2.400 германски визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 06:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2.400 германски визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Издадени 2.400 германски визи на Авганистанци и нивни роднини кои работеле за воениот персонал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-2-400-germanski-vizi-na-avganistanci-i-nivni-rodnini-koi-rabotele-za-voeniot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-2-400-germanski-vizi-na-avganistanci-i-nivni-rodnini-koi-rabotele-za-voeniot-personal/#respond Tue, 06 Jul 2021 06:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=532484

Германските власти соопштија дека досега им издале 2.400 визи на лица од Авганистан и нивни роднини кои работеле за воениот персонал. Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека изминатите недели биле издадени 2.400 визи за локални лица и нивни роднини. Тој призна дека постапката е со потешкотии поради военото повлекување и затворањето на германскиот генерален конзулат во Мазар-и-Шариф. Според него, Берлин се обидува да соработува по ова прашање со партнери како што е Меѓународната организација за миграција, чие претставништво таму се уште не работи поради безбедносната состојба. Минатата недела, Германија ги повлече своите последни трупи од Авганистан по речиси 20-годишна воена мисија фокусирана главно на север во државата. Тоа беше втор по големина странски воен контингент по САД. Властите нагласија дека Германија има „голема должност“ да не остава незаштитени локални жители кои ги поддржуваа силите ризикувајќи ја нивната сопствена безбедност. Пред заминувањето на војската, биле дадени патни исправи за 446 вработени и нивни роднини – вкупно 2.250 лица, изјави во Берлин портпарол на германското Министерство за одбрана. Според него, само „релативно мал број апликации“ останале нерешени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izdadeni-2-400-germanski-vizi-na-avganistanci-i-nivni-rodnini-koi-rabotele-za-voeniot-personal/feed/ 0