2018 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Dec 2019 21:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2018 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Мексико годинава два проценти повеќе убиства отколку во 2018 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-godinava-dva-procenti-povekje-ubistva-otkolku-vo-2018/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-godinava-dva-procenti-povekje-ubistva-otkolku-vo-2018/#respond Thu, 21 Nov 2019 21:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=267366

Стапката на убиства во Мексико се зголемила за два проценти во првите десет месеци од годинава, но најновиот бран на насилство претставува многу поголем предизвик за Владата, јавија локалните медиуми. Федералните власти соопштија дека од почетокот на 2019 година имало 29.414 убиства, што претставува зголемување од 28.869 колку што биле регистрирани истиот период во 2018 година. Градовите на северната граница, како Сјудад Хуарез и Нуево Ларедо, неодамна се соочија со блокади на наркобанди, чии вооружени членови запалија автобуси и камиони за да блокираат патишта и мостови. Гувернерот на пограничната држава Тамаулипас, каде што се наоѓа Нуево Ларедо, изјави дека бандите извршиле дела „нарко-тероризам“. Франциско Гарсија информира дека бандите користеле цивили како „човечки штит“, додека претседателот на Андрес Мануел Лопез Обрадор тврди дека неговата администрација успеала да го „стабилизира“ порастот на убиствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-godinava-dva-procenti-povekje-ubistva-otkolku-vo-2018/feed/ 0
Буџетот во 2018 се офајдил од обложувалниците и казината со ¼ милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-vo-2018-se-ofajdil-od-oblozuvalnicite-i-kazinata-so-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-vo-2018-se-ofajdil-od-oblozuvalnicite-i-kazinata-so-milijardi-evra/#respond Sat, 23 Feb 2019 13:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=167356

