25 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 May 2021 08:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 25 мај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 25 Мај – Ден на младоста во Титовата Југославија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/#respond Tue, 25 May 2021 08:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=514723

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година. Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград. Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија. Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката. Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија. Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки. Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело. Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен. За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/feed/ 0
Дневен хороскоп за 25 мај 2020 https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-25-maj-2020/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-25-maj-2020/#respond Mon, 25 May 2020 06:32:00 +0000 https://kurir.mk/?p=349891

ОВЕН Работа: Можно е да не сте сигурни дали да ја прифатите новата понуда која ви се укажала денеска. Љубов: Можно е да сте оптоварени со нови емотивни одлуки и често ви се чини дека партнерот очекува премногу. Здравје: Проблеми со несоница. БИК Работа: Може да очекувате поволен ден кој ви носи разрешување на некои проблеми. Љубов: Пред вас е интересна средба со личност кон која имате силни чувства. Здравје: Не би требало да има проблеми. БЛИЗНАЦИ Работа: Работни промени во доаѓаат. Имате голем број на обврски и не ви е лесно добро да се организирате. Љубов: Можно е да замерувате на вашиот партнер за многу работи. Не ви е поволен ден за љубов. Здравје: Ќе ви годи малку да се одморите. РАК Работа: Може да ви се укаже шанса да соработувате со некоја личност која е поврзана со странство. Љубов: Очекувајте интересни шанси кога е во прашање љубовта. Подготвени сте за нова врска. Здравје: Генерално добро. ЛАВ Работа: Не ви е претерано поволен ден. Кога е во прашање работата, може да имате проблеми. Љубов: Ве очекува поволна ситуација за љубов. Со саканата личност делите искрени и силни взаемни чувства. Здравје: Проверете го холестеролот. ДЕВИЦА Работа: Ве очекуваат мали промени на полето заработувачка во следниот период. Можно е малиот прилив на пари да ве загрижува. Љубов: Пред вас е период кој може да донесе нови прилики и додворувања на ова поле. Здравје: Полни сте со енергија. ВАГА Работа: Можни се несогласувања во односот со соработниците. Атмосферата во работното опкружување не ви годи нималку. Љубов: Немате време за саканата личност која ви замерува. Здравје: Водете сметка околу бубрезите. ШКОРПИЈА Работа: Можно е денеска да влезете во некои мали расправии со соработниците на ова поле. Љубов: Имате впечаток дека дошло време за промени. На ова поле важни одлуки се пред вас. Здравје: Проверете ја крвната слика. СТРЕЛЕЦ Љубов: Иако на прв поглед изгледа дека работите ви одат како подмачкани, ако длабокот анализирате ќе видите дека постојат проблеми. Љубов: Пред вас е прилика да се впуштите во врска со личност која има силни и длабоки чувства. Здравје: Проверете го крвниот притисок. ЈАРЕЦ Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, подготвени сте да правите неопходни промени на ова поле. Љубов: Повремено се сомневате во своите емоции и често имате потреба за оддалечување од саканата личност. Здравје: Мали проблеми со стомакот. ВОДОЛИЈА Работа: Ве очекува работна комуникација и договор кој може да биде многу значаен на долги патеки. Љубов: Ново познанство кое ви се случило ви носи позитивни промени. Здравје: Внимавајте на синусите. РИБИ Работа: Доаѓате до мали проблеми на поелто работа, но со трпение и упорност ќе успеете се да решите. Љубов: Имате впечаток дека со саканата личност не може да најдете компромис. Следниот период не ви е наклонет. Здравје: Проблеми со штитната жлезда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/dneven-horoskop-za-25-maj-2020/feed/ 0
Градската трка во Делчево на 25 мај https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradskata-trka-vo-delchevo-na-25-maj/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradskata-trka-vo-delchevo-na-25-maj/#respond Sun, 29 Apr 2018 08:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=47557 Традиционалната улична трка „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево ќе се одржи на 25 мај со почеток во 9 часот. Ова го истакнаа организаторите на градската трка, кои го најавија и годинешното мото „Трчај, брзај, движи се и за себе грижи се“, а целта и годинава е промовирање на здравиот начин на живот.

– Како и досега и оваа година сакаме да го промовираме здравиот начин на живот на граѓаните во Делчево, а посебно на повозрасната популација, а со тоа да придонесеме кон намалување или згаснување на кардиоваскуларните заболувања. Воедно, сакаме да го промовираме градот Делчево како место за спортски туризам. Патеките за трките, како и различните категории трки се исти како и минатата година, а новина оваа година е трката за брзо одење на 2.500 метри за учесници постари од 35 години. Времето за почеток на трките ќе биде објавено неколку дена пред трката. Возрасните имаат можност да се пријават на онлајн апликацијата, на нашиот фејсбук профил, како и лично кај организаторите, истакна д-р Дејан Златковски, лекар во примарното здравство и член на Здружението „Драм-АС“.

