30 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Apr 2021 17:03:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png 30 години – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција: Комисијата за имунизација предлага вакцинација со Астра Зенека за лица над 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-komisijata-za-imunizacija-predlaga-vakcinacija-so-astra-zeneka-za-lica-nad-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-komisijata-za-imunizacija-predlaga-vakcinacija-so-astra-zeneka-za-lica-nad-30-godini/#respond Fri, 09 Apr 2021 17:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=494995

Националната комисија за имунизација, откако ги процени достапните податоци, препорачува продолжување на програмата за вакцинација со сите достапни вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Астра Зенека, за лица на возраст од 30 години и нагоре, соопштуваат од надлежната грчка комисија по одржаниот состанок за конкретната вакцина, јави дописничката на МИА од Атина. Објаснуваат дека ризикот од сериозно заболување и смрт од Ковид-19 е убедливо поголем од ризикот од евентуална тромбоза по вакцинацијата, особено кај оние над 30-годишна возраст. Алтернативниот министер за здравство на Грција Василис Кондозаманис на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, рече дека од понеделникот до денеска редовно се спровела вакцинација за 93 отсто од закажаните термини за имунизација со вакцината на Астра Зенека. Во однос на рестрикциите во земјата заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас соопшти дека од понеделник се отвораат обложувалниците и продавниците и во регионалните единци Ахаиа и Солун, а затворени, единствено ќе останат во Козани. Малопродажба и во текот на следната седмица ќе работи само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин, со исклучок на Солун, каде продавниците ќе се отворат само за подигање на нарачка. Граѓаните и понатаму за шопинг имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница. Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.747 нови случаи, од кои 1.248 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а починаа 78 лица. Паралелно, регистриран е нов негативен рекорд со 790 пациенти приклучени на апарати на oдделите за интензивна нега во грчките болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-komisijata-za-imunizacija-predlaga-vakcinacija-so-astra-zeneka-za-lica-nad-30-godini/feed/ 0
Загатката во седиштето на ЦИА останува нерешена 30 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zagatkata-vo-sedishteto-na-cia-ostanuva-nereshena-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zagatkata-vo-sedishteto-na-cia-ostanuva-nereshena-30-godini/#respond Mon, 27 Jul 2020 07:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=381803

Во седиштето на американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА има скулптура на која е впишана тајна шифра. Со неа врвни криптолози се занимаваат веќе со десетлетија. Кон крајот на 1980-тите, уметникот Џејмс Санборн добил задача да направи скулптура што ќе биде изложена во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија. Знаејќи дека разузнавачките службеници ќе го гледаат делото секој ден, Санборн создал уметничко дело што, на некој начин, е енигматично. Скулптурата е откриена на 3 ноември 1990 година, се нарекува Криптос и содржи криптографски предизвик. Санборн сметал дека некој ќе го пробие кодот за само неколку недели… Но, до денес никој не го направил тоа. – Не мислев дека ќе трае толку долго – 30 години – без да се дешифрира, изјави Санборн за Си-Ен-Ен осврнувајќи се на својата брановидна бакарна плоча висока 3,5 метри и долга шест метри, пополнета со речиси 2.000 букви. Текстот на скулптурата содржи четири различни, кодирани пораки, што заедно ја сочинуваат загатката. Сакав тоа да се открие слоевито, како „тргање на лушпи од кромид“, рече Санборн. Три од четирите кодирани пораки досега се дешифрирани од ЦИА, НСА, како и од јавноста. Но, загатката се уште си стои. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zagatkata-vo-sedishteto-na-cia-ostanuva-nereshena-30-godini/feed/ 0