Од индустријата за приредување на игри на среќа во републичкиот и локалните буџети на Македонија минатата година се влеале 253 милиони евра. Асоцијацијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ги сумираше резултатите од работењето на своите членки и сите субјекти во индустријата и излезе со анализа за влијанието на индустријата за приредување игри на среќа врз македонската економија. Презентирајќи го годишниот извештај, претседателот на АСОМ, Васко Илијевски истакна дека освен тоа што плаќаат висока стапка на данок на приходот кој го остваруваат и на тој начин учествуваат во голема мера во полнењето на државната каса, оваа економска гранка учествува со 4% во БДП на земјата што значи дека приредувачите на игри на среќа го прават бизнис амбиентот на Македонија подобар. - Директните приходи кои државната каса на Македонија ги има од индустријата на игри на среќа минатата година изнесуваа 135 милиони евра, што е 12% повеќе отколку во 2017 година. Благодарение на индиректните проходи од ДДВ, локалните такси, придонеси и данок на плати, данок на закуп на локали итн – јавниот буџет во 2018 година беше зголемен за 118 милиони евра, што претставува пораст од 41% на придонесот на индустријата на игри на среќа во стопанството на Македонија – изјави Илијевски. Анализата на работењето го опфаќа и придонесот на индустријата кон стабилноста на пазарот на трудот. - Секој директно вработен во оваа индустрија, која има околу 7.700 вработени, одржува уште седум работни места во другите стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува скоро 54.000 работни места. Земајќи ги предвид и членовите на семејствата, тоа значи дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно во Македонија живеат 216.000 луѓе – вели Илијевски истакнувајќи дека трендот на раст кој го бележи овој сектор влијае и на намалување на невработеноста. Позитивното влијание на индустријата врз пазарот на трудот се гледа и во фактот што приредувачите на игри на среќа во текот на минатата година вработиле 40 отсто повеќе луѓе во однос на 2017 – додава претседателот на АСОМ. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвојуваат скоро 32 милиони евра, при што за пензиско и здравствено осигурување на државата и плаќаат 11 милиони евра. Стратегијата на сите членки на АСОМ е во насока на зголемување на мобилноста на пазарот на трудот така што се ангажираат студенти и дипломци кои претставуваат околку 15% од вкупниот број на вработени. Компаниите во индустријата за игри на среќа постојано имаат отворени огласи за вработување на млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери со што на овој профил на млади стручњаци им се дава можноста да ја започнат својата кариера во струката веднаш по завршувањето на студиите. Според годишниот извештај, освен на намалувањето на бројот на невработени, индустријата на игри на среќа влијае и врз стопанскиот развој преку зголемување на обемот на производство на своите добавувачи на кои приредувачите на име набавки на роба и услуги минатата година им донесоа повеќекратна корист. - Компаниите најмногу соработуваат со добавувачи од дејности кои се врзани за опремување на локали (производство на мебел, електрична опрема и уреди), пратечки и помошни дејности, а позитивниот ефект од нивното работење се прелева на пратечките сектори во стопанството. Да ви илустрирам што значи тоа – вели претседателот на АСОМ - за отворање на секое ново уплатно место, а во Македонија ги има околу 1.000, се инвестира од 50 до 80.000 евра, а во одржување на постојните по 10 до 15.000 евра, што покажува дека освен работењето на самата мрежа на уплатно-исплатни места, индустријата на игри на среќа значаен ефект на стопанството остварува и преку пратечките и помошни активности, набавка на компјутерска и телекомуникациска опрема, развој на неопходен софтвер, набавка и одржување на возниот парк, како и административните процеси кои во оваа индустрија се далеку посложени отколку што е тоа случај во другите стопански сектори – потенцира Илијевски Годишниот извештај на АСОМ содржи и преглед на активностите на членките во доменот на општествена одговорност и грижа за заедницата. - Особено сме горди што благодарение на индустријата на игри на среќа и компаниите здружени во Асоцијацијацијата на спортски обложувалници на Македонија, обновен е теренот на ракометното игралиште Женска плажа во Струга, кој го носи името на македонскиот ракометен херој Наумче Мојсовски. Во тек на кампањата „Заедно можеме се“, организирана за време на Светското првенство во фудбал 2018, собрани се средства од кои за Детската универзитетска клиника беше набавена неопходна современа медицинска опрема – истакнува претседателот на АСОМ. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија својата грижа за општеството ја покажа и при неодамнешната трагедија во која загинаа 14 лица, кога за семејствата на настраданите во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово донираа 1.200.000 денари. Со оглед на трендот на забрзан раст, кој е во склад со глобалните развојни тенденции, проекциите за 2019 година се дека индустријата на игри на среќа има потенцијал за експанзија што би значело и дополнителен пораст на приходите во државниот буџет. АСОМ за деновиве најавија и прес конференција на која ќе го презентираат комплетниот извештај но ќе излезат и со конструктивни предлози кои сметаат дека е добро да се имплементираат во најавените измени на законското решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budzetot-vo-2018-se-ofajdil-od-oblozuvalnicite-i-kazinata-so-milijardi-evra/feed/ 0
За Европската унија 2018, беше година на предизвици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/#respond Sat, 29 Dec 2018 14:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=146473

