200 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Aug 2021 06:07:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 200 милиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 200 милиони, делта сојот забрзано се шири https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-vo-svetot-nadmina-200-milioni-delta-sojot-zabrzano-se-shiri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-vo-svetot-nadmina-200-milioni-delta-sojot-zabrzano-se-shiri/#respond Thu, 05 Aug 2021 06:07:26 +0000 https://kurir.mk/?p=546397

Бројот на случаи на инфекција со коронавирусот од вчера во светот надмина 200 милиони, јавија британските медиуми, додека делта варијантата на вирусот им се заканува на областите со ниска стапка на вакцинација. Британските медиуми наведуваат дека случаите растат во барем 83 од вкупно 240 земји во светот и дека ги нарушуваат здравствените системи. -Очајно сакаме оваа пандемија да заврши, но Ковид-19 очигледно не е готов со нас. Значи, нашата битка мора да трае уште малку, изјави неделава Рошел Валенски, директорка на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Досега е заразено најмалку 2,6 проценти од светското население, со веројатно многу поголем реален број на инфицирани, пред се, поради ограниченото тестирање во многу области. Беше потребна една година за случаите на Ковид-19 да стигнат до 100 милиони, додека следните 100 милиони беа пријавени во следните шест месеци, се гледа од податоците на анализата. Пандемијата досега предизвика речиси 4,4 милиони смртни случаи. Земјите што пријавуваат најмногу случаи во седумдневниот просек – САД, Бразил, Индонезија, Индија и Иран, сочинуваат околу 38 проценти од сите случаи во светот, што се пријавуваат секојдневно. Во САД е еден од вкупно седумте пријавени случаи ширум светот. Американските држави со ниски стапки на вакцинација, како што се Флорида и Луизијана, бележат рекорден број хоспитализирани пациенти. Шефот на болницата во Луизијана предупреди дека „најмрачните денови“ допрва доаѓаат, бидејќи 97 проценти од сериозните случаи на инфекцијата се кај невакцинирани лица, наведе тимот на Белата куќа против Ковид-19. Земјите во Југоисточна Азија, исто така, пријавуваат зголемување на случаите. Со осум проценти од вкупното светското население, континентот бележи речиси 15 проценти од сите глобални дневни случаи, покажува анализата на Ројтерс. Индонезија, која во јули се судри со експоненцијален раст на случаите со Ковид-19, пријавува најголем број смртни случаи во просек, со што вчера надмина вкупно 100.000 смртни случаи. Земјата бележи еден од петте дневни смртни случаи од Ковид-19 во светот. Јужноазиската земја планира во септември постепено повторно да ја отвори својата економија, откри во понеделникот министерот за здравство Буди Гунади Садикин, истакнувајќи дека бранот на зараза го достигна својот врв и дека дневните случаи се намалуваат. Откако мина низ најлошата зараза во април и мај, Индија повторно бележи нагорен тренд во новите случаи. Минатиот петок, земјата јави за 44.230 нови случаи на Ковид-19, најмногу во последните три недели, што предизвика загриженост за трет бран, што принуди една од федералните држави да воведе карантин. Кинескиот град Вухан, каде вирусот првпат се појави кон крајот на 2019 година, ќе ги тестира своите 12 милиони жители за коронавирус, откако беа потврдени првите локално пренесени случаи на делта варијантата. Градот нема пријавено локални случаи на инфекција од средината на мај минатата година. ЦДЦ во внатрешен документ соопшти дека делта варијантата, првпат откриена во Индија, е заразна како сипаниците и многу повеќе заразна од обичната настинка или грип. Григориј Поланд, научник за вакцинација на клиниката Мајо, изјави дека сегашните вакцини нема да стават крај на инфекцијата. -Сега сме во сценарио што сами го предизвикавме, и ќе ни требаат години или децении да ја победиме пандемијата … Ќе се обидеме да ги фатиме новите варијанти се додека не го добиеме типот на вакцината што ќе нуди блокирање на инфекцијата, рече Поланд. Многу земји продолжуваат да се соочуваат со недостаток на опрема за тестирање, лекови и вакцини, додека делта варијантата ги оптоварува здравствените системи во посиромашните земји. Побогатите нации се повикани да донираат повеќе вакцини за да го спречат растот на заразените на глобално ниво. Светската здравствена организација (СЗО) повикува на мораториум за давање бустер дози на вакцината против Ковид-19 барем до крајот на септември, изјави во средата нејзиниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус. -Ова ќе овозможи најмалку 10 проценти од населението во секоја земја да се вакцинира, нагласи тој. “Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од делта варијантата. Но, не можеме да прифатиме дека земјите што веќе користеле поголем дел од глобално достапната вакцина сакаат да ја користат уште повеќе”, рече тој. Светската здравствена организација (СЗО) бара 11,5 милијарди долари за борба против делта варијантата на вирусот, покажува извештајот, во услови на загриженост дека богатите земји делумно ги заобиколуваат програмите за Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-od-koronavirus-vo-svetot-nadmina-200-milioni-delta-sojot-zabrzano-se-shiri/feed/ 0
САД до лето ќе обезбеди уште 200 милиони дози вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-do-leto-kje-obezbedi-ushte-200-milioni-dozi-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-do-leto-kje-obezbedi-ushte-200-milioni-dozi-vakcini/#respond Wed, 27 Jan 2021 07:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=460352

