2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 10:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2021 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојкоски: Бранителите од 2001 од Ѓорче Петров конечно добиваат низа поволности за своите семејства https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/#respond Fri, 15 Sep 2023 10:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=878329

Бранителите од 2001 од Ѓорче Петров конечно добиваат низа поволности за своите семејства, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски. Бранителите од 2001 година се нашата гордост. Нивната храброст е лекција за сите како се сака државата и како се брани интегритетот. Советот на Општина Ѓорче Петров во изминатите две години носи одлуки во нивна чест, но и одлуки кои имаат за цел финансиско олеснување на секојдневието на нивните семејства. На предлог на претседателот на Советот на Општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска, којашто на една од изминатите седници ја поднесе иницијативата, советниците на денешната седница позитивно се изјаснија по точките посветени на овие македонски херои кои ги изгубија своите животи во конфликтот во 2001 година. Со денешната одлука, припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца се ослободуваат од плаќање на месечните износи на цените на услугите што ги дава детската градинка „Росица“ и износите за надоместоци на трошоци за престој во детската градинка. Оваа одлука се однесува на директните потомци на бранителите, односно за нивните внуци, бидејќи нивните деца се веќе возрасни. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства кои се родители на деца, имаат првенство на запишување на децата во детската градинка „Росица“. Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, кои се родители на деца кои учат во основно училиште на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, се ослободуваат од плаќање на трошоците за: -оброкот (ужинка) и оброците (појадок и ручек); -воннаставните активности утврдени со Годишната програма за работа на училиштето, кои се незадолжителни активности, а се однесуваат: на посета на театарски и кино претстави, концерти, фестивали, и други настани што се поврзани со воспитно-образовниот процес на учениците; на претплата за ученички списанија; за организирани екскурзии, летувања/зимувања. -Овие трошоци ќе бидат на товар на Општина Ѓорче Петров. -Со оваа одлука припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, жители на Општина Ѓорче Петров, се целосно ослободени и од обврската за плаќање на надоместокот за делумно уредување на градежното земјиште на територија на Општина Ѓорче Петров, за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Ѓорче Петров за: - станбени објекти за индивидуално домување (класа на намена „А1“) со вкупна површина до 100 m2 корисна нето површина за семејно домување во семејна куќа. Ослободувањето од обврската за плаќање може да биде искористено еднократно од страна на барателот. -Дадовме ветувања и ги остваривме. Бранителите ќе добијат и улици во Ѓорче Петров кои ќе ги носат нивните имиња. Македонските херои никогаш нема да бидат заборавени. Тие се столбот на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojkoski-branitelite-od-2001-od-gorche-petrov-konechno-dobivaat-niza-povolnosti-za-svoite-semejstva/feed/ 0
Продолжи комисиската расправа за завршната сметка на Буџетот за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/#respond Mon, 03 Oct 2022 11:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=740383

Обвинувања за капацитетите на власта за менаџирање на енергетската и економската криза и за ефектите од мерките од почетокот на ковид пандемијата, како и за слаба реализација на Буџетот, упатија пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на расправата во матичната собраниска Комисија за Предлог – завршната сметка на Буџетот за 2021 година. Членовите на Комисијата за финансирање и буџет од власта, пак, ги отфрлија обвинувањата и меѓу останатото побараа одговорност и конкретни мерки во справувањето со кризата и од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се во страв и неизвесност до каде се со она што го ветивте, дали ќе има храна и електрична енергија и по која цена, ќе има ли рецесија. Доаѓаме до инфлаторна рецесија, најлошата економска состојба. Час поскоро да се излезе со мерки што навистина ќе помогнат за стопанството, рече Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот колега Игор Здравсковски оцени дека „се случува колапс на економијата