Заглавена помеѓу Брегзит, изолационизмот на Доналд Трамп, демократските назадувања во Полска, Унгарија и Романија и политичките кризи околу миграцијата, Европската Унија оваа година помина низ длабоки кризи кои најверојатно нема да стивнат ниту во наредната година. Несомнено, на политичката сцена на ЕУ во 2018 доминираше процесот за Брегзит, повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ закажано за 29 март 2019, но кое сѐ уште се наоѓа во опасност да предизвика економски и политички турбуленции. По макотрпни преговори, во ноември годинава, Лондон од една страна и другите 27 престолнини предводени од преговарачот Мишел Барние од друга, успеаја да постигнат таканаречен “Договор за повлекување“ и политичка декларација за иднината на односите помеѓу двете страни, но сагата е далеку од завршена. Премиерката Тереза Меј во последен момент го откажа гласањето за постигнатиот договор во британскиот парламент, соочена со речиси извесен пораз. И покрај предупредувањата од страна на ЕУ дека “подобар договор не може да се испреговара“, британските политички партии остануваат длабоко поделени околу начинот и исходот на кој треба да се случи Брегзитот. Додека отпорот на проевропскиот табор се зголемува, оној на евроскептиците, вклучително и во партијата на Меј, не стивнува. Еден од главните гордиеви јазоли во овој процес е ирската граница: според сите инволиврани страни, на ирскиот остров кој е составен од Република Ирска (независна држава- членка на ЕУ) и Северна Ирска (дел од Обединетото Кралство кое ја напушта ЕУ), мора по секоја цена да се избегне појавување на тврда граница. Причините се политички поради години граѓанска војна на островот, но и економски. Имено, членството во ЕУ подразбира припадност кон единствениот заеднички пазар и царинската унија, односно почитување на одреден број пазарни правила и стандарди благодарение на кои опстојува слободата на движење во Унијата. Бидејќи не смее да се појави тврда граница на ирскиот остров, нужно е да се изнајде решение за слободниот проток на стоки помеѓу Даблин и Белфаст. За сега решението е привремено и се нарекува “бекстоп“, еден вид заштитна клаузула според која Северна Ирска ќе продолжи да се усогласува со регулаторните стандарди на ЕУ до крајот на транзицискиот период, декември 2020. Што значи дека прозиводите ќе треба да поминат низ инспекции кога влегуваат преку Северна Ирска. Ирските унионисти, од кои зависи владата на Тереза Меј, предупредија дека не го поддржуваат ова решение поради тоа што сметаат дека тоа ги одвојува од остатокот од Обединетото Кралство. Гласањето во британскиот парламент е закажано во текот на јануари и сите опции се на маса: од предвремени избори до нов референдум или тнр “Брегзит без договор“, најхаотичното сценарио во кое Обединетото Кралство ја напушта ЕУ без претходно испреговорани правила на игра и решение за границите. Останува дека Брегзит и покрај сиот “хаос“ кој може да го предизвика е единствената политичка тема за која постои консензус помеѓу членките на Европската Унија, што ги усложнува работите за Лондон, но го теши Брисел дека сепак единството во ЕУ сѐ уште е можно. Оваа година ја одбележа и подемот на популизмот и политичките тензии околу миграцијата. Иако статистички бројот на мигранти е драстично намален во однос на 2015, миграцијата и натаму ја става на тест Европската Унија. Ако досега отпорот доаѓаше пред сѐ од источноевропските земји, промената на власт во Италија ги засили редовите на антимиграциските сили во ЕУ. Матео Салвини, контроверзниот министер за внатрешни работи од екстремната десница, Северна Лига, го спречи хуманитарниот брод “Аквариус“, кој спасува мигранти во Медитеранот, да се вкотвува на италијанското крајбрежје предизвикувајќи сериозна политичка криза во текот на летото во ЕУ. Конечно на бродот му беше одземена лиценцата, а пристигнувањата во Италија се сѐ поретки. Во јуни, Салвини помогна и да се блокира предложената реформа на системот на азил на ЕУ, која требаше да овозможи порамноправна распределба на “мигрантскиот товар“. Таборот на поддржувачите на затворените граници на ЕУ и на засилената контрола врз мигрантските текови расте во ЕУ, а поделбата помеѓу земјите членки се продлабочува. Тензиите кулминираа со потпишувањето на Глобалниот пакт за миграции на Обединетите Нации во декември, кога и самата земја претседавач со ЕУ, Австрија, одлучи да не го поддржи овој и онака правно необврзувачки документ. Дипломатите во ЕУ не ја кријат својата разочараност од овој австриски потег, посебно на неколку месеци пред парламентарните избори на ЕУ, каде антиевропските партии се очекува да остварат значаен напредок. Италија и создаде уште една главоболка на ЕУ неколку месеци подоцна кога владата во Рим го презентираше својот годишен нацрт-буџет за 2019. Планираниот дефицит од 2,4 отсто БДП во најзадолжената земја на еврозоната по Грција ја наведе Европската Комисија за прв пат во својата историја да одбие буџет на земја членка и да и се закани на италијанската влада со санкции. По неколку недели префрлувања и остра реторика, владата сепак прифати да го намали планираниот дефицит на 2,04 отсто без притоа да се откаже од сите зацртани реформи. 2018 ја одбележаа и тензиите помеѓу ЕУ и нејзиниот најстар сојузник – Соединетите Американски Држави. Првото влошување на односите дојде по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран и да воведе повторно санкции врз европските компании кои тргуваат со оваа земја. Иако ЕУ се обидува да воведе механизми за заштита на своите компании, реалноста е дека најголемите брендови веќе го напуштаат Иран во обид да се заштитат од последици. Трговските односи помеѓу ЕУ и САД дополнително се влошија кога Трамп одлучи да воведе поголеми царини врз увозот на челик и алуминиум од ЕУ. Одлука која ќе ја погоди индиректно и Македонија, бидејќи ЕУ ги стеснува квотите на увоз од трети земји за да се заштити од негативните последици на американските царини и воведе реципрочни мерки врз американски производи. Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, непланирано отпатува во Вашингтон во текот на летото за да се сретне со Трамп и да се обиде да изнајде решение. ЕУ се заложи да увезува повеќе американски производи, вклучително и течен природен гас, но спорот сѐ уште не е решен, и преговорите продолжуваат. На сето тоа се надоврза судирот помеѓу Трамп и европските сојузници во НАТО, на Самитот на Алијансата во јули во Брисел. Американскиот претседател на состанокот на лидерите дојде со една единствена точка на својата агенда: да добие зголемување на придонесите на другите земји членки за одбраната. Според повеќе дипломатски извори, Трамп отишол до таму што се заканил дека САД ќе се повлече од НАТО доколку не се зголеми стапката на два отсто во 2019. Поради некомпромисноста на Трамп, агендата на Самитот мораше да се менува во последен момент и да се свика итен состанок на таа тема. Сојузниците останаа на заложбите за зголемување на буџетите за одбрана до 2024, а Трамп замина во Хелсинки на средба со Владимир Путин. Неколку месеци подоцна, францускиот претседател Емануел Макрон повторно го разлути Трамп со изјави за креирање европска армија, иако ретко кој смета дека оваа идеја е изводлива во догледно време. НАТО од своја страна повтори дека европска војска, доколку се формира, не треба да и биде конкурент на Алијансата. Оваа година за ЕУ значеше и соочување со феноменот на “лажните вести“ по скандалот со британската фирма Кембриџ Аналитика и Фејсбук, кога корисниците открија дека милиони нивни лични податоци биле злоупотребени во политички цели. На 25 мај на сила стапи новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци која, како што се надева ЕУ, ќе стане глобален модел. Наредната 2019 ќе биде изборна и со тоа ЕУ знае дека обидите да се таргетираат гласачите со дезинформации и лажни вести ќе се зголемат, но реално ЕУ нема голем капацитет ниту надлежност за да се справи со феноменот. Најголемиот дел од задачата им припаѓа на земјите членки и на медиумската фела, со значајни разлики од земја до земја.(MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/feed/ 0
Аријана Гранде прогласена за жена на годината за 2018 https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/#respond Wed, 07 Nov 2018 09:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=124562

