2018 година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Feb 2021 10:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2018 година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во 2018 година над 1.600 граѓани се откажале од македонско државјанство, со Заев на власт државата се празни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/#respond Wed, 10 Feb 2021 10:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=466714

Секоја година над 1.500 граѓани од Македонија се откажуваат од македонско државјанство за да започнат нов живот во друга држава. Тоа стана секојдневие во државата, во потрога за подобар живот граѓаните се иселуваат од Македонија. Зоран Заев пред да стане премиер ветуваше дека сите иселени лица од Македонија ќе ги врати во државата, а другите ќе ги задржи. Но тој не ги задржа граѓаните дома, а другите иселени не ги врати. -Многумина од вас разочарани од состојбите во земјава, ја напуштивте Македонија. Се упативте во голема неизвесност. Јас ви нудам избор да останете со цврсто закотвени сидра на своето парче земја. Тука каде што ќе добиете можност за неповартни 10.000 евра да отворите сопствен бизнис, или бесплатен деловен простор во старт ап центри, или кредити со само 1 процент годишна камата. Во ваши раце се и белото знаме со кое можете да се предадете и црвеното знаме на животот со кое ќе ја прогласите својата победа. Иднината е ваша, и одлуката е ваша. Ве повикувам заедно да донесеме живот во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на 04.12.2016 година. Премиерот Зоран Заев на истиот настан на 04.12.2016 година пред граѓаните рече –„Еве овде во овој План за живот во Македонија се содржани сите ваши планови за вашите животи. Затоа што Планот го пишувавме заедно. Затоа што овој план заедно го поставивме на наука, историја и факти. Затоа што го зедовме најдоброто од светот за да го донесеме светот во Македонија. За децата да ни се вратат од странство, за и ние да го видиме нашиот живот, нашиот добар живот, овде“. Наспроти овие ветувања според податоците на МВР, во 2016 година 1.476 лица се откажуваат од свои државјанства. Во 2017 година 1.526 лица, во 2018 година 1.621 лице, во 2019 година 1.326 лица и во 2020 година 1.240 лица добиле отпуст од државјанство на Македонија. Државјаните на Република Македонија добиваат отпуст од државјанство со цел да се стекнат со државјанство на друга држава која предвидела согласно со нивното национално законодавство, поседување само на едно државјанство. Според податоците на МВР во 2018-тата година најголем број граѓани се откажале од своето државјанство, односно 1.621. -Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата. Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е сѐ полоша. Зоран Заев потроши неколку години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети. Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат, се вели во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/feed/ 0
ХОРОСКОП: Која е најголемата грешка што ја направивте во 2018 и како да ја исправите во 2019? https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskop-koja-e-najgolemata-greshka-shto-ja-napravivte-vo-2018-i-kako-da-ja-ispravite-vo-2019/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskop-koja-e-najgolemata-greshka-shto-ja-napravivte-vo-2018-i-kako-da-ja-ispravite-vo-2019/#respond Tue, 25 Dec 2018 22:26:06 +0000 https://kurir.mk/?p=145115

Овен Во 2018,  се движевте со огромна брзина и влетувавте во непознати ситуации. Зборувавте без да размислите, и не кажувавте многу. Го избиравте најбрзиот, наместо најпаметниот пат. Во 2019, препознајте ја важноста на трпението. Почнете со мали чекори. Дозволете си себеси да ги направите работите добро, наместо да ги направите брзо. Бик Во 2018, се сомневавте во себе. Наместо да ги искористите можностите кои ви надоаѓаа, вие решававте да останете во својата комфорна зона каде се чувствувате безбедно. Во 2019, запаметете ја важноста на преземање ризици. Не дозволувајте да се каете на истиот начин и да ги пропуштате големите работи од кои се плашите. Близнаци Во 2018, дозволувавте да се одалечите од оние кои ви значеа многу. Дозволувавте да престанете да комуницирате и да ги барате тие луѓе. Вашите врски и односи со другите избледеа. Во 2019, потрудете се да ги обновите оние пријателства кои ви значат. Покажете напор и најдете повеќе време за луѓето кои ви се важни. Рак Во 2018, не баравте помош кога ви беше потребна. Си дозволувавте себеси самите да се соочите со проблемите, наместо да побарате совет или поддршка од оние кои ве се блиски. Не сакавте да им пречите со своите проблеми и само повеќе си отежнувавте поради тоа. Во 2019, не го правете веќе тоа. Не морате никому да докажувате дека сте храбри. Признајте дека не сте добро, кога не сте. Лав Не го постигнавте сето тоа што првенствено го планиравте. Од некои цели  и соништа се откажавте бидејќи не можевте да најдете време и мотивација. Во 2019, завршете го тоа што го започнавте. Не се откажувајте на средина. Туркајте се себеси посилно и очекувајте многу повеќе од себе. Девица Во 2018 бевте отровни кон себеси. Си дозволувавте да се извинувате на другите и да им ги простувате нивните постојани грешки. Им верувавте на луѓето, а тие постојано ве разочаруваа. Во 2019, не дозволувајте им на токсичните луѓе да поминат туку така. Не ги намалувајте стандардите за љубовта. Вага Оваа година бевте премногу фини. Им дозволувавте на луѓето да ве искористуваат  и никогаш не застанавте позади себе. Во 2019, ставете се себеси на прво место. Дозволете си себеси да бидете себични. Дозволете да се грижите за себе и своите потреби пред другите. Шкорпија Се оптоварувавте премногу со своите грешки. Постојано размислувавте што тргна погрешно и се мразевте себеси без причина. Во 2019, простете си за своите грешки. Прифатете го минатото и дозволете си себеси да бидете подобри во иднина. Гледајте напред, а не назад. Стрелец Ги откажувавте сите планови, бидејќи само сакате да бидете дома и да спиете. Ги зачудувавте своите пријатели со начинот на однесување, ги избегнувавте сите. Во 2019, продолжете да бидете авантуристот кој секогаш бевте. Бидете посоцијални и дружете се со оние кои ве прават среќни. Јарец Во 2018, работевте постојано. Не си дававте простор за одмор. Одвај наоѓавте време да дишете. Во 2019, дајте си пауза. Не бидете престроги кон себеси. Не се туркајте себеси до граница на истоштување. Водолија Во 2018, најголем дел од времето го поминавте грижејќи се и оптоварувајќи се за тоа што ќе ви го донесе иднината. Се грижевте без потреба и си смислувавте проблеми кои не постојат. Во 2019, уживајте повеќе во сегашноста. Уживајте во животот и не се оптоварувајте толку многу размислувајќи за утре. Риби Имавте лош однос кон своето тело. Не вежбавте и јадевте лоша храна. Имавте многу лоши навики. Во 2019, изградете подобри навики кои ќе ве направат среќни.Сакајте се себеси повеќе и бидете подобри кон себеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/horoskop-koja-e-najgolemata-greshka-shto-ja-napravivte-vo-2018-i-kako-da-ja-ispravite-vo-2019/feed/ 0
Таа е „најгугланата“ личност на светот за 2018-та година! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-najguglanata-lichnost-na-svetot-za-2018-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-najguglanata-lichnost-na-svetot-za-2018-ta-godina/#respond Fri, 14 Dec 2018 20:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=140369

