2100 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Apr 2023 08:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 2100 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Популацијата на ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/#respond Sat, 01 Apr 2023 08:18:44 +0000 https://kurir.mk/?p=818747

Населението во ЕУ до 2100 година ќе се намали за шест отсто односно за 27,3 милиони луѓе, покажуваат проекциите на Евростат. По падот на бројот на населението во 2020 и 2021 година поради влијанијата на пандемијата од КОВИД-19, популацијата во ЕУ почна да закрепнува во текот на 2022 година. Како последица на масовниот прилив на бегалци од Украина по руската агресија, се проценува дека населението на ЕУ достигна 451 милион лица на 1 јануари 2023 година. Се очекува врвот да биде достигнат во 2026 година кога се проценува дека во Унијата ќе живеат 453 милиони луѓе, по што ќе почне да стагнира и да се намалува достигнувајќи 420 милиони во 2100 година. Бројот на деца и млади луѓе (на возраст од 0 до 19 години) во вкупното население се предвидува да се намали од 20% на почетокот на 2022 година на 18% до 2100 година. Уделот на работоспособните луѓе (на возраст од 20-64 години години), пак, во вкупното население на ЕУ ќе падне од 59% во 2022 на 50% во 2100 година. Спротивно на тоа, уделот на постарите возрасни групи (65 години или повеќе) ќе се зголеми. Брјот на оние на возраст меѓу 65-79 години се очекува да порасне од 15% на 17%, а на возрасната група од 80 или повеќе да се зголеми повеќе од двојно, од 6% на 15%. Во 2022 година, пирамидата на населението на ЕУ веќе го покажува обликот поврзан со долг животен век, ниски стапки на смртност и ниски стапки на наталитет. Најголем дел од населението го сочинуваат работоспособни луѓе над 50 години, додека уделот на млади под 20 години е значително помал. Пирамидата во 2100, пак, јасно покажува развој кон општество што се намалува и старее. Паѓа уделот на децата и младите под 20 години и на работоспособната популација, а расте на луѓето на возраст од 65 или повеќе години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/populatsijata-na-eu-do-2100-godina-ke-se-namali-za-shest-otsto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: 6200 фирми поради кризата се затворија, а фирмата на министерот Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2100% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-6200-firmi-poradi-krizata-se-zatvorija-a-firmata-na-ministerot-ljupcho-nikolovski-go-zgolemi-profitot-za-2100/ Fri, 19 Feb 2021 08:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=470820

6200 фирми затворија за една година. Лошите економски политики и слабите и неразвојни мерки ја опустошија економијата, а фирмата на братот на Љупчо Николовски го зголеми профитот за 2100%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 55.000 луѓе ја загубиле својата работа, а фирмата на братот на Николовски бележи вртоглави профити како да ја измислила вакцината против КОВИД 19. Како е можно во време на пандемија фирмата на Николовски да бележи раст на профитот од 2100%. Дали овие вртоглави суми се постигнати преку зделки со државата или други компании кои мораат да работат со фирмата на братот на вицепремиерот?! Дали зад големите профити се крие корупција, во која е вмешан човекот со функција против корупцијата?! Љупчо Николовски молчи и се крие за фирмата на братот, а јавноста чека одговори. И додека фирмите на граѓаните пропаѓаат, а десетици илјади ги губат своите работни места СДСМ создава втор клан, после кланот Заеви го имаме кланот Николовски. На мафијашкото работење насокоро му доаѓа крај, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

Ланцет: Населението во Албанија би можело да се преполови до 2.100 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lancet-naselenieto-vo-albanija-bi-mozelo-da-se-prepolovi-do-2-100-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lancet-naselenieto-vo-albanija-bi-mozelo-da-se-prepolovi-do-2-100-godina/#respond Mon, 20 Jul 2020 10:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=378651

Населението во Албанија се очекува да се намали на 1,32 милиони жители во 2.100 година, што претставува намалување за 52 отсто во однос на 2017 година, што се заснова на целите за одржлив развој. Податоците се објавени во студијата на меѓународното научно списание „Ланцет“(The Lancet), кое изготви сценарија за наталитет, смртност, миграција и население за 195 држави и територии од 2017 до 2.100 година. Студијата ја моделира идната популација, осврнувајќи се на алтернативни сценарија во однос на стапката на наталитет, миграција и морталитет. „Албанија во 2.100 година се очекува да има наталитет од 1,17 и високата миграција. Нето миграцијата е моделирана врз социо-демографскиот индекс, бруто стапката на раст на населението и смртните случаи од природни непогоди, пренесува агенцијата Балкан веб. Според истиот извор, во извештајот се проценува и големината на бруто-домашниот производ на секоја земја и територија во референтното сценарио. Дури и во референтното сценарио, населението во Албанија се очекува да се намали на 1,97 милиони жители во 2021 година, што е намалување за околу 30 отсто во однос на 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lancet-naselenieto-vo-albanija-bi-mozelo-da-se-prepolovi-do-2-100-godina/feed/ 0