и дека спроведуваат безнадежни и безидејни решенија за привремен спас на Владата“. -Со ваков однос на Владата ќе биде многу тешко да се преживее и наредната година бидејќи ние според овие бројки и извештаи се немаме опоравено од ковид кризата, рече Здравковски, повикувајќи ги пратениците од власта да се одважат и да ги прифатат предлозите на опозицијата за носење на клучните решенија во наредниот период. Коментирајќи ја завршната сметка за 2021 година, рече дека намалувањето на невработеноста се должи на иселувањето од државата, а зголемените приходи од наплатата на даноците на инфлацијата. Меѓу останатото забележа дека бројките од завршната сметка ја потврдиле слабата реализација на капиталните инвестиции, но и зголемувањето на наплатата од казни. Реплицирајќи, пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, пак, посочи дека следи тешка година и ги повика опозициските пратеници да не ги блокираат важните закони за да справиме со тековните кризни состојби. -Тешки одлуки треба да носат и Владата и министрите, но и градоначалниците што доаѓаат од вашите редови. Нивна задача не е само да седат во фотелјите и да вработуават, а од друга страна да кажуваат дека имаат високи сметки за струја, туку да работат, да соработуваат и со бизнис секторот, како и да направат некои мерки за да ги заштитат граѓаните, да намалат некои нивни приходи, како што се данок на имот, паркинзи. Да си работат со план, да си стават фотоволатици на институциите во општините со што ќе заштедат енергија. Кога ќе работат плански и систематски ќе имаат многу висок степен на реализација ќе работат добро и нема постојано да бараат помош од државата, рече Маркоска. Според Маркоска, неосновани се тврдењата дека Владата е неспособна за реализација на Буџетот, за што бројките во нагорна линија и тој добро се проектира, а падот на стапката на невработеност не се должи на иселувањето, туку на владините мерки за вработување. Во Предлог-завршната сметка е наведено дека во 2021 година бруто-домашниот производ забележа раст од 4 проценти на реална основа, што е во рамки на предвидувањата. По падот од 1,8 проценти во првото тримесечје, економската активност забележа висок раст од 13,4 проценти во второто тримесечје, проследен со раст од 3 проценти и 2,3 проценти во третото и четвртото тримесечје, соодветно. -Растот на домашната економија во 2021 година е одраз на подобрената епидемиолошка состојба и мобилност, поповолното меѓународно опкружување, помалата воздржаност за потрошувачка и владините мерки за поддршка на економијата, рече заменик министерот за финансии Филип Николовски на првиот ден од расправата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-komisiskata-rasprava-za-zavrshnata-smetka-na-budzetot-za-2021-godina/feed/ 0
ОН: Минатата година низ светот убиени повеќе од 140 хуманитарни работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=717719

Повеќе од 140 хуманитарни работници се убиени во 2021 година, соопшти денеска Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања со седиште во Женева. Бројот хуманитарни работници убиени за време на конфликт или како последица на напад, е највисокиот од 2013 година наваму, се појаснува во соопштението на организацијата што ги координира хуманитарните активности во случај на глобални хуманитарни кризи. Повеќето од убиените биле застрелани, додека втора најчеста причин за смртта е последица на воздушни напади или гранатирање, најчесто во Сирија. Минатата година биле ранети 203 хуманитарни работници, а 117 биле киднапирани. Што се однесува на тековната календарска година, од јануари досега се регистрирани 168 напади врз хуманитарни работници, при што се убиени 44 од нив. „Хуманитарните потреби се поголеми од кога и да било, а хуманитарните работници работат во уште поопасна средина“, рече потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс. Најопасни земји за хуманитарните работници се Јужен Судан, Авганистан и Сирија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. „Повеќе луѓе ширум светот имаат потреба од хуманитарна помош од кога било досега, а 300 милиони од нив живеат во кризни региони“, изјави портпаролот на агенцијата Јенс Лерке. Иако донаторите обезбедуваат повеќе помош од кога било досега, потребите секојдневно растат, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/feed/ 0
Бројот на починати лани зголемен за 10,7 отсто, најчести причини за смрт се кардиоваскуларните болести и Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/#respond Wed, 15 Jun 2022 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=691206

Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3 212). Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9 %, а потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 со 20.6 %, неоплазмите со 13.8 %, кај 5.8 % причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2 % се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brojot-na-pochinati-lani-zgolemen-za-10-7-otsto-najchesti-prichini-za-smrt-se-kardiovaskularnite-bolesti-i-kovid-19/feed/ 0
На патиштата низ САД лани погинале 43.000 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-patishtata-niz-sad-lani-poginale-43-000-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-patishtata-niz-sad-lani-poginale-43-000-lica/#respond Tue, 17 May 2022 17:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=678025

На патиштата низ САД минатата година погинале речиси 43.000 лица, што е најголем број на настрадани во последните 16 години и скок од 10 отсто. Ова е најголем раст откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) го почна својот систем за собирање податоци за смртните случаи во 1975 година. Американското Министерство за транспорт соопшти дека се соочува со криза на патиштата. Управата за безбедност на патиштата ги повика државните и локалните власти и возачите да се приклучат кон напорите за запирање на растечкиот број на жртви. Прелиминарните податоци што денеска ги објави Управата покажуваат дека минатата година во сообраќајни несреќи загинале 42.915 лица, наспроти 38.824 во 2020 година, а конечните податоци ќе бидат објавени есенва. Бројот на загинати во сообраќајот почна да расте во 2019 година. Управата за ваквата состојба ги обвини несовесните возачи за време на пандемијата, а највиновно е брзото возење и возењето без појас. Пред 2019 година, бројот на погинати на патиштата опаѓаше три години по ред. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-patishtata-niz-sad-lani-poginale-43-000-lica/feed/ 0
Десетте најбогати луѓе во светот во 2021 година заработиле вртоглави 402 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/desette-najbogati-lugje-vo-svetot-vo-2021-godina-zarabotile-vrtoglavi-402-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/desette-najbogati-lugje-vo-svetot-vo-2021-godina-zarabotile-vrtoglavi-402-milijardi-dolari/#respond Sun, 02 Jan 2022 10:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=615537

Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Блумберг. Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката, според индексот на милијардери на Блумберг. Основачот на Tesla и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок. Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само“ 4,5 милијарди повеќе од минатата година. Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, со која во август стави крај на 27-годишниот брак, наводно има 11,4 милијарди долари. Ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ во 2021 година влезе во клубот на луѓето кои имаат 12-цифрено богатство, додавајќи 47 милијарди долари на своите 83 милијарди долари. На таа листа се впиша и неговиот колега Сергеј Брин, кој заработи уште 45 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 125 милијарди долари. Во збогатувањето на американските милијардери се приклучи и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија во светот која тргува со луксузни производи. Заработил дополнителни 61 милијарда долари, а сега поседува вкупно 176 милијарди долари. Арно е единствениот надвор од САД кој влезе на листата на милијардери на Блумберг за 2021 година. Сите десет на таа листа поседуваат повеќе од 100 милијарди долари. Единаесетта на листата, исто така Французинка, е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на империјата Лореал која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена на светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/desette-najbogati-lugje-vo-svetot-vo-2021-godina-zarabotile-vrtoglavi-402-milijardi-dolari/feed/ 0
Неверојатни научни откритија во 2021 година, ниту едно не е поврзано со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatni-nauchni-otkritija-vo-2021-godina-nitu-edno-ne-e-povrzano-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatni-nauchni-otkritija-vo-2021-godina-nitu-edno-ne-e-povrzano-so-koronavirusot/#respond Sun, 02 Jan 2022 08:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=615480

