27-ми април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 10:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 27-ми април – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Како може Вељаноски, Јанакиески и Ристовски да бидат организатори кога од 30.000 пораки нема никаква комуникација меѓу нив? – прашува адвокатот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=532765

„Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски, ниту со Никола Бошкоски. Триесет илјади пораки беа извадени од мобилниот на Вељаноски, ниедна комуникација нема со овие двајца. Вељаноски и Јанакиески во овој критичен период, немаат апсолутно никаква комуникација. Тоа се виде и од листинзите од телефонот на Јанакиески”. Ова денеска во Основниот кривичен суд Скопје како завршни зборови го истакна Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски. Тој истакна дека обвинението не може да се потврди. -Обвинителство сака да ве убеди дека бил загрозен уставниот поредок, но ајде сега да се вратиме пред инкриминираниот дел од обвинението, односно почетокот на 2017 година па заклучно со 27 април. Уставниот поредок во тој период е парламентарна демократија и уставниот поредок после 27-ми април е исто така парламентарна демократија. Истата оваа одредба ги предвидува и дејствијата со кои некој можел да го загрози уставниот поредок , а како дејствие се наведуваат предизвикување или закана со експлозија, пожар или друго опасно дејствие, а ништо таквво не се ни става на товар на било кој од обвинетите во оваа постапка. Тоа што треба да се стави на товар е акт на насилство, рече Миланов. Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски. -Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов. Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот. Миланов истакна дека е бесмислено што обвинителството тврди дека е нарушен уставниот поредок, но не и дека е нарушена безбедноста на земјата што никаде не се споменува. -Обвинителството сака да го увери судот дека бил нарушен уставниот поредок на земјата. Уставниот поредок на земјата и пред и после 27 април е парламентарна демократија. Нема никаков навод дека тоа тоа е променето. Ниту еден услов не е исполнет дека обвинетите го сториле кривичното дело за кое се теретат. Трајко Вељаноски немал никаква комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Исто така Вељаноски и Јанакиески немале никаква комуникација во критичниот период. Немало комуникација, тоа е јасно. И сега тие треба да бидете убедени дека постои некаков план, праша Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-moze-veljanoski-janakieski-i-ristovski-da-bidat-organizatori-koga-od-30-000-poraki-nema-nikakva-komunikacija-megju-niv-prashuva-advokatot/feed/ 0
Велјановски на 27-ми април ја водел седницата согласно Деловникот на Собранието – тврди неговиот адвокат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/#respond Tue, 06 Jul 2021 10:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=532752

Обвинетитот Трајко Велјановски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај. Адвокатот Еленко Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски. -Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Велјановски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов. Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељановски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот. -Не може за ова да го прогласите Трајко Вељановски за виновен, рече Миланов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-na-27-mi-april-ja-vodel-sednicata-soglasno-delovnikot-na-sobranieto-tvrdi-negoviot-advokat/feed/ 0
Стојаноска: Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми Април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-gragjanite-najdobro-znaat-i-sledat-koj-dobi-a-koj-izgubi-so-sluchuvanjata-od-27-mi-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-gragjanite-najdobro-znaat-i-sledat-koj-dobi-a-koj-izgubi-so-sluchuvanjata-od-27-mi-april/#respond Tue, 27 Apr 2021 11:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=502769

И по 4 години не е расчистен случајот и неправедно осудени граѓани лежат со големи казни по македонските затвори. Сведоци сме дека веќе постои пракса на повторување на судски постапки врз база на изјави, затоа посакуваме и повикуваме на расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно и овој пат се надеваме, правично судење, изјави денеска за медиумите, Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - И еден изминат час или ден поминат во затворска келија на неправедно осудени луѓе им е како година. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш сме осудувале и ќе осудуваме секаков вид на насилство и оттука повикуваме вакви настани никогаш повеќе да не се случат и повторат, но повикуваме и во Македонија конечно да почнат да владеат правото и правдата. Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април, посочи Стојаноска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-gragjanite-najdobro-znaat-i-sledat-koj-dobi-a-koj-izgubi-so-sluchuvanjata-od-27-mi-april/feed/ 0
Осудени за случајот „27-ми април“ добија намалување на казните, еве по колку години ќе поминат во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeni-za-sluchajot-27-mi-april-dobija-namaluvanje-na-kaznite-eve-po-kolku-godini-kje-pominat-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeni-za-sluchajot-27-mi-april-dobija-namaluvanje-na-kaznite-eve-po-kolku-godini-kje-pominat-vo-zatvor/#respond Fri, 12 Feb 2021 13:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=467884

Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница донесе пресуда со која ја потврди првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело и делумно ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „27 април“. -Апелациониот суд Скопје по одржана јавна седница, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљифета Алими, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски Нинџа огласени виновни за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик и на обвинетиот Оливер Радулов за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 в.в со член 24 од Кривичниот законик, на начин што првостепената пресуда по однос на вината за стореното кривично дело ја потврди, се вели во соопштението од Апелација. По однос на изречената кривична санкција, Апелација првостепената пресуда  ја преиначи на начин што обвинетиот Митко Чавков се осудува на казна затвор во траење од 16 години, обвинетите Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години, обвинетите Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски се осудуваат на казна затвор во траење од по 13 години, обвинетите Оливер Поповски, Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ се осудуваат на казна затвор во траење од по 11 години, обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од девет години, обвинетиот Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од седум години и обвинетиот Абдуљифета Алими се осудува на казна затвор во траење од шест години. – Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик , обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди, се вели во соопштението од Апелација. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на Апелационен суд Скопје во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osudeni-za-sluchajot-27-mi-april-dobija-namaluvanje-na-kaznite-eve-po-kolku-godini-kje-pominat-vo-zatvor/feed/ 0
„Електронски Нинџа“: Кој и со каква цел би фалсификувал докази за случајот 27-ми април? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-nindza-koj-i-so-kakva-cel-bi-falsifikuval-dokazi-za-sluchajot-27-mi-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-nindza-koj-i-so-kakva-cel-bi-falsifikuval-dokazi-za-sluchajot-27-mi-april/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=446639

Кој и зошто би фалсификувал докази? Овие прашања се поставуваат и по денешното рочиште, а се отворени веднаш по четирите различни верзии на сведокот соработник Александар Василевски-Нинџа кои нему му донесоа казна под минималната, на 15 други луѓе над 200 години затвор, а на Рускоска ново обвинение за т.н. организирање на настаните на 27-ми април. Денес на суд беше повикан вештак да го  презентира  вештачењето на телефонот на Нинџа  и неговото движење на 27 април 2017 година. На денешното рочиште за т.н. организирање на настаните на 27-ми април вешто лице сведочеше за доказите за телефонски разговори кои ги понуди Вилма Рускоска, обвинител во предметот. Според вештакот проф. Д-р Мирослав Котевски, доказите кои ги приложила Рускоска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал - односно да направил фалсификат. „Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци.“ вели професорот Мирослав Котевски. Според него, во вакви незаштитени електронски докази секој кој имал контакт со нив до моментот на поднесување на обвинението можел да направи промена, односно фалсификат. „Дополнително, во ваквите датотеки може да се креираат непостоечки (фиктивни) нови записи кои никогаш реално како настан не постоеле. Тоа може да бидат текстуални пораки кои не биле разменети помеѓу два мобилни телефонски броја или две лица, говорна комуникација меѓу две лица која никогаш не била реализирана или приклучувања кон глобалната интернет мрежа.“ појаснува професорот. Дополнителен проблем е што според него во EXCEL датотеките не може да се утврди дали се правени измени во податоците поради фактот што измените и/или дополненијата може да се направат без запис (трага) за настанатата измена и/или дополна и без запис кој и кога ја направили таа измена и/или дополна. Индиции за можно фалсификување на доказите има поради неколку утврдени непостојани податоци од страна на вештакот, односно одредени разговори кои се запишани во една ексел табела, не се забележани во три други ексел табели во кои исто така би морало да ги има. Според вештото лице професор Котевски, ова е доволна причина да се посомнева во кредибилноста и веродостојноста на доказите. „Ова наведува на заклучок дека доверливоста на xls фајловите кои се дел од доказните материјали е проблематична“, заклучи проф. Д-р Котевски на денешното рочиште кое започна со проблеми откако Рускоска во судот донела погрешен советник кој не бил од полето на стручност на Котевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektronski-nindza-koj-i-so-kakva-cel-bi-falsifikuval-dokazi-za-sluchajot-27-mi-april/feed/ 0
На Вилма ѝ остана само Нинџа: Ниту еден од денешните сведоци за 27-ми април не ги потврди тврдењата на Рускоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vilma-ostana-samo-nindza-nitu-eden-od-deneshnite-svedoci-za-27-mi-april-ne-gi-potvrdi-tvrdenjata-na-ruskoska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vilma-ostana-samo-nindza-nitu-eden-od-deneshnite-svedoci-za-27-mi-april-ne-gi-potvrdi-tvrdenjata-na-ruskoska/#respond Fri, 15 May 2020 11:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=346233