Поп-пејачката Аријана Гранде е прогласена за жена на годината од страна на магазинот Билборд. По големиот успех со последниот албум „Sweetener“ нејзините хитови беа високо рангирани на Билбордовата листа синглови, а се задржаа и како најслушани. „Аријана Гранде е оригинална ѕвезда која не ги следи актуелните текови и правци во музичката индустрија. Таа стои зад своите одлуки во светот кој често не е добронамерен кон силните млади жени. Таа е храбра и во моментот ствара најдобра музика во својата кариера, таа заслужува да биде жена на годината“, вели Рос Скарано од Билборд. Наградата за жена на годината ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк. Ова е голем успех за Аријана и ветар во грб за иднината, имајќи во предвид дека неодамна ја раскина веридбата со комичарот Пит Девјидсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/arijana-grande-proglasena-za-zena-na-godinata-za-2018/feed/ 0
Четири хороскопски знаци за кои 2018 ќе биде посебна- проверете дали сте меѓу нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/chetiri-horoskopski-znaci-za-koi-2018-kje-bide-posebna-proverete-dali-ste-megju-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/chetiri-horoskopski-znaci-za-koi-2018-kje-bide-posebna-proverete-dali-ste-megju-niv/#respond Fri, 12 Jan 2018 22:20:39 +0000 http://kurir.mk/?p=9816