Гугл ја објави листата на нај пребаруваните поими, луѓе и настани во 2018-та година, а на глобално ниво, најчесто пребарувана личност е Меган Маркл. Пред да стане војвотката од Сасекс, Меган не беше толку позната актерка, а сè се промени кога го запозна принцот Хари. Повеќето пребарувања за Меган, поврзани се со нејзината венчавка со принцот Хари, во мај оваа година, а поимот „кралска венчавка“ е четвртиот најпребаруван поим на Гугл, на глобално ниво. Втората најпребарувана личност е Деми Ловато, а после неа се Силвестер Сталоне, јутуберот Логан Паул и Клои Кардашијан. Светското првенство, односно „World cup“, бил најпребаруван поим во светот оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-e-najguglanata-lichnost-na-svetot-za-2018-ta-godina/feed/ 0
ВМО: 2018 четврта најтопла година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/#respond Thu, 29 Nov 2018 10:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=133551

Тековнава 2018 е четвртата најтопла година од почетокот на мерењата на температурите кон средината на 19-от век, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО). Агенцијата на ОН посочува дека во последниве четири години се измерени четирите највисоки просечни годишни температури, додавајќи дека 20-те најтопли години во изминативе век и половина се регистирани во изминативе 22 години. ВМО предвидува дека во следните три месеци постои веројатност од 75 до 80 проценти за појава на метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“. Овој феномен се јавува на секои неколку години и се манифестира со промени во температурите на површината на Тихиот Океан, што резултира со сушни периоди во тропските региони и со намалување на способноста на шумите да го апсорбираат јаглерод диоксидот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vmo-2018-chetvrta-najtopla-godina/feed/ 0
Понеделник неработен- еве колку продолжени викенди ќе има во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-eve-kolku-prodolzeni-vikendi-kje-ima-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-eve-kolku-prodolzeni-vikendi-kje-ima-vo-2018-godina/#respond Tue, 26 Dec 2017 11:04:28 +0000 http://kurir.mk/?p=2571

Понеделник, први јануари 2018 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. Водици се паѓа во петок, па ќе има простор за продолжен викенд. Во 2018 година Велиден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе има можност за подолг одмор. На 24 мај е Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд ќе има и на 15 јуни, затоа што тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponedelnik-neraboten-eve-kolku-prodolzeni-vikendi-kje-ima-vo-2018-godina/feed/ 0
Ќе „загубиме“ многу неработни денови- еве кога ќе одмараме во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zagubime-mnogu-nerabotni-denovi-eve-koga-kje-odmarame-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zagubime-mnogu-nerabotni-denovi-eve-koga-kje-odmarame-vo-2018-godina/#respond Sat, 23 Dec 2017 14:31:50 +0000 http://kurir.mk/?p=1257

Уште на самиот старт на 2018 година, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните. Божик е во недела, но неработен ќе биде понеделникот. За среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има простор продолжен викенд. Во април се велигденските празници. Велиден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате од петок до понеделник. Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови. Споен викенд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани. Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови оваа година, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6-ти јануари, Денот на независноста на 8-ми септември и Св. Климент Охридски на 8-ми декември. Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година. За сите граѓани на РМ • 01 јануари (понеделник), Нова Година • 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден • 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар • 01 мај (вторник), Ден на трудот, • 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители • 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 02 август (четврток), Ден на Републиката • 8 септември (сабота), Ден на независноста • 11 октомври (четврток), Ден на народното востание, • 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици) • 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден • 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден • 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед • 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден • 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци • 25 декември (вторник), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед • 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (сабота), Свети Сава За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (среда), Национален ден на Власите За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-zagubime-mnogu-nerabotni-denovi-eve-koga-kje-odmarame-vo-2018-godina/feed/ 0