25 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 10:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 25 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 25 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/#respond Mon, 14 Dec 2020 10:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=442978

На денешен ден пред 25 години во Париз беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што се стави крај на војната во Босна и Херцеговина. Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер. Со договорот босанската држава беше зачувана, но поделена на два „ентитета“: „Федерација Босна и Херцеговина“ со мнозинско хрватско и муслиманско население и „Република Српска“, претежно населена со Срби. Дополнително постоеше и „специјална административна област“ во градот Брчко на истокот на земјата. Создадена беше и Канцеларија на „Високиот претставник“ на меѓународната заедница, задолжена за надгледување на имплементацијата на цивилниот дел од договорот, потсетува Дојче Веле. За да се избегнат можни тензии и конфликти трите „конститутивни народи“ – Бошњаци, Хрвати и Срби добија право на вето за заштита на своите „витални национални интереси“. Тоа значи дека нивните членови во Претседателството и во босанскиот Парламент може да го блокираат секое решение доколку сметаат дека нивната етничка група е загрозена. Потписниците се обврзаа меѓусебните односи да ги регулираат според Повелба на ОН, Завршниот хелсиншки акт и други документи на ОБСЕ, како и на меѓународно почитување на суверенитетот и решавање на недоразбирања на мирољубив начин. Договорот има 11 анекси кои се однесуваат на воени, политички и цивилни аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација. Анексот четири од Договор сè уште е Устав на БиХ. Дејтонскиот договор беше постигнат во воздухопловната база Рајт-Петерсон, близу Дејтон, во американската држава Охајо. Конференцијата траеше од први до 21 ноември 1995 година, а главни учесници беа Милошевиќ, Изетбеговиќ и Туѓман, американскиот посредник Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк. Дејтонскиот договор беше кулминација на шатл-дипломатијата, што ја почна Холбрук со неговиот тим под покровителство на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-godini-od-potpishuvanjeto-na-dejtonskiot-dogovor/feed/ 0
Убиецот на словачкиот истражувачки новинар осуден на 25 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/#respond Wed, 02 Dec 2020 17:34:52 +0000 https://kurir.mk/?p=437728

Врховниот суд на Словачка денеска на 25 години затвор го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата пријателка, злосторства што беа сторени во 2018 година. -Оваа пресуда на жалбениот суд против поранешниот војник, Мирослав Марчек, е конечна и на неа веќе нема простор за жалби, потврди портпаролот на судот Александра Вазанова. На почетокот на оваа година, Марчек призна дека во февруари 2018 година ги убил Куцијак и неговата свршеница Мартин Кушнирова, пукајќи им во глава и гради. Со оваа пресуда Врховниот суд ја поправи поблагата казна на Специјалниот кривичен суд во Пежинок, град крај Братислава. Тамошните судии во април годинава го осудија Марчек на 23 години затвор, а како олеснителни околности му ги земале фактот дека се изјаснил за виновен и што на истражители им дал вредни информации за луѓето за кои се верува дека го нарачале убиството. Јавниот обвинител, меѓутоа, инсистираше на максимална казна заради тежината на кривичното дело. Истражувачкиот новинар Куцијак објави повеќе од десетина написи за претприемачот Маријан Кочнер. Во една статија објавена непосредно пред убиството, Куцијак го обвини Кочнер дека е вмешан во шема за даночна измама и успеа да докаже дека на тој начин илегално заработил милиони евра. Куцијак стана познат по откритијата за затајување данок и бројни измами на деловни луѓе поврзани со владејачката партија на земјата Смер. Тој, исто така, пишуваше и за поврзаноста на словачките граѓани со италијанската мафијашка организација Ндрангета. Извештајот објавен по неговата смрт за можни врски помеѓу италијански мафијашки кланови и словачки државни службеници предизвика масовни протести против корупцијата и доведе до оставка на тогашната влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiecot-na-slovachkiot-istrazuvachki-novinar-osuden-na-25-godini-zatvor/feed/ 0
ОН: Рамноправноста може да се врати 25 години наназад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ramnopravnosta-moze-da-se-vrati-25-godini-nanazad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ramnopravnosta-moze-da-se-vrati-25-godini-nanazad/#respond Thu, 26 Nov 2020 08:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=434587

Пандемијата на коронавирусот може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажуваат податоци на UN Women. Имено, поради последиците од Ковид-19, жените вршат многу повеќе домашни работи. – За една година можеме да загуби сè за што се боревме во последните 25 години, изјави заменик-извршната директорка на UN Women, Анита Батиа. Таа предупреди дека жените можат да имаат полошо менталното и физичкото здравје поради пандемијата и оти можат да имаат помалку можности за вработување и образование. Се проценува дека жените ширум светот, дури и пред пандемијата, вршеле околу три четвртини од 16 милијарди часа неплатена работа секој ден. Тоа значи дека за секој час неплатена работа на мажи, жените одработиле три часа. Сега тој број на часови е уште поголем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ramnopravnosta-moze-da-se-vrati-25-godini-nanazad/feed/ 0
Мицкоски: Кој во СДСМ го мести вака СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-25-godini-na-vlast-bea-shekjerinska-i-prvite-chekori-na-zaevi-vo-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-25-godini-na-vlast-bea-shekjerinska-i-prvite-chekori-na-zaevi-vo-kriminalot/#respond Wed, 22 Jan 2020 12:33:39 +0000 https://kurir.mk/?p=293199

Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија, вели во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во целост ви го пренесуваме статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски: Кој во СДСМ го мести вака СДСМ? СДСМ има спот во кој се вели "пазете да не се врати ВМРО-ДПМНЕ пред 25 години!!!" Да бидам прецизен, пред 25 години СДСМ беше на власт, тоа е времето на Радмила Шекеринска, залетот на кланот Заеви во Струмица, првиот криминален занает на многумина кои сега се во врвот на партијата. Пред 25 години СДСМ беше на власт и цветаше корупцијата, Радмила беше главна во младината на партијата, шверцот на цигари, првите рекетирања кои денес се усовршени, атентатот на Глигоров, протести, загубари, фабрики кои се затвораат, инфлација, сиромаштија. Тоа е времето на пропаста на Славија, Центро, Железара, на грабежот и пропаста на ТАТ. Семејството Заеви од просечно земјоделско семејство го започна картелот кој денес вреди милиони.Тоа беше нивното време пред 25 години. Но, и сега не е поинаку. Истите криминални ликови се провлекуваат и денес. И затоа на овие избори мора да се поразат последните остатоци на транзицијата во македонската политика. 12 април е денот кога ова може да се порази, заклучува Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-25-godini-na-vlast-bea-shekjerinska-i-prvite-chekori-na-zaevi-vo-kriminalot/feed/ 0
Пред 25 години, Формула 1 го загуби Аиртон Сена https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pred-25-godini-formula-1-go-zagubi-airton-sena/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pred-25-godini-formula-1-go-zagubi-airton-sena/#respond Wed, 01 May 2019 09:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=192891

Денеска се навршуваат точно 25 години од смртта на еден од најголемите пилоти во Формула 1 – Аиртон Сена. Трикратниот светски шампион загина во несреќа за време на трката за Големата награда на Сан Марино на 1 мај 1994-та година. Бразилецот беше вистинска икона во спортот со својата харизма и вештини зад воланот, а си замина на само 34 години. Тој освои 41 натпревари, 80 пати се качи на подиумот и запиша 65 освоени квалификации. Викендот на Имола е еден од најтрагичните и најмрачни во историјата на Формула 1, откако во квалификациите загина Австриецот Роланд Раценбергер од екипата на Симтек, кој имаше несреќа движејќи се со над 300 километри на час. Сепак трката се одржа следниот ден и малку по почетокот следеше инцидентот при кој и Сена го загуби својот живот, кој се натпреваруваше за Вилијамс. Сепак и досега тој продолжува да биде инспирација за младите пилоти и за навивачите на спортот. – Секоја ера има некој кој го менува спортот и тој е еден од тие луѓе. Тој беше агресивен и посветен до точката на лудило. Но, имаше голема верба во себе, и мислам дека тоа е она што ги инспирира луѓето. Тој беше посакуван од сите тимови, затоа што секогаш извлекуваше најмногу од автомобилот. Понекогаш ја пречекоруваше границата, но за навивачите тој беше симбол на надеж за Бразилците, вели неговиот клубски колега во тоа време, Дејмон Хил. Џони Херберт, кој беше дел од трагичната трка, исто сподели убави зборови за својот колега. Тој смета дека актиелниот шампион Луис Хамилтон има слични квалитети како легендарниот Бразилец. – Го познавам од картинг и секогаш ќе се сеќавам дека тој ги правеше работите различно од останатите. Секогаш мислеше нестандардно. Токму оваа сила му помагаше да го извлекува максимумот од својот тим. Талентот и неговите вештини беа неверојатни и во моментов мислам дека само Луис Хамилтон има слични квалитети. На суво или влажно, во квалификациите или во трката, тој секогаш беше воден од амбицијата да покаже дека е најдобар, сподели Херберт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pred-25-godini-formula-1-go-zagubi-airton-sena/feed/ 0
Македонија и Јапонија – 25 години дипломатски односи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/#respond Wed, 20 Feb 2019 06:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=165841

Девет проекти за шест региони ќе бидат потпишани денеска по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија. На церемонијата на потпишувањето на грант договорите  ќе присуствува јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет директори од институциите добитници на грантовите, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар. На приемот по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи ќе се обратат амбасадорката Ханеда и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе бидат објавени и добитниците на грант помошта за оваа година. Македонија и Јапонија пред 25 години ги воспоставија дипломатските односи. Амбасада на Северна Македонија во Јапонија е отворена во мај 2013 година, јапонската во земјава во јануари 2017 година. Кеико Ханеда, која е повеќе од една година на функцијата е првата резидентна амбасадорка на Јапонија во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-japonija-25-godini-diplomatski-odnosi/feed/ 0