Оваа година ѕвездите се особено наклонети кон некои знаци, овие четири знаци ќе бидат многу среќни цела година! Близнаци 2018 година е годината кога конечно ќе ја пронајдете својата слобода. И покрај тоа што сте работеле на тоа, во минатото никогаш не сте успеале да зависите само од себе. Сите Близнаци кои ја ценат независноста и слободата конечно ќе го пронајдат она што го бараат оваа година. Поради тоа ќе бидат позадоволни. Искористете ја оваа нова моќ да работите на својот развој и самодоверба. Лав Оваа година навистина ќе верувате во себе. Обично се трудите да го зауздате своето его, но ова година ќе докажете дека вашето место е крал на џунглата. Работите конечно ќе одат како што ќе ги замислите, а и вие ќе тргнете напред од разочарувањето од минатото. Оваа година мора да ја концентрирате на сегашноста и иднината. Оставете го минатото. Енергијата која ја имате ќе ве направи посилни и ќе остварите многу ако се држите до целта и не дозволувате да ве окупираат мали работи. Вага Оваа година конечно ќе пронајдете мир и спокој и ќе бидете многу среќни. Претходната година ви беше хаотична, но затоа 2018 сè ќе ви надохнади. Стрелец Оваа година е полна со нови можности. 2018 е година кога Стрелците ќе направат големи потези. Оваа година ќе биде нов почеток за Стрелците, година која ќе ја врати вербата во животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/chetiri-horoskopski-znaci-za-koi-2018-kje-bide-posebna-proverete-dali-ste-megju-niv/feed/ 0
Ништо добро за Македонија на економски план во 2018-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nishto-dobro-za-makedonija-na-ekonomski-plan-vo-2018-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nishto-dobro-za-makedonija-na-ekonomski-plan-vo-2018-ta-godina/#respond Sat, 06 Jan 2018 13:42:30 +0000 http://kurir.mk/?p=7368

Катастрофалните економски политики водени од владата на СДСМ што ја предводи Зоран Заев полека но сигурно почнаа да ја газат македонската економија.

Седум месеци откако СДСМ се на власт бруто домашниот производ ( БДП ) никако да мрдне од место.

Во првите три месеци од 2017-та година како што кулуминираше политичката криза почна тонењето на македонска економија, за во вториот квартал да биде 1,3% додека во третиот квартал го достигна дното од 0,2% што беше најнизок раст на една економија во цела Европа.

Во последниот квартал растот на економијата се очекува да биде помеѓу 0 % и 0,5% што повторно не сместува на последното место во Европа иако министерот за финансии Драган Тевдовски ја уверуваше пред само неколку месеци целата македонска јавност дека годинава ќе ја завршиме со 2,2% раст на економијата што е едно од најголемите промашувања за прогонозите за економски раст.

Речиси и да не постои сектор кој не е погоден од ваквите лоши политики. Намалено е производството, индустријата но и градежништвото што беше главен двигател на економијата каде новата влада на еден неразбирлив начин ги стопира речиси сите предвидени проекти.

Колку е реален економскиот раст од 3,2%

 3,2% се предвидува економски раст во 2018-та година од страна на Министерството за финансии. Ова е дури за 1,8 % помалку од тоа што беше најавувано од страна на СДСМ во нивиот план “За живот“ . На страна 61 во делот кај нашите цели е напишано: Просечен економски раст повисок од 5% во периодот на четиригодишниот мандат. Со вакво темпо ветувањето од 5% еконмски раст е голема манипулација од страна на Зоран Заев, па дури легитимно е да се постави прашањето дали и предвидувањата од 3,2% се остварливи.

СДСМ енормно ќе ја задолжи државата

Иако додека беа во опозиција СДСМ не прекинаа да критикуваат за тоа колку е голем секој буџет што е донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за задолжување и ред други работи сепак тие го донесоа историски највисокиот буџет што го имала до сега Република Македонија од 3,44 милијарди евра. Во новиот буџет предвидено е верувале или не да се позајмат речиси 856 милиони евра.

Веќе се зборува дека Владата ангажирала четири банки се со цел да го подготват задолжувањето. Шпекулациите се дека оваа еврообврзница ќе тежи речиси 500 милиони евра. Околу задолжувањето свое видување вчера даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека во ред е државата да се задолжува, но тоа треба правилно да се искористи. Во овој период според Мицкоски, СДСМ постојано не задолжува, но тоа граѓаните не можат да го видат и притоа потенцираше дека при последното задолжување СДСМ буквално и има наштетено на Македонија и на нивните граѓани со дописот до меѓународните институции а цехот мораше да го платат граѓаните. Тој исто така кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема тоа никогаш да го направи се со цел да не им наштети на граѓаните на Република Македонија.

Името тука вреди да се спомене дека моментално јавниот долг на државава изнесува 4,7 милијарди евра но со последното задолжување ќе ја пробие дури и црвената линија од 50% и ќе достигне 52,4 % од БДП.

