2020 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jan 2022 12:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2020 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Град Скопје по иницијатива на ДКСК поднесе кривична пријава за организацијата за дочекот на Новата 2020 година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-po-inicijativa-na-dksk-podnese-krivichna-prijava-za-organizacijata-za-dochekot-na-novata-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-po-inicijativa-na-dksk-podnese-krivichna-prijava-za-organizacijata-za-dochekot-na-novata-2020-godina/#respond Thu, 20 Jan 2022 12:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=621298

Град Скопје, по иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност поради неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот в.д. директор на ЈУ МКЦ, Русе Арсов. - Русе Арсов од Скопје во својство на в.д. директор на ЈУ МКЦ-Скопје на ден 14.12.2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18.12.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик. Поради необјавувањето на овие критериуми, потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда. На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на ден 19.12.2019 година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог-програма на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ согласно со Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување, односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно за критериумите од двата дела и од можните 60 бодови определени за критериумот – квалитет на проектот, на учесникот му се доделени 50 бода при што не може да се утврди по колку бодови за секоја ставка од овој критериум се доделени, информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје. Според Апостолоски, во понатамошната постапка Арсов како в.д. директор на ЈУ МКЦ на ден 20.12.2019 година склучил договор со Здружението Дирекција за култура и уметност Скопје, со што постапил спротивно на Законот за јавни набавки и овозможил настанот да се организира надвор од пропишаната законска регулатива. - Посочуваме дека токму во врска со оваа постапка од Државната комисија за спречување на корупцијата побарано е од Град Скопје да се изврши ревизија во однос на спроведувањето на одредбите од договорот склучен помеѓу Град Скопје и МКЦ, со оглед дека ДКСК постапувала по пријава и оформила предмет за испитување на сите наводи. По испитувањето на сите наводи и прибавени информации од ДКСК од многубројни институции, како што се Бирото за јавни набавки, Управа за јавни приходи, и сл., констатира дека поранешниот в.д. директорот на ЈУ МКЦ, Русе Арсов, не ги применил одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“, и ја злоупотребил својата службена положба, заради што и поднесовме кривична пријава за утврдување на негова кривична одговорност, додаде Апостолоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-po-inicijativa-na-dksk-podnese-krivichna-prijava-za-organizacijata-za-dochekot-na-novata-2020-godina/feed/ 0
Техеран: Од загадување на воздухот во 2020 година починале 3.751 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teheran-od-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-2020-godina-pochinale-3-751-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teheran-od-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-2020-godina-pochinale-3-751-lice/#respond Mon, 22 Nov 2021 17:49:43 +0000 https://kurir.mk/?p=598420

Загадувањето на воздухот во иранскиот главен град Техеран предизвика смрт на 3.751 лице за една година. Шефот на Одделот за квалитет на воздухот и климатски промени при Министерството за здравство на Иран, Абас Шахсуни, сподели информации за студентската новинска агенција ИСНА околу проблемите предизвикани од аерозагадувањето. Наведувајќи дека минатата година во Техеран починале 3.751 лице поради загадувањето, Шахсуни истакна дека овој проблем се појавува секоја година и дека законот за чистота на воздухот не се спроведува. Шахсуни додаде дека старите и дизел автомобили, мотори и други горива се најголемите загадувачи на воздухот во Техеран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/teheran-od-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-2020-godina-pochinale-3-751-lice/feed/ 0
Николоски: 2020 година е најслаба во изградба на патишта, каде се парите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-2020-godina-e-najslaba-vo-izgradba-na-patishta-kade-se-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-2020-godina-e-najslaba-vo-izgradba-na-patishta-kade-se-parite/#respond Wed, 11 Aug 2021 13:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=549219

Бројките покажуваат дека 2020 година е најслаба во изградба на патишта. Не се гради ни еден нов автопат, Клучното прашање на сите граѓани - КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?, коментира на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар НИколоски. -Клучното прашање на сите граѓани - КАДЕ СЕ ПАРИТЕ? Одговорот е во криминалот на власта. Како што и бројките покажуваат 2020 е најслаба во изградба на патишта. Не се гради ни еден нов автопат, постојниот кон Охрид НЕ СЕ ГРАДИ, а НЕ СЕ ГРАДАТ ни експресните патишта ветени во Источна Македонија, како ни експресниот пат ГРАДСКО - ПРИЛЕП. Одговорност ќе има!, пишува во својата објава Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-2020-godina-e-najslaba-vo-izgradba-na-patishta-kade-se-parite/feed/ 0
Минатата година најсмртоносна во историјата на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/#respond Thu, 11 Mar 2021 06:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=480475

