250 офицери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Jul 2019 10:06:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 250 офицери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турското обвинителство издаде наредба за апсење на 250 воени офицери, за врски со Ѓулен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskoto-obvinitelstvo-izdade-naredba-za-apsenje-na-250-voeni-oficeri-za-vrski-so-gjulen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskoto-obvinitelstvo-izdade-naredba-za-apsenje-na-250-voeni-oficeri-za-vrski-so-gjulen/#respond Tue, 09 Jul 2019 10:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=216731

Турското обвинителство денеска издаде налог за апсење на 250 актуелни и поранешни офицери и 10 цивили заради наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави ДПА. Обвинителите во Истанбул, Анкара, Измир и Кочали почнаа одвоени рации, се вели во веста на агенцијата Анадолија, а сите биле насочени кон активни и поранешни војници од копнените, воздухопловните и поморските сили, како и крајбрежната стража. Обвинителите во Истанбул побараа затворање на 176 активни војници, наведува агенцијата. Дваесет од 32 лица на воздухопловните сили веќе се приведени во Анкара и 11 други провинции. Рациите се насочени кон 35 осомничени приврзаници на Ѓулен во Измир и 19 други провинции, додека обвинителите во Кочаели се обидоа да притворат 17 офицери, вклучително и осум поранешни питомци. Турската Влада смета дека многу луѓе лојални на Ѓулен се инфилтрирани во државните служби и армијата. Во моментов во турските затвори се наоѓаат 30.559 осомничени „Ѓуленисти“, од кои повеќе од 15.000 се армиски старешини, изјави Ердоган во април, наведе ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskoto-obvinitelstvo-izdade-naredba-za-apsenje-na-250-voeni-oficeri-za-vrski-so-gjulen/feed/ 0