20 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 May 2020 10:00:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 20 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Волт Дизни“ на 20 мај го отвора својот забавен и шопинг комплекс на Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/#respond Sun, 17 May 2020 10:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=346884

Компанијата „Волт Дизни“ на 20 мај ќе го отвори забавниот и трговски комплекс „Дизни Спрингс“ во рамките на дизниевото светско одморалиште на Флорида, јавија британските медиуми. Компанијата „Волт Дизни“ и работничките синдикати од филијалата на Флорида постигнаа договор за правилата чија првична цел ќе биде заштита на вработените од заразата со коронавирусот, што ќе бидат во сила кога ќе се отвори комплексот, соопштија од синдикатот. Раководството на компанијата наведува дека „Дизни Спрингс“ ќе биде отворена следната недела, а подоцна, во текот на месецот, ќе се отворат уште три продавници и објекти во сопственост на „Дизни“. Тематските паркови и хотели ќе останат привремено затворени некое време, но другите објекти постепено ќе се отвораат. За да се спречи ширење на коронавирусот компанијата ќе воведе задолжително почитување на заштитните мерки, како и промени во начинот на водење на бизнисот. Плаќањата во објектите ќе се вршат со картички, на вработените ќе им се мери телесната температура и ќе имаат обврска да ги покријат устата и носот, ќе треба да се почитуваат мерките за социјално растојание, а ќе биде засилена и хигиената и дезинфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/volt-dizni-na-20-maj-go-otvora-svojot-zabaven-i-shoping-kompleks-na-florida/feed/ 0
Одбележан 20 Мај – Денот на Бригадата за логистичка поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-20-maj-denot-na-brigadata-za-logistichka-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-20-maj-denot-na-brigadata-za-logistichka-poddrshka/#respond Fri, 18 May 2018 12:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=55645

Ресурсите  биле и ќе бидат пресудни за функционирање на воените состави во мир, а посебно во услови на кризи и при водење војна. Примерите од историјата покажуваат дека војните се добиваат или губат заради ресурсите, а ресурсите со предзнак „логистика“ имале пресудна улога. Ова го истакна полковник Цветко Јаневски, командант на Бригадата за логистичка поддршка на АРМ денеска на свеченоста по повод одбележување на Денот на бригадата - 20 Мај. Тој нагласи дека припадниците на бригадата  отсекогаш ја имаат на ум својата мисија и суштински задачи, а тоа е дека треба да подготват повеќе од 600.000 поединечни оброци годишно, дека треба да прегледаат повеќе од 5.000 припадници на Армијата, како и да обезбедат поддршка на сите единици на Армијата кои ќе овозможат успешно извршување на сите задачи во мир, кризни состојби и војна. - Убеден сум дека имаме капацитет и знаење да ги извршиме сите задачи и да го обезбедиме она што се бара од нас: испорачување на логистичка поддршка во право време на право место и во потребните количини, порача полковник Јаневски. Командантот на Здружената оперативна команда генерал мајор Зоран Милески истакна дека денеска сме сите сведоци за улогата на логистиката во активностите на АРМ, особено за поддршка на припадниците на МВР на јужната и северната граница на Македонија со што придонесуваат за успешно справување со напливот на мигранти во државата и обезбедување на нејзиниот суверенитет. - Во наредниот период ни претстои процес на трансформација на АРМ вклучително и на логистичката поддршка на Ниво 3 на сите единици на АРМ, а со тоа и распоредувањето на единиците за постигнување максимална ефективност и ефикасност со минимална неопходна структура на логистичките сили, порача генерал мајор Милески честитајќи им го припадници Денот на единицата. Денот на бригадата за логистичка поддршка - 20 Мај, се одбележува петта година по ред, согласно уредбата на Претседателот на РМ како носител на традициите на Разловечкото востание од 1876 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-20-maj-denot-na-brigadata-za-logistichka-poddrshka/feed/ 0