ВМинатата година беше најсмртоносна во историјата на САД, откако стапката на смртност поради епидемијата на коронавирусот се зголеми за 15 отсто, покажуваат резултатите од студијата на американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести (ЦДЦ). Како што пренесува американската веб страница „Политико“, повеќе од 3 милиони луѓе починале во САД во 2020 година, а Ковид-19 е трета водечка причина за смртта, по срцевите заболувања и карциномот. „Политико“ наведува дека со објавување на извештајот, што допрва треба да следи, ЦДЦ првпат ќе соопшти дека минатата година имало рекорден број смртни случаи, за што придонела и епидемијата на коронавирусот. Според последните податоци на веб-страницата Ворлдметерс, досега во САД починале околу 550.000 луѓе од коронавирус, од речиси 30 милиони заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/minatata-godina-najsmrtonosna-vo-istorijata-na-sad/feed/ 0
Продажбата на „Рено“ во светот лани опадна за 21,3 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/#respond Tue, 12 Jan 2021 11:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=454240

Производителот на автомобили „Рено“ во 2020 година забележа пад на продажбата од 21,3 отсто, јави дописникот на МИА. Групацијата лани има продадено 2,9 милиони автомобили. Падот на продажбата на групацијата е „главно како резултат на високата изложеност во земјите кои претрпеа строги ограничувања и прекинување на нивните трговски активности во вториот квартал, како и забавувањето во четвртиот квартал, особено во Франција“, прецизира „Рено“. Во Европа, продажбата опадна за 25,8 отсто, на 1,4 милиони автомобили. -Второто полугодие покажа подобра еластичност и добри перформанси на пазарот на електрични и хибридни автомобили, уверува директорот за продажба Денис ле Вот. На крајот на декември, додаде тој, групацијата објави ниво на нарачки за 14 отсто поголеми од оние за 2019 година во Европа и ниво на залихи опаднати за 20 отсто. -Сега се фокусираме на профитабилноста во однос на обемот на продажба, со поголема нето маржа по возило, на секој наш пазар, рече генералниот директор на „Рено“, Италијанецот, Лука де Мео. Според него, првичните резултати се веќе видливи во втората половина на 2020 година, особено во Европа каде што брендот „Рено“ напредуваше на најпрофитабилните канали на продажба и го зајакнува своето лидерство на автомобилите на електричната енергија. Рено продолжи да доминира на пазарот на електрична енергија во Европа во 2020 година со продадени 115.888 возила, од кои 100.000 автомобили од типотЗОЕ. Исто така, лансираше електрифицирана верзија на својот мини-градски автомобил „Твинго“ и за 2021 година го претстави електричниот модел, што сака да биде најевтиниот на пазарот, „Дачиа Спринг“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/feed/ 0
ФОТО: Левандовски во кревет со сите трофеи од 2020 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-levandovski-vo-krevet-so-site-trofei-od-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-levandovski-vo-krevet-so-site-trofei-od-2020-godina/#respond Thu, 31 Dec 2020 10:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=450624

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен на својот официјален Твитер објави фотографија од напаѓачот Роберт Левандовски. На фотографијата, полскиот напаѓач лежи во кревет, опкружен со трофеи и индивидуални награди освоени во 2020 година. Баварците оваа година освоија пет трофеи, вклучувајќи ги Бундеслигата и Лигата на шампионите. Левандовски доби бројни индивидуални награди, вклучително и од ФИФА, УЕФА и „Globe Soccer Awards“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-levandovski-vo-krevet-so-site-trofei-od-2020-godina/feed/ 0
Дневен хороскоп за 30 декември 2020: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dneven-horoskop-za-30-dekemvri-2020-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-tekot-na-deneshniot-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dneven-horoskop-za-30-dekemvri-2020-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-tekot-na-deneshniot-den/#respond Wed, 30 Dec 2020 07:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=450132

