2100 година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Mar 2021 10:45:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2100 година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/#respond Thu, 25 Mar 2021 10:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=487524

Доколку не се преземат сериозни мерки во борбата против климатските промени, до крајот на овој век, летото може да трае половина година, предупредува најновото истражување. Според анализата на научниците, во последните 60 години, периодот на лето во целиот свет е продолжен во просек за 17 дена. – Летото станува подолго и потопло поради глобалното затоплување, а зимите се сè пократки и потопли, изјави климатологот Јупинг Гуан, пренесува Си-Ен-Ен Во текстот се наведува дека за некои идејата за подолг летен период може да звучи како идеална можност да останат на отворено, но се додава дека продолжената летна сезона може значително да влијае на нашето здравје, животната средина и земјоделството. Во тој случај, се наведува во истражувањето, би имало повеќе топлотни бранови и повеќе болести пренесени од комарци, а сезоната на алергии ќе трае уште подолго. Истражувањето наведува дека доколку не се преземе ништо во врска со емисијата на штетни гасови и сузбивањето на глобалното затоплување, до крајот на овој век летото би можело да трае најмалку половина година. – Ако продолжиме како досега, до крајот на векот пролетта и летото ќе започнат еден месец порано отколку во 2011 година, а есента и зимата околу половина месец подоцна, што ќе резултира во 2100 лето да трае околу половина година и зима помалку од две месеци, предупредуваат експертите во истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazuvanje-od-2100-godina-letoto-kje-trae-shest-meseci-a-zimata-pomalku-od-60-dena/feed/ 0
Научниците предупредуваат: Нивото на морињата би можело да порасне за два метри до 2100 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-predupreduvaat-nivoto-na-morinjata-bi-mozelo-da-porasne-za-dva-metri-do-2100-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-predupreduvaat-nivoto-na-morinjata-bi-mozelo-da-porasne-za-dva-metri-do-2100-godina/#respond Mon, 10 Jun 2019 08:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=207409

Океаните прекриваат две третини од планетата и се пресудни за животот на Земјата поради што се зголемува загриженоста кај научниците, кои предупредуваат дека до 2100 година нивото на морињата може да се зголеми и за два метри како последица на глобалното затоплување. „Океаните се пресудни за животот на Земјата, но често се предмет на расправа за животната средина само кога станува збор за загадување со пластика или намалување на рибниот фонд“, пишува порталот Франс 24. – Имаме можност во текот на следните 18 месеци да направиме нешто за океаните, изјави Ден Лафоли од Меѓународниот сојуз за зачувување на природата. Меѓувладин панел за климатските промени при ОН, во годишниот извештај во октомври 2018 година предупреди на ефектот на глобалниот пораст на температурите, а во септември ќе ја објави проценката за состојбата на океаните. Директорката на програмата за меѓународни океани во Советот за одбрана на природни ресурси Лиза Спир стравува дека извештајот нема да биде позитивен. Со зголемувањето на количината на штетните гасови со ефект на стаклена градина, се зголемува и нивото на морињата. Океаните сега допираат до копното за околу 3,3 милиметри годишно, и тоа се забрзува. Според последната проценка од 2014 година, нивото на морињата може да се зголеми за еден метар до крајот на векот. Но, нови студии, кои разгледуваа различни сценарија, истакнуваат дека сегашните трендови би можеле да го подигнат нивото на морињата и за два метри до 2100 година. – Ние научниците сме затекнати од размерот, длабочината и брзината на промените, изјави Лафоли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnicite-predupreduvaat-nivoto-na-morinjata-bi-mozelo-da-porasne-za-dva-metri-do-2100-godina/feed/ 0