Изминатата година беше полна со научни откритија, дури и ако се исклучат сите оние поврзани со коронавирусот, јави агенцијата Хина. Во 2021 година, научниците направија голем напредок во лекувањето на многу болести, а некои од нивните откритија се револуционерни. Следуваат шесте најинтересни научни откритија. Медицински психоделици Во последните години, лековите со психоделични ефекти дадоа ветувачки резултати во лекувањето на неколку ментални болести, а две студии спроведени во 2021 година само дополнително ја потврдија нивната ефикасност во комбинација со терапија. На луѓето кои страдаат од ПТСН, МДМА или ектазија, може да им го олесни секојдневниот живот. Во третата фаза од клиничкото испитување, чии резултати беа објавени во научното списание Nature Medicine, 67 проценти од пациентите кои примале MDMA заедно со терапија со разговор доживеале такво подобрување што веќе не биле подобни за дијагноза два месеци по третманот. Паралелно е истражуван и псилоцибинот, активната состојка во „волшебните“ печурки. Тоа истражување покажа дека терапијата со помош на халуциноген значително ги намалува симптомите на депресијата која инаку е отпорна на третман. Во една претходна студија за псилоцибин како лек за депресија (април во однос на ноември), две сеанси со психоделици дејствувале „најмалку исто толку добро“ како и дневна доза на антидепресивот есциталопрам. Тест на крвта кој открива 50 видови на рак Новооткриената технологија може да открие повеќе од 50 видови на рак во рана фаза, врз основа на само едно земање крв. Овој метод се нарекува тест Галери и е развиен од биотехнолошкиот гигант Илумина. Овој метод бара фрагменти од ДНК во крвта кои би можеле да сигнализираат за присуство на рак. Овие фрагменти, исто така, можат да го лоцираат туморот со висока точност, што на пациентот му дава голема предност во дијагнозата и третманот. Во клиничка студија во која беа вклучени луѓе на кои веќе им беше дијагностициран рак, тестот Галери идентификуваше 51,9 отсто од канцерите, без оглед на нивната фаза. Овој тест би можел да биде исклучително корисен за откривање на карциноми кои не биле дијагностицирани при редовни прегледи. Лекарите велат дека Галери и слични тестови мора да го подобрат нивото на чувствителност, но штом тоа ќе се случи, ќе бидат од голема корист за луѓето бидејќи би можеле да ги избегнат последиците што ги предивзикува хемотерапијата на телото. Прв третман за прогерија Прогерија е генетска болест која предизвикува предвремено стареење кај приближно 400 деца ширум светот. Засега нема третман за забавување на болеста, која во повеќето случаи е фатална по 13-тата година од животот. Новиот лек, развиен во 2021 година, може да го продолжи животниот век на децата родени со оваа состојба за околу две и пол години. Тоа е првиот и единствен лек за Хачинсон-Гилфорд синдром на прогерија одобрен од ФДА. Дејствува така што спречува акумулација на мутирани протеини. Ваквите неисправни протеини се нарекуваат прогерини и предизвикуваат клеточна смрт и го оштетуваат срцето и коските. Децата со оваа дијагноза обично умираат од срцева слабост или мозочен удар. Имплант за заздравување на предниот вкрстен лигамент Предниот вкрстен лигамент е најчест извор на повреда на коленото, според извештајот од 2016 година во Списанието за клиничка ортопедија и траума. Иако ова е честа повреда, може да биде многу тешка за санирање, и поправањето на пукнатиот преден вкрстен лигамент може да бара повеќе операции, па дури и целосна реконструкција. Ова, пак, бара отстранување на здрава тетива за трансплантација и долго закрепнување. Новоразвиениот имплант за колено, неодамна одобрен од ФДА, може да го стимулира предниот вкрстен лигамент да се лекува. Тоа го тврди д-р. Марта Мареј, главен ортопедски хирург во Бостонската детска болница, во соопштение за печатот. Револуционерниот имплант е направен од колаген од говеда и капки крв на пациентот и ги поврзува пукнатите делови на предниот вкрстен лигамент. Постапката за вметнување е минимално напорна, а заздравувањето е побрзо од реконструкцијата. Таблета против габична инфекција Антигабичната пилула е првиот нов антифунгален лек во последните 20 години. Го запира растот на кандида, габа која предизвикува вагинални габични инфекции. Третманот за габични инфекции обично функционира без рецепт, но понекогаш може да потрае долго време. Новиот лек обезбедува чекор напред од постоечките антифунгални лекови. Формула за вештачко млеко слична на мајчиното млеко Двајца научници го развија првото лабораториски создадено мајчино млеко. Тоа е направено со клетки со хранливи компоненти и сложеноста на мајчиното млеко. Се состои од млечни клетки лоцирани во млечните жлезди. Млекото се вика Biomilq и е нутритивно покомплексно од претходните формули. Сепак, научниците кои стојат зад ова откритие не тврдат дека тоа е совршена замена за мајчиното млеко бидејќи не ја одразува исхраната на мајката или не ја пренесува имунолошката заштита од мајка на дете. Овој производ треба да им биде достапен на родителите за три години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatni-nauchni-otkritija-vo-2021-godina-nitu-edno-ne-e-povrzano-so-koronavirusot/feed/ 0