САД имаат цел да купат дополнителни 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, изјави американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека износите ќе бидат доволни до лето да се вакцинираат повеќето Американци. Администрацијата на Бајден ќе купи 100 милиони дози вакцини произведени од „Фајзер“ и „БиоНТек“ и „Модерна“, со што вкупните дози ќе се зголемат на 600 милиони, а испораката се очекува пред летото. Претходната цел на администрацијата беше да се купат 400 милиони дози. Секоја вакцина за да биде целосно ефикасна се дава во две дози по лице, што значи дека новите залихи ќе бидат доволни за вакцинирање на повеќе од 331 милиони граѓани во земјата. -„Фајзер“ е уверен дека може да ги испорача дополнителните дози во времето определено од претседателот Бајден, рече портпаролката на фармацевтската компанија Шерон Кастилјо. „Модерна“ одби да даде коментар. Бајден најави дека во следните три недели ќе се зголеми количеството на вакцини што им се префрла на локалните власти на 10 милиони дози неделно, наспроти 8,6 милиони во моментов. Веста беше поздравена од гувернерите на сојузните држави, кои и покрај тоа кажаа дека им требаат уште повеќе дози вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-do-leto-kje-obezbedi-ushte-200-milioni-dozi-vakcini/feed/ 0
Николоски: Индикативно е зошто МВР и Јавното обвинителство молчат за скандалот во ТЕ-ТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-indikativno-e-zoshto-mvr-i-javnoto-obvinitelstvo-molchat-za-skandalot-vo-te-to/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-indikativno-e-zoshto-mvr-i-javnoto-obvinitelstvo-molchat-za-skandalot-vo-te-to/#respond Sat, 14 Dec 2019 11:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=277476

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со скандалот вреден 200 милиони во ТЕ-ТО рече дека тоа што ги загрижува е дека има инволвираност на највисоките луѓе од власта, а Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство молчат. -Апсолутно дека ја следиме, го прочитавме тоа во медиумите. Беше и во вашиот медиум, беше и во други медиуми. Исто така видовме доста реакции на луѓе кои што биле и се акционери во топлификација и кои што се чувствуваат загрозени, односно, практично акциите им се обезвреднети. Она што не загрижува е што директно има инволвираност на највисоките луѓе од власта. Индикативен е судирот на интереси со потпретседателот на владата, кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија. А најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста, сеуште нема никаква реакција ниту од министерството за внатрешни работи нити од Јавното обвинителство. Ги повикуваваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат, затоа што за две до три недели ќе има промени во министерството за внатрешни работи и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело како што треба да се работи. Ниеден криминал не останал скриен, нема да остани ни овој криминал скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши. Имаме даночна евазија, и исто така имаме загрозување, практично, на поголем дел од Скопје кој што добива топлинска енергија од компаниите поврзани со оваа компанија, која што ја спомнавте, рече Николоски. Запрашан за тоа што власта обвинува дека опозицијата со поднесените, околу девет илјади амандмани за законите за Јавно обвинителска служба и Академија за судии и обвинители и изборниот законик, дека фактички ги блокира процесите на реформите Николоски истакна дека валаста во последните неколку дена има испратено повеќе од 180 закони по скратена постапка кои се во корист на СДСМ а не на граѓаните. -Во однос на изборниот законик, мислам дека доволно кажав во воведниот дел, јасно е какви се работите таму. Слично е и по однос на законите поврзани со правосудството. Најголем проблем на Република Македонија, во овој момент, е нефункционалното судство и обвинителство, и за тоа зборуваме скоро секој ден. И вие на сила туркате решенија, без основен разговор, еве не мора ни до консензус да стигнеме, со опозицијата, повторувам, во услови на две недели пред формирање на техничка Влада, е ништо друго освен едностраност. И, уште една работа тука би сакал да нагласам, во последните неколку дена во Собрание, вкупно се стигнати преку 180 закони по скратена постапка. 180 закони кои се стигнати во собранието. Кој има време да ги прочита, кој има време да ги издебатира. Ако во минатото, СДСМ беше критичар на одредени лоши практики на брзо носење на закони, со кои што јас тогаш се согласував и учествував во измените на деловникот, со цел тоа да се спречи, сега гледаме дека наоѓаат начин да го изиграат деловникот и да, практично, овогодишни божикни и новогодишни празници, се обидат да истуркаат 180 закони, кои што се во корист на СДСМ но не во корист на граѓаните. И кои што никој не може соодветно да ги прочита, а камо ли експертски да ги издебатира, а има и многу сериозни законски решенија таму. Наша можност, единствено што можеме да направиме како опозиција, е да се обидеме да тој процес го блокираме за да ни се остави доволно временски период да можеме да ги проучиме законските решенија. Тоа може да се направи низ човечки разговор и да се истите повлечат и да се издебатира за истите, затоа што има консензус може да оди пред избори, не е проблем. За сето останато да се продискутира откако ќе се види волјата на граѓаните. Но затоа што СДСМ нема таква волја, нас ни останува овој демократски механизам, кој што го дава секоја демократија. А тоа е, “фили бастеринг“, односно блокирање на работата на Собранието. А во однос на коалицијата на ДУИ и СДСМ, Николоски одговори дека тоа е нивни проблем и треба да си ги решаваат работите помеѓу себе. -Тоа е работа на СДСМ и на ДУИ. Јас не би имал што тука да се мешам. Тие треба да си ги видат односите помеѓу себе. Таа е владејачка коалиција. Ние планираме да победиме на следните избори и да формираме Влада. Сега нека си ги решаваат работите помеѓу себе, како што е очигледо така ќе тераат. Прашањето на доверба е основно кога градите било каква соработка, а гледаме дека овдека, очигледно го нема, потенцирташе потпретседателот Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-indikativno-e-zoshto-mvr-i-javnoto-obvinitelstvo-molchat-za-skandalot-vo-te-to/feed/ 0