23-ти Октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Oct 2021 17:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 23-ти Октомври – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Новата иднина е долгот на нашите предци, но и обврска за новите потомци- оваа држава има кичма да се исправи и има ум да оди напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novata-idnina-e-dolgot-na-nashite-predci-no-i-obvrska-za-novite-potomci-ovaa-drzava-ima-kichma-da-se-ispravi-i-ima-um-da-odi-napred/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novata-idnina-e-dolgot-na-nashite-predci-no-i-obvrska-za-novite-potomci-ovaa-drzava-ima-kichma-da-se-ispravi-i-ima-um-da-odi-napred/#respond Sat, 23 Oct 2021 16:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=584284

Сакам на денешниот ден да се осврнам на правците кон кои се движиме како држава, а кои имаат и влијание врз нашите животи. Стегите кои го окупираат општеството, а се наметнати од еден континуитет на лошо владеење на горе-доле истите личности веќе триесетина години, создава природно чувство кај народот дека најдобро поминуваат тие што се решаваат да одмолчуваат. Но, тоа чувство е се додека бескрупулозноста на тие кои владеат со државата влегува во нашиот двор со намера да ни ја украде иднината на сите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва од Долни Сарај во Охрид се обрати по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. -Мартин Лутер Кинг велел „нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат“. Во овие моменти тивкоста е работа која им помага на тие поради кои сме тивки и затоа е потребно да сме гласни. Гласноста за работите кои ни се важни не детерминираат за тоа каков карактер сме и не е вистина дека Македонецот молчел затоа што тие кои ова ви го велат ги демантира еден Методиј Патчев или Христо Узунов кои направиле саможртва за нашата слобода, или острото перо на Пулевски, или пак епопеите на Прличев за мајката Неда, за Кузман Капидан кои сведочат за беспрекорниот отпор на Македонците низ времињата, но и за нашите страдања поради она што сме и ќе продолжиме да бидеме. Затоа денес, тие кога сакаат да молчиме, треба да знаат дека ќе зборуваме и ќе бидеме гласни, рече Мицкоски. Ова, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не е моја борба, тука наша борба за заедничката иднина. -Ви велам креваме глава кога тие сакаат да бидеме со спуштени колена. Одлучивме да се бориме, затоа што имаме еден значаен мотив повеќе, а тоа новата иднина. Новата иднина е долгот на нашите предци, но и обврска за новите потомци. Новата иднина е нашиот сон овие 30 години за Македонија каква сакаме да ја имаме. Новата иднина е надежта заокружена од секој еден од вас на референдумот таа 91-ва, тој 8 септември. Сетете се на тоа моќно чувство дека сте дел од нешто, дека сте дале нешто за нашата земја, а за жал години потоа не сте добиле ништо. И дека време е, конечно време е денес државата да ви врати вам. Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување на стегите на ова наше општество. Победа над стравовите, победа над делбите на наши и ваши, леви и десни. Новата иднина е да работиме, да се креваме тогаш и кога паѓаме. Да постигнуваме резултати, да градиме, да создаваме. Да го заштитиме нашето, да се бориме за она во што веруваме. Новата иднина е да го ослободуваме потенцијалот на слободната индивидуа, ова општество да се потпре на способните, напредните. Оваа држава има кичма да се исправи и има ум да оди напред. Новата иднина е прагот од кој ќе почне да се остварува сонот за Македонија. Нашиот заеднички сон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novata-idnina-e-dolgot-na-nashite-predci-no-i-obvrska-za-novite-potomci-ovaa-drzava-ima-kichma-da-se-ispravi-i-ima-um-da-odi-napred/feed/ 0