Човечето кое не знаеше да каже НЕ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/chovecheto-koe-ne-znaeshe-da-kaze-ne/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/chovecheto-koe-ne-znaeshe-da-kaze-ne/#respond Thu, 30 Dec 2021 10:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=614848

-Сакаш ли да владееш со Македонија, иако не си го заслужил тоа, да бидеш премиер без да победиш на избори? –ДА! -Ќе го смениш ли вековното име на Македонија и Уставот само за да останеш на власт? –ДА! -Желни, спремни и волни ли се и тие неспособни суртуци околу тебе збрани да продадат се’ што е македонско, а за возврат да си ги полнат џебовите ко никогаш пари да не виделе? –ДА! -Ветуваш ли дека ќе немаш проблем да ја ставиш Македонија во апсолутно подредена позиција во однос на Бугарија и Грција, а на Албанците ќе им дариш неаргументирана двојазичност? – ДА! -Свесни сте дека сте тотално, апсолутно неспособни за водење држава, дека ќе ја урнисате економијата, ќе испоумрете еден куп народ, ама вие сте подготвени и согласни со сето тоа само заради власт? –ДА! -Разбираш ли дека вака веќе не ич  ја бива работава, дека ја прекардашивте, уништивте се’, па ќе мораш демек да си заминеш, ама на свое место ќе наместиш еден Таче да ја води државата и партијата? –ДА!   Кус, кроки 5-годишен политички животопис на премиерот кој не знаеше да каже НЕ. Велат, и ќорава кокошка ќе клукне по некое зрно. Така и Филипче еднаш кажа вистина. Да, глаголаше дека Заев бил човек кој не знаел да рече НЕ. Ок, Венко го утна контекстот, демек ЗЗ тоа  НЕ не знаел да го рекне за потребите на здравството, ама Македонците се свесни дека тука некој саглам лаже, затоа што поруинирано здравство не сме имале никогаш. Или, можеби и Зоче давал, ама парите чудесно, онака магично-комуњарски ги снемувало? Јок, не може затоа што пари веќе нема, се’ стопија лепливите прсти на северџаните... ДА, Зоран е  дефинитивно човекот кој не знаеше да каже НЕ. Затоа, пустиот и ќе остане омилен лик кај нашите соседи и меЏународната заедница. А, кој не би посакал таква бедотија од политичар кој ќе стори се’ само и само за да остане на власт. Без никаква друга идеја што да прави со неа, но важно е да биде премиер, а останатите му неспособњаковиќи дарени со Данинг - Кругеров ефект министри, директори, советници... Интересно и парадоксално ко и се во СДССССС, лик кој е вљубен во ликот и делото на Јосип Броз Тито (оти така му кажале де) познат по ТИТОВОТО „НЕ“,  ќе остане запаметен по ЗАЕВОТО „ДА“. Во серија... Замислете, колку ќе беше поинаку, макар еднаш Црпко да кажеше НЕ? Ама, тогаш, ЗЗ немаше да биде тој што е, ниту СДССС оние кои што се. А ние? Е ние се’ уште ќе бевме она што СМЕ и што повторно ќе бидеме, но откако ќе ги прележиме малите северџаници (сипаници). Чуму мали? Епа, Заев беше од големите северџаници, а муабетот директно произлегува од патетиката на неговиот пулен и наметнат наследник Ковачевски. Што би рекле, акординг ту Ќуран... Оти, Таче со пиетет и восхит најави дека тој и неговата маленкост ќе се занимавале со МАЛИТЕ работи, затоа што Зоче Велики ги „решил“ ГОЛЕМИТЕ . А, ако Таче ги „решава“ онака као што ги „реши“ Зоче, црно ни се пишува, знаете. Затоа, ајде 2022-та, која нормално си доаѓа по 2021-та (само тоа не го урнисаа Заевци) година во која ги прележавме големите северџаници кои полека но сигурно одат во историјата, да завршиме со пандемијата на Корона и епидемијата на Заевизам и напливот на мали северџаници. Иљачот го имаме, го испробавме во октомври. Делува, проверено и одлично. Среќна Нова 2022.година и дај Боже 2023 да ја дочекаме живи и здрави во една поубава и повистинска МАКЕДОНИЈА. Оти, само таа е вечна...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/chovecheto-koe-ne-znaeshe-da-kaze-ne/feed/ 0
Георгиевски и Акиевска најдобри македонски спортисти за 2021 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-i-akievska-najdobri-makedonski-sportisti-za-2021/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-i-akievska-najdobri-makedonski-sportisti-za-2021/#respond Wed, 29 Dec 2021 21:25:52 +0000 https://kurir.mk/?p=614682

