2 август – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Jul 2022 09:48:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2 август – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вторник неработен ден за сите граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-4/#respond Fri, 29 Jul 2022 09:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=711798

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (вторник) 2022 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtornik-neraboten-den-za-site-gragjani-4/feed/ 0
ВИДЕО: „Овде е за хероите, не е за предавници овде“ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/video-ovde-e-za-heroite-ne-e-za-predavnici-ovde/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/video-ovde-e-za-heroite-ne-e-za-predavnici-ovde/#respond Sun, 02 Aug 2020 12:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=385159

„Овде е за хероите, не е за предавници овде“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/video-ovde-e-za-heroite-ne-e-za-predavnici-ovde/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минатото му се извинуваме на народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-kauza-koja-e-povekje-od-pojanicharenite-jurishnici-na-vlasta-za-chii-greshki-vo-minatoto-mu-se-izvinuvame-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-kauza-koja-e-povekje-od-pojanicharenite-jurishnici-na-vlasta-za-chii-greshki-vo-minatoto-mu-se-izvinuvame-na-narodot/#respond Sun, 02 Aug 2020 10:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=385096

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот празник 2-ри Август Илинден се обрати од струшкото село Ташмаруништа. Вчера кога напишав дека денеска ќе бидам во Маруништа, имаше и такви кои велеа види го овој не знае каде ќе оди, ќе одел во Ташмаруништа а вели Маруништа, забораваат дека ние овде си го викаме Ташмаруништа, Маруништа, затоа што ни е најубавото место на светот. Добредојдовте на овој голем ден, за мене претставува особена чест и задоволство да можам пред вас да се обратам како што тоа го правев изминатите два Илиндена, ова ќе биде мој трет Илинден како претседател на најголемата политичка партија, да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас. Ќе започнам со Ура! За “Афтономна Македонија”!- бидејќи тоа беа зборовите од Крушевскиот манифест кој е своевидното евангелие на македонското револуционерно дело. Тоа е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. И мене ми е особена чест што и оваа година сум во Струшко Ташмаруништа заедно да го одбележиме најсветлиот празник за Македонија. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава. Илинденците и сето она за што се бореа е нашата света кауза поради која и постои ВМРО, и ова не се само обични букви тоа е кодот на Македонецот преточен во слова зад кои има историска големина, и ако некој мисли дека ВМРО припаѓа само на една историска генерација треба да знае дека пред се тоа му припаѓа на народот, на жените и мажите, на старите, и младите, православните, католиците, муслиманите, евреите и така ќе остане. И ќе потсетам супстратот на ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19-сетиот век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за “Република” и поради борба за слобода. Токму таа борба за слобода го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена. За нејзе гинеле мажишта, бројни браќа и сестри, се исткајувале судбини, порази, подеми и бројни битки. И затоа нашата борба за слобода има константа, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната. И знам дека и денес исто како и во тоа време има неправди, удари, подмолни струи кои треба да не обесхрабрат, втурнат во апатија, да се откажеме. Но, секој од вас, секој од нас треба да знае дека овој ден денес го славиме не затоа што илинденците се откажале, туку затоа што се бореле. А борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа. И ова ќе биде говор во кој ниту еднаш нема да ги спомнам со име и презиме моите политички конкуренти. За нив знаете се, на долго и широко и не би сакал ова празнување да се претвори во гола реторика на обвинувања и препирки, туку сакам да говорам за многу посуштествени работи кои стануваат сериозни проблеми во нашата држава, за состојбите кои ве мачат сите вас, за иднината која се скратува пред сите нас. Пред малку говорев за големината на илинденските идеали и на таа грамадна големина на револуционерното дело, тоа дело е обврска за нас, но ние како држава и општество мораме да бидеме реални и да кажеме дека скршнуваме од тој пат на илинденците, затоа што карактерот на државата се обликува согласно личните интереси и амбиции на поединци. Станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни. Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Тие самопрогласени морални судии и величини се трудат да наметнат погрешна слика за работите и затоа ви се чини ненормалното-нормално, не моралното за морално, но кога ќе гребнете на површината се гледа подлабоко очајот на власта и нивната гола желба за личен конформизам и владеење. И сега ќе се навратам на претходно кажаното, замислете Питу Гули да речеше што ми требаше сето ова, и на пола битка да си заминеше, или Даскалот Гоце Делчев да се откажеше од идејата за Македонија, или пак Ченто да попуштеше. Не би го имале ниту овој ден денес. Поентата е таа дека државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. А не сме. Вистински не сме, затоа што тие што се исти последниве недели ги видовме на купче собрани. А денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза. Јас повеќе не сакам да ги коментирам, верувам во народот и верувам дека народот сосема јасно разбира за што овде се работи и кој за што се бори, кој ја сака и кој работи за Македонија. Ако оваа темнина е тунелот кој го создаде оваа власт, и во кој сака свесно да опстојуваме, јас ќе ви кажам дека има светло на крај од тунелот. А за тоа светло вреди и треба да се бориме. Ќе ме прашање како? Со верба, со труд, со многу труд. И нема откажување. Секоја борба е составена од повеќе помали борби. И на крајот битно е да се оствари целта, победата да биде заслужена и остварена со сопствени сили затоа што така е нашиот код, и така победата е поголема. И доколку на тој трновит пат, се појават предизвици, се појават неправди, незаслужен пораз во некоја битка, тоа никако не значи дека треба да се откажеме. Не. Кога знаеме дека имаме добра мисла и добри намери, кога знаеме дека за правда, принципи и за Македонија се бориме, и кога веруваме во таа битка, и во тие идеали, ние ќе ја оствариме таа целта. Силна држава Македонија, земја на среќни луѓе, на семејства со насмевки, нашиот народ заслужува среќа, а не држава затворена од сите страни. Нашата земја мора да има европска иднина, а не затворени граници. Нашата земја мора да има правда, а не криминал и обвинителство кое го легитимира. Нашата Македонија заслужува подобра иднина, а не заслужува влада која преку огласи бара дивоградби, иако тие стојат пред нејзините очи. Нашата држава заслужува комплетно нова генерација на политичари и смена на транзициските ликови кои се сидрото на оваа држава. А нам ни треба едро и силен ветер да одиме напред. Тоа сите ние го создаваме и само ние сме покровители на сопствената судбина. И многумина од тие лажни морални величини ќе речат ВМРО е поразено и готово, јас велам ништо не е готово, а ВМРО е најсилната, најцврстата и најголемата политичка организација во државата, и сите кои не потценуваат знаат дека најважните битки ги водат најхрабрите и ние ќе продолжиме да се бориме за правда, чесност и принципи. На нашето општество му треба принципи и верба. Верувајте дека можеме, дека ќе биде подобро и дека доаѓаат други одобри времиња. Мораме да ја вратиме државата на илинденските идеали, а тоа е слободата, правдата и заедништвото. Ова е наша заедничка задача, да ја вратиме среќата кај луѓето, да се врати насмевката, вербата во државата и да се потпираме едни на други. Ова е натпревар кој се игра до последната минута, па така е и со формирањето на владата. А знам дека по овој натпревар кој го играме со целото срце, и внимавајќи на честа и угледот на ВМРО и државата, ќе дојдат и други, на кој ќе победиме, затоа што само така ќе бидеме први. А нашата победа е заедничка. Воедно сакам да кажам дека сега по изборите знам како многумина се чувствуваат денес. Огромен број луѓе чувствуваат мачнина од тешкото време и неправдите, еден голем друг дел со неверување гледаат на резултатите од изборите и пропуштената шанса и знам дека ако има можност да го вратат времето велат поинаку ќе постапеле. Исто знам дека многумина ова го сметаат за украден резултат. На сите вие ќе ви порачам дека потполно ве разбирам и сите сте во право, и нема откажување, а борбата продолжува. И јас сите вас ќе ве разочарам ако се откажам сега, и така ќе ве разочарам од прв до последен, а уште поважно ќе ја изневерам Македонија. А јас не сум тоа. Никогаш нема да ве разочарам ниту да ја изневерам државата. И затоа ние уште посилно ќе се бориме за нашата заедничка иднина. Апостолот Гоце Делчев велеше да ја бараме вербата за успех во себе и во другите, ако ја има да ја разбудиме, ако ја нема да ја создадеме. И ова е и внатрешна битка на секој еден од вас во која треба да ја победите апатијата. Блаже Коневски во Везилка пишуваше: Два конца парај од срцето, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. ВМРО-ДПМНЕ е црвениот конец создаден од историја, судбини и копнеж кој ќе го претвориме во победа. Илинден е огнот на страствената битка за правдини, и тој е резултат на многу илиндени претходно, многу востанија и битки. И на крај Македонија победи. Затоа Петре М. Андреевски велеше нашиот народ Пиреј, а тој е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Македонија повторно ќе се исправи, главата горе, стаменито и гордо продолжуваме низ нови премрежја и битки за нашата заедничка среќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-kauza-koja-e-povekje-od-pojanicharenite-jurishnici-na-vlasta-za-chii-greshki-vo-minatoto-mu-se-izvinuvame-na-narodot/feed/ 0
ВО ЖИВО: Обраќање на Мицкоски по повод 2 Август од Ташмаруниште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-obrakjanje-na-mickoski-po-povod-2-avgust-od-tashmarunishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-obrakjanje-na-mickoski-po-povod-2-avgust-od-tashmarunishte/#respond Sun, 02 Aug 2020 08:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=385040

