20 часот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Aug 2020 11:33:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 20 часот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала вечерва во 20 часот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/#respond Thu, 06 Aug 2020 11:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=387193

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во јавноста излезе информацијата дека истата ќе биде срушена на на нејзино место ќе биде изграден парк. На 6 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. Ова е повикот на јавниот настан креиран на Фејсбук, а кој доаѓа по изјавите на градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов за рушење на Универзалната сала и нејзина изградба на нова локација. Собирот ќе се одржи под мерките на заштита, се апелира сите оние кои ќе присуствуваат да ја запазат физичката дистанца и носат заштитни маски. По бурните реакции на социјалните мрежи од страна на граѓаните кои се противат на ваквиот предлог, Универзална сала да се сруши, се огласија и бројни македонски музичари и пејачи кои децидно сметаат дека местото на Универзална, која е симбол на Скопје, треба да остане исто, но истата да биде реновирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/solidarni-za-srceto-na-skopje-sobir-za-univerzalna-sala-vecherva-vo-20-chasot/feed/ 0
Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот – Бројот на заразени надмина 2 милиони лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-brojot-na-zarazeni-nadmina-2-milioni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-brojot-na-zarazeni-nadmina-2-milioni-lica/#respond Thu, 16 Apr 2020 18:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=333339

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.143.703 лица. Од нив починати се 143.258, а оздравеле 540.067 луѓе. Подгорица -Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани уште четири лица заразени од новиот вирус Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 294. Сите новозаразени се од Подгорица. Шефот на Кризниот медицински штаб Ранко Лазовиќ на прес-конференција рече дека во Клиничкиот центар има вкупно 16 пациенти, од кои двајца се на респиратори. Брисел – Белгиските власти очекуваат дека во текот на следната недела висината на паричните казни поради прекршување на рестриктивните мерки за време на пандемијата на Ковид-19 ќе изнесува над милион евра. Досега во Белгија се изречени 16.000 парични казни поради непочитување на правилото за ограничено движење и контакти. Казната за прекршување на таа мерка изнесува до 4.000 евра или три месеци затвор. Цирих – Швајцарија ќе ги казни купувачите кои не ги почитуваат ограничувањата во врска со пандемијата на Ковид-19 и одат да купуваат во соседните земји каде цените се многу пониски, соопшти денеска швајцарската Влада. Жителите на Швајцарија често ги посетуваат Австрија, Франција, Германија и Италија поради пониски цени и можноста за надомест на данок дури и за основни намирници. Казните нема да бидат наплаќани поради купувањето, туку поради нарушувањето на работата на граничарите. Луѓето и натаму ќе можат да ја поминуваат границата заради работа, нега на болни роднини, лекарски третмани и други оправдани причини за патување. Во Швајцарија има 26.732 заразени, а починати се 1.017, соопшти здравствената агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-brojot-na-zarazeni-nadmina-2-milioni-lica/feed/ 0
Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот: Во Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-vo-njujork-vo-izminatite-24-chasa-pochinaa-671-chovek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-vo-njujork-vo-izminatite-24-chasa-pochinaa-671-chovek/#respond Mon, 13 Apr 2020 18:23:46 +0000 https://kurir.mk/?p=331624

