2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2023 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски аикидоки на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=891605

Третите по ред Светски борбени игри годинава се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. На нив ќе учествуваат и двајца Македонци. -Во делот за презентација на боречката вештина Аикидо на овие Игри, што е под координација на Меѓународната аикидо федерација (IAF), учесници ќе има и од Македонија, што е воедно и прва официјална активност на македонски аикидоки на Меѓународната сцена по нашето зачленување во Меѓународната аикидо федерација во 2020 година, информира аикидо мајсторот Дамјан Цингарски од Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија (www.aikido.mk). Со Цигарски во Ријад ќе биде и аикидо мајсторот Трајко Манасиев од Националниот аикидо сојуз на Република Северна Македонија,. Двацата повеќе од 20 години се занимаваат со аикидо и работат на неговиот развој и промоција во земјава и во странство. Аикидо вештината нема натпреварувачки карактер па затоа и двајцата македонски мајстори ќе учествуваат во демонстративниот дел за претставување на аикидо вештината, заедно со учесници од целиот свет. Светските борбени игри (World Combat Games) се меѓународен настан со повеќе борбени спортови и боречки вештини. Игрите беа основани од SportAccord (сега позната како Глобална асоцијација на меѓународни спортски федерации - GAISF) како начин да се прикажат различните боречки вештини и борбени спортови на меѓународната публика. Светските борбени игри се исто така придружени со културна програма која ги рефлектира древните традиции и вредности на боречките вештини, како и нивниот придонес во современото општество. Игрите се признати од Меѓународниот олимписки комитет. Првите светски борбени игри се одржаа во 2010 година во Пекинг, со натпревари за бокс, џудо, џу-џицу, карате, кендо, кик-бокс, саншоу, муај тај, самбо, сумо, таеквондо, борење, вушу и демонстрација на аикидо. Учествуваа над 1000 спортисти од сите пет континенти. Приближно исто толку волонтери помогнаа да се одржи настанот. Во текот на осумте натпреварувачки дена беа доделени 118 златни медали. Вторите светски борбени игри се одржаа во Санкт Петербург. На овие Игри дебитираа спортовите савате и меч. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/feed/ 0
Во оваа македонска општина се роди првото бебе во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ovaa-makedonska-opshtina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ovaa-makedonska-opshtina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-2023-godina/#respond Thu, 05 Oct 2023 08:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=885469

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина. Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството. -Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред. Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка. Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството. Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев. Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри. -Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба. Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница. Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство. Во средината на идната година се очекува враќање од специјализација на четири гинеколози. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-ovaa-makedonska-opshtina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-2023-godina/feed/ 0
„Буџетот за 2023 е инфлаторен, планиран на база на инфлација, наплатата се намалува, во делот на приходите ќе недостасуваат 300 милиони евра“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budhetot-za-2023-e-inflatoren-planiran-na-baza-na-inflatsija-naplatata-se-namaluva-vo-delot-na-prihodite-ke-nedostasuvaat-300-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budhetot-za-2023-e-inflatoren-planiran-na-baza-na-inflatsija-naplatata-se-namaluva-vo-delot-na-prihodite-ke-nedostasuvaat-300-milioni-evra/#respond Mon, 04 Sep 2023 19:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=874518

