27 април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Apr 2023 09:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 27 април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семејствата на осудените за 27 април: Не бараме милост, само бараме шанса за фер судење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-osudenite-za-27-april-ne-barame-milost-samo-barame-shansa-za-fer-sudene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-osudenite-za-27-april-ne-barame-milost-samo-barame-shansa-za-fer-sudene/#respond Thu, 27 Apr 2023 10:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=828250

Семејствата на осудените за 27ми април преку социјалните мрежи објавија писмо до граѓаните на Македонија. -Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат се' понеиздржливи. Неиздржлива е помислата, дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа. Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам ама не кажуваат дека сториле рероризам без оружје, неиздржливо е да се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели. Граѓаните, од прв до последен треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за државни непријатели и дека се политички затвореници. Во МАКЕДОНИЈА седум години издржуваат затвор политички затвореници. Сакаме да порачаме дека не само кај нашите најмили, не само кај нас семејствата туку и во МАКЕДОНСКОТО општество засекогаш ќе останат раните од политички монтираниот судски процес. Нашите најмили, прогласените државни непријатели и ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ќе бидат живи споменици на едно историско време за Македонија. И по седум години не прифаќаме дека затворените кои се наши деца, сопрузи и татковци се НЕПРИЈАТЕЛИ НА ДРЖАВАТА, не ја прифаќаме осудата за кривично дело против државата, не прифаќаме дека е нормално во 21 век во Македонија седум години да има ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ. Не само ние, речиси секој обичен граѓанин не го прифаќа тоа. Тешко ни е кога сите коментари се сведуваат на погрешна терминологија тероризам, учеството во толпа и физичките напади без докази, го квалификуваа терористичко загрозување. Во Патриотизмот, Русковска и Кацарска видоа непријателска намера со ништо не докажана. Политичкото обвинение и политичката пресуда која воопшто не образложува како тоа ги утврдиле НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАМЕРИ на нашите најмили, ДОПОЛНИТЕЛНО ги продлабочува нашите рани и ја зголемува нашата болка. Но, поторуваме дека тоа не е само наша болка, тоа е рана од која ќе остане траен белег во целото општество. Зарем не се свесни за тоа и политичарите - оние кои директно и индиректно ја определија нивната и нашата судбина. Зарем не се свесни дека со ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНИОТ судски процес и со политичките пресуди оставија тешки и неизлечиви рани и белези и врз државата и на ОПШТЕСТВОТО во целина. Зарем се согласија, овие рани ТРАЈНО да сведочат за нивнотото владеење, за нивното поигрување со нивните и нашите судбини. Ако се прашувате како ни е? Секој ден, седум години по ред, животите на нашите најмили но и нашите животи се голгота и пекол. Како може да се прифати политичка квалификација за кривично дело против државата, како да се заборават маратонските судења кои траеа по 12-15 часа, како да се заборави дека биле затворени само за да се обезбеди мнозинство за промена на уставот и името на државата, како да се чувствуваме кога еве СЕДУМ ГОДИНИ единствено тие се по затвори иако БЕА НАЈАВУВАНИ некакви криминали за високи политичари, како да се справуваме со фактот дека од денешна дистанца САМО ТИЕ СЕ ВО ЗАТВОРИ И САМО ТИЕ БИЛЕ ПРОБЛЕМОТ во македонското општество. Овие АПСУРДИ дополнително не болат сите нас а особено нашите кои гнијат во затворите веќе 6 години. Водиме секојдневни битки, битки со самите себе, да ги издржиме апсурдите и неправдите, тоа се тешки и секојдневни битки кои траат една вечност. Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со болките од неправдата нанесена на нашите синови, сопрузи, татковци и браќа веќе 6 години затворени. Секој ден смогнуваме сила да го прикриваме нашето страдање и болка и да покажуваме сила и храброст при секоја посета и средба за да останеме единствената нивна потпора. Господ ни ја дава силата заедно да чекориме низ голготата со надеж дека ќе изгрее сонцето на слободата и за нашите и за нас. Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години затвор што е ЕДНА ТРЕТИНА во однос на ДРАКОНСКИТЕ КАЗНИ на кои беа осудени нашите најмили и враќањето на предметот на повторно судење, ни даде тронка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имат можност и право на фер судење, со враќање на предметот на повторно судење и за нив. Не бараме мислост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност. Тоа го заслужуваат особено после аспурдите во многуте судски постапки каде бевме сведоци на политичките пазари за застарувања и укинувања на пресуди и ОСОБЕНО заради селективната амнестија само на дел од првично обвинетите за настаните од 27 април. Тоа го заслужуваат нашите најмили кои веќе по 6 години гнијат во затворите, но длабоко сме убедени дека враќањето на постапката од почеток и судењето во фер постапка е повеќе од потребно на целото општество и особено на обвинителството и судството заради целосната недоверба на граѓаните во овие институции. Недоверба поради тоа што граѓаните беа сведоци на селективна правда во мноогу случаи, беа сведоци на ослободување на криминалци кои со украдени пари од граѓаните на Македонија се спогодија и си ја купија слободата, сведоци на промени на законот за ослободување од гонење на некои што гласаа за промена на уставот, сведоци на постапки кои до денешен ден се водат или воопшто не се водата, конечно сведоци на селективната амнестија за пратениците кои ги отворија што беше докажана причина за можноста граѓаните кои протестираа да влезат во Собранието на Република Македонија. Тие кои со отварање на вратите на Собранието овозможија народот да влезе во Собранието, не само што не беа прашани ЗОШТО ги отворија вратите туку освен тоа што уживаат во слободата, уживааат и во наградите, привилегиите и тендерите што ги добиваат до денеска, само заради гласањето за промената на Уставот. Би сакале да апелираме, како семејства на неправедно осудените кои си ја сакат татковината, Врховниот суд, само темелно да го разгледа нашиот случај, да ги разгледа прекршувањето и повредите на кривичната постапка, темелно да ги разгледа доказите за тоа дали е докажано надвор од разумно сомневање дека нашите најмили имале намера да го загрозат уставниот поредок на Република Македонија. Не бараме мислост, само бараме шанса за фер судење. Со почит семејствата на неправедно осудените за 27ми Април ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-osudenite-za-27-april-ne-barame-milost-samo-barame-shansa-za-fer-sudene/feed/ 0
6 години киднапирана Македонија https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=828210

Денеска минуваат точно 6 години од настанот кој го означи обидот за убиство на Македонија. Шест црни лета од 27-ми април 2017-та, денот во кој Заевци и бандата успешно го одиграа сроченото им сценарио. Боливудско, приглупо и неинвентивно, ама ефектно поради поддршката и улогата на Деус екс макината... Инфантилно сценарио, создадено според перформансот и микро-капацитетот на актерите. Реално, не ни можеа да одглумат и одиграат нешто повеќе, толку им сечеше и се’ уште толку им сече на палјачовците. А мора да се признае, играа со елан. Со душа и срце не. Ги немаат. Првото го продадоа, а второто подразбира храброст... Сценариото подобно за Златна малинка претпочиташе јавен пуч во собранието, пеење албанска химна во истото и гласање влада со две раце и со саде 59 суртуци збрани. Целата финта на недоветните предавници и сценаристи беше ова да „удри“ по чувството за правда и македонштина на илјадниците собрани надвор, народ свесен дека некој така идиотски и јасно им ја одзема и краде Македонија. Ништо не беше случајно. И успејаа во намерата антимакедонска, народот револтиран од аздисот и газењето на Македонија, Уставот и законодавниот дом, влезе во парламентот. Сето тоа фингирано со пукање на заслужниот нов директор, патетичните демек раскрвавени фацулиња на лидерот и сатрап на државата, трогателни бурлески и ступидни изјави, сето тоа дел од најбезобразниот и најмизерен пуч во историјата на човештвото. Смислена драма која резултираше со амбасадорски жалопојќи, поддршка и местење на владата