20.000 граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jan 2021 14:00:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 20.000 граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-dosega-vakcinirani-20-000-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-dosega-vakcinirani-20-000-gragjani/#respond Thu, 07 Jan 2021 15:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=452659

Во Хрватска до денеска повеќе од 20.000 луѓе се вакцинирани против коронавирусот, вклучувајќи 37 проценти од здравствените работници и 56 проценти од корисниците на домови за стари лица, изјави министерот за здравство Вили Берош. Според него, Хрватска во моментов е петта во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители. На отворениот дел од владината седница, Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат. Берош рече дека во земјотресното подрачје на округот Сисак-Мославина, заклучно со 6 јануари, речиси 2.000 дози вакцини биле доставени до службите за итни случаи, цивилите и здравствените работници. Намерата е да се пренасочат одредена количина вакцини од другите окрузи кон тој округ со цел да се овозможи вакцинирање на 800 лица неделно. Берош исто така рече дека Хрватска резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“, кои се логистички попрактични, па затоа се очекува полесна вакцинација на терен, објавија хрватските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hrvatska-dosega-vakcinirani-20-000-gragjani/feed/ 0