ОВЕН Работа: Имате дилема и не сте сигурни за која одлука да се одлучите, и која ќе ви донесе поголеми бенефити. Љубов: Брачниот партнер е задоволен од односот. Му годи што, конечно, поминувате повеќе време заедно. Здравје: Синусите се чувствителни. БИК Работа: Успешни сте во работите кои се од креативен тип, односно врзани за уметност и хуманитарна работа. Љубов: Презадоволни сте од врската. Ве воодушевува добрата комуникација и разбирањето од партнерот. Здравје: Алергија е можна. БЛИЗНАЦИ Работа: Нервозни сте поради лошата ситуација на работа. Проблеми има, а вие не успевате никако да ги решите. Љубов: Презадоволни се од односот со партнерот. Во целост сте отворени кон него. Здравје: Урогениталниот тракт е чувствителен. РАК Работа: Ви пречи монотонијата на работа. Менувате се што можете, за подобро да се чувствувате. Љубов: Не сте задоволни од односот со партнерот. Јасно ви е дека вие сакате повеќе семејство, од него. Здравје: Слаба циркулација. ЛАВ Работа: Загрижени сте поради ситуацијата на работа. Работни обврски се се помалку. Се плашите да не дојде до колапс. Љубов: Брачниот партнер ви пружа разбирање и поддршка што сега ви е неопходно. Здравје: Проблеми со притисокот. ДЕВИЦА Работа: Се воспоставува дека важите грижи биле неосновани. Соработка со странците се одвива на задоволителен начин. Љубов: Уживате во времето минато со брачниот партнер. Секогаш ви е интересно да го чуете неговиот став. Здравје: Варира притисокот. ВАГА Работа: Воодушевени сте од соработката со странците. Тие ги поддржуваат вашите идеи, што ви значи. Љубов: Односот со партнерот е стабилен. Максимално уживате во неговото внимание. Здравје: Проблеми со гениталиите. ШКОРПИЈА Работа: Загрижени сте поради лошата ситуација. Проблеми има многу, а вие не успевате да се изборите со нив. Љубов: Односот со симпатијата, конечно почнува да оди во добар правец. Другата страна предлага врска. Здравје: Бубрезите се чувствителни. СТРЕЛЕЦ Работа: Размислувате околу следниот потез. Имате некои идеи, но и натаму не сте ги разработиле детално. Љубов: Уживате во времето минато со партнерот. Љубовта и страста се дел од вашата врска. Здравје: Проблеми со грлото се можни. ЈАРЕЦ Работа: Комуникацијата не ви е силна страна. Најдобро е да избегнувате контакти со претставниците на медиумите. Љубов: Во целост сте посветени на партнерот. Ви се допаѓа страста која другата страна ја буди во вас. Здравје: Стомакот е чувствителен. ВОДОЛИЈА Работа: Комуникацијата со соработниците не е најдобра. Имате впечаток дека не се отворени кон вас. Љубов: Со брачниот партнер доаѓа до проблеми во односот. Чувствителен е, а вие со зборови случајно го ранувате. Здравје: Внимавајте на исхраната. РИБИ Работа: Колегите не се сложуваат со вашите идеи. Наместо нивните критики да ги разгледате, а нивните коментари ги доживвувате лично. Љубов: Имате симпатија, но не успевате да остварите контакт. Здравје: Грлото е чувствително.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dneven-horoskop-za-30-dekemvri-2020-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-tekot-na-deneshniot-den/feed/ 0
Светот во 2020: Доаѓа ли крајот на глобализацијата? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/#respond Mon, 28 Dec 2020 07:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=449217