која имаше една употребна цел и заради која и се случи овој антимакедонски пуч. Да се смени исконското име на државата. Знаевме и тогаш, сега многу подобро, се’ беше против МАКЕДОНИЈА. Јасно како ден, но пресуди улогата на „меџународна“ на која и пречеше независна македонска влада, игра стокмена во комбинација со сеалбанската роља на ДУИ и секако, да не ги заборавиме никогаш, домашните одроди и марионети внесени во ликот и делото на Муртинхаузен, СДСССССС и колиционите кондоми околу нив. И изминаа најлошите ШЕСТ години во историјата на Македонија. Посведочивме национален, економски, здравствен, судски, образовен и земјоделски погром. Катастрофа и временска непогода на секое можно поле. Се’ почна со инстант-потпушувачкиот Договор за НЕпријателство, чиј стап најсилно го јадеме денеска, продолжи со непотребната и забегана двојазичност, следуваше квислиншката Преспанска капитуалција, па игнорираниот Референдум и затворањето на освестените браќа од 27-ми април. Македончишта чија судбина стана показна вежба на северџганистанците „Што ќе ти се случи ако си против северна“. И така до ден-денес, заклучно со дебаклот на локалните на кои им претходеа наместените и лажирани „падни-стани систем“ парламентарни избори во 2020-та, СЈО фингерајките на Катица, Кацарска и Русковска, па пензионирањето на грчка плажа на хохштаплерот Црпко Први и местењето на анонимниот испорачувач Црпко Втори алијас Ќуран, бизнисите на фамилија Груби, инвазијата на администрацијата од партиите на власт, идиотизмите во и со короната, та сервилни Француско-бугарски предлози, нови капитулации, најнови обвинети кабли, повиновни шофери и секогаш недопирливите комуњари и интегративци со преполни џебови и празни глави. Признајте, мислевте, сите мислевме дека  не може да биде полошо. И признаваме дека Тачевци и Артановци секогаш не демантираа. Еве како и крајот мириса. Мириса на Бехтел и Енка. Нормално, затоа што крајот делото го краси. Ќе не заглават преку гуша и ќе траснат од власт. Го знаеме и тоа. Ама, барем да нема „меко атерирање“ и да има ОДГОВОРНОСТ. Се истрпевме, ќе дотрпиме уште малку, ама без тој збор од 11 букви ништо не бива. Половина од водачите на погромот веќе се во затвор или на пат кон него. Крадеа ко улави, ги стигна/стигнува заслуженото. А, останатите бандити? Раката на правдата можеби е спора, ама долга. Без тоа ништо и нема смисла. И не ги мешајте правдата и правото. Правдата е идеал, а правото само нејзина алатка. Мора да има правда, казна за злосторот. Казната е правда за онеправданите. Помирување, мир и спокој не може да има и нема да има без правда. Заради македонштината, поради сите зулуми и продажби на националните светии, за историјата, заради затворените браќа, за иднината. Заради МАКЕДОНИЈА!]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/6-godini-kidnapirana-makedonija/feed/ 0
До Собранието испратен закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-sobranieto-ispraten-zakon-za-amnestija-na-osudenite-za-nastanite-od-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-sobranieto-ispraten-zakon-za-amnestija-na-osudenite-za-nastanite-od-27-april/#respond Thu, 26 Jan 2023 14:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=792394

Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април во Собранието денеска како препорачана пратка е испратен до пратениците, информира за МИА адвокатот Јанаки Митровски. Пратениците законот ќе го добијат најверојатно в понеделик, а адвокатите кои го подготвија најавуваат средби со сите пратенички групи со цел да лобираат и да се обидат да добијат поддршка за него. Митровски објаснува дека со предложениот текст се предвидува амнестија за настаните што се случија на 27 април 2017 година и тоа се предлага целосна амнестија за лица осудени на затворски казни до 10 години и половични односно намалување на половина за лица осудени над десет години. Само две лица се осудени под 10 години и тоа Александар Василевски – Нинџа (‘г.) и Абдуљфета Алими (8г.), додека сите останати се осудени на поголеми затворски казни. Адвокатот Митровски во изјавата за МИА посочува дека тој и неговите колеги од понеделник планираат да се сретнат со сите пратенички групи во Собранието и да побараат поддршка за законот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-sobranieto-ispraten-zakon-za-amnestija-na-osudenite-za-nastanite-od-27-april/feed/ 0