Пријавувањето на учениците се врши директно во училиштата кај задолжените наставници.

– Апелираме до граѓаните на Делчево кои ќе дојдат да ги гледаат трките и да ги потикнуваат натпреварувачите, да покажат високо ниво на спортска култура, со тоа што нема да пречат на стартот и целта на трките како и по целата патека, за да можат натпреварувачите безбедно и непречено да стигнат на целта, истакна Златковски.

Д-р Соња Мавродиева испрати порака да се даде придонес за поддршка на спортот во Делчево.

– Да се пријавиме, да трчаме, за да дадеме пример на младите генерации дека спортот и здравиот живот е она што треба да не прави среќни. Стоп, за пороците, пушење, алкохол, дрога, брзај, трчај, движи се, и за тебе грижи се. Бидете и вие дел од трката за жени на 2.500 метри и мажи на 5.000 метри, истакна Мавродиева.

Градската трка во Делчево ќе се одржи трет пат и таа е најмасовниот спортски настан во Делчево со стотици натпреварувачи. Трката се одржува по повод патронот на град Делчево 24 Мај, св. Кирил и Методиј, а и годинава организацијата е на Здружението „Драм-Ас“, иницијативата е на Здружението на македонски иселеници „Рефрама“, со поддршка на Општина Делчево.(МИА)

]]>
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradskata-trka-vo-delchevo-na-25-maj/feed/ 0
Исчезна штитеник од домот „25 Мај“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischezna-shtitenik-od-domot-25-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischezna-shtitenik-od-domot-25-maj/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:25:52 +0000 https://kurir.mk/?p=41914

Шеснаесет годишен штитеник од домот „25 Мај“ исчезнал на 15-ти месецов. Случајот во полиција вчера го пријавил социјален работник од домот. Според пријавата штитеникот на домот од Прилеп се качил во автобус во Битола кон Скопје, но не се вратил во установата. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ischezna-shtitenik-od-domot-25-maj/feed/ 0
Пронајден 12-годишен штитеник на Домот „25-Ти Мај“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-12-godishen-shtitenik-na-domot-25-ti-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-12-godishen-shtitenik-na-domot-25-ti-maj/#respond Wed, 07 Mar 2018 10:26:16 +0000 http://kurir.mk/?p=28078

Дванаесетгодишно дете, штитеник на Домот „25-Ти Мај“, кое било пријавено за исчезнато, ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ е пронајдено во Чаир. Како што е наведено во полицискиот билтен, детето е пронадено на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје од полицајци и е предадено на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajden-12-godishen-shtitenik-na-domot-25-ti-maj/feed/ 0
Уште два нови случаи на сексуално злоставување во Домот „25 Mај“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-novi-sluchai-na-seksualno-zlostavuvanje-vo-domot-25-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-novi-sluchai-na-seksualno-zlostavuvanje-vo-domot-25-maj/#respond Tue, 27 Feb 2018 12:58:49 +0000 http://kurir.mk/?p=25349

Случајот со 13-годишната ромска девојка Р.И. која останала бремена поради сексуално злоставување, се чини, не е единствен меѓу штитеничките во Домот за деца и младинци со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“. Европскиот центар за права на Ромите (ЕРРЦ), добил слични сведочења за сексуално злоставување од две сестри Ромки, кои, исто така, биле штитенички во Домот „25 мај“. Имено, В.А. (16) и Л.А. (13), често пати исчезнувале од Домот и нивните исчезнувања не биле пријавувани во полиција или кај родителите. Според нивните искази, постар маж ги земал од Домот за згрижување и ги однел кај Старата железничка станица во Скопје, каде сексуално ги злоставил. Од ЕРРЦ велат дека нивната мајка го пријавила случајот во полиција и ги однела на гинеколог, кој заклучил дека девојките навистина биле жртви на сексуално насилство. Адвокатката Сенада Али од ЕРРЦ, за МИА изјави дека Центарот ги поддржува родителите на трите сексуално злоставувани девојки во покренување на судска постапка против Домот „25 Mај“, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, како и против Министерството за труд и социјална политика. Али наведе дека, на ден 26.01.2017 година, со Решение 3 ВПП-361/16 од Основен суд Скопје 2, судот ѝ ги вратил родителските права на мајката на двете девојчиња, но Центарот за социјална работа и покрај тоа, се уште, не ѝ дозволува да си ги згрижи своите деца. Со Решение УП 3001-249 на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје, од 5 ноември минатата година, се образложува дека мајката нема услови да ги згрижи своите деца и покрај тоа што фактичката ситуација не е констатирана и не е целосно утврдена. - Поднесена е жалба до Министерството за труд и социјална политика за неимплементирање на пресудата од страна на Центарот за социјална работа, за враќање на девојчињата на мајката, посочи Али. Моментално двете девојчиња се дадени на згрижувачки семејства. Истите имаат и помала сестра која е во Домот за деца без родители „11 Октомври“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-dva-novi-sluchai-na-seksualno-zlostavuvanje-vo-domot-25-maj/feed/ 0
Девојчето од „25 Мај“ преживувало пекол: Ноќе се проституирало, дење питачело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojcheto-od-25-maj-prezivuvalo-pekol-nokje-se-prostituiralo-denje-pitachelo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojcheto-od-25-maj-prezivuvalo-pekol-nokje-se-prostituiralo-denje-pitachelo/#respond Sun, 25 Feb 2018 19:47:01 +0000 http://kurir.mk/?p=24763