„Ако ја погледнете фискалната стратегија, во однос на претходната ќе забележите дека во делот на даночните приходи дури имаме и намалување, за разлика од тоа имаме раст на придонесите во делот на наплата на приходи што повеќе од јасно кажува дека оваа Влада очигледно иднината ја гледа преку раст на плати, а во делот на даночните приходи никакви промени“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното гостување во „Интервју 24“ на Телевизија 24. Таа додаде доколку се погледне Буџетот ќе се види дека околу 300 милиони евра ќе фалат во делот на приходите во однос на тоа што беше буџетирано. „Во исто време спомнуваат дека имаат борба со сива економија, ќе воведуваат е фактура што би значело на некој начин намалување на сивата економија. Но ако ги погледнеме бројките и видиме дека даночните приходи малку ги намалуваат во однос на претходно тоа јасно кажува дека тие немаат воопшто никаков концепт за борба со сивата економија“, кажа Димитриеска Кочоска. Таа истакна дека ДДВ-то за 2023-та година е со катастрофална наплата односно во суштина на исто ниво како со 2022-ра година и нема никакви промени. „Проблемот укажува, ние и на почеток зборувавме дека Буџетот е исклучиво за 2023-та година планиран на база на инфлација и е инфлаторен и ништо повеќе од тоа. Во самата фискална стратегија зборуваат дека веќе потрошувачката кај населението се намалува, тоа е како резултат на високите цени и куповната моќ се намалува“, изјави Димитриеска Кочоска. Таа кажа дека доколку се планира поголема наплата на придонесите тогаш значи дека се очекува повисока инфлација па затоа платите да растат или пак е во прашање демографскиот проблем „Ако планирате поголема наплата на придонесите во периодот што следи тоа значи дека или вие очекувате и понатаму висока инфлација па како резултат на тоа платите да растат или пак имаме друг проблем кој е реален проблем во Македонија, а тоа е демографскиот да кажеме се повеќе имаме иселување од Македонија и се помалку деца се раѓаат меѓутоа ако немате политика како да ги задржите младите и да го спречите иселувањето природно доаѓа до притисок и зголемување на платите“, потенцираше Димитриеска Кочоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/budhetot-za-2023-e-inflatoren-planiran-na-baza-na-inflatsija-naplatata-se-namaluva-vo-delot-na-prihodite-ke-nedostasuvaat-300-milioni-evra/feed/ 0
Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме целосен распад на системот, матурата не е спроведена како што треба, пробиени се тестови, потребен е рестарт на системот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne-imame-tselosen-raspad-na-sistemot-maturata-ne-e-sprovedena-kako-shto-treba-probieni-se-testovi-potreben-e-restart-na-sistemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne-imame-tselosen-raspad-na-sistemot-maturata-ne-e-sprovedena-kako-shto-treba-probieni-se-testovi-potreben-e-restart-na-sistemot/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=844563

При спроведувањето на матурата и оваа година повторно се потврди неспособноста на државните институции, но и на сите официјални учесници во процесот, за спроведување на обврските, велат во партиското соопштение од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ за матурата 2023 година. Веста дека се пробиени тестовите по англиски јазик треба официјално да ја потврди ДИЦ, и директорката на ДИЦ тврди дека од ДИЦ тестови не се излезени, но излезените скриншотови од договарањата по вибер групите се сигурен доказ дека матурата не е спроведена така како што треба. Според добиените информации, најмалку 7000 средношколци препишувале, односно се договарале. Се зборува дека ситуацијата била слична и на испитот по македонски јазик. Сето ова укажува на комплетен распад на системот и драстично менување на вредносниот систем како на учениците, така и на учесниците во процесот на матурата. Очигледно е дека институциите веќе не се во состојба да си ги извршуваат обврските и потребен им е итен рестарт, стои во соопштението на комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-obrazovanie-i-nauka-na-vmro-dpmne-imame-tselosen-raspad-na-sistemot-maturata-ne-e-sprovedena-kako-shto-treba-probieni-se-testovi-potreben-e-restart-na-sistemot/feed/ 0
Пред Македониумот свечено е отворена манифестацијата „Крушево град на културата за 2023“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/#respond Sat, 27 May 2023 09:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=839329

