њему“ – со полусрпски, полумакедонски враќа стариот и тогаш одненадеш чуден татнеж и старотен потрес . Плафонот почнува да пука, подот да се тресе, ѕидовите се лулаат како клацкалка, малтерот се рони, неподнослива бучава... Чиниш светот се превртува наопаку. Тресењето трае, тапа заглушлива бучава и прашина насекаде. Метежот во паника да се спаси главата инстинктивно се претвора во хистерија... „Симнувајте , бегајте, сите надвор, земјотрес“... Паѓа потпорниот ѕид што го дели станот од соседите, се урива дел од скалите во влезот... Семејството за миг е надвор... Но, не сите. Минува нецела минута од шокот, кога мајка ми спискува: „Бебето, каде ми е бебето“? Го нема и најстариот, (пра)дедото... Шокот се претвора во паника, додека надвор тлото се’ уште повремено се потресува, а наоколу се слушаат пискотници, викотници, плач, лелек, довикувања, општа хистерија... Вујко ми Филип, тогаш студент, младо и силно момче, фудбалер на Вардар и подоцна негов долгогодишен претседател, без двоумење онака, бос се стрчува назад кон влезот на зградата. „Немој Филипе...“ – викаат по него баба ми и останатите, но тој не слуша никого. Се враќа по мене, по тримесечното бебенце кое онака целото во плач, прашина и малтер на раце го изнесува надвор, а потоа одново оди горе по дедото. Вториот обид - за малку фатален. Се уриваат скалите, но во последен момент некако успеваат тој и стариот да се извлечат. Постземјотресните минути и часови течат во општа агонија... Јулското сонце го пече осакатеното Скопје додека се чека медицинска и хуманитарна помош. Мене ме преземаат и заедно со мајка ми ме носат во болница во Ниш. Лекарите констатираат тешка инфекција на респираторниот систем и цревата. Прават се што можат, но не е се до медицината... Има нешто и до Господа. Не јадам ништо. Инфузијата како тече во мене, така во истиот миг и истекува од мене... како вода. Организмот не може да ја задржи ниту неа, камо ли храната. Мајка ми од шок го губи млекото. Не може да ме дои. Лекарите велат: „Што е до нас, тоа е... толку можеме. Шансите се мали да преживее, но ги има. Мајчиното млеко многу би помогнало, ама... Во нишката болница лежат и Ромки, тукушто породени, доилки. Вреди да се проба, како последна шанса... За пари, секако. И види чудо... Бебето го прифаќа „мајчиното“ млеко. Шукар! Во меѓувреме прадедо ми онака сенилен и склеротичен со деменција, се губи... По ден талкање по урнатините вујко ми Филип го наоѓа на кејот на Вардар. По пижами како оди и мрмори: „Жено, где ми је пушка? Бугари, опет су нас напали Бугари“... На сенилниот воин од Првата светска војна, некои спомени од минатото му останале во главата. За жал истата таа и онака веќе доволно болна и истрауматизирана глава изложена 24 часа на сонце – не издржала. Тодосије Ѓурчиновски ќе ги преживее и војните и земјотресот, но ќе почине од мозочен удар само неколку дена по скопската катастрофа. А катастрофа за малку и во нишката болница... Мајка ми ме гледа како се борам за секоја капка мајчино млеко што значи живот, но и покрај тоа по она на лекарите дека изгледите да преживеам не ми се баш најголеми, му праќа итна телеграма на татко ми со од прилика ваква содржина: „Ја се држам некако, ама бебето... Толку беше, готово е“! Такво било времето, околностите, а такви биле и комуникациите... Немало ни обични, а камо ли мобилни телефони. Во целиот тој метеж во Скопје, татко ми пораката ја сфаќа тотално погрешно. Другиот ден се појавува млад човек во нишката клиника забраден, променет во црнина. Дојден да си го подигне телото на своето „покојно дете“. Можете да замислите само каков бил „контрашокот“ кога видел дека сум жив. И за Божје чудо полека сум почнал да закрепнувам. Оттаму во Белград со мајка ми кај нејзината другарка, тетка Зорка и сопругот Мирко, па по некое време назад во Скопје, кај братучедот на дедо ми, чичко Вељо и неговото благородно семејство. И од тој судбински 26 јули 1963-тата еве ме и денес, на истиот датум, фала му на Бога, се’ уште жив и здрав... За да си припомнам на скопската катастрофа и кажувањата на оние кои подоцна ми ја раскажувале оваа моја животна приказна. За жал повеќе ги неме ниту баба и дедо, ниту вујко ми, ниту татко ми и мајка ми... Ги нема на овој свет од кој некои од нив прерано заминаа, но ги има вечно во моето срце и спомените, кои додека сум жив нема да избледат. Како сеќавање и на семејството и на тој 26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив... по втор пат!   Автор е Антонио Димитриевски долгогодишен новинар, сега главен и одговорен уредник на порталот Вистина.ком.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/feed/ 0