Светската трговија во последните години бележи огромни загуби, а 2020 година не беше исклучок, пишува Вол Стрит Џурнал. Од светската финансиска криза во 2009 година, растот на светската трговија е бавен. Повисоките царини и трговските војни на администрацијата на Трамп исто така нанесоа удар. Обемот на трговијата падна во 2019 година, иако глобалната економија продолжи да расте. Оваа година, со доаѓањето на пандемијата, трговијата го поднесе својот најтежок удар и падна за со 9,2 проценти, покажуваат податоци на Светската трговска организација. Приливите и одливите во размената најчесто ги одразуваат промените во економскиот раст на светот. Затоа и прогнозата за следната година зависи најмногу од тоа дали светот ќе може да се извлече од пандемијата и да ја остави во историјата. Постојат неколку причини да се верува дека политичкиот одговор, како и зголемената загриженост за национална безбедност, ќе имаат долгорочен ефект во оформувањето – па дури и падот-на глобализацијата во иднина. Глобализацијата – зголемувањето на светската трговија и инвестициите во светот – беше клучен двигател на глобалната економија меѓу 1990 и 2010 година. Но заедно со финансиската криза и таа тенденција запре. Според Светска банка, светските ланци за испораки, престанале да се шират по 2008 година. Се забавија и економските реформи. За време на владеењето на Си Џинпинг, Кина усвои политики со кои ги зајакна државните претпријатија и локалниот развој на критичните технологии. Империјата полека почнува да се затвора во себеси. Извозот како удел во БДП се намали од 31 процент во 2008 година на само 17 отсто во 2019 година. И Кина не е сама. Национализмот се претвори во моќна сила во многу делови на светот, а со тоа дојде и економскиот национализам. Индискиот премиер Наренда Моди почна кампања „Произведено во Индија“. Претседателот Трамп водеше политика „Купувајте американско“, па дури и новоизбраниот шеф на државата, Џо Бајден, кој е поотворен за слободна трговија, поддржува слични програми. Да не зборуваме за Брегзит. Пандемијата веројатно ќе ги влоши овие постојни закани за глобализираниот свет. Многу земји се прашуваат дали не станале премногу зависни од други држави за увоз на лекови, на пример. Така, за време на пандемијата беа воведени привремени забрани за извоз на медицинска опрема поради недоволно снабдување на локалниот пазар. И иако засега промените воведени на политичко се релативно незначителни, ставовите се променија. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, смета дека коронавирусот „ќе ја смени природата на глобализацијата“, додавајќи дека „оваа фаза на глобализацијата го завршува својот циклус“. Загриженост за безбедноста На сето ова се додава и загриженоста за националната безбедност. Односите меѓу САД и Кина ce влошија затоа што Вашингтон почна да стравува за безбедноста на технолошките производи и почна да се прашува дали Пекинг не им наредува на производителите во Кина да остават „вратички“ за сопствен пристап. Така што не само што беа воведени царини, туку Вашингтон забрани купување на американски технолошки компании од страна на кинески компании. САД не се сами во своите стравови, како што покажа дебатата околу опремата на Хуавеи. Јапонија исто така почнува да истражува како да ја намали зависноста од Кина и да произведува повеќе дома. Кина, пак, почна да ја користи трговијата како оружје. Државите како Австралија паднаа под „оганот“ на Пекинг и открија дека спротивставувањето на политики на комунистичката партија води о забрана на трговијата „од здравствени причини“, нови царини или задржување на стоките на граница поради неочекувани „здравствени проверки“. Комбинацијата од сите овие стравови и политики сугерира дека светот почнува да го менува правецот и одделните држави се движат кон самодоволност. Луѓето почнуваат да ја ценат безбедноста повеќе од ефикасноста. Ова повлекување нема да стави крај на глобализацијата – процес што го достигна својот историски врв пред една деценија. Но делумно ќе се сврти, претскажувајќи тешка иднина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-doagja-li-krajot-na-globalizacijata/feed/ 0
Дневен хороскоп за 21 декмври 2020: Бикот се сомнева, а Ракот силно се врзал со партнерот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dneven-horoskop-za-21-dekmvri-2020-bikot-se-somneva-a-rakot-silno-se-vrzal-so-partnerot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dneven-horoskop-za-21-dekmvri-2020-bikot-se-somneva-a-rakot-silno-se-vrzal-so-partnerot/#respond Mon, 21 Dec 2020 07:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=446019