 Просечна плата од 500 евра

 380 евра е просечната нето плата според Државниот Завод за статистика и е далеку 500 евра плата што ја вети Заев за време на изборите.  Ваквото нереално ветување беше јасно уште од самиот почеток. 

Во програмата на СДСМ на 3-тата страна пишува:  Гарантираме повисоки плати. Просечна плата до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор. 

Не само што сме далеку од ова ветување туку е и неостварливо. Дури и според проекциите на Министерството за финансии и Народната Банка ваквото ветување од 500 евра просечна плата е научна фантазија. Ќе има зголемување на бруто платата од 557 евра колку што изнесува сега за минимални 11 евра или 568 евра бруто плата. Само за споредба за да некој земе плата од 500 евра треба неговата бруто плата да биде некаде околу 726 евра. Иако ја зголемија минималната плата на 12 илјади проблемите што беа алармирани од синдикатите излегоа на виделина.

Во последен момент се вметна “норминиран“ учинок така да не земаат сите минимална плата, додека голем број на текстилни фабрики или ги приморуваат работниците да ги вратат парите или не можат да ја исплататат минималната плата.

Намалување на невработеноста.

ВМРО-ДПМНЕ наследи невработеност од 36% во 2006-та година за веќе до 2017-та година таа да достигне 22,1 % . Значи во 11 годишното владеење од ВМРО-ДПМНЕ невработеноста успеа да падне за фрапантни 14 % или во просек по 5,5 % на годишно ниво. Владата предвидела дека во 2019-та година невработеноста ќе се намали на 21,5 % во 2019-та, односно за само 0,6% би се намалила невработеноста што е историски најниска прогноза за намалување на стапката на невработеност.

 Во изминативе месеци граѓаните не видоа ништо од тоа што им беше ветувано како подобар животен стандард, повисоки плати и пензии. Не се привлече ниту една странска инвестиција, а договорите што се потпишаа со новите се наследени од ВМРО-ДПМНЕ. 

Се стекнува впечаток дека Македонија како дестинација за привлекувањ е на странски инвестиции ја губи позицијата,односно ја губи трката со другите држави во соседството, која што ја имаше пред неколку години. Државите кои ни се во соседството забрзано работат на тоа како да привлечат нови странски компании се со цел подобрување на животот на нивните граѓани.

Овие мерки и планови што ги планира владата на СДСМ во досегашниот период не дадоа резулати и не им го подобрија животот на граѓанните. Ваквите еконмски мерки не им донесоа  на граѓаните просечна плата од 500 евра а ниту не им го подобрија животниот стандард. 

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nishto-dobro-za-makedonija-na-ekonomski-plan-vo-2018-ta-godina/feed/ 0
Ритуали за посреќна 2018-та! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rituali-za-posrekjna-2018-ta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rituali-za-posrekjna-2018-ta/#respond Sat, 06 Jan 2018 09:54:13 +0000 http://kurir.mk/?p=7263