На денешното рочиште за судењето за организацијата на настаните од 27-ми април обвинителката Вилма Рускоска повторно се соочи со неможност да ги докаже своите тврдења од обвинението. Сведокот Стефан Младеновски во своето сведочење, меѓу другото, кажа дека сѐ било координирано од Нинџа и упадот во Собранието се случил по негов налог. Младеновски никаде не спомена дека протестите и настаните биле организирани од политичка партија, а индикативно е што и Вилма Рускоска не поставуваше дополнителни прашања во таа насока, веројатно свесна дека за докажување на нејзините тврдења од обвинението ќе мора да се потпре на „столбот на нејзиниот случај“, Александар Василевски Нинџа. Токму вчера се појави информацијата дека Нинџа бил повикан од Рускоска на разговор во обвинителството и бил донесен таму од затворот од Штип каде ја издржува 8-годишната затворска казна која ја доби на судењето за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, казна која е 2 години под минималната. Тогаш јавноста шпекулираше дека ваква казна под минималната Нинџа добил затоа што „ги пополнуваше дупките во обвинението на Рускоска“. И судијката Добрила Кацарска во огромен дел од својата пресуда се потпира токму на кажаното од Александар Василевски Нинџа. Нинџа има историја на „сведок-соработник“ со обвинителството и судот поради што добивал значително помали казни од делата за кои се товарел. Јавноста памети дека токму Василевски после 12 години откако сведочеше во случајот „Ровер“ изненадувачки се сети на нови детали за случајот кој заврши со осудителни пресуди за повеќе обвинети токму поради неговата „освежена меморија по 12 години“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-vilma-ostana-samo-nindza-nitu-eden-od-deneshnite-svedoci-za-27-mi-april-ne-gi-potvrdi-tvrdenjata-na-ruskoska/feed/ 0
Јовановски: Дел од тие луѓе коишто беа прогласени за „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-del-od-tie-lugje-koishto-bea-proglaseni-za-teroristi-bea-amnestirani-i-glasaa-za-promena-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-del-od-tie-lugje-koishto-bea-proglaseni-za-teroristi-bea-amnestirani-i-glasaa-za-promena-na-ustavot/#respond Mon, 27 Apr 2020 18:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=338281