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја предводи партиската делегација која ќе биде присутна во струшкото село Ташмаруниште. Обраќањето на Мицкоски по повод државниот празник 2-ри Август – Илинден се очекува во 10:30 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-obrakjanje-na-mickoski-po-povod-2-avgust-od-tashmarunishte/feed/ 0
Мицкоски: Илинден е носечкиот код врз кој почива македонската држава, борбата за слобода е константа и таа продолжува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ilinden-e-nosechkiot-kod-vrz-koj-pochiva-makedonskata-drzava-borbata-za-sloboda-e-konstanta-i-taa-prodolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ilinden-e-nosechkiot-kod-vrz-koj-pochiva-makedonskata-drzava-borbata-za-sloboda-e-konstanta-i-taa-prodolzuva/#respond Sun, 02 Aug 2020 07:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=385009

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до македонските граѓани по повод државниот празник 2-ри Август -Илинден. -Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава. Нашата борба за слобода има константа, се крена илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната. Треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија се уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општеството. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува. Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат, се вели во честитката од Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ilinden-e-nosechkiot-kod-vrz-koj-pochiva-makedonskata-drzava-borbata-za-sloboda-e-konstanta-i-taa-prodolzuva/feed/ 0
Честитка од Пендаровски по повод 2 Август – Илинден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-2-avgust-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-2-avgust-ilinden/#respond Sun, 02 Aug 2020 06:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=384987

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. – Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода и независна држава. Благодарение на нив, денес живееме во мир и во своја, меѓународно признаена држава. Затоа никогаш не смееме да го заборавиме нивниот придонес и инспирирани од нивното дело треба да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на државата, почитувајќи се меѓусебно. Мораме да бидеме доблесни и да ја признаеме нивната жртва, свесни дека ништо ниту почнува, ниту завршува со нас, се вели во честитката од Пендаровски. Годинава Илинден го прославуваме со крупен исчекор кон целосна реализација на стратешките цели, полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, што значи, подвлекува Пендаровски, гаранција за безбедноста, суверенитетот и економскиот напредок, со што ги остваруваме идеалите и визиите и на илинденците и на асномците. – Но, исто така, Илинден годинава го дочекуваме и сред пандемијата со Ковид-19 како огромна закана за здравјето, но и за егзистенцијата и начинот на живот, не само кај нас, туку и во целиот свет. Ова е време кога мораме да се сплотиме и заеднички да излеземе како победници од оваа ситуација. Во оваа борба не ни треба оружје, туку, одговорност, солидарност, дисциплина, трпеливост и слога. Поради сите жртви во минатото и почитта и долгот кон нашите предци, но и поради иднината на нашите деца и на нашата држава, да ги заборавиме сите несогласувања и нетрпеливости и обединети да излеземе како победници, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-2-avgust-ilinden/feed/ 0
Делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележат 2 Август – Денот на Републиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-vmro-dpmne-kje-go-odbelezat-2-avgust-denot-na-republikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-vmro-dpmne-kje-go-odbelezat-2-avgust-denot-na-republikata/#respond Sun, 02 Aug 2020 06:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=384981

По повод државниот празник 2 Август – Илинден, покрај делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски која ќе биде присутна во село Ташмаруништа, Струга почнувајќи од 10:30 часот, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на повеќе локации каде празникот ќе се одбележува. Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, делегација предводена од Дафина Стојаноска и Силвана Ангелеска, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево. Делегација предводена од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и Бране Петрушевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце. Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, меѓународен секретар за меѓународна соработка ќе положат цвеќе пред споменикот на АСНОМ, споменикот на Никола Карев, потоа пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто, Плоштад „Македонија“ и на споменикот Сила, Слава и Победа – тврдина Кале. Делегација предводена од Олга Лозановска и Никола Најдовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар, ќе положат цвеќе на Могила на Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“ во с. Смилево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacii-na-vmro-dpmne-kje-go-odbelezat-2-avgust-denot-na-republikata/feed/ 0
Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/#respond Sun, 02 Aug 2020 06:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=384978