АНКЕТА НА ИПИС: Огромно мнозинство граѓани сметаат дека процесот за „27 април“ е монтиран и треба да се повтори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-ipis-ogromno-mnozinstvo-gragjani-smetaat-deka-procesot-za-27-april-e-montiran-i-treba-da-se-povtori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-ipis-ogromno-mnozinstvo-gragjani-smetaat-deka-procesot-za-27-april-e-montiran-i-treba-da-se-povtori/#respond Mon, 29 Nov 2021 21:35:41 +0000 https://kurir.mk/?p=601671

Народот го урна случајот 27 април, само вака може да се опише последната анкета на ИПИС на тема истражување на јавно мислење „Настани од 27 април“. На прашањето „Дали осудените се оранизатори или жртви со цел да се прикријат вистнските виновници за настанот?“. 45.3 проценти од граѓаните сметаат осудените за 27 април се жртви со цел да се прикријат вистинските виновници на настанот. 27 проценти сметаат дека тие се организатори, додека 27,8 проценти немаат одговор на прашањето. На прашањето дали осудените имаат фер судење 45,6 проценти од граѓаните сметаат дека осудените немале фер судење. Огромно мнозинство од 50,4 проценти од испитаните граѓани сметаат дека процесот за 27 април бил монтиран. Уште поголем дел од граѓаните, односно 51,5 проценти од граѓаните сметаат дека имало селективна амнестија во случајот. Голем број од граѓаните сметаат дека поради нефер судењето и фактот што овој случај е политички монтиран треба да се повтори судењето. 50,2 проценти од граѓаните сметаат дека треба да има повторно судење за случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-ipis-ogromno-mnozinstvo-gragjani-smetaat-deka-procesot-za-27-april-e-montiran-i-treba-da-se-povtori/feed/ 0
Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот кој го вршат врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dvolichnosta-na-pendarovski-e-zaradi-pritisokot-koj-go-vrshat-vrz-nego-realnosta-e-deka-se-soglasi-so-mene-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dvolichnosta-na-pendarovski-e-zaradi-pritisokot-koj-go-vrshat-vrz-nego-realnosta-e-deka-se-soglasi-so-mene-za-27-april/#respond Sat, 08 May 2021 11:25:46 +0000 https://kurir.mk/?p=507538

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, дека изнел различен став од она што било дискутирано, Христијан Мицкоски истакна дека се работи за дволичност и очигледен е притисокот кој се врши врз Пендаровски, иако на средбата имале усогласен ставови. -Генерално ние внатре се сложивме за се како што кажав и на мојата изјава надвор откако излегов од состанокот којшто го имав со господинот Пендаровски, тоа што го спомнав надвор практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние би рекол новинарски пера којшто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев е забележливо и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски, јас го разбирам нормално не можам да го оправдам бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност, едно лице да имате на средбата, едно да имате надвор пред камерите, но во ред битно е дури ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак доколку имаме нови докази овој случај како и многу други случаи во минатото да започне од самиот почеток, рече Мицкоски. Тој посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази. -Да го искористат инстурментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред третостепенипот суд Врховниот Суд или пред европскиот суд за човекови права во Стразбур, такашто на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните да слушаат исфрустрирани политичари, туку треба да слушаат и гледаат политичари којшто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат проблемите, во таа насока беше и таа наша вчерашна средба, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-dvolichnosta-na-pendarovski-e-zaradi-pritisokot-koj-go-vrshat-vrz-nego-realnosta-e-deka-se-soglasi-so-mene-za-27-april/feed/ 0
АНАЛИЗА: Сака Ли Бранко Црвенковски Со 27 Април Да Го Бутне Зоран Заев Од Власт?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-saka-li-branko-crvenkovski-so-27-april-da-go-butne-zoran-zaev-od-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-saka-li-branko-crvenkovski-so-27-april-da-go-butne-zoran-zaev-od-vlast/#respond Thu, 06 May 2021 10:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=506208

