28 загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 12:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 28 загинати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Два самоубиствени бомбашки напади во срцето на Багдад, најмалку 28 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/#respond Thu, 21 Jan 2021 12:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=458035

Во двоен самоубиствен бомбашки напад загинаа најмалку 28, а повредени се 73 лица. Нападот беше изведен денеска на раздвижена трговска улица во срцето на Багдад, соопшти ирачката војска. Бригадниот генерал Хазем ал-Азави, директор на оперативната команда во Багдад, за Ирачката новинска агенција (ИНА) изјави дека „двојна експлозија“ го погоди преполниот пазар во областа Баб ал-Шарџи во близина на плоштадот Тајаран. Медицински извори за новинската агенција АФП, како што пренесува Ал Џезира, изјавија дека стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Министерството за здравство соопшти дека мобилизирало медицински лица во главниот град за да одговорат на смртоносниот напад. Воениот портпарол Јахја Расул изјави дека двајца бомбаши-самоубијци го активирале експлозивот додека биле гонети од припадници на безбедносните сили. Новинарот на АФП од местото на настанот соопшти дека бомбашите нападнале огромен отворен пазар за половна облека на плоштадот Тајаран. По повеќегодишно смртоносно секташко насилство по американската инвазија во 2003 година, самоубиствените бомбашки напади станаа релативно ретки во главниот град на Ирак. Последниот ваков напад се случи во јуни 2019 година и загинаа неколку лица. За денешниот напад засега ниту една група не презеде одговорност, но самоубиствените напади главно ги користи терористичката Исламска држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-samoubistveni-bombashki-napadi-vo-srceto-na-bagdad-najmalku-28-zaginati/feed/ 0