Холандски авион летал над Скопје додека траел земјотресот, зборовите на пилот прв известил https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-zborovite-na-pilot-prv-izvestil/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-zborovite-na-pilot-prv-izvestil/#respond Tue, 26 Jul 2022 09:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=710285

Денеска се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес кој буквално го срамни со земја градот Скопје кој е симбол на солидарност, љубов и почит на различностите од тогаш па се до денес. Постои една неверојатна коинциденција. Во мигот на катастрофалниот земјотрес точно во 5,17 часот на 26 јули холандски авион го надлетувал Скопје. Пилотот од воздух гледал што се случува на земјата и бил вџашен од глетката, бидејќи наеднаш се кренала огромна прашина над градот. Тој бил единствениот кој имал слика пред себе за катастрофата во истиот миг. Како директен сведок од авионот, меѓу првите на светот му ја соопштил тешката вест: „Скопје е разурнато, во него има 50.000 мртви!“. Веста била неверојатна, дури и фантастична за светот, но пилотот ја направил процената според она што можел да го види со сопствените очи. Овој податок со авионот спаѓа меѓу првите известувања за катастрофата. Постојат, исто така, и други помалку познати детали за првите известувања, иако личностите кои тоа го направиле се главно познати. Прв ја објавил веста за катастрофата капетанот на ЈНА, Петар Јовиќ. Непосредно по земјотресот, не поминале ни дваесетина минути капетанот Јовиќ се јавил во воениот центар, кој бил најблиску до Скопје, во Приштина. Со големи тешкотии успеал да објасни каква катастрофа се случила на градот на Вардар. Од воената единица каде што веста за земјотресот била доставена, таа веднаш стигнала и до Радио Приштина. Радиото точно во 7 часот објавило: „Скопје веќе не постои!“. Прв од новинарите и меѓу првите известувачи за катастрофалниот земјотрес е и познатиот дописник на „Политика“ Јован Поповски. Со помош на еден од службениците на Поштата, кој преку бандера воспоставил врска со белградска „Политика“, тој ја соопштил веста за катастрофата. Како искусен новинар и одличен познавач на Скопје Поповски вака драматично го опишува своето прво јавување: „Од другата страна на жицата беше Рушка, секретарката од редакцијата на „Политика“. Ја слушав како извика и ја пушти слушалката: ,Другари, Поповски е жив’. Врската беше воспоставена. Но, што да јавам? Тогаш видов дека дури немам ни бележник, иако на директорот на весникот му реков: Овде е голема катастрофа, ајде да издадеме вонредно издание. Тој ме праша дали имам напишан извештај. Се разбира, имам, го излажав. Но, сепак почнав да го диктирам извештајот. Во тој миг не верував дека можам да напишам некој текст што ќе им се допадне. Не, катастрофата беше толку многу голема, впечатоците толку многу, а шокот толку силен, што не бев способен да го опишам сето тоа. Во главата чувствував кошмар… Да бидам искрен, застанав и заплакав како дете. Но, никој не се осврнуваше на моите солзи. Таков беше денот“, вели Поповски. Кога станува збор за првите извештаи и видувања на катастрофалниот земјотрес во Скопје, треба да се наведе напорот и првото јавување на скопските железничари, односно на луѓето кои во тој миг се затекнале на работното место во зачуваниот, не урнат дел од станицата. Тие, исто така, биле меѓу првите кои испратиле известување и тоа преку морзеовите апарати, кои не биле целосно оштетени во Железничката станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/holandski-avion-letal-nad-skopje-dodeka-trael-zemjotresot-zborovite-na-pilot-prv-izvestil/feed/ 0
Скопје се сеќава – 59 години од катастрофалниот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-sekjava-59-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-sekjava-59-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/#respond Tue, 26 Jul 2022 05:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=710151

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 59 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Традиционално, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации, претставници на институции и граѓани ќе положат цвеќе. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Од трагедијата на Скопје целиот свет беше вознемирен и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 до 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 58 години, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-se-sekjava-59-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/feed/ 0