Со претставување на големиот македонски уметник, сликарот Никола Мартиновски во галеријата Мартиновски и со концерт пред Македониумот синоќа во Крушево беше официјално отворена манифестацијата „Крушево, град на културата“ под мотото „Крушево – жив тестамент на културата“. Манифестацијата беше отворена пред амбасадори, посетители, граѓани, пред пријатели на Крушево. Бисера Костадиновска Стојчевска -На Крушево му требаше само една формална титула за Град на културата, зашто Крушео, самото по себе е живописно, уникатно и е жив тестамент на културата на историјата, на нашиот идентитет. Оваа година славиме 120 години од Илинденското востание и Крушево уште еднаш ќе биде центар на вниманието, како што и заслужува. Оваа, ќе ја наречам круна, е само оддавање признание на сите вредности кои Крушево ги носи, изјави министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која и официјално ја отвори манифестацијата. Крушево Стојчевска Костадиновска Гир Градот ќе понуди околу 60 културни настани кои двојно ќе ја зголемат посетеноста на највисокиот историски и туристички град во земјава. - Низ цела година, започнувајќи сега официјално, имаме околу 60 настани, различни содржини, манифестации кои ќе ни се случуваат 365 дена. Имаме културни, историски, ликовни, музичко сценски настани, меѓународни натпреварувања, спортски настани кои пак ќе донесат многу посетители отсекаде кои ќе моѓе да ги слушнат историските и културни приказни на Крушево. Ги имаме музеите, спомениците. Ги промовираме ликовите на големиот уметник Никола Мартиноски, на големиот Тоше Проески, ги имаме Македониумот, музеите, традициите. Сега очекуваме уште поголем број посетители да ги запознаеме со вредностите на Крушево, рече градоначалникот Томе Христоски. Двојно поголема посетеност очекува и директорот на Историски музеј од Крушево, Тома Тана. -Крушево е нашата историја. Имаме шест музеи, шест споменици на историјата и културата и очекуваме голема посетеност. Музеите постојано се отворени за посета и да ги раскажат приказните, изјави Тома Тана. Концертот „Безвременска хармонија“ со евергрини пред Македониумот во чест на отворањето на манифестацијата „Крушево-град на културата“ го изведе Камерниот оркестар на Битола во придружба на хор и единаесет солисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pred-makedoniumot-svecheno-e-otvorena-manifestatsijata-krushevo-grad-na-kulturata-za-2023/feed/ 0
Вонредни локални избори на северот на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-lokalni-izbori-na-severot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-lokalni-izbori-na-severot-na-kosovo/#respond Sun, 23 Apr 2023 08:26:40 +0000 https://kurir.mk/?p=826550

Граѓаните со право на глас во четирите општини на северот на Косово, населени главно со Срби - Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, денеска избираат нови градоначалници, а во Лепосавиќ и Звечан ќе гласаат и за новиот состав на општинските собранија. Изборите се организираат откако градоначалниците на тие општини од редовите на Српската листа, поднесоа оставки во ноември минатата година, во знак на противење на одлуката на Владата на Косово да се пререгистрираат автомобилите со нелегални српски таблички во РКС - Република Косово. Изборите ги бојкотира најголемиот политички субјект на косовските Срби, Српската листа. Таа наведува дека изборите се недемократски и повикува „на 23 април сите избирачки места да бидат празни, што ќе испрати јасна порака до Приштина и меѓународната заедница“. Европската унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти вчера портпаролот на ЕУ, Петер Стано. „Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири северни општини и покрај тоа што изборите беа одложени од декември за април и е продолжен крајниот рок за поднесување на кандидатурите“, потенцира Стано, пренесува Радио Слободна Европа. Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод изборите вчера изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини. „Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот глас. Затоа, изборите на 23 април се важен момент за вас и за иднината на вашите општини, а правото на глас е загарантирано со Уставот и законите, за да уживаат сите граѓани на Косово, без разлика“, рече косовската претседателка. Таа подвлече дека со својот глас граѓаните на општините на северот на Косово ќе се осигурат дека избраните претставници директно ќе се занимаваат со прашањата кои влијаат на нивните животи и ќе создадат перспектива за сите. „Меѓутоа, сакам да ве уверам дека косовските институции прават се за овие избори да бидат слободни и фер и дека вашата безбедност е загарантирана. Затоа ве повикувам да ги одбиете оние што доаѓаат кај вас со закани и уцени и ве охрабрувам со своето учество на локалните избори на 23. април, да испратите силна и јасна порака“, се вели во пораката на претседателката на Косово. Српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на изборите и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“. „Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да гласаат и да им изберат власт во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Што ќе се случи потоа, ништо, целосна окупација што луѓето се веќе подготвени, навикнати, научени, ќе бидат мирни, одговорни, ние ќе исплатуваме плати како и досега, ќе се бориме за нив уште повеќе, ќе им го подигнеме стандардот и ќе чекаме некои подобри времиња во кои ќе важи повелбата на ОН и меѓународното јавно право“, рече Вучиќ. Тој повтори дека Србите во Косово досега учествувале во неколку изборни циклуси, а дека тоа не требало да го сторат пред да се формира Заедницата на српските општини. „Изборите се спроведуваат со придружба на 550 вооружени полицајци, од декември до јануари се застрелани две деца, извршени се неколку напади врз Срби, а некој од Европа тврди дека е разочаран“, рече Вучиќ и ги повика Србите на единство. Косовската полиција соопшти дека ги презела сите мерки за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес. Како што се наведува во соопштението од полицијата, мерките се преземени врз основа на оперативно планирање и во координација со претставници на надлежните институции, вклучително и Централната изборна комисија (ЦИК). Целта на тоа планирање и координација, додава полицијата во соопштението, е спроведување на оперативен план кој има за цел да создаде безбедна и мирна средина за сите граѓани на Косово, пред, за време и по изборниот процес. „Гаранција на избирачкото право, заштита на животот и имотот, спречување на негативни појави и криминални дејствија кои би ја загрозиле безбедноста, мирот и стабилноста во било која мерка, како и преземање законски мерки против незаконски и други дела, се задачи на косовската полиција, се наведува во соопштението. Надлежните институции ги повикаа сите граѓани да соработуваат со косовската полиција, државното обвинителство, ЦИК и да ги пријават сите незаконски случаи поврзани со безбедноста, изборниот процес или други, а како што е наведено, тие пријави ќе се третираат доверливо, а можат и да бидат испратени и до Државното обвинителството, ЦИК и полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vonredni-lokalni-izbori-na-severot-na-kosovo/feed/ 0
Почнува Саемот на мебел 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-saemot-na-mebel-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-saemot-na-mebel-2023/#respond Wed, 29 Mar 2023 05:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=817531

Преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти ќе бидат претставена на годинашниот Саем за мебел, кој се отвора денеска, во Скопје, во комплексот „Борис Трајковски”. -На едно место во монтажни објекти и во внатрешниот простор на комплексот ќе може да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот, најавува Скопски саем. Организрани се и групни посети на Саемот од сите градови од земјава и регионот. Саемот за мебел ќе трае до 2. април со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-saemot-na-mebel-2023/feed/ 0
Дневен хороскоп за 8-ми март 2023 https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-8-mi-mart-2023/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-8-mi-mart-2023/#respond Wed, 08 Mar 2023 08:31:49 +0000 https://kurir.mk/?p=809361

Овен Не сте доволно упорни, пребрзо се откажувате. Чувствувате дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство е моментално лошо расположение, па не правите потези за кои подоцна ќе зажалите. Бик Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее. Близнаци Добивате вести за дополнителни приходи на кои не сте сметале. Тоа е доволна причина да се вооружите со нова мотивација и уште поентузијастички да се фатите за работа. Не преоптоварувајте се со рационални можности, за да не заврши сè да ве совлада. Рак Не правете непријатели меѓу луѓето од кои зависите. Тензијата се комплицира, влегувате во конфликти со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне во надолна патека доколку не се потрудите и дополнително работите на смирување на тензијата што ја зафати. Лав Незадоволството во работната средина се пренесува и на вашиот приватен живот. Иако работата е важна, вие премногу се вклучувате и сето тоа почнува да влијае на односите во вашето семејство. Еден од домашните може да биде многу несреќен поради вашите критики, смирете го притисокот. Девица Под голем притисок сте и од вас се очекува да спроведете непопуларни мерки. Со вашето присуство нема да можете да спречите живи дискусии во кои ќе има остри зборови. Заземете став и кажете ги вашите намери без да кажувате премногу зборови.
Вага Ако се грижите да го покажете целиот свој потенцијал, најдете луѓе кои ќе ви помогнат во тоа. Не трошете време да се расправате со неважни луѓе, бидејќи на тој начин само трошите енергија која ќе ви биде потребна кога најмалку очекувате. Шкорпија Нема место за вас, а имате премногу работа. Не сте во можност да одговорите на сите обврски, што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете се што може да чека поповолен момент. Стрелец Бидете трпеливи и доследни денес. Иако е неопходна целосна концентрација, ве обзема замор и поспаност. Ако не попуштите, ќе направите сериозни грешки кои ќе ги трпат последиците. Покрај тоа, бидете внимателни на улица и во сообраќајот. Јарец На љубовен план ви претстои позитивна промена. Ситуацијата се подобрува. Поради интензивните деловни обврски, слободното време ќе го поминувате работејќи, па оваа разделба од партнерот ќе донесе стимул за наредниот период. Водолија Поминувате непотребно време организирајќи го патувањето и не сте сигурни дека се е изводливо. Не сте ги завршиле најважните работи. Проверете ги документите, условите за патување и средствата што ви се потребни. Прегледите може да ви го комплицираат денот. Риби Време е за пауза. Запознавањето со пријателите кои во минатото биле дел од вашето секојдневие го подобрува вашето расположение. Изобилството теми и релаксирачки разговори можат да бидат еден вид магична формула за експресно закрепнување од сето она што ве изморувало во минатото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-8-mi-mart-2023/feed/ 0
Февруари просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fevruari-prosechen-do-topol-i-ekstremno-suv-mesets-vo-sporedba-so-mnogugodishnite-prosechni-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fevruari-prosechen-do-topol-i-ekstremno-suv-mesets-vo-sporedba-so-mnogugodishnite-prosechni-vrednosti/#respond Thu, 02 Mar 2023 13:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=807138

Годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. -Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), годинашната беше 0,2 степени над просечната на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. УХМР наведува дека се забележени минимални температури под нулата во континуитет во првите 15 дена од месецот на сите мерни места. Средната минимална температура варирала од -6,1 степени во Берово до 0,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура минатиот месец била измерена во Берово - на 9 февруари и изнесувала -16,1 степени. -Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од 13,7 мм беше регистрирано во Маврово на 27 февруари. На Попова Шапка на 1 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 73 см. Споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 36 мм под просечната на ниво на држава., соопшти УХМР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fevruari-prosechen-do-topol-i-ekstremno-suv-mesets-vo-sporedba-so-mnogugodishnite-prosechni-vrednosti/feed/ 0
Дневен хороскоп за 19 февруари 2023: Прочитајте што да очекувате во текот на денешниот ден! https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-19-fevruari-2023-prochitajte-shto-da-ochekuvate-vo-tekot-na-deneshniot-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-19-fevruari-2023-prochitajte-shto-da-ochekuvate-vo-tekot-na-deneshniot-den/#respond Sun, 19 Feb 2023 08:27:50 +0000 https://kurir.mk/?p=802213

♈Овен Денес би сакале малку да се одморите и да се посветите на себе. Партнерот ќе биде во некои свои обврски, но постојано ќе размислува за вас. Јадете полесна храна. ♉ Бик Гневот што некои од вас го чувствуваа во претходниот период нема да стивне ниту денеска. Љубовниот живот може да се претвори во катастрофа ако не преземете ништо… Силна нервоза. ♊ Близнаци Денеска можете да блеснете само ако вложите малку труд. Партнерот нема да им придава значење на работите кои ги претставувате како проблем. Прошетајте повеќе. ♋ Рак Не се чувствувате добро во нечие присуство и наместо да заминете од таква средина страдате… Љубовниот живот не ви е најдобар, а причина може да биде и нешто што го трпите и нешто што го премолчувате… Главоболка. ♌ Лео Сè што сте оставиле, што на некој начин не е завршено, сега може да излезе на површина. Ве плаши и помислата дека вашиот партнер може да открие нешто што долго време го криете. Генерално се чувствувате лошо.
♍ Девица Дадовте премногу од себе во врска и сега се чувствувате разочарани и тажни. Тоа беше твоја одлука, затоа не обвинувај никого. Обидете се да спиете повеќе. ♎ Вага Оние кои долго време размислуваа за некаква промена, сега конечно би можеле да донесат одлука и да ги изненадат сите околу нив. Најдете време за одмор. ♏ Скорпија Начинот на кој се однесувавте кон една личност не беше многу фер. Време е да го кажеме тоа гласно. Оставете си здив и опуштете се денес или правете го она што го сакате. ♐ Стрелец Не сте биле јасни што сакате. Денес конечно ќе одлучите и ќе преземете нешто. Совет е да се почека понеделник. Променете ја исхраната. ♑ Јарец Јарците на денот би можеле да покажат „рогови“ но треба да внимаваат доколку некој е и „роговиден“ пред нив. Биди дипломат. ♒ Водолија Погрешно ги проценувате работите и луѓето. Одвојте време, размислете за кажаното и ќе сфатите дека нема ни трошка лоша намера. Намалете го внесот на калории. ♓ Риби Денешниот ден ќе биде знак на љубов за сите оние кои неодамна се впуштија во љубовна врска. За оние кои се подолго заедно, ќе биде неопходен компромис. Кај постарите припадници на знакот главоболки навечер.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-19-fevruari-2023-prochitajte-shto-da-ochekuvate-vo-tekot-na-deneshniot-den/feed/ 0