Без разлика дали изминатата година била лоша или неверојатно добра, почетокот на новата година е совршен момент за да си поставите пред себе реални предизвици. На самиот старт на јануари, зацртајте си ги своите цели без разлика дали станува збор за ново животно поглавје, патување или едноставно кафе со пријатели со кои одамна не сте се виделе. За да си го проектирате полесно патот кон посреќна, поздрава и позабавна 2018-та година, уште на почетокот на овој месец направете го следново: Исчистете си го фрижидерот Без разлика колку целото ова и да ви изгледа смешно и банално, доколку сте сериозни во идејата дека сакате во 2018-та да стекнете поздрави навики, чистењето на фрижидерот е веројатно првиот важен чекор кон постигнување на целта. Поради новогодишните подготовки повеќе од веројатно е дека вашиот фрижидер сте го наполниле со секакви слатки и солени „задоволства“ кои едноставно може само да ја зголемат бројката на вагата, но и да ја отежнат работата на вашиот организам. Па, фатете се за работа и не размислувајте многу околу тоа. Најдете начин како да менаџирате со стресот Новите предизвици многу често несвесно ни вршат притисок. Без паника, потребно е само да ја преземете контролата во свои раце. Размислете што ви е потребно за да се релаксирате и направете го тоа. Направете си амбиентална атмосфера, наполнете ја кадата, испијте чаша вино или едноставно купете си боенка и бидете креативни. Што и да ве смирува, тоа е токму она што ви е потребно за да започнете без притисок. Испланирајте патување – букирајте карта Можеби овој предлог ви изгледа смешно, покрај сите трошоци кои што ги имавте во предновогодишниот период, но овој период од годината можете да букирате најевтини летови, да резервирате сместување за летниот одмор или едноставно да видите кои места навистина вреди да ги посетите надвор од сезона. Прекинете ја токсичната врска Нова година – нови почетоци! Ставете крај на врската која што ве заморува, немојте да се губите себеси и оваа година. Исчистете си го бирото Новите почетоци се секогаш добредојдени и на професионален план. Не само физички, своето биро исчистете го и од старите предмети, заостанати обврски и влезете во новата година со чисто портфолио и уште почисти мисли, подготвени за свежи идеи. Декорирајте ги ѕидовите Направете промена во просторијата во која најчесто престојувате. Обојте ги ѕидовите, врамете ги убавите спомени, свежината во домот ќе направи да се чувствувате поразлично, а самото тоа ќе ви ги одведе мислите во друга насока. Најдете ново хоби Ви здодеа да гледате филмови и да одите во теретана!? Изгаснете светло во собата и пуштете си тивка музика. Промената ќе биде и повеќе од видлива. Планинарењето е секогаш добра и здрава варијанта. Доколку не сакате да одите сами, приклучете се на некоја од планинарските групи кои што ги има на социјалните мрежи, и новите пријателства се секогаш добредојдени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rituali-za-posrekjna-2018-ta/feed/ 0
КУРИР ви посакува среќна и успешна 2018-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vi-posakuva-srekjna-i-uspeshna-2018-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vi-posakuva-srekjna-i-uspeshna-2018-ta-godina/#respond Sun, 31 Dec 2017 23:05:43 +0000 http://kurir.mk/?p=4830

Во Новата 2018-та година ви посакуваме многу незаборавни моменти на среќа, радост и успех заедно со вашите најблиски, како и оствaрување на вашите најскриени желби, визии и очекувања. Подарете им насмевка и љубов на оние на кои што им е потребна. Нови 12 месеци да верувајте во себе, да ги искористете шансите, да бидете подобри, помудри и поуспешни. КУРИР на своите почитувани читатели им посакува весели празнични денови исполнети со незаборавни мигови. Нека вашите желби станат реалност и уживајте во празничната магија. Среќни празници!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-vi-posakuva-srekjna-i-uspeshna-2018-ta-godina/feed/ 0
Првите земји ја дочекаа 2018-та, прославите во светот со засилени безбедносни мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-zemji-ja-dochekaa-2018-ta-proslavite-vo-svetot-so-zasileni-bezbednosni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-zemji-ja-dochekaa-2018-ta-proslavite-vo-svetot-so-zasileni-bezbednosni-merki/#respond Sun, 31 Dec 2017 11:41:17 +0000 http://kurir.mk/?p=4746

Жителите на јужнопацифичките острови Самои, Тонга и Кирибати во 11 часот по средноевропско време зачекорија во 2018 година, а набрзо по нив на пладне по средноевропско време и Нов Зеланд со огномет над престолнината Окленд од кулата Скај висока 200 метри. Во 2018 година последни, пак, ќе влезат жителите на Француска Полинезија и Американска Самоа, цел ден после Самоа, иако ги делат само 80 километри. Во 13 часот во 2018-та ќе влезат и некои области од Русија, а потоа во 14 часот и Австралија каде ќе може да се ужива во спектакуларен огномет во пристаништето над зградата на операта и мостот во Сиднеј. Илјадници луѓе веќе во претпладневните часови започнаа да ги заземаат најдобрите места во пристаништето во Сиднеј за да го проследат еден од најубавите новогодишни огномет во светот. Оваа година се очекуваат повеќе од 1,6 милиони посетители кои ќе уживаат во 15-минутиот спектакл, вообичаено првата слика на пречекот на Новата година која го обиколува светот. Но ширум светот Новата година се дочекува со засилени безбедносни мерки. Во Сиднеј препреки го оневозможуваат пристапот до пристаништето за да се спречат евентуалните напаѓачи со возилата да се залетаат во толпите, а специјалните полициски сили се опремени со полуавтоматско оружје. Властите не располагаат со никакви информации коишто би упатувале на можен терористички напад. Ширум Европа ќе бидат воведени силни безбедносни мерки во пресрет на прославите на Новата година, така што оние коишто мислат да ја испратат старата година на улиците на европските престолнини може да очекуваат прегледување на торбите и други проверки за да се избегне можен терористички напад. Во Париз на улиците се испратени речиси 8.000 полициски офицери и војници за француската престолнина да биде безбедна во текот на новогодишната ноќ. Целта на мерките не е само да се спречат можни терористички напади, туку и безредија. Француската полиција особено внимание ќе посвети на безбедноста на Елисејските полиња, каде што е на сила забраната за точење и консумација алкохол, а ќе се поставуваат и бетонски препреки за да се спречи влегување на возила. Исто така, ќе бидат прегледувани торбите на сите коишто имаат намера таму да ја дочекаат Новата година. Северниот германски град Хамбург неодамна постави нови безбедносни камери кои ѝ овозможуваат на полицијата брезо да реагира доколку има потреба. Лондонската полиција објави дека жителите и туристите може да очекуваат вооружени полицајци и препреки за возилата во центарот на градот. Турција, присетувајќи се на изминатата трагична новогодишна прослава кога вооружен напаѓач во истанбулска дискотека уби 39 луѓе и рани уште 79, ја дочекува 2018-та со засилени безбедносни мерки и забрана за собири на познатиот плоштад Таксим. Дубаи наместо традиционалниот огномет, ќе организира ласерско шоу од највисоката зграда во светот Бурџ Калифа висока 828 метри. И покрај безбедносните предизвици, бразилската метропола Рио де Жанеиро се надева на рекорден број од три милиона луѓе на славната плажа Копокабана и повеќето би требало традиционално да бидат облечени во бело. Источниот брег на САД, исто така, Новата година ќе ја пречека со силни безбедносни мерки, но и со поларен студ. Се очекува дека во Њујорк температурата ќе биде десетина степени Целзиусови под нулата, но и покрај тоа не е откажано традиционално спуштање на големата топка во полноќ на Тајмс Сквер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvite-zemji-ja-dochekaa-2018-ta-proslavite-vo-svetot-so-zasileni-bezbednosni-merki/feed/ 0
Застрашувачка прогноза од Нострадамус за 2018 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zastrashuvachka-prognoza-od-nostradamus-za-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zastrashuvachka-prognoza-od-nostradamus-za-2018-godina/#respond Sun, 31 Dec 2017 09:12:26 +0000 http://kurir.mk/?p=4673

Ако се земе предвид дека многу од неговите пророштва се исполниле, како француската револуција, слетувањето на месечината и атомската бомба, можеби и треба да се загрижиме за неговата прогноза за 2018-та година. Според него, следната година ќе еруптира вулканот Везув, а веднаш потоа ќе следува силен земјотрес. Во 2-те катастрофи, животот ќе го изгубат 16.000 луѓе. Исто така тој предвидел уште еден земјотрес на западниот дел од САД кој би се почувствувал низ целиот свет. Во неговите пророштва е запишано дека на почетокот на 21-ви век ќе избие војна во Франција која ќе се прошири низ останатиот дел од Европа. Тој тврдел дека по немирниот период од 20 години, во 2025 повторно ќе владее мир, но „малкумина ќе можат да уживаат во него.“ Нострадамус е роден како Мишел де Нотр Дам на 14-ти декември, 1503 година во Франција. Тој бил лекар, астролог и пророк. Неговата книга „Пророштва“ издадена е во милиони примероци и денес е најпознатата книга со пророштва. Првото издание се појавило во 1555 година, и од денот на издавањето привлекла многу внимание. Се верува дека Нострадамус ја предвидувал иднината така што ставал вода во длабока чинија. Долго ја посматрал водата и му се појавувале визии за идните настани. Пророштвата ги пишувал во стихови и во малку завиена форма од страв да не го обвинат за вештерство. Делумно бил безбеден од такви обвинувања бидејќи ѝ бил миленик на Катарина Медичи, која била склона кон окултното.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zastrashuvachka-prognoza-od-nostradamus-za-2018-godina/feed/ 0