Повеќе од 2 недели македонската јавност ја брануваат неколку важни политички случувања. Првото е што ВМРО-ДПМНЕ сака да ги „воскресне“ случувањата од 27 април 2017 година, кога поголема група на луѓе влезе во Собранието и изврши насилство врз тогашната опозиција, а беа претепани и поголема група пратеници. Подоцна овој настан доби судска разрешница, а на обвинетите им се судеше по член 313 од ЗКП, Терористичко загрозување на уставниот поредот и безбедноста. Вкупната казна на обвинетите беше повеќе од 200 години, на што ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период сака да издејствува судењето за овие настани да се повтори, а на овие луѓе да им се суди за насилство, а не за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Лидерот на партијата, Мицкоски во едно интервју кажа дека во Собранието имало насилство и дека тој во свое и име на партијата го осудува, но дека квалификацијата за ова дело е престрога. Владејачката СДСМ има спротивно мислење како и дека ова судење не смее да се повтори, бидејќи според нив за тоа одлука носи судот, а судот веќе ја изрече пресудата. Второто случување доста интересно. На македонската политичка сцена актуелен стана екс претседателот на СДСМ и државата, Бранко Црвенковски. Црвенковски стана актуелен, откако актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, реши да расчисти со неговите кадри во партијата. Зоран Заев, пред околу еден месец, откако доби нов мандат во партијата и дал до знаење на Радмила Шекеринска дека за неа повеќе нема место во високите структури на СДСМ. Шекеринска тоа го изведе на еден елегантен начин, соопштуваќи во јавноста дека не планира повторно да се кандидира за позицијата заменик претседател. Ваквиот потег на Зоран Заев го вклучи црвениот аларм кај Црвенковски, бидејќи Радмила Шекеринска беше неговите очи, уши и уста во СДСМ. „Стариот волк“ добро ја познава политичката сцена во Македонија, па свесен за потезите на Заев, решил да стапи на сцената. Решил да стапи на сцената преку Стево Пендаровски?! Од случувањата на 27 април па се до пред неколку дена, Пендаровски го делеше мислењето на СДСМ околу пресудитие односно Пендаровски се додека не почувствува „закана“ од Заев молчеше и мирно го одработуваше претседателскиот мандат. Во моментот кога Зоран Заев почна да расчистува со кадрите на Црвенковски во СДСМ, Стево Пендаровски го промени вордингот, па во едно негово интервју даде идентична изјава за 27 април како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Но што се крие зад овие негови изјави? „Јас не мислам воопшто дека луѓето кои влегоа внатре се терористи, дури и оние кои физички напаѓаа луѓе. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија. Оние кои само влегле во зградата на собранието не можеш да кажеш дека се терористи. Во овој момент јас поддржувам преотворање на процес, ако и големо ако има нови докази, нови сведоци кои ќе го осветлат настанот од друг аспект кој ќе покаже дека не е баш така како што било докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа“, рече Пендаровски. Вчера неколку дена по неговото интервју, Пендаровски добил повик од Мицкоски и веќе за утре закажана е средба помеѓу нив. ВМРО-ДПМНЕ околу една година го имаше замрзнато односот со претседателот Пендаровски.  Дали изјавите на Пендаровски овозможуваат ВМРО-ДПМНЕ да издејствува повторување на судењето или пак е трик на Црвенковски? Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да овозможи повторување на судењето за случувањата на 27 април ќе го зацврсти „тврдокорното“ крило на партијата, а ќе успее да врати и дел од членовите кои поради овие случувања на некој начин изгубија доверба во партијата, а лидерот Мицкоски значително ќе го зголеми својот рејтинг. Но, што доколку ова е трик на Бранко Црвенсковски? Што доколку Црвенковски сака преку Стево Пендаровски да му испрати порака на Зоран Заев? Па така со ова одмрзнување на односите на релацијата Пендаровски - ВМРО-ДПМНЕ и нивната средба може да биде порака за Зоран Заев дека Црвенковски му е лут и дека Заев мора да се „спушти“ на земја. Информациите дека Бранко Црвенковски ќе формира нова политичка