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од КОВИД-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска ќе се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје. На чествувањето во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце ќе се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, а на чествувањето во Скопје кое ќе биде на Скопската тврдина, ќе се обрати премиерот Оливер Спасовски. Одбележувањето на Илинден во Крушево на Мечкин Камен е под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија и делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Дел од официјалната програма и годинава се содржините од Смилево со кои се чествуваат 117 години од Илинденското востание и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Свеченоста на тврдината Кале во Скопје ќе почне со положување цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на државната химна. Претседателот на Владата Спасовски ќе се обрати на настанот и ќе ја предводи владината делегација во која ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска. На свеченоста на Кале ќе претходи положување цвеќе и на спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и Методија Андонов-Ченто во центарот на Скопје, каде што владината делегација ќе ја предводи министерот за локална самоуправа Горан Милевски, во придружба на министерот без ресор Музафер Бајрам и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што ќе се обрати претседателот Пендаровски, делегацијата на Владата ќе ја предводи вицепремиерката Мила Царовска, заедно со министрите за земјоделство и за информатичко општество, Трајан Димковски и Дамјан Манчевски, и министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во Крушево, пак, каде што настаните ќе се одбележат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегација ќе ја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. За настаните во Смилево, според најавата, владината делегација е составена од министрите без ресор Едмонд Адеми и Елвир Хасан и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. На спомен-обележјата цвеќе ќе положуват и делегации од други државни институции, од Армијата и Сојузот на борците, претставници на политички партии, здруженија, установи и организации. Оваа година чествувањата се според протоколи и во услови на пандемијата со КОВИД-19. Содржините на програмите се сведени на минимум, само со положување венци цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања и без традиционалната културно-уметничка програма и народните собири на отворено, како и без групирања во угостителски објекти. Во програмите нема да учествуваат хорови, играорни групи, дувачки оркестри, а делегациите ќе положуваат цвеќе според протоколи за растојание – просторно од два метра и временско од две минути. Просторот каде што ќе се одржуваат настаните ќе биде заграден и со столчиња поставени на два метра растојание за да ја има потребната дистанца меѓу посетителите. Нивниот број ќе биде ограничен најмногу до 50 проценти од капацитетот на оградениот простор. Ќе има јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите, а редарска служба ќе го контролира спроведувањето на мерките и ќе спречува неовластено влегување во просторот. Сите учесници и посетители на настаните, гости, членови на тимовите задолжени за организација, како и гардистите, задолжително треба да носат заштитни маски. Дозери за дезинфекција на рацете ќе има при влез и излез и на неколку места во оградениот простор. Забрането ќе биде служење и поставување штандови со храна и пијалаци, а служење вода ќе биде дозволено само ако е оригинално спакувана. Во зависност од бројот на учесници на настанот, протоколите предвидуваат и мобилни хемиски тоалети, како и медицински екипи со санитетско возило. Целата програма на одбележувањето на празникот од Пелинце, Крушево и од Скопје од 10 часот ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија. Чествувањето на 117-годишнината од Илинденското востание, на Гумење во Крушево почна вчера со импровизираниот напад на градот и испукување од крушевското топче и со свечено кревање на знамето на Крушевската република. Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово, 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-republikata-chestvuvanja-so-protokoli-i-bez-masovni-sobiri/feed/ 0
На Гумење: Коњаници се степале со крушевчанец, полицаец пукал во воздух за да ги смири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-gumenje-konjanici-se-stepale-so-krushevchanec-policaec-pukal-vo-vozduh-za-da-gi-smiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-gumenje-konjanici-se-stepale-so-krushevchanec-policaec-pukal-vo-vozduh-za-da-gi-smiri/#respond Sat, 01 Aug 2020 11:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=384739

Пет лица кои дошле во Крушево со коњаницата од скопско Лисиче, ноќеска околу 2 часот се степале со крушевчанец на Гумење, пишува Фокус. Според пријавата тепачката ја забележал полицаец кој патролирал таму. Од една страна бил крушевчанецот, а од друга страна биле петмината членови на коњаницата кои се удирале со раце и нозе. За да ги смири полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум и тепачката престанала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-gumenje-konjanici-se-stepale-so-krushevchanec-policaec-pukal-vo-vozduh-za-da-gi-smiri/feed/ 0
Пендаровски на одбележување на 2-ри Август – Илинден во Пелинце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-odbelezuvanje-na-2-ri-avgust-ilinden-vo-pelince/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-odbelezuvanje-na-2-ri-avgust-ilinden-vo-pelince/#respond Sat, 01 Aug 2020 09:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=384666

По повод 2-ри Август - Ден на Републиката, Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, утре - 2 август 2020 година, недела, ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник Илинден, во Mеморијалниот центар – АСНОМ, Пелинце со почеток во 11:00 часот. Свеченоста во Пелинце ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита. Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот. Претходно, претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот во Меморијалниот центар АСНОМ, по повод одбележувањето на 76-годишнината од првото заседание на АСНОМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-odbelezuvanje-na-2-ri-avgust-ilinden-vo-pelince/feed/ 0