На вечерашната дебата на 24 Телевизија помеѓу поранешните пратеници Павле Богоевски и Крсто Јовановски, Јовановски посочи дека наводното „терористичкото дејствување“ за 27-ми април е измислено, затоа што луѓето коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот. -Не верувам во тоа, измислено е „терористичкото дејствување“ за 27-ми април. Дел од тие луѓе коишто беа „терористи“ беа амнестирани и гласаа за промена на Уставот. Тоа значи дека тие во истиот момент додека беа амнестирани престанаа да бидат „терористи“. На два милиони луѓе во Македонија толку многу луѓе ли беа „терористи“ , тоа е огромна бројка на „терористи“, истакна Јовановски. Тој вели: “Тоа е нон сенс, глупост и не може да му се верува на истото, смислено сценарио да, но од кого ќе видиме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-del-od-tie-lugje-koishto-bea-proglaseni-za-teroristi-bea-amnestirani-i-glasaa-za-promena-na-ustavot/feed/ 0
“Главна ѕвезда“ во документарецот на телевизијата блиска до Вице Заев е снимателот кој за 27-ми април беше награден со вработување од Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavna-dzvezda-vo-dokumentarecot-na-televizijata-bliska-do-vice-zaev-e-snimatelot-koj-za-27-mi-april-beshe-nagraden-so-vrabotuvanje-od-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavna-dzvezda-vo-dokumentarecot-na-televizijata-bliska-do-vice-zaev-e-snimatelot-koj-za-27-mi-april-beshe-nagraden-so-vrabotuvanje-od-vlada/#respond Wed, 04 Mar 2020 14:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=312010

Струмичката телевизија „Вис“ почна да ги објавува епизодите од документарниот серијал „27-ми април во прво лице“. Оваа телевизија важи за блиска до братот на екс-премиерот Зоран Заев, Вице Заев, па со овој скап проект има за цел да го насочи вниманието на јавноста повторно кон случувањата во Собранието, цели 3 години по настаните. Ова го прават со единствена цел – обид за замајување на јавноста чие внимание сега е завртено кон актуелните судски случаи како „Рекет“, како и криминалите на луѓе од врвот на власта, кои секојдневно излегуваат на виделина. Главна “ѕвезда“ во првата епизода е снимателот Дамјан Чунихин. Во тоа време, тој беше вработен како снимател во телевизијата „24 Вести“. Објави снимки од случувањата во Собранието, претставувајќи ги СДСМ како жртви, а народот како насилници. За тие снимки, Чунихин беше “награден“ со вработување, ни помалку ни повеќе, туку како професионален и официјален снимател во Владата на Зоран Заев. За да си ја оправда платата која ја зема од џебот на граѓаните, Чунихин прифатил и улога во “драматичниот“ документарец, каде во улога на вознемирена жртва раскажува со што се соочил тој ден. Првата епизода од „27-ми април во прво лице“, докажа дека целта на документарецот не е ништо друго освен сервирање на манипулација со цел пренасочување на интересот на јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/glavna-dzvezda-vo-dokumentarecot-na-televizijata-bliska-do-vice-zaev-e-snimatelot-koj-za-27-mi-april-beshe-nagraden-so-vrabotuvanje-od-vlada/feed/ 0
Заев со 27-ми април, ќе си ги пере гревовите за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-27-mi-april-kje-si-gi-pere-grevovite-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-27-mi-april-kje-si-gi-pere-grevovite-za-reket/#respond Fri, 21 Feb 2020 08:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=306822