партија, а таа ќе се вика „Социјалдемократска иднина“ се само обични шпекулации. Зошто? Затоа што Бранко Црвенковски веќе ги виде судбините на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски, Бранко Црвенковски не ја прави нивната грешка, Црвенковски е искусен политичар, а искусен политичар учи на туѓите грешки не на своите. Тој ќе дејствува во сенка, а истурен играч во ситуацијава ќе му биде Стево Пендаровски. „Битката“ помеѓу Црвенковски и Заев официјално е започната, „Стариот волк“ нема толку лесно да му го препушти тронот на струмичкиот „кмет“. Пендаровски в петок ќе се сретне со Мицкоски... можна ли е набрзо средба помеѓу Зоран Заев и Бранко Црвенковски?   Р.З]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-saka-li-branko-crvenkovski-so-27-april-da-go-butne-zoran-zaev-od-vlast/feed/ 0
Попов со поддршка за граѓаните кои поради револ за неправедно осудените од 27 април деноноќно се пред Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/#respond Wed, 28 Apr 2021 15:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=503347

Денеска во скопски „Жена парк“, претседателот на Унијата на млади сили, Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, ги посети граѓаните кои седат во паркот секојдневно, преку целиот ден, а тие велат дека се таму како знак на револт за неправедно осудените лица за 27-ми април за кои посочуваат дека ќе продолжат да седат во паркот се додека не се ослободат неправедно осудените лица или како што велат не си замине „сатанистичкото здружение“ на власт. Граѓаните во знак на револт дури преспиваат пред Собранието, Попов им даде поддршка и им посочи дека УМС е тука за се што им е потребно, како и дека протестите несомнено ќе продолжат во иднина. Јас сум бил 25 години СДСМ и ќе признаам морам да кажам, но јас сум го прешкртал од мртви и од живи, овој човек знам викаше во Аеродром „Го донеле Заев да го менува името“ , „Ајде мајката“, значи ни смени име и за се не излажа, затоа што немаме ни историја, немаме ништо – вели еден од граѓаните пред Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popov-so-poddrshka-za-gragjanite-koi-poradi-revol-za-nepravedno-osudenite-od-27-april-denonokjno-se-pred-sobranie/feed/ 0
Василевска:27 Април беше совршен кастинг на Вилма Русковска да смисли како да ја уцени опозицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-27-april-beshe-sovrshen-kasting-na-vilma-ruskovska-da-smisli-kako-da-ja-uceni-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-27-april-beshe-sovrshen-kasting-na-vilma-ruskovska-da-smisli-kako-da-ja-uceni-opozicijata/#respond Mon, 26 Apr 2021 21:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=502494

Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за вчерашниот општонароден мировен протест „Слобода за Уставобранителите“ кој се поврзува со неправедно осудените од случајот 27 Април и потенцираше дека случајот со 27 претставуваше совршен кастинг на Вилма Русковска да смисли како да ја уцени опозицијата, но за жал не успееја во тоа. -Случајот со 27 Април беше еден совршен кастинг кој и требаше на Вилма Русковска едно седум месеци да смисли како да го направи, да ги поврзат сите конци во таа цела нитка за да може да послужат да ја уценат опозицијата. Но, секако не успееја во тоа.Во врска со 27 Април она кое не се заборава е горчливиот вкус на неправдата, а знаете како и задоцнетата правда е неправда затоа што овие години не може никој да им ги врати на тие луѓе, истакна Василевска. Василевска во своето гостување посочи дека луѓето кои беа дел од 27 Април се патриоти и претствуваат мирољубив народ. -Заедничка Македонија беше дело на Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, на покојна Елена Мисиркова, позадински се приклучија Александар Русјаков и безборј уметници, интелектуалци, професори, докторит. Ние сите имавме намера да создадеме едно ткиво на обединување кое требаше да се потпира на платформата за љубов. Ние сме патриоти затоа што претствуваме мирољубив народ , македонскиот конститутивен народ , македонската културна традиција, македонскиот литературен јазик, нашата традиција, нашата сегашност и нашата иднина врз основа на правото за самопределување на народите кое е етаблирано во меѓународно право 919 година минатиот век до ден денес. Така што она кое беше како наша реакција се засноваше на пораките и укажувањата на надпартиски начин да покажеме дека не дозволуваме да бидеме тренирани како стадо, како бројка и нешто кое ќе се поткусура за време на изборите, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-27-april-beshe-sovrshen-kasting-na-vilma-ruskovska-da-smisli-kako-da-ja-uceni-opozicijata/feed/ 0
