26 декември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 10:54:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 26 декември – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицотакис: На 26 декември првите вакцини во Грција, ден подоцна вакцинација во пет болници во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/#respond Fri, 18 Dec 2020 10:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=445145

Оценуваме дека првите пратки од вакцината во нашата земја ќе стигнат на 26 декември и од следниот ден, од 27 декември дека ќе може да почнеме со првите вакцинации во пет болници во Атина, а веднаш потоа и во Солун, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од работниот состанок за националниот план за вакцинација и откри дека први ќе се вакцинираат една медицинска сестра и еден повозрасен граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека согласно препораките од Националната комисија за вакцинација, ќе има строг приоритет во однос на тоа кои граѓани ќе бидат вакцинирани први. Здравствените работници се први на листата, заедно со лицата згрижени во Домовите за стари лица, потоа ќе следат граѓаните над 65 години, кои според Мицотакис се околу 2,4 милиони. Грчкиот премиер повтори дека лидерите на политичките партии и политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат „за на тој начин да ја покажат доверба во науката“, но и истакна дека со почетокот на вакцинацијата, нема да заврши пандемијата и уште еднаш упати апел до граѓаните, особено за празниците, да бидат двојно повнимателни и да ги почитуваат мерките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/feed/ 0
ЕК: Од 26 декември дистрибуција на вакцини на членките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/#respond Thu, 17 Dec 2020 14:35:30 +0000 https://kurir.mk/?p=444742

Според Европската комисија, ако сè оди според планот, вакцинацијата против Ковид-19 ќе почне меѓу 27 до 29 декември. Според ЕК, дистрибуцијата на вакцини до земјите-членки треба да почне на 26 декември, а сè уште останува на националните стратегии за тоа како и кога ќе се изврши вакцинацијата. – Се работи за координиран напор, а не договор дека сите мора да ја дадат првата вакцина во исто време. Во ЕУ има 450 милиони жители и 27 земји каде што се разликуваат условите и термините за вакцинација, рече портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер. – Денот не е важен, важно е ова да го направиме координирано, сите заедно, рече Мамер. Комисијата додава дека најавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за почетокот на вакцинацијата во ЕУ на 27 декември е условена и оти тоа ќе зависи од позитивната процена на Европската агенција за лекови, а потоа и од дозволата за пласирање на вакцината на пазарот од страна на Европската комисија. – По процената на Европската агенција за лекови, ќе дадеме дозвола во рок од два дена, додека вообичаената процедура е меѓу 60 и 67 дена, наведува Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-od-26-dekemvri-distribucija-na-vakcini-na-chlenkite/feed/ 0