Почнаа да се расплетува случајот со тринаесетгодишната штитеничка од домот „25 Мај“, која неодамна абортираше. Според сознанијата, последните неколку месеци биле пеколни за девојчето. Било принудувано да се проституира, а макро на малолетничката била 42-годишна жена од Кавадарци. Единицата за трговија со луѓе поднесе кривична пријава против кавадарчанката за кривично дело трговија со дете. Според истрагата, кавадарчанката во декември лани и јануари годинава ја принудувала малолетната штитеничка да дава сексуални услуги на поголем број лица. Покрај сексуалната експлоатација таа ја принудувала да питачи.  Кавадарчанката била приведена во полициската станица Кисела Вода од каде потоа била однесена на распит во Основниот суд Скопје 1. За овој случај се огласи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал од каде изјавија дека по допрен глас отвориле предмет за скандалот. Следејќи ги написите во врска со случајот на штитеничката од Заводот за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение отворивме предмет по допрен глас. По спроведени предистражни дејствија донесовме наредба за спроведување на истрага против едно лице за кривично дело трговија со детеза кое дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години. На кавадарчанката и бил одреден 30-дневен притвор. Во меѓувреме како што објави Телма Обвинителството има еден осомничен за силување на 13-годишната штитеничка од Домот. Од осомничениот е земен примерок за ДНК анализа. Истрагата бара ДНК профилот на осомничениот да биде спореден со ДНК профил на непознат маж кој е откриен при медицински преглед на девојчето лани во ноември. Тогаш малолетната жртва била најдена полугола и боса во бесознание на улица во Велес. За скандалот оставка си даде и директорот на Домот, а Министерството за труд и социјална најави кривични против сите одговорни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devojcheto-od-25-maj-prezivuvalo-pekol-nokje-se-prostituiralo-denje-pitachelo/feed/ 0
Родителите на злоставуваното девојче го бараат старателството над неа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-zlostavuvanoto-devojche-go-baraat-staratelstvoto-nad-nea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-zlostavuvanoto-devojche-go-baraat-staratelstvoto-nad-nea/#respond Sun, 18 Feb 2018 17:19:33 +0000 http://kurir.mk/?p=22699

Родителите на злоставуваното 13 годишно девојче си ја бараат назад ќерката. Шокирани се што за абортусот дознале од медиумите. Фикрија и Шефки Ибраим живеат во Чичино село, прифатилиште каде бездомните лица добиваат топол оброк и сместување, јавува ТВ24. Мајката Фикрија раскажува дека нивното родителско право било одземено кога малолетничката имала 6 години. По, несаканата бременост 13 годишното девојче закрепнува од абортусот и се чувствува подобро. Ова изутринава го соопштил на нејзиниот татко прашувајќи кога ќе може да се врати со него и нејзината мајка. Овој одговор Шефкет Ибраим ќе го чека до април кога основниот суд 2 во Скопје треба да одлучи кој ќе биде старател над неа, повторно државата или родителите?, објави Телма телевизија. Како што објави телевизијата, Ибраим е излезен од затвор за питачење пред три години, неговата сопруга пред 16 месеци, па ако тогаш го врател старателството над неа немало да дојде до ова. Според него, таа е нападната и злоупотребана додека била сместена во домовите за згрижување25- мај и  „Ранка Милановиќ“. Патот на бездомниците почнува од улицата, а државата ги нуди трите опции – прифатниот центар „Чичино село“, домовите за згрижување деца „25- мај“ и „Ранка Милановиќ“.  Во отсуство на институционална грижа, зад тие ѕидови владее законот на природата дека посилниот добива се, за Телма сведочат и роднините на семејството Ибраим.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-na-zlostavuvanoto-devojche-go-baraat-staratelstvoto-nad-nea/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста на надлежните за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче од ЈУ „25 мај” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-javnosta-se-zgrozeni-od-neodgovornosta-na-nadleznite-za-skandalot-so-seksualno-zlostavuvanje-na-maloletno-devojche-od-ju-25-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-javnosta-se-zgrozeni-od-neodgovornosta-na-nadleznite-za-skandalot-so-seksualno-zlostavuvanje-na-maloletno-devojche-od-ju-25-maj/#respond Sat, 17 Feb 2018 13:09:28 +0000 http://kurir.mk/?p=22446

