28 дена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Feb 2021 06:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 28 дена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/28-dena-vo-fevruari-so-28-retki-dijagnozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/28-dena-vo-fevruari-so-28-retki-dijagnozi/#respond Mon, 01 Feb 2021 06:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=462419

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, во чии рамки ќе биде осветлена и Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид. -Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести. Преку соодветни текстови, видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година, велат организаторите. Тие потенцираат дека со овој проект сакаат да ја подигнат јавната свест со цел да се доближат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите. Изработени се 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик. На овој начин ќе се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози. Осветлувањето на Самоиловата тврдина, која ќе биде осветлена во текот на целиот месец февруари е дел од глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. За подетално запознавање на јавноста со кампањата денеска во Охрид ќе биде одржана и прес конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/28-dena-vo-fevruari-so-28-retki-dijagnozi/feed/ 0
СЗО: Вакцината на Модерна во две дози на 28 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vakcinata-na-moderna-vo-dve-dozi-na-28-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vakcinata-na-moderna-vo-dve-dozi-na-28-dena/#respond Tue, 26 Jan 2021 14:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=460091

Панел експерти од Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача вакцината против Ковид-19 од американскиот производител Модерна да се дава во две дози во интервал од 28 дена, што во исклучителни околности може да се продолжи на 42 дена. Советодавната група експерти за имунизација на СЗО, позната како САГЕ, советуваше во низа препораки издадени по прегледот на податоците дека вакцината на Модерна не треба да им се дава на бремени жени, освен ако не се здравствени работнички или се изложени на висок ризик од инфекција. Европската унија ја одобри вакцината против коронавирус на Модерна на 6 јануари 2021 година и таа е втора вакцина што се користи во Унијата, по онаа на Фајзер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vakcinata-na-moderna-vo-dve-dozi-na-28-dena/feed/ 0
Дали знаете зошто февруари има само 28 дена? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-zoshto-fevruari-ima-samo-28-dena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-zoshto-fevruari-ima-samo-28-dena/#respond Thu, 28 Feb 2019 08:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=169240

На секои четири години има 29, но сепак помалку од другите месеци во календарот. Сите го сметаат јануари за најдолгиот месец бидејќи е исполнет со празници и прослави, а има 31 ден па ви снемува пари некаде на пола месец – логично е февруари да биде пократок за да се „покриете“ некако со расходите. Сепак, причината зошто февруари има најмалку денови од сите месеци датира од времето на римскиот календар со 10 месеци што почнувал во март и завршувал со декември. Токму така, јануари и февруари воопшто не постоеле. За Римјаните, кои го правеле календарот според сезоните на сеење и жнеење, зимата била едно безимено, небитно купче денови. За тој дел од годината едноставно немало систем за водење евиденција за деновите. Пред да дојде на власт вториот крал на Рим во 750 година пред н.е. Римјаните решиле да додадат уште два месеци во годината за да се синхронизираат попрецизно со 12-те лунарни циклуси. Тие два месеца, јануари и февруари, имале по 28 денови, а потоа кралот решил да му додаде уште еден ден на јануари, за да има годината 355 денови. Парните броеви во тоа време се сметало дека носат лоша среќа и година со 354 дена била просто неприфатлива. Календарот имал уште маани. Следењето на лунарниот циклус функционирало добро неколку години, но за некое време годишните времиња почнале да се поместуваат од месеците што им биле назначени. За да го поправат тоа, Римјаните вовеле престапен месец што го нарекле Мерцедониус. Врховниот свештеник на Рим одлучувал кога ќе се воведе тој месец и никој друг во градот не можел да води сметка кој ден е. Сигурно претпоставувате дека ова се претворило во вистински кошмар. Кога Јулие Цезар дошол на власт, одново направил пресметка на календарот и направил израмнување на календарската година со сончевиот циклус, па секоја година имала 365 дена. Од некоја непозната причина, на февруари му оставил само 28 денови. Повеќето луѓе ќе се согласат, воопшто не му замеруваме на ваквата одлука. Февруари треба да биде краток, побрзо да се опоравиме од јануари, да ја оставиме зимата зад нас и да се радуваме на доаѓањето на март и пролетта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-zoshto-fevruari-ima-samo-28-dena/feed/ 0