Илиевски: Како шило излезе вистината за 27 април, пресудата се базира еден сведок кој даде 4 различни изјави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-kako-shilo-izleze-vistinata-za-27-april-presudata-se-bazira-eden-svedok-koj-dade-4-razlichni-izjavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-kako-shilo-izleze-vistinata-za-27-april-presudata-se-bazira-eden-svedok-koj-dade-4-razlichni-izjavi/#respond Mon, 26 Apr 2021 18:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=502426

Вистината за 27 април проби како шило, обвинението и пресудата се базираат на клучен сведок кој даде 4 изјави кои се разликуваат една со друга, вели Богдан Илиевски за „Филибастер“ на радио Лидер, кој додаде дека обвинителниот акт е пресликан од прес конференција која СДСМ ја одржа на 29 април. -Станавме терористи на 29 април 2017 година кога тогашниот портпарол на СДСМ, сегашен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го соопшти делото кое на магичен начин, таа негова прес конференција се преточи во обвинителен предлог и акт. Еден сведок со 4 различни верзии на настаните и тоа клучен сведок цитиран во пресудата, а според негова изјава се темели и вториот случај за т.н. организатори. Јавноста дозна дека има четири различни верзии кои се разликуваат, вели Илиевски. Тој истакна дека требало да поминат 4 години за да успеат да ја презентираат и нивната страна на на случувањата и дека народот не остана нем и глув на фактите дека на 27 април немало смислено терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија. Казните се драконски и затоа луѓето да побараа правда за неправедно осудените и затоа излезе да протестира и да бара правда за неправедно осудените. -Вчера имавме преубав собир на искрени и чесни граѓани кои ја оживеаја енергијата која ја ширеше Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во сите оние 60 дена пред немилите настани на 27 април. Она што го имам како комплетен впечаток е дека никако не може да стане збор за некакво терористичко загрозување на уставниот поредок, поради што членот 313 од Кривичниот законик кажува дека тука треба да постои предумисла, план. Иронија е дека соо 90% од сите се запознавме на денот на апсењето. Овој мој впечаток беше потврден вчера, нагласи Илиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-kako-shilo-izleze-vistinata-za-27-april-presudata-se-bazira-eden-svedok-koj-dade-4-razlichni-izjavi/feed/ 0
Пред Собранието е „полно како око“: Масовен протест за поддршка на осудените уставобранители (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-e-polno-kako-oko-masoven-protest-za-poddrshka-na-osudenite-ustavobraniteli-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-e-polno-kako-oko-masoven-protest-za-poddrshka-na-osudenite-ustavobraniteli-foto-video/#respond Sun, 25 Apr 2021 11:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501777

Со барање за „слобода на уставобранителите“ во 11 часот започна протестот пред Владата, а предвидено е истиот да заврши пред Собранието каде веќе дојдоа илјадници граѓани. Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бара и оставка на Владата. Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека не е директно вклучена во организацијата, но даде поддршка на протестот и повика на барање правда, за како што велат, неправедно осудените за настаните од 27 април 2017 година. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е денеска присутен на протестот за поддршка за осудените од упадот во Собранието кој се случи пред четири години. Тој на социјалните мрежи порача дека не смее да се премолчи на неправдата, затоа што како што рече, уставобранителите се чесни граѓани на Македонија. „Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, порача Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-sobranieto-e-polno-kako-oko-masoven-protest-za-poddrshka-na-osudenite-ustavobraniteli-foto-video/feed/ 0