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почнува судскиот процес за осомничените за организирање на настаните во Собранието на 27-ми април 2017-та година. Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование и наука Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие, според обвинението, се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Во меѓувреме, судењето за „Рекет“ веќе е во напредна фаза. На обвинителната клупа се Боки 13 и Катица Јанева, а речиси на секое рочиште се обелоденуваат докази за нивна поврзаност со врвот на владата на СДСМ. Меѓу другите, се спомнуваат имињата на екс-премиерот Зоран Заев, а од неодамна и неговиот брат Вице Заев се докажува дека е поврзан со овие лица. Тоа, претседателот на СДСМ, се обиде да го негира, но во јавноста излегоа докази дека тој не ја говорел вистината кога велеше дека со обвинетите за „Рекет“ нема поврзаност. Јавноста покажува голем интерес за овој судски процес, па секојдневно е сведок дека Боки и Катица имале поддршка од “погоре“. Затоа, Заев свесно го темпира судењето за 27-ми април, да се одвива пред и за време на изборите. Со тоа сака да го  насочи вниманието на јавноста кон други лица, а не кон оние на чие рочиште тој станува “главна ѕвезда“. Со цел да ја изманипулира јавноста дека „Рекет“ не е толку важен, па треба да се занимаваат со рочишта каде нема да се валка неговото име, се вложија огромни средства за да се снима документарен филм. Скапиот филм во 4 епизоди се снима и ќе се емитува на струмичката телевизија ВИС, која важи за блиска до Вице Заев. Направија помпезна најава, а ги најавија и главните “актери“. Од телевизијата која стои зад овој проект најавија дека за првпат во прво лице ќе сведочат Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Благој Бочварски. Темата на филмот е „27-ми април“. Драматични сцени, музика, политичари на СДСМ... Извештачена слика во која политичарите на Заев се пшретставуваат како жртви. Целта на филмот е да го намали значењето на „Рекет“ и да се тргне вниманието на јавноста од вистинските прашања поврзани со криминалот на власта. А, „Рекет“ е само еден од многуте скандали и криминали во кои Заев и неговите најблиски се вплеткани “до гуша“. За потсетување, случајот 27-ми април заврши со драконски казни само врз основа на исказ на Нинџа, осудуван криминалец. Омилената судијка на СДСМ, Добрила Кацарска им одреди вкупна затворска казна од 211 години на 16 обвинети за случувањата на 27-ми април. Случајот почнува, Заев се надева дека јавноста ќе зборува само за Спиро и Миле, оние кои беа претепани додека беа во притвор. СДСМ-овскиот директор на затворот, Ѓоко Котевски,  поднесе оставка откако беше утврдено дека претепувањето на екс-министрите немало да се случи доколку обезбедувањето реагирало. Потоа беше награден со партиска функција-прв човек на СДСМ Бутел. Заев се надева дека „Рекет“ ќе се стави во втор план, а тоа би било исполнување на неговата цел, да се испере од гревовите и да не се зборува за неговата вмешаност. Имаше дури и жртва, но и за трагедијата малку се зборува. Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан, почина откако неговите повреди не беа соодветно лекувани затоа што истиот е осуденик за настаните од 27-ми април. Почина како резултат на несоодветно лекуваните трауми нанаесени при нападот. Темата 27-ми април нема да го испере Заев! Граѓаните не се наивни и одамна го препознаа неговиот обид да се пере од нешто кое не може да се испере.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-so-27-mi-april-kje-si-gi-pere-grevovite-za-reket/feed/ 0
Мицкоски: Судии поротници за случајот 27-ми април си дадоа оставки зошто пресудата била однапред напишана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sudii-porotnici-za-sluchajot-27-mi-april-si-dadoa-ostavki-zoshto-presudata-bila-odnapred-napishana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sudii-porotnici-za-sluchajot-27-mi-april-si-dadoa-ostavki-zoshto-presudata-bila-odnapred-napishana/#respond Wed, 24 Apr 2019 19:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=190918

Политичка трговија ниту била, ниту ќе е на дневен ред кога станува збор за Специјалното јавно обвинителство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на „Отворено“. Тој посочи дека власта треба да прифати сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство за да покаже дека има волја од нивна страна. Мицкоски укажа дека треба само да се почитува правото и да биде задоволена правдата. Говорејќи за правосудството Мицкоски укажа и на некои конкретни случаи. -Знаете дека дел од поротниците во процесот за 27-ми април си дадоа оставки зошто не се сложија со тоа како е воден процесот и дека пресудата е донесена без тие да бидат консултирани. Не сакале само да се согласуваат оти била донесена пресудата, а тие требале да дигнат само два прста, посочи Мицкоски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sudii-porotnici-za-sluchajot-27-mi-april-si-dadoa-ostavki-zoshto-presudata-bila-odnapred-napishana/feed/ 0