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста и индолентноста на надлежните институции за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”, истакна на денешната прес-конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа вели дека ниту Министерството за труд и социјална политика, ниту надлежните институции не излегуваат со конкретни податоци како и зошто е дозволено ваква трагедија да му се случи на девојче за чија грижа државата ја презела одговорноста. -Уште помалку слушнавме и видовме конкретна одговорност за овој случај кој што ја потресе јавноста. Затоа ја прашуваме Министерката Царовска дали и какви мерки превзема против лицата кои затаија со својата грижа? Дали Министерката чувствува подеднаква одговорност со вработените кои биле алармирани за злоупотреба , а ништо не превземале? Дали Царовска е свесна дека овој случај и којзнае уште колку вакви случаи требало да се прикријат, да не се случело девојчето да забремени? И на крајот на краиштата Дали и колку се сигурни децата кои се обврзала државата да води грижа, истакнува Андоновска. Таа вели дека очигледно за неколку месеци се случи целосен крах на системот во државата, поради неспособноста и неодговорноста на власта која се преслика во работата на сите институции во државата. -Јавноста очекува одговори и најважно од се одговорност. Недозволиво е во  надлежното министерство да се кријат зад Комисии, некакви анализи или пост фестум истраги. Се работи за физичкото и психичкото здравје на малолетници за кои државата, органите и пред се носителите на функции се директно надлежни и одговорни, децидна е Андоновска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-i-javnosta-se-zgrozeni-od-neodgovornosta-na-nadleznite-za-skandalot-so-seksualno-zlostavuvanje-na-maloletno-devojche-od-ju-25-maj/feed/ 0
Институциите затаиле во случајот со малолетничката од „25 Мај“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-zatalile-vo-sluchajot-so-maloletnichkata-od-25-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-zatalile-vo-sluchajot-so-maloletnichkata-od-25-maj/#respond Fri, 16 Feb 2018 14:51:48 +0000 http://kurir.mk/?p=22208

Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. Народниот правобранител заради утврдување на состојбата ги посетил Јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение („25 Мај„ и „Ранка Милановиќ“), извршил увид во документацијата и разговарал со одговорните лица, како и со малолетничката. Притоа констатирал дека станува збор за дете во ризик, на чии родители им е одземено родителското право,  и е под старателство на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје. - Во горенаведената институција детето е сместено од декември 2016 година и повеќе пати, според негово кажување, самоволно  ја напуштала институцијата. За Народниот правобранител неспорно е дека наведените установи се од отворен тип што значи дека штитениците во секое време можат да ја напуштат установата. Но, со оглед на тоа што станува збор за деца во ризик со назначен старател од државен орган смета дека надлежните затаиле во овој случај. Наведеното од причина што не покажале интерес да ги утврдат причините за честото напуштање на домот од страна на малолетничката, како и за тоа каде и со кого го поминувала времето по напуштање на Установата, се вели во соопштението од Народниот правобранител. Оттаму посочуваат дека кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето. Народниот правобранител ги повикува МВР и Основното јавно обвинителство без одложување да ги преземат сите со закон утврдени дејствија за откривање и санкционирање на злоупотребата на детето И.Р . Воедно, апелира до Министерството за труд и социјална политика како ресорен орган за заштита на правата на децата и за функционирање на институцијата за згрижување, воспитание и образование на деца, најитно да преземе дејствија за целосно испитување на одговорноста на назначениот старател. Од оваа институција потсетуваат на потребата од унапредување на грижата за децата сместени во јавните установи за згрижување деца, нивно кадровско екипирање, целосно функционирање на службите за воспитание, образование, здравствена и социјална заштита, а за што Народниот правобранител и досега повеќе пати во своите годишни и посебни извештаи  изнесувал конкретни препораки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-zatalile-vo-sluchajot-so-maloletnichkata-od-25-maj/feed/ 0