21 милион евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Dec 2020 12:22:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 21 милион евра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Абазовиќ со шокантни тврдења: Ми беа понудени 21 милион евра за Мило Ѓукановиќ да остане на власт https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-so-shokantni-tvrdenja-mi-bea-ponudeni-21-milion-evra-za-milo-gjukanovikj-da-ostane-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-so-shokantni-tvrdenja-mi-bea-ponudeni-21-milion-evra-za-milo-gjukanovikj-da-ostane-na-vlast/#respond Fri, 04 Dec 2020 12:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=438667

Лидерот на Граѓанското движење УРА и кандидатот за вицепремиер Дритан Абазовиќ зборуваше за најновите настани во Црна Гора за ТВ Вијести. Во емисијата Начисто на ТВ Вијести, Абазовиќ зборуваше за формирањето на новата црногорска влада и приоритетите што владата мора да ги има во наредниот период. Меѓу другото, на прашањето дали се точни тврдењата на црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ дека на Абазовиќ му биле понудени одредени пари за да застане на страната на Мило Ѓукановиќ и неговата партија ДПС, Абазовиќ одговори дека обвинувањата се точни, но дека информациите дека добил пари од бизнисменот Хајриз Брвчак не се вистина. -Точна е информацијата дека ми беа понудени 21 милион евра за да не биде соборена власта на претседателот Мило Ѓукановиќ, откри лидерот на парламентарната група на УРА. -Поминав низ медиумска тортура со многу медиуми од регионот и домашните портали. Сè најдобро мислам за Брвчак. Се познаваме. Тоа е бројката што ја спомна Давидовиќ, но нема да кажам кој што понуди. Не е точно дека Брвчак го понуди тоа. Вистината е дека добив понуди од некои кланови. Не сакам да се жртвувам. Имам голем притисок затоа што влогот што го добивме по изборите е огромен. Сепак, и покрај тоа, не се плашам за мојата безбедност, рече Дритан Абазовиќ во емисијата. Покрај оваа тема, Абазовиќ разговараше за назначување на нова влада во Црна Гора и истакна дека најважно е новите луѓе да имаат поддршка од народот. -Оваа влада можеби нема голема поддршка во парламентот, но има голема и неприкосновена мнозинска поддршка од граѓаните на Црна Гора, рече Абазовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-so-shokantni-tvrdenja-mi-bea-ponudeni-21-milion-evra-za-milo-gjukanovikj-da-ostane-na-vlast/feed/ 0
Арсовски: Што се можеа СДСМ да подобрат за животот на граѓаните за 21 милион евра, кои ги испумпаа преку агенцијата за обезбедување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-shto-se-mozea-sdsm-da-podobrat-za-zivotot-na-gragjanite-za-21-milion-evra-koi-gi-ispumpaa-preku-agencijata-za-obezbeduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-shto-se-mozea-sdsm-da-podobrat-za-zivotot-na-gragjanite-za-21-milion-evra-koi-gi-ispumpaa-preku-agencijata-za-obezbeduvanje/#respond Mon, 17 Aug 2020 11:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=391594

СДСМ и Заеви свесно ја покачија цената на електричната енергија, на сметка на грбот и штета на граѓаните, само и само за да делат профит од високата цена преку тендери од универзалниот снабдувач и од институции од државата, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. За сметка на тие профити кои ги дели струмичката агенција за обезбедување со Заеви, за коишто имаме сериозни сомнежи, над 21 милион евра, а граѓаните живеат во сиромаштија. Наместо Заеви да делат огромни профити од парите на граѓаните, можеа да реализираат сериозни проекти за подобрување на животот на граѓаните. Со овие пари можеа да реконструираат болници, клиники или да се изгради нови болници. Со 21 милион евра ќе можеше да се купат над 50тина возила за брза помош, коишто ги имаа најавувано и пред да дојдат на власт. Со овие пари можеа да се реконструираат училиштата и градинките или пак да се изградат нови над 10тина нови училишта или над 20тина нови градинки. Со овие пари можеа да се пратат над 50 луѓе со сериозни болести на лечење во странство, за кои граѓаните секојдневно донираат пари, преку социјалните мрежи, преку интеренет сервисите или преку смс пораки. Со 21 милион евра ќе можеше да се поддржат домашните компании кои откако започна корона кризата се на работ на пропаст, а секојдневно се обидуваат да преживуваат и како што видовме според последниот податок над 12.000 работници ги загубиле своите работни места. Со овие пари ќе можеа да се реконструираат стотици километри патишта кои граѓаните секојдневно ги возат, кршејќи ги своите возила. Ова е начинот на работа на СДСМ, Заеви и нивните фирми, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Институциите мора да отворат случај и да ги испитаат овие енормно големи суми на пари кои легнале на сметка на оваа струмичка агенција за обезбедување, односно што го дуплирала својот приход од овие институции во текот на една година, порача Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-shto-se-mozea-sdsm-da-podobrat-za-zivotot-na-gragjanite-za-21-milion-evra-koi-gi-ispumpaa-preku-agencijata-za-obezbeduvanje/feed/ 0