2 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jan 2021 13:19:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоти: Косово ќе набави два милиони вакцини, првите пристигнуваат во феврури https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/#respond Wed, 06 Jan 2021 13:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=452421

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека Косово досега постигнало договори за набавка на речиси два милиони вакцини против Ковид-19 и дека првите количини ќе пристигнат во месец февруари, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција Хоти информира дека 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и уште 720 илјади со програмата Ковакс. Здравствениот персонал и лицата над 65-годишна возраст ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат, а се планира дневно да се имунизираат по околу 20 илјади граѓани. – Направена е голема работа за изготвување стратегија за имунизација, при што се дефинирани приоритетите на вакцинирањето, кое ќе се врши според тоа како ќе ни пристигнуваат количините на вакцини… Стратегијата ги предвидува во детали дејствијата на здравствените институции за да се создадат потребните капацитети за вакцинирање, изјави Хоти. Тој го оцени како добра вест опаѓањето на бројот на заразени од коронавирусот последните денови, но рече дека актуелните мерки за спречување на ширењето на пандемијата остануваат во сила. – Овие мерки остануваат во сила и натаму, а знаеме дека истите се преземени како модел и од други држави, рече Хоти. Директорот на Националнот институт за јавно здравство на Косово, Насер Рамадани, изјави дека меѓу приоритетните категории на лица за вакцинирање, освен здравствените работници и повозрасните, се и лицата од критичните групи со хронични заболувања, лицата со посебни потреби, лицата кои се грижат за стари и болни, вработените во училиштата, полицијата и војската. Рамадани информира дека секое вакцинирано лице ќе биде снабдено со картон за имунизација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-kje-nabavi-dva-milioni-vakcini-prvite-pristignuvaat-vo-fevruri/feed/ 0
Во Италија повеќе од два милиони семејства се на работ на сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-povekje-od-dva-milioni-semejstva-se-na-rabot-na-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-povekje-od-dva-milioni-semejstva-se-na-rabot-na-siromashtija/#respond Thu, 30 Jul 2020 11:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=383704

Во Италија, 2,1 милиони семејства живеат на работ на сиромаштија, како резултат на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот, покажа студијата на Сенсис. За време на блокадата во Италија, која траеше речиси три месеци, приходите на 15 проценти од Италијанците беа намалени за 50 отсто, на 18 проценти од работниците платите им биле намалени меѓу 25 и 50 проценти, а 33 отсто од нив имаат плата помала за една четвртина. Уште потешка е состојбата меѓу лицата на возраст од 18 до 34 години, бидејќи повеќе од 20 проценти од нив се соочиле со намалување на приходот од над 50 отсто. Луѓето кои пред пандемијата имале минимални приходи, како што се нелегални и нископлатени работници, беа многу тешко погодени од рестриктивните мерки во Италија. Сенсис наведува дека повеќе од еден милион семејства зависат исклучиво од нередовна или сезонска работа, што е околу 4,1 процент од вкупниот број на семејства во Италија, од кои третина, или 350.000, се странски државјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-italija-povekje-od-dva-milioni-semejstva-se-na-rabot-na-siromashtija/feed/ 0
Британската Влада одобри 2 милиона фунти за борба против трговијата со луѓе во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskata-vlada-odobri-2-miliona-funti-za-borba-protiv-trgovijata-so-lugje-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskata-vlada-odobri-2-miliona-funti-za-borba-protiv-trgovijata-so-lugje-vo-albanija/#respond Sun, 14 Oct 2018 12:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=114763

Појавата на жртви на модерното ропство од Албанија во Велика Британија станува се позагрижувачка, поради што британските власти бараат против овој феномен максимално да се ангажираат властите во Албанија и тоа финасиски ќе го потпомогнат, јави тиранската телевизија Топ чанел. Со посебна програма за тоа властите во Лондон издвоиле два милиона фунти за Албанија за време на состанокот на високи функционери од двете земји. - Средствата ќе бидат искористени за спречување на трговијата со жртви на модерното ропство, преку поддршка на жртвите за обновување на нивните животи во земјата од која доаѓаат, како и да ги спречат луѓето кои се изложени на ризик да паднат во рацете на трговците со луѓе во Албанија кои ги пренесуваат во Велика Британија, наведува Топ чанел. Најмалку 800 албански државјани лани се пријавиле кај британските власти да бараат азил, што земјата ја ставаат на прво место по баратели на азил во Велика Британија. Според британските власти, како области од каде доаѓаат повеќето жртви на трговија со луѓе, а кои побарале азил, се посочени Тирана и околните Пешкопеја,Скадар и Кукс. Британскиот заменик министер за криминал и заштита на загрозени лица, Викторија Аткин изјави дека „соработката со нашите албански партнери може многу да го промени животот на оние на кои им се украдени нивните основни човекови права“. Овој чекор на британските власти го поздрави „Програма за надеж“, најактивното друштво на албанската заедница во Велика Британија, кое се занимава со интеграција на овие жртви во британското општество. Љуљеја Нузи, претседателка на друшвото, се надева дека овие средства ќе се искористат ефикасно за да се подигне нивото на свеста кај граѓаните да не ги осудуваат лицата кои биле жртви на трговија со луѓе.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/britanskata-vlada-odobri-2-miliona-funti-za-borba-protiv-trgovijata-so-lugje-vo-albanija/feed/ 0