Мицкоски за 23-ти Октомври: Ова е празник на сите кои ја сакаат слободата на Македонија, на сите кои го почитуваат делото на татковците на нашата нација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-23-ti-oktomvri-ova-e-praznik-na-site-koi-ja-sakaat-slobodata-na-makedonija-na-site-koi-go-pochituvaat-deloto-na-tatkovcite-na-nashata-nacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-23-ti-oktomvri-ova-e-praznik-na-site-koi-ja-sakaat-slobodata-na-makedonija-na-site-koi-go-pochituvaat-deloto-na-tatkovcite-na-nashata-nacija/#respond Sat, 23 Oct 2021 16:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=584282

Денешниот празник не потсетува на тоа како е создадена нашата слобода, колку жртви и колку упорност и храброст е потребна за ова што го имаме денес. Во таквата слобода се вградија плејада на жени и мажи кои предано и без заддршка се трошеа за она во што непоколебливо веруваа и сонуваа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва од Долни Сарај во Охрид се обрати по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. -Таквата борба ги дефинираше нивните животи, но и ја одредуваше нашата иднина. Ова што го имаме денес не е плод на борбата на само една успешна генерација, туку саможртва на цела низа на генерации кои се бореа, гинеа, и одново се раѓаа нови јунаци кои продолжуваа таму каде претците застануваа. Таквата посветеност е можна само доколку идејата е доволно силна, а мотивот доволно голем. И во градењето на таквиот ѕид на надежи и соништа секој еден јунак кој дејствувал на ова тло е подеднакво значаен, без оглед дали неговото име денес го читаме на камените статуи по плоштадите, или неговата жртва останала незапишана од историјата, но е доволно голема денес и во идните времиња да ја споменуваме и паметиме, рече Мицкоски и додаде: „Во таквиот ѕид врз чии темели почива денешната наша Македонија значаен камен и тврдина е организацијата која пред точно 128 години на денешен се роди во Солун. Таа организација беше последица на жедта на македонскиот народ за свое упориште во борбата за слобода, но истата стана и мајка на целокупниот отпор на населението кое заеднички се бореше за слобода. И од тој аспект В.М.Р.О стана чадорот на секоја акција, на секое спротивставување, на секоја организираност на нашето народно ослободување“. Според Мицкоски, македонската држава има повеќе значајни темели, но еден од најсилните е токму оваа организација. -И навистина се без предметни оние обвинувања кога во виорот на дневните препукувања само поради некаков ситен политички контекст се посочува дека празнувањето на денешниот ден припаѓал и бил исклучиво на една политичка партија, на тој начин сакајќи да се намали важноста на празнувањето. На таквите кои тоа го велат им порачувам дека, ова е и ваш празник затоа што ВМРО ги обединувало сите слободно мислечки индивидуи, и го ослободуваше меѓу другото и целокупниот креативен потенцијал на нашата напредна интелигенција. И тука немало поделба на наши и ваши, големи или мали, тие се воделе од идеја, имале емоција и гинеле поради кауза. Таквиот темел подоцна беше добра основа и за партизанското движење како природен след на она што го започна ВМРО. Затоа ова е празник на сите кои ја сакаат слободата на Македонија, на сите кои го почитуваат делото на татковците на нашата нација, потенцира Мицкоски и додава: „Гане велеше дека незапирлива е светлината на Илиндените која ќе стигне до идните поколенија, а Пирузе Мајски дека ВМРО е дело кое му припаѓа на народот и тој фаќел на слободата им припаѓа на сите генерации кои потоа ја продолжуваа таа столетна идеја за независност. И токму затоа велам дека ВМРО и Македонија се сопатници низ времето, лице и опачина, дел од еден ист сон, од една иста идеја, од еден континуитет низ бурите и премрежјата што се вика-Македонија. Македонија која мора да биде наша заедничка, Македонија која мора да има иднина. Македонија која ќе победува. Македонија која ќе гради нов заеднички патриотизам. Македонија на гордо кренати глави, држава со р`бет, Македонија која ќе биде нашиот сон, кој е одсонуван и реализиран. И затоа со достоинство во гласот и искрен трепет во срцето велам....Среќен празник Македонијо!“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-23-ti-oktomvri-ova-e-praznik-na-site-koi-ja-sakaat-slobodata-na-makedonija-na-site-koi-go-pochituvaat-deloto-na-tatkovcite-na-nashata-nacija/feed/ 0