Американски новинар: Ви се кине срцето кога ќе ја видите скопската трагедија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/amerikanski-novinar-vi-se-kine-srceto-koga-kje-ja-vidite-skopskata-tragedija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/amerikanski-novinar-vi-se-kine-srceto-koga-kje-ja-vidite-skopskata-tragedija/#respond Sat, 28 Jul 2018 11:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=82131

Невидената трагедија што му се случи на Скопје во земјотресот од 26 јули 1963 сѐ уште се раскажува низ многубројни драматични приказни, кои некои запишувачи ги нарекуваат и „скопски вистинити легенди“. По повод 55-годишнината од земјотресот, „Нова Македонија“ потсетува на некои од нив. На аголот каде што се сечат улиците 11 Октомври и Ѓуро Салај, во близината на зеленото пазарче, една старица секое утро одела да купи млеко и леб за домашните. Во куќата живеела заедно со синот и снаата и двете внучиња. Станувала многу рано, затоа се искрадувала од креветот многу тивко, без да ги разбуди домашните, особено внимавајќи на внуците. Но тоа утро, на 26 јули, се случило нешто необично. Кога старицата станала од креветот, ја забележале внучињата и сакале и тие да заминат со неа на пазар. Старицата се противела, но, сепак, на крајот се согласила да ги поведе и нив со себе. Излегле од куќата, во тоа мирно летно скопско утро и пред продавницата се задржале, чекајќи во редицата. Потоа тргнале назад, а кога стигнале точно пред куќата, се случил кобниот настан – земјотресот. Со ужасен татнеж и потрес, куќата пред нив се урнала до темел. Сите загинале во неа. По игра на случајот, старицата ги спасила своите внуци, кои тоа утро инсистирале да тргнат со неа. Таа трагична слика што ја пренеле весниците, хроничарот вака ја опишал: „И еве како старицата клечи до урнатата куќа, а внуците седат на голата земја, до нејзините нозе“.             Куќата на улицата Водњанска бр. 40, наспроти Клиничкиот центар, е една од оние во кои трагичното утро повeќе луѓе ги загубија своите животи. И со неа е поврзана една драматична и необична приказна, каква што само животот и случајот можат да напишат. Во Скопје, пред земјотресот, млекото се продаваше во големи стаклени шишиња, кои во метални гајби се разнесуваа по продавниците. Голема редица имало тоа утро на 26 јули пред самопослугата, од најраните утрински часови. Кога пристигнале шефот на самопослугата и благајничката, во исто време пристигнало и млекото. Но, за чудо, имало само една мала гајба со 12 шишиња. И тие малку шишиња што ги имало, шефот одлучил да ги достави во болницата, за нејзините потреби. Настанала караница, при што одговорното лице морало да ги избрка граѓаните надвор во дворот. Во тој миг се случил земјотресот и додека оние избрканите од продавницата ја избегнале смртта, шефот и благајничката загинале. Куќата се урнала до темел. Жалејќи за караницата и за она што се случило, граѓаните се обиделе нешто да сторат за да ги спасат, но веќе било доцна. Тоа е уште една трагична игра меѓу животот и смртта во големата скопска трагедија. Целиот текст може да го прочитате на НОВА МАКЕДОНИЈА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/amerikanski-novinar-vi-se-kine-srceto-koga-kje-ja-vidite-skopskata-tragedija/feed/ 0
Потресно сведоштво: Ја фрлил ќерката со се душек од четвртиот кат, само таа преживеала https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/potresno-svedoshtvo-ja-frlil-kjerkata-so-se-dushek-od-chetvrtiot-kat-samo-taa-preziveala/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/potresno-svedoshtvo-ja-frlil-kjerkata-so-se-dushek-od-chetvrtiot-kat-samo-taa-preziveala/#respond Wed, 25 Jul 2018 14:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=80999

Утре се одбележува 55 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули 1963 година рано утрото во 05 часот и 17 минути. Во земјотресот загинаа 1070 жртви, над 4.000 луѓе биле повредени, а разурнуваќкиот земјотрес бил со јачина од 6,1 степен според рихтеровата скала. Во пресрет на утрешниот ден објавуваме неколку потресни стории и сведоштва на скопјани:
Храбриот војник Очевидецот-војник, кој ги вадеше мртвите и ранетите од разурнатиот хотел „Македонија" во центарот на градот, раскажува како еден ден пред катастрофата пристигнала мајка му во посета. Вечерта побаравме соба за ноќевање на мајка ми во хотелот „Македонија", но се беше полно. Потоа го молевме портирот од хотелот „Скопје", но и таму залудно. Одвај ја сместив во хотелот „Турист", а јас заминав во касарна. Утрото веднаш по земјотресот нашата единица се симна во градот. Јас бев во екипата за спасување кај хотелот „Македонија". Извлекував ранети, а и повеќе мртви од урнатините. Бев како во треска. Ги носам мртвите надвор, а мислам на мојата мајка. По некое време дознавам дека и хотелот „Скопје" е разурнат. Ме опфати тага. Почнав да плачам, но се уште влегувам во урнатините. Си замислувам како други војници ја откопуваат мојата мајка. Дури подоцна разбрав дека „Турист" не се урнал. Тогаш во солзи, но со поголем елан се нафрлив врз паднатите ѕидови на хотелот. Плачев и работев, раскажува овој херој. Сведоштво на граѓаните Во една зграда таа ноќ само еден прозорец бил осветлен. До тоа кобно утро еден инженер се уште работел на своите трудови кога се почнало да се урива. Сите негови, целата фамилија спиеле. Тој ја зел ќерката од креветот и заедно со душекот и со постелата ја завиткал и ја фрлил од четвртиот кат. Девојчето паднало на еден полковник, кој не можел да ја задржи и таа се лизнала на асфалтот. Паднала, но падот бил ублажен. Девојчето било повредено, но останало живо. Инженерот, жена му и синот загинаа. Зградата се урна по вториот потрес, раскажува еден сведок. Се случувале чуда Тринаесет годишната ученичка Соња потресот ја кренал од сон. Скокнала да види што станува. Но, прозорецот бил затрупан, горните катови веќе биле урнати. Уплашена, побегнала во аголот и легнала на подот, меѓу шифоњерот и каучот, кој потоа при вториот потрес го задржал таванот од горниот кат. Се нашла во тесен простор. Плочата, т.е. таванот над неа бил едвај на 20 сантиметри. Почнала да вика, но урнатините го заробиле нејзиниот глас. Не била повредена и тоа и помогнало да издржи, но не можела да се помрдне. Поминувале часови. Извесен период била будна, потоа заспала. Kога се разбудила, осетила дека е жедна. Грлото и горело, јазикот и бил сув, а устата полна со прав. Во таква положба немала ориентација за време. Поминале петокот, саботата, неделата и дури во понеделникот чула како се копа над неа. Бетонската плоча почнала да се спушта, се се кршело околу неа. Ја фатил страв и почнала со последните сили да вика. Спасителите се изненадиле – се израдувале. Тој ден ваделе само мртви, мртви и пак мртви. Потоа првин направиле отвор од каде што и дале вода. Kога ја извлекле од урнатините, ја прашале дали знае колку време била затрупана. Одговорила: „Мислам неколку часа". Но, не било така, таму била три дена, три ноќи и пет часа." Во зграда на улицата Орце Николов, која речиси била срамнета со земја, цели 30 часа спасувачите ваделе само мртви. Извадиле 56 тела и никој не се надевал дека некоја душа уште може уште да живее во тој крш. Меѓутоа, за големо изненадување и по 30 часа излегоа живи три деца. Браќа. Најстариот 20 години. За него весниците и порано пишувале. Во 1962 година за поплавата тој помагал при спасување на повеќе од 20 граѓани. Веднаш по затрупувањето, татко му од другата соба му јавил за смртта на мајка му. Двајцата негови помали браќа биле во неговата соба. Почнал да копа, да се пробива педа по педа, неговите браќа лазеле по него. Отпрвин копал со раце, потоа нашол некое железо. По 30 часа непрестанато копање, здогледал светлина. Почнал да вика и од надвор луѓето го слушнале. Застанал на нозе како ништо да не се случило.По него излегле и неговите двајца браќа. Родителите им ги откопале мртви. Земјата се тресела 20 секунди На 26 јули 1963 година во 5.17 часот Скопје бил погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој траел 20 секунди. По неколку минути се случил и вториот силен потрес. Според очевидците, токму овој втор потрес е виновен за големиот број жртви. Многу луѓе останале заробени во објектите по првиот удар, а по вториот се доурнале веќе разнишаните згради. Земјата се тресела уште долго. Се смета дека неговиот епицентар бил околу Злокуќани. Се случил на длабочина помеѓу пет и седум километри и токму поради тоа што бил многу плиток, бил и многу разорен, со штети и жртви. Земјотресот се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Во стравотниот потрес животот го загубија 1.070 луѓе, а над 4.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 стана, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без дом. Според информациите на 26 јули во Скопје се случиле 67 земјотреси, од кои многу биле со магнитуда над 5. На 27 јули имало 22 потреси, на 28 јули – 25 , исто толку и на 29 јули. На 30 јули почвата под Скопје се затресла 18 пати, наредниот ден 13 пати, а на 1 август имало 28 земјотреси. До 26 август, за еден месец, во македонската метропола се случиле 322 земјотреса.  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/potresno-svedoshtvo-ja-frlil-kjerkata-so-se-dushek-od-chetvrtiot-kat-samo-taa-preziveala/feed/ 0