Сребрениот олимписки медал на таеквондистот Дејан Георгиевски му го донесе признанието „Најдобар македонски спортист за 2021 година“, а наградата во женска конкуренција ја освои Мери Акиевска која освои четири златни медали на Светското првенство во фитнес и боди билдинг. – Нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата татковина. Благодарност до сите и до целата македонска јавност за пречекот на плоштадот во Скопје. Вие и Македонија сте мојот мотив да продолжам со нови успеси, одиме (на Олимписките игри) по злато, изјави Георгиевски, кој на игрите во Токио го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми и на македонскиот спорт му го донесе првиот олимписки медал по пауза од 21 година. Наградата на Георгевски на 67. по ред традиционална манифестација „Спортист на годината“, што вечерва се одржа во Македонскиот народен театар, му ја врачи шефот на државата, Стево Пендаровски. Наградата „Најдобра спортистка за 2021 година“ ја освои Мери Акиевска, која освои четири златни медали на Светското првенство во фитнес и боди билдинг. – Огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет за големата поддршка, како и до мојот фитнес клуб „Магнус“. Од овој момент можам да ветам дека заедно со мојот стручен тим ќе се подготвуваме барем уште еднаш да го повториме овој успех и македонската химна повторно да ечи и сите да ја слушаат, изјави Акиевска на свеченоста во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија. За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски. Најуспешен млад спортист за 2021 година е Столе Смилковски (карате), додека, во женска категорија, најуспешна млада спортистка е Ива Младеновска (ракомет). Наградата за најдобар тренер припадна на Борче Костовски (таеквондо) Најуспешен машки национален тим за 2021 година, според АМС, е Фудбалскиот национален тим, додека од женските национални тимови најдобра е Кадетска ракометна репрезентација. Најуспешна национална спортска федерација е Македонска Таеквондо федерација Најуспешен училишен спортски клуб во основно образование е „Кире Гаврилоски – Јане“ од Прилеп, додека, во средното образование најуспешен спортски клуб е „Свети Наум Охридски – 2018“ од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-i-akievska-najdobri-makedonski-sportisti-za-2021/feed/ 0
Дејан Георгиевски најуспешен спортист на Град Скопје за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dejan-georgievski-najuspeshen-sportist-na-grad-skopje-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dejan-georgievski-najuspeshen-sportist-na-grad-skopje-za-2021-godina/#respond Tue, 28 Dec 2021 12:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=614061

Освојувачот на сребрен медал на Олимипјадата во Токио, членот на таеквондо клубот Бутел, Дејан Георгиевски е прогласен за најуспешен спортист на Град Скопје за 2021 година. – Се надевам дека во 2022 година ќе остварам уште подобри резултати, а на сите наши спортисти им посакувам успешна следна година и повеќе норми за големите натпреварувања, изјави македонскиот медалист од Игрите во Токио. На денешната свеченост во градското собрание, наградата на Георгиевски му ја додели градоначалничката Данела Арсовска. – Град Скопје, како и досега и во иднина ќе дава поддршка на спортистите. На сите освојувачи на признанијата им честитам од мое и од името на советниците и им посакувам многу успеси во идните настапи, рече Арсовска. Од второто до 10.место во категоријата најуспешни спортисти во сениорска категорија се најдоа: борачот Могамед Нуров, кикбоксерката Викторија Варадинова, кикбоксерот Бобан Илиоски, каратистите Петар и Симона Заборски, маратонецот Дарио Ивановски, пливачот Филип Дерковски и маратонката Адријана Поп Арсова. Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија: Стефан Стојановиќ (карате), Столе Смилковски 9карате), Марија Спировска (борење), Мери Акиевска (фитнес), Миа Тодоровска (кикбокс), Калин Ивановски (тенис), Миа Блажевска- Еминова (пливање), Антонија Белазелкоска (карате), Мила Младеновска (карате) Александра Симева (тенис). Најуспешен тренер е Борче Костовски од таеквондо клубот Бутел. Анте Гаџа од РК Вардар е најуспешен странец кој игра за екипа од Скопје. Андреј Стојановски и Стоилко Стоицев се најуспешни спортисти во категоријата на лица со попреченост. Најуспешен перспективен млад спортист – кадет е тенисерот Амар Хусеиновиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dejan-georgievski-najuspeshen-sportist-na-grad-skopje-za-2021-godina/feed/ 0