ОВЕН Работа: Детално го смислувате новиот план. Внимавате на секој детал. Сакате сите „коцки“ на планот совршено да се вклопат. Љубов: Имате симпатија, но не сте сигурни какви емоции има кон вас. Здравје: Добро се чувствувате. БИК Работа: Вредни сте и полни со оптимизам. Разработувате план и ги користите доверливите информации кои ги добивате од пријател. Љубов: Ве загрижува односот на партнерот. Се сомневате дека се допишува со некоја тајна личност. Здравје: Стабилно здравје. БЛИЗНАЦИ Работа: Со младите колеги не наоѓате заеднички јазик. Вие сте против промената на вашиот начин на работа, додека тие расположени за промени. Љубов: Се трудите да воспоставите редовна комуникација со симпатијата. Здравје: Урогениталниот тракт е чувствителен. РАК Работа: Не успевате да се сложите во врска со работните планови со надредената личност. Вие сметате дека ризикот е неопходен и дека ќе донесе успех, но другата страна не верува. Љубов: Многу силно сте се врзале за партнерот. Здравје: Притисокот осцилира. ЛАВ Работа: Ве очеквуаат проблеми врзани за областа судење. Не се одвива во посакуван правец. Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради финансиите и потребно му е да го смирите. Здравје: Циркулацијата не е најдобра. Заштитете се од ладно. ДЕВИЦА Работа: Работниот состанок кој бил пролонгиран, конечно, се одржува. Проблем е што не тече глатко. Љубов: Ве очекува изненадувачка средба со поранешниот партнер. Разговарате, но разговорот не поминува многу добро. Здравје: Ве мачи реума. ВАГА Работа: Задоволен сте како работата се одвива. Стигнуваат парите кои сте ги очекувале. Љубов: Размислувате за поранешниот партнер. Имате впечаток дека некои работи останале неразјаснети. Сакате да се видите и да ги разјасните. Здравје: Чувајте се од инфекции. ШКОРПИЈА Работа: Ве очекуваат работни промени. Започнувате работа на нов проект. Се чувствувате добро поради новиот предизвик. Љубов: Вљубени сте и посветени на партнерот. Сакате да добиете дете со него. Здравје: Проблеми со забите. СТРЕЛЕЦ Работа: Уживате во обврските. Поседувате знаење и скуство, а освен тоа сте енергични и самоуверени. Љубов: Не сте расчистиле со емотивното минато. За вас најдобро е да го оставите минатото и да се фокусирате кон иднината. Здравје: Стабилно здравје. ЈАРЕЦ Работа: Полни сте со позитивна енергија и уверени во успех. Реализацијата на плановите е олесната, затоа што добивате материјална помош. Љубов: Зинтересирани сте за личност која е во странство. Сметате дека далечината не е проблем. Здравје: Добро се чувствувате. ВОДОЛИЈА Работа: Вашите планови не наидуваат на разбирање на надредената личност. Смета дека се неупотребливи и ви сугерира да не ги правите. Љубов: Брачниот партнер е загрижен поради финансиите и сака со вас да разговара. Здравје: Стомакот е чувствителен. РИБИ Работа: Максимално сте сконцентрирани на работните планови и прилично успешни во нивната реализација. Не ве интересира што другите зборуваат за вас. Љубов: На партнерот му пружате целосна поддршка. Очекувате брзо да ги реши проблемите. Здравје: Внимавајте на исхраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dneven-horoskop-za-21-dekmvri-2020-bikot-se-somneva-a-rakot-silno-se-vrzal-so-partnerot/feed/ 0
Федерер, Роналдо и Меси се најдоа во Топ 5 најплатени славни личности за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/#respond Thu, 17 Dec 2020 08:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=444432

Престижниот американски магазин „Форбс“ објави ажурирано рангирање на најплатените познати личности во светот на крајот на 2020 година. Тројца спортисти се наоѓаат во топ 5 ранг-листа: тенисерот Роџер Федерер (3. место, 106,3 милиони долари годишно), како и фудбалерите Кристијано Роналдо (Јувентус, 4. место, 105 милиони долари) и Лионел Меси ( Барселона, 5. место, 104 милиони долари). Уште двајца спортисти се наоѓаат во Топ 10 на листата на Форбс: Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар (7. место, 95,5 милиони долари) и кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс (9. место, 88,2 милиони долари). Првото место на крајот на годината го зазеде моделот Кајли Џенер (590 милиони долари), втор беше раперот Кание Вест (170 милиони долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/feed/ 0