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.903.616 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 118.374, а оздравеле 439.072 лица. Шефот на СЗО Тесдрос Адхан Габрејсус соопшти дека коронавирусот е десетпати посмртоносен од пандемијата на грип во 2009 година. Тој објави и шест критериуми доколку државите одлучат да укинат мерки: Прво, тој пренос на вирусот се контролира; Второ, да постојат капацитети на здравствениот систем да открие, испитува, изолира и третира секој случај и да го следи секој контакт; Трето, ризикот од избивање да се сведе на минимум во посебни услови како што се здравствени установи и домови за стари лица; Четврто, да бидат на сила превентивните мерки на работни места, училишта и други места каде што е најважно луѓето да одат; Петто, со увозните ризици може да се управува; И шесто – заедниците да се целосно информирани, ангажирани и овластени да се прилагодат на „новата норма“. Турција во следниот викенд повторно воведува полициски час. Во минатиот викенд полициски час беше воведен во 31 провинција во државата. Досега се потврдени 61.049 заразени, а починаа 1.296 лица. Во изминатите 24 часа починаа 98 луѓе. Излекувани се 3.957 лица. Во американската сојузна држава Њујорк во изминатите 24 часа починаа 671 човек. Тоа е најмал број починати за еден ден во изминатите седум денови. Вкупниот број на починати е 10.056. Бројот на заразени се зголеми на 195.031. Во изминатите 24 часа од коронавирусот во Италија починаа 566 лица, што претставува зголемување од вчера кога починаа 431 лице. Но, бројот на новозаразени лица се намали на 3.153 во изминатите 24 часа. Во Италија има 159.516 случаи на заразени со новиот коронавирус, а починаа 20.465 лица. Во Бугарија, потврдени се уште девет случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број заразени изнесува 685. Денеска почина уште едно лице почина и вкупниот број на смртни случаи е 32. Хоспитализирани се 230 пациенти, од кои 36 на интензивна нега. Словенија – Околу 10.000 работници во словенечки компании од утр епочнуваат со работа по повеќенеделна забрана поради епидемијата. Почнуваат со работа во Горење Хисенсе, производител на бела техника и Адриа Мобил, производител на камп приколки и куќи за одмор. Може да работат и автомеханичари, вулканизери,градилишта, продавници за градежен материјал и бела техника. БиХ – По 46 тестирани примероци на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, денеска беа потврдени 10 позитивни резултати за новиот коронавирус. Едно лице од Сараево, едно од Жепча и осум од Зеница се позитивни. Вкупниот број заразени лица во БиХ се зголеми на 1.037. Од нив, 39 починаа, а 206 се опоравени. Германија – Што побрзо да се отворат училиштата и да се заживее економијата, советува германската Национална академија на науките канцеларката Ангела Меркел. Академиците препорачуваат продолжување на работа од дома, а се противат на издавање „корона-обврзници“ како финансиска помош за државите од ЕУ погодени од епидемијат ана Ковид-19. Тие советуваат владата да го нормализира животот што се дозволи по намален број на новозаразени и ако здравствениот систем има капацитет да се грижи за нив, но и за останатите пациенти. Никој нема да умре од коронавирусот Белорусија, рече денеска претседателот на таа земја, Александар Лукашенко, додавајќи дека нема потреба да се воведат построги мерки во Белорусија, како и во повеќето земји во светот, за да се спречи ширењето. Во Белорусија, според Министерството за здравство, 2.919 луѓе се заразени со вирусот, а 29 починале. Сепак, Лукашенко тврди дека смртните случаи се резултат на други болести на тие пациенти, како што се срцеви заболувања и дијабетес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-vo-njujork-vo-izminatite-24-chasa-pochinaa-671-chovek/feed/ 0
Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот, Аргентина ги затвори границите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-argentina-gi-zatvori-granicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-argentina-gi-zatvori-granicite/#respond Fri, 27 Mar 2020 19:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=323280

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 585 илјади луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 26.827, а оздравеле 131.428 лица. – Бројот на заразени со коронавирусот во Унгарија се зголеми на 300, објавено е на веб-страницата на унгарската Влада. Бројот на оздравени се зголеми од 28 на 34. – Во БиХ денеска има регистрирани 39 нови случаи на инфекција со коронавирусот, со што вкупниот број на позитивни достигна 230. – Во Црна Гора се регистрирани уште пет случаи на Ковид-19, па вкупниот број достигна 75. Во земјата има 6.278 лица под медицински и санитарен надзор. – Во Хрватска денеска е најлош ден досега со 91 новозаразен. Вкупниот број достигна 551 инфицирани. – Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо предупреди дека ситуацијата во оваа американска држава е алармантна. – Кина ги затвори границите за повеќето странци, регистриран и нов случај на локална зараза. – И Шведска воведе построги мерки во борбата против ширењето на коронавирусот. – Индиските власти во државата Пунџаб ставија во карантин околу 40.000 локални жители од 20 села, по смертта на 70-годишен маж заразен со коронавирус. – Аргентина ги затвори границите поради Ковид-19. – Властите во Северна Ирска планираат повторно да ги отворат продавниците за алкохол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-koronavirusot-vo-svetot-do-20-chasot-argentina-gi-zatvori-granicite/feed/ 0
Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот – Во Велика Британија починаа уште 115 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-velika-britanija-pochinaa-ushte-115-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-velika-britanija-pochinaa-ushte-115-lica/#respond Thu, 26 Mar 2020 19:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=322767

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 520.330 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 23.593, а оздравеле 123.321 лица. – Во Австрија, според последните податоци на Министерството за здравство, 6.398 лица се инфицирани со коронавирусот. Бројот на починати се зголеми на 49. Досега се тестирани 35.995 лица. – Во Црна Гора новиот коронавирус е потврден уште кај две лица, така што вкупно заразени се 49 лица. Најмногу заразени има во Тузи, каде што полицијата од денеска со дрон го снима тоа подрачје. – Во Велика Британија починаа уште 115 лица, со што бројот на починати во земјата достигна 578 лица, соопшти денеска Владата. Потврдени се 11.658 заразени од Ковид-19, а излекувани се 135 лица. – Португалската централна банка ги ревидираше своите економски предвидувања на голем пад и веќе очекува рецесија во опсег од 3,7 до 5,7 проценти од БДП во 2020 година, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус. – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека одлучил да ги затвори границите за сите Украинци кои нема да успеат да се вратат во земјата до 27 март. – Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 12 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 189 лица. – Во светот децата се помалку се вакцинираат поради пандемијата на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-velika-britanija-pochinaa-ushte-115-lica/feed/ 0
Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот: Во САД бројката на заразени надмина 60.000, а околу 800 лица починале https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-sad-brojkata-na-zarazeni-nadmina-60-000-a-okolu-800-lica-pochinale/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-sad-brojkata-na-zarazeni-nadmina-60-000-a-okolu-800-lica-pochinale/#respond Wed, 25 Mar 2020 19:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=322231

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 459.671 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 20.821, а оздравеле 113.776 лица. – Пандемиjaта на Ковид-19 во светот однесе животи на повеќе од 20 илјади луѓе во светот, од кои поголемиот дел се во Европа (13.581). – И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел за коронавирус е негативен, но на почетокот од наредната седмица повторно ќе и биде направен тест, соопшти претставник на Владата во Берлин. – Мерките што ги презеде државата Њујорк за да се запре ширењето на коронавирусот изгледа функционираат затоа што во последните денови е намалено темпото на хоспитализација на новозаразени, соопшти гувернерот на државата Ендрју Куомо. – Во Русија починале две лица за кои после смртта е утврдено дека имале коронавирус. Тие биле на возраст од 88 и 73 години. Точната причина за смртта на пациентите не е откриена. – Во Луксембург се примени Французи болни од Ковид-19 на кои им е потребна интензивна нега. – Канада воведува обврзна самоизолација од 14 дена за сите кои ќе влезат во државата. Во земјата досега има 3.197 потвдени случаи на коронавирусот, а починале 27 луѓе. – Палестинците го пријавија првиот смртен случај од коронавирусот. Се работи за жена во своите 60-ти години која живеела на Западниот брег. – Во САД бројката на заразени надмина 60.000, а околу 800 лица починале. – Во Естонија е регистриран првиот смртен случај. Од последици на Ковид-19 починал 83-годишен маж. – Во Хрватска се потврдени 60 нови случаи со што вкупниот број на заразени достигна 442. Заразени се и тројца хрватски војници во Литванија. Досега оздравеле 22 лица. – Бројот на смртни случаи во Швајцарија за 24 часа се зголеми за 31 и сега во земјата има 153 починати. Бројот на заразени достигна 10.897 лица. – Во Уганда е заразено осуммесечно бебе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sostojba-so-kovid-19-vo-svetot-do-20-chasot-vo-sad-brojkata-na-zarazeni-nadmina-60-000-a